Програма за Трагачи

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Проект „Seekers - Трагачи“

Во учебната 2020/2021 година со добиената финансиска помош од Фондот за


иновации и технолошки развој планираме да го реализираме овој проект кој се состои од
создавање на дигитална видео библиотека преку снимање и објавување на практичните
вежби од електро и машинска струка. Снимените видео материјали ќе ги поставиме на
изработениот веб сајт https://seekerservices.weebly.com/ со што тие ќе им бида достапни
на сите ученици за стекнување поголеми знаења, вештини и самодоверба во
изведувањето на практичните вежби.
Со цел да обезбедиме стопроцентна сигурност и безбедност на објавените видео
туторијали како администратори на веб сајтот ќе бидат наставниците ментори (м-р Весна
Живаљевиќ и Катерина Малова Младеновска) кои ќе ги прегледаат а потоа ќе ги објават
снимените видеа и кои веќе имаат стекнати знаења од аудио визуелната техника.
Иновативноста на овој проект е во креирањето на нов модел на истражувачко
учење и постојано трагање по нови ученици кои ќе се придружат во континуирано
снимање на нови видео туторијали. Со реализацијата на овој проект овозможуваме
подобрување на традиционалниот модел на настава, учениците добиваат повеќекратен
пристап до квалитетни наставни содржини објавени како видео туторијали на веб сајтот
со што сметаме дека ќе ја зголемиме мотивацијата и интересот за учење кај сите
средношколци.

You might also like