Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 21

УНИВЕРЗИТЕТ ,,СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ СКОПЈЕ

ФАКУЛТЕТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ

СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ

ИСТОРИЈА НА ВОКАЛНАТА УМЕТНОСТ СО ЛИТЕРАТУРА

ТЕМА :

ЖАН ФИЛИП РАМО - ЖИВОТ И ДЕЛО

МЕНТОР: Изработилa:
Вонр. проф. м-р или д-рГоран Начевски Ma риана
Бошковска
Содржина :

1. Живот
1.1 Првите педесет години од животот и дејноста на Жан Филип Рамо (1683-1733)
1.2 Последните триесет години од животот и дејноста на Жан Филип Рамо (1734-
1764)
2. Листа на опери
2.1 Хиполит и Арисија
2.2 Кастор и Полукс
2.3 Дарданус
3. Листа на други познати дела на Жан Филип Рамо
4. Користена литература
1. Живот

1.1 Првите педесет години од животот на ..: Кога ги проучуваме животите на


постарите композитори, дознаваме одново и одново дека тие самите изникнале од
фамилија на музичари. Жан Филип Рамо не е никаков исклучок на ова очигледно
правило. За време на неговото раѓање, неговиот татко, Жан Рамо, бил органист во две
цркви во Дижон.
Семејна генеза - На дваесет и четири години, Жан Рамо станал органист во
колегијалната црква на Св. Стефан, идната катедрала. Ја извршувал оваа должност
дваесет и седум години, паралелно свирејќи и во една опатија на Св. Бенињ
( сегашната катедрала) и напуштајќи ја во 1689 за да го окупира поткровјето на
Нотрдам следната година. За време од четириесет и две години ги давал неговите
услуги во една или во друга црква на неговото родно гратче. Фамилијата Рамо била
бројна во Дижон, се знае дека живееле во разни области, окупирани со обработка на
волна, облека и вработување во црква или владина админиситрација. Жан се смета за
прв музичар во фамилијата. Тој се oженил за жена од Gemeaux. Нејзиното име било
Claudine Demartinécourt. Таа била ќерка на нотар и припаѓала на посиромашното
благородништво. Му родила единаесет деца во дваесет години. Првите четири биле
девојчиња, петтото било машко, шестото било уште една ќерка, Жан-Филип бил
седмиот. После него дошле уште четири сина.
Жан Филип бил крстен на 23 септември, 1683 година, четири часот попладне, во
црквата на Св. Стефан. Тој бил две години постар од Бах, Хендл и Доменико
Скарлати, и една година постар од Вату, кој ги надживеел.
За неговото школување, Жан-Филип бил пратен во Jesuit Collège des Gordans,
денешната градска библиотека. Еден негов школски другар, Carmelite Pere Gauthier,
му има кажано на Др.Марет дека, иако бил невообичаено брз, тој најчесто го
поминувал времето пеејќи или пишувајќи музика. Марет вели дека неговите
многубројни окупации го попречиле во усовршување на неговиот мајчин јазик.
Неговата употреба на францускиот не била една од најточните. На 17 се заљубил во
млада вдовица, која му се смеела на грешките во правописот во неговите писма до
неа.
Во подоцнежниот живот тој не бил многу зборлест и ретко зборувал за себеси. Тој
не откривал детали за неговиот живот на неговите пријатели, па дури ниту на
сопствената жена. Пред осумнаесетата година Жан-Филип се одлучил дека сака да
биде музичар. Неговиот татко го испратил во Италија , земјата која сé уште уживала
супериорност и совршеност во музиката. Тој бил послушен, но не стигнал подалеку од
Милан. Неколку месеци подоцна се вратил во Франција и за следните дваесет години
неговото присуство може да биде проследено низ разни делови на Франција. Во
јануари 1702, на деветнаесет години бил ангажиран како привремен органист во
катедралата Авињон. Во мај истата година е најден во Клемонт, каде што потпишува
договор за шест годишно служење како органист во катедралата. Неспособноста да
остане во едно место е номадска особина најдена и кај неговиот брат Клауд и подоцна
и кај синовите на Клауд. Пред 2 јули Жан-Филип веќе не бил во Дижон. Се знае дека
подоцна таа година во градот Лионс се подготвувало прослава за мирот од Утрехт. На
свеченостите била вклучена и музика, за која бил задолжен некој си Рамо(господар на
оранот). Подоцна излегува дека тоа е нашиот Жан-Филип. Неговите планови сепак не
биле извршени.
Во 1714 бил вработен од страна на Јакобинови, или Доминиканците. Сметки
потпишани од него сé уште постојат. Последната датира од 13 декември 1714 година.
Ова било неколку дена откако починал татко му, настан кој резултирал во избрзана
посета во Дижон. Тој останал таму до венчавката на неговиот брат Клауд во јануари, и
бил назад во Лионс пред 17 март.
Во април 1715 год. се вратил во Клемонт каде што повторно склучил договор со
Катедралата, но овој пат за дваесет и девет години. Следните осум години кои ги
поминал во Клемонт се најмрачните од неговиот живот, годините помеѓу дваесетата и
четириесетата година. Се чини дека тогаш ги има напишано своите мотети и кантати.
За него сите знаеле дека никогаш не одбил да изврши каква било услуга за музичарите
кои барале негова заштита и со леснотија и служел на црквата. Жан-Филип
пристигнал во Париз за време на 1722 или почетокот на 1723 година, во неговата
четирисетта година. Му се ближела одредена слава. Книгата Traité de l'Harmonie(
Трактат за хармонијата) која ја имал напишано во Оверњ, му помогнала да се
здобие со репутација на учен теоретичар пред да биде препознат за одличен драмски
композитор. Од 1723 година неговиот живот е постепено подобро познат. Во 1725
имало изложба на која биле презентирани двајца Индијанци од Луизијана на еден од
Фер театрите, а ова му била инспирацијата позади добро познатитe Les sauvages
(Дивјаци), четвртиот акт од опера-балетот Les Indes galantes(Галантните Индијанци).
На 25 февруари 1726, на четириесет и две години, се оженил за млада девојка од
деветнаесет години, Maри Луиз Мангу (Маrie Louise Mangot), во тоа време тој живеел
во парохијата на Св. Eустаж, во срцето на Париз. Таа од страна на Марет е опишана
како девојка со истакнати манири, добро воспитување, дарба за музика и многу
пријатен глас. Иако не била професионален пејач, пеела во неколку од оперите на
нејзиниот сопруг, во Хиполит и Арисија во 1734, Кастор и Полукс во 1738 и
Свеченостите на Хебе во 1740 година.
Има напишано неколку трагедии, од кои најпозната е Pénélope. Во 1714 го имал напишано
текстот за операта Арион, и помеѓу таа година и 1732, годината на Jephté веќе ги имал
напишано текстовите на 9 други опери или балет-опери. Операта Jephté била тргната од
сцената, но подоцна откако Пелгра го слушнал првиот акт, толку многу се воодушевил што
одлучил тајно да ја даде на оркестарот на La Pouplinière и така, пред јули таа веќе била
вежбана и за првпат била прикажана на 1 октомври. Неколку дена пред тоа Рамо, го
прославил својот педесетти роденден.
1.2 Последните триесет години од неговиот живот:
Приказната за последните 30 години од животот на Рамо е приказна за неговите
опери и дела.
Живеел во неговата куќа на Нова Улица во Смал Филдз, каде што живеел од 1726 до
1739, тука била завршена неговата прва опера. Неговиот приватен оркестар се
составил брзо откако се вратил од Холандија, есента 1731 год. и Рамо без
сомнениние, станал нивен диригент. Ја задржал оваа функција следните дваесет и
две години. Оркестарот бил одличен и бил способен прекрасно да ја изведе Trio des
parques.
Рамо и неговата жена окупирале многу влијателни позиции во домашниот округ нa La
Poulinière. Никогаш не одбивал каква било работа која има поврзаност со музиката. На
седумдесет години, во 1737, отворил школа за композиција во својот дом, каде што
било предложено да се основа група од 12 ученици и да се состануваат трипати
неделно, од три до пет часот попладне.
А во врска со неговите опери, стапката по која се следат една по друга, откако ќе
влезе во листите, е едноставно огромна. Периодот помеѓу неговата педесетта и
седумдесетта година го има исполнето со дваесет опери и балети, а тоа резултира со
преку седумдесет чинови. Се појавуваат во неправилни интервали, но само со една
долга пауза: 1733 Хиполит и Арисија( Hippolyte et Aricie); 1735 уште една балет опера
Les Indes galantes ;1737 уште една tragédie lyrique Kастор и Полукс(Castor et Pollux);
1739 втора балет опера Les Fetes d’Hébé(Свеченостите на Хебе) и трета трагедија
Дарданус (Dardanus );во февруари или март 1745 две комеди и La Princesse de
Navare(Принцезата од Наваре) и Platée(Платија) ; во октомври и ноември истата
година , во која наполнил шеесет и две, Les Fetes de Polymnie (Фестивалите на
Полихимнија) и Le Temple de la Gloire(Храмот на славата); 1747 Les Fetes et de
l’Amour; февруари 1748 херојска пастрирска Zais; во август Pygmalion балет во еден
чин; април 1749 втора херојска пастирска Nais и во декември неговата четврта
трагедија Zoroastre ;во септемри и ноември 1751 La Guirlande едeн чински балет и
Acante e Céphise друга херојска пастирска, подоцна во 1752 трагедија Linus, за која
музиката е изгубена.
И тоа не е сé. Тој го сметал своето истражување во теоријата исто толку важно како
компонирањето и тој истражувал без престан се до неговата смрт. Една година пред
да ја објави Хиполит, ја издал Dissertation sur les différentes méthodes
d'accompagnement pour le clavecin ou l’orgue (Дисертација на различни придружни
методи за клавеш или орган) истата година како и Кастор, неговата Génération
harmonique (Хармонична генерација), во 1750 неговата Demonstration du principe de
l’harmonie(Демонстрација на принципот на хармонија), проследена две години
подоцна од Nouvelles réflexions sur sa démonstration du principe de l'harmonie(Нови
размислувања за демонстрација на принципот на хармонија), покрај број на
артикли во Mercure, Journal de Trévoux и Le pour et Contre. Вреди да се направи список
на негови дела и труд, само за да добиеме смисол за неговата неуморна активност.
Подоцна додека им предавал на децата на Принцезата од Геменс се запознал со еден
математичар под името Пере Кастел, со кој имале пријатна и математичка
поврзаност. Се подржувале меѓу себе.

Се обидувал да најде поврзаност помеѓу хармонијата и математиката. Својата книга


Хармонична генерација ја посветил на Академијата за науки. Дванаесет години подоцна
тој испратил рачно напишана скрипта од четириесет и три страници, за која извештајот го
пишувал Дорту де Маиран. Делото било издаено 1750 под наслов Demonstration du
principe de l’harmonie. Била одобрена и екстремно корисна.

„Благодарение на трудот на г. Рамо, хармонијата може да биде сметана за погеометриска


наука и полесно може да и бидат применети математички принципи,,.

Неговото постоење последните дваесет години било прилично монотоно. Празнината која
ја пронашол во општеството, го натерала да го избегнува. До самиот крај на неговиот
живот тој пишувал опери и балети, иако во поспоро темпо. Во октомври и ноемврри 1753
издал три балети од по еден чин; Daphnis et Egle, Lysis et Delie I Les Syborites. После девет
години го предал своето ново дело на Операта. Тоа било неговата втора comedie lyrique,
Les Palandis(Паладините). Ова било неговото последно преформирано ново дело.

Како што го напуштала креативната сила така поочајно се држел до својата моќ на
расудување. Продолжил со своите теоретски истражувања и жестоко ги одбранувал до
самиот крај. Било неколку дена пред да си го прослави својот осумдесет и први роденден
кога му тропнала смртта на врата.

,, Тој бил многу тенок, неговите црти длабоко зариени и вдлабнати, наговестувајќи ја
цврстината во неговиот карактер, неговите очи блескале со огнот кој му ја разгорувал
душата, ако некогаш згаснувал повторно го разгорувал на најситната прилика и Рамо му го
покажал на општеството истиот ентузијазам кој го предизвикал да напише толку
возвишени дела.”
2.1 Хиполит и Арисија

Главни улоги:

Hippolyte контратенор
Aricie сопран
Phèdre сопран
Thésée бас

Споредни улоги:

Jupiter бас
Pluto бас
Diane сопран
Arcas taille (мешавина на баритон и тенор-
баритенор)
Mercure taille

Хиполит и Арисија за разлика од другите трагедии ја има предноста дека нејзининот


модел се враќа назад, но индиректно, во Еврипидски модел.

Предметот на оваа игра е битката помеѓу Артемис и Афродита, влоговите за битката


биле среќата на Фаедра и нејзиниот полу-син Хиполит. Фаедра, жена на отсутниот
Тесеус, e конзумирана со инцестуозна љубов кон нејзиниот син, но не би се осмелила
да признае. Нејзината лекарка ја вади од нејзе таа тајна и ја открива на Хиполит.
Феадра исполнета со срам и страв да не би нејзината виновна љубов дошла до Тесеус
одлучува да се обеси. Тесеус се враќа и без да му дозволи на Хиполит да се објасни
му се обраќа на Нептун. Богот Нептун треба да го исполни ветувањето кое еднаш го
кажал и да го изврши погубувањето на младото момче . Хиполит протеран од
присуството на својот татко, ја вози својата кочија по крабрежјето кога чудовиште
пратено од длабочините го напаѓа и ги уплашува неговите коњи. Тој е фрлен и смртно
ранет. Неговата невиност е загарантирана од Артемис и откaко бил пренесен во
пристуството на неговиот татко, тој истекува. Трагедијата завршува со плачот на
Тесеус и хорот.
Увертирата започнува доволно конвенционално во типичен благороден Лилиев
стил со спора секција проследена од fugato и иако не е програмска, остава впечаток.
Музиката од прологот креира лесна и воздушна атмосфера. Двете гавоти станале
доста популарни.
Кога првиот акт започнува почетната сцена е сместена во храмот на Дијана. Арисија е
во него, сама. За да ја спроведе командата дека никогаш нема да се мажи, Тесеус ја
принудува да се посвети на божјите служби. Нејзиното соло ја покажува разликата
помеѓу италијанската и француската опера. Разликата е повеќе во ритамот и
мелодијата отколку во структурата. Придружбата е исто така карактеристична,
инструментите на некој начин се борат со гласот за еднаквост. Краткиот дијалог
помеѓу Арисија и Хиполит во кој преку искрени фрази Хиполит си ги изразуваа
емоциите. Арисија објаснува како таа е оставена без трошка ум и признава дека
љубовта на Хиполит ќе ја прогонува засекогаш. Сцената завршува со дует помеѓу
љубовниците во која и се обраќаат на Дијана преку молитва. Како што завршуваат
започнува марш . Започнува со аријата на Арисија “Temple sacre, sejour tranquille”.
Следува обемен рецитатив помеѓу Арисија и Хиполит.
Вториот акт е сместен во подземниот свет, темната боја на овој акт е
истакната со употребата на само машки гласови и се дели на четири дела. Во првиот,
Тесеус неуспешно се бори со Бесниот Тисифон во обид да унапреди во царството на
Плуто, чиј влез веќе го пробил. Во вториот дел, се појавува самиот Плуто и Тесеус го
моли да му биде дозволено да се види со неговиот пријател Пиритоус во чие име
имал дојдено во нискиве региони. Во третиот, судот на Плуто се сретнува и им кажува
на неговите слуги дека непристојниот посетител заслужува ужасен третман . Во
четвртиот Тесеус е повторно признат, сé уште варден од страна на Тисифон. Тој моли
за смрт но му е кажано од трите судбини дека не му е времето и треба да си го чека
својот час . Тој му апелира на Нептун, потсетувајќи го на неговото ветување да го
погуби неговиот посвоен син скоро три пати. Проследува уште еден одмазнички
рефрен од страна на Плутовите демони му одговара но како што се затвора
настапува Меркур, носејќи го барањето на Нептун за ослободување на кралот . По
кратка расправија Плуто се согласува, но ги замолува трите Судбини да го
предупредат Тесеус за неговата ужасна судбина што му следи . Демонскиот суд се
повлекува, а Тесеус со помош од Нептун повторно ја придобил светлината на денот.
Музиката е повитална отколку таа во првиот акт и реагира целосно на тензијата
дадена во тогашната ситуација. Започнува со анимиран прелудиум. Потоа следи кавга
помеѓу Плуто и Меркур, кој го повратува Тесеус во име на Нептун. Јупитер е господар
на Рајот, Нептун на морето и Плуто на Подземниот свет, среќата на универумот зависи
од нивната согласност .Актот завршува со познатото и контроверзно трио Trio des
Parques. Кога Хиполит и Арисија била преформирана за првпат од приватниот
оркестар на Ла Поуплиниере ова трио било решено успешно, но кога дошло време за
пробата во Операта, пејачите и инструменталците се распаднале на енхармонскиот
премин на половината и биле толку неспособни да продолжат што целото трио, за
Рамеово незадоволство, требало да биде изоставено. Рамо покажал голема
заинтересираност во енхармонии во неговото пишување. Мал број на актови
напишани од Рамо се протнале низ таква сукцесија на контрастни расположенија:
вина, очај, плашливост, долност.

Првите кажани зборови Cruelle mere des amours во третиот акт го поставуваат
расположението, и тоа на трагична и кревка љубов.Потребата од љубов на кралицата
е поврзана и со физичка болка, таа не е само разочарана туку и посакува да ја стигне
смртта, со секој проустен збор, секоj гест што го креира таа провоцира чувство на
неописливо страдање. Средниот дел е далеку помек од првиот, ја содржи молитвата
на кралицата и овој тон без да е помалку очаен е значително помалку огорчен,
чувството на суровост ја има напуштено Фаедра. Божицата Венера скоро и ја
исполнила желбата. Музиката е далеку понежна. Точката во која Хиполитус си ги
открива чувствата кон Арисија и Фаедра огорчена враќа зборови полни со омраза
конфликтните чувства конвергираат кон дуетот помеѓу Фаедра и Хиполитус . Дијалогот
е страствен. Таа го зема мечот на Хиполитус во обид да се самоубие, но тој го
спречува тоа. Во тој момент влегува Тесеус, помислувајќи си дека Хиполитус се
обидувал да ја повреди жена му, по трет пат го моли богот Нептун да го исполни
ветувањето и да го казни неговиот посвоен син. Силата на ова дело се наоѓа во
контрастот на виолинската мелодија, со хармоничен ритам што се движи рапидно и
поспоро движечки бас.
Четвртиот акт се отвора со монологот на Хиполит Ah fault-il qu’en un jour.
Пренасочувањето на средината на сцената го прославува ловот со обемна употреба
на хорни. Финалето е посветено на конфронтацијата на Хиполит со морското
чудовиште, кое е портретирано со бурна музика во која флејтите репрезентираат
силни ветрови. Хиполит го најаваува своето заминување на Арисија и ја прачува дали
сака да го придружува. По малку хезитација се согласува. Двајцата љубовници се
ставаат под патронажа на Дијана. Забавата завршува за неполни две минути.
Ненадеен пад во тоналитетот го наговестува ова. Хиполит чекори кон чудовиштето, а
во позадина Арисија пее за трепетот што го конзумира нејзиното тело. Крајот на овој
акт е најчистиот трагичен момент во операта. Завршува со болното жалење на
Фаедра, кое е опишано како едно од најквалитетните листови од Француска Барокна
опера. Фаедра влегува во кадар и откако разбрала за ужасот што се случил, го
оплакува со длабоко чувство на каење и вина . Грмотевици и земјотреси ечат како да
ја наговестуваат несреќата што и следи. Кога таа завршува рефренот се повторува .
Чувството на непотребна загуба , младост и храброст изгубени поради слепа
насилност , виси над финалната сцена и тоа ја прави еден од моментите на чиста
трагедија.
Петтиот акт е во две слики. Првата започнува на истото место на кое заврши
четвртиот, во шумата каде што Фаедра беше потсетена на нејзината бесмисленост ,
сега стои осамениот крал. Тој станува свесен за својата грешка , обвинувајќи се себеси
се подготвува да се самоубие. Но стигнува Нептун кој му кажува на Тесеус дека
неговото присуство е сé уште потребно на светот. Згора на тоа, неговиот син не е
мртов, Дијана го земала Хиполит под нејзино крило. Тесеус ветува дека нема повеќе
да го допре или прегрне неговиот син, и неговите последни зборови му го посакуваат
добро потребниот мир на Хиполит кој не го почувствувал на градите на неговот татко.
Со изчеснувањето на Хиполит трагедијата е при крај. Втората слика е воздух со
чувство на блаженство во маѓепсани градини. Дијана и има подготвено изненадување
на Арисија, која пак сама не се гледа вредна за живеење. И го испраќа Зефирс кој со
себе го носи Хиполит, отпрвин си го игнорираат постоењето, но откако доволно долго
се погледнале, нивните чувства се прошируваат преку дует. И се заблагодаруваат на
Дијана, која пак пее едно соло во чест на среќно обединетите љубовници.
Првата изведба на ова дело во Операта се случило на 1 Октомври 1733. Единственото
запамптено име од тогашните изведувачи на делото е тоа на Jelyotte кој го пеел делот
на Љубов. Мле Пелисиер била Арисија, Трибоу како Хиполит, Мари Антиер како
Фаедра и Часе како Тесеус. После околу 40 изведби била тргната.
2.1. Кастор и Полукс
Главни улоги:

Castor контратенор
Pollux бас
Télaïre сопран
Phébé сопран
Jupiter бас
Venus сопран
Mars бас
Minerve сопран

Kaстор и Полукс се познати херои. Покрај тоа што се браќа, единот(Полукс) е бесмртен
а другиот (Кастор) е смртник. Кастор и одреден Линеус се ривали за раката на Телаира
ќерка на висок свештеник на Јупитер. Кастор ќе биде убиен и кога започнува операта,
погребната церемонија е во тек. Полукс оди за да го одмазди, откако го убива
Линсеус, ги изложува остатоците пред нозете на Телаира, тогаш со неприкриена
возбуда и брзина и ја понудува неговата љубов во замена на таа од Кастор. Таа
отпрвин изненадена од неговата несоодветна декларација, брзо смислува како може
да го искористи и инсистира Полукс да го убеди татко му да го врати Кастор во живот.
Јупитер повикан во неговиот храм, го информира син му дека Кастор единствено ќе
може да се врати на Земјата ако Полукс го заземе неговото место во подземјето, со
тоа да ја напушти бесмртноста. Со цел да му го просвети неговото судење и да му
прикаже што сé ќе изгуби со оваа жртва, ја повикува Хебе, претставничка на рајските
задоволства, која му дава предвкус на сé што го очекува во Олимпус. Но тој останува
отпорен на ова искушение. Тој мора да одолее не само на портите на пеколот туку и
на Фиби, која му искажува љубов, чија наклонетост ја одбива, таа пробува да го врати,
а Телаира го бодри да оди напред. Со помош од Меркур, влегува низ портите, го
пронаоѓа Кастор. После дуел од великодушност, помеѓу двајцата, Кастор се согласува
да оди назад на Земјата само за да ја види Телаира за последен пат и да и каже дека
нема да ја прифати жртвата на Полукс. Но додека љубовниците се збогуваат еден од
друг, Јупутер се појавува за да им соопшти дека двајцата браќа ќе ја делат
бесмртноста.
Акт 1

Нагласите во првиот акт се отварачкиот рефрен пред надгробниот споменик на


Кастор, аријата на Телаира Tristes apprets и рефренот Que l’Enfer applsaudisse, но
целата втора сцена, помеѓу Телаира и Фиби, е исто толку вредна за воодушевување.
Сцената кај маволзејот на Кастор е една од тие со одлиќен ансамбл, во кој Рамо се
истакнува . Како што се крева завесата Спартанците се видени движејќи се споро
околу надгробниот споменик на мртвиот воин. Музиката ja укажува брзината и
расположението на поворката. Сцената поеѓу Телаира и Фиби покажува колку многу
управувањето со речитатив на Рамо се има развиено. Двете жени се имаат
спротиставено но не контрастираат брутално; Телаира сеуште жали за нејзината
загуба, Фиби се обидува да ја смири со помислата на одмазда која Полукс ќе ја
искиристи да го убие Линсеус. Двете жени се деликатно карактеризирани од
музиката. Драматичниот карактер во обемна количина се содржи во контрастот на
две теми: триумф и одмазда, тага и жалост.

Акт 2
Полукс ги искажува своите контрастни чувства во аријата Nature, amour, qui partugez
mon Coeur. Ако и ја исполни желбата на Телаира и го убеди татко му да го врати брат
му од мртвите , тој знае дека ќе ја изгуби шансата некогаш да ја има Телаира како
жена. Но конечно одлучува да и ја исполни желбата. Јупитер се спушта одозгора,
Полукс го прашува дали може да го врати Кастор на земјата. Јупитер кажува дека е
немоќен за да ги смени законите на судбината. Единствениот начин на кој ќе може да
го вратат Кастор е ако Полукс го заземе неговото место во подземниот свет. Одлучува
да го направи тоа и покрај тоа што знае дека нема да ја види Телаира повеќе. Јупитер
се обидува да го одврати со Небесните задоволства, но Полукс не дозволува ништо да
му го пресече патот.
Акт 3

Сцената го покажува влезот за до Подземниот свет варден од чудовишта и демони.


Фиби ги собира Спартанците да го спречат Полукс од влегување во пеколот. Полукс
одбива да биде попречен иако Фиби му изјавува љубов. Кога Телаира пристигнува и
согледува колкава е страста на Полукс кон неа, Фиби сфаќа дека нејзината љубов
никогаш нема да биде возвратена. Им наредува на демоните да го запрат Полукс
пред да влезе преку портите. Полукс се бори со демоните со помош од богот Меркур
влегува по светот на Хадес.

Акт 4
Сцената ги покажува елипските полиња на пеколот каде што Кастор ја пее аријата
Séjours de l'éternelle paix огорчувајќи го загубата на неговата љубов. Со
пристигнувањето на Полукс се случува мешање помеѓу духовите кои подоцна се
растеруват поради индигнација. Го пронаоѓа Полукс кој е изненаден што го гледа брат
му и музиката се проширува и со топлина кулминира во дует. Следува долг разговор
во кој Полукс си ги искажува своите чувстава кон Телаира и му кажува за своето
жртвување. После тоа Кастор е донесен од страна на Меркур откако изјави дека нема
да остане на земјата повеќе од еден ден.

Акт 5

Петтиот акт започнува со трагичниот монолог на Јупитер. Кастор се враќа во Спарта.


Кога го здогледува, Фиби си помислува дека Полукс е засекогаш заминат и извршува
самоубиство за да може да му се придружи во подземниот свет. Кастор и кажува на
Телаира дека е тука само за еден ден за да ја види. Телаира огорчена го обвинува
дека никогаш и не ја сакал. Јупитер исчезнува во бура, за подоцна да се врати да им
разгласи дека Кастор и Полукс ќе ја делат бесмртноста. Божествените тела се
повикани да и се придружат на забавата преку искрена арија од таткото на боговите
и близнаците се примени во Зодијакот како соѕвездие Близнаци пратени од весела
симфонија.
2.3 Дарданус

Приказната се врти околу љубовта помеѓу Дарданус и Ифиз, ќерка на Теусер, чии
чувства еден кон друг се непознати на почетокот. Теусер е во војна со Дарданус, и ја
има ветено раката на ќерка си на Антенор, соседен крал, чија љубов кон младата
мома го натерала да му помогне на татко и, Теусер, во неговата битка со синот на
Јупитер. Со соучество на еден волшебник, Исменор, чие име потекува од Тасо,
отколку од Античка Фригија, Дарданус се сретнува со Ифиз. Шокиран од нејзината
тајна, ја споделува својата. Неговата смелост ќе го чинела неговата слобода па и
неговиот живот да не била пружена помошта од Венера, отсекогаш од помош на
љубовниците. И други богови стапнуваат на неговата страна и чудовиште е пратено да
испрати казнувачки напад врз навредувачкиот Теусер. Со неблагодарна галантрија,
Дарданус се понудува да го уништи агресорот и во извршување на неговата мисија, му
го спасува животот на ривалот, кој подлегнувал на нападите на чудовиштето кога
Тројанскиот принц пристигнал. По интервенција од страна на Венера, Антенор се
повлекува, Теусер попушта и Дарданус и Ифиз се среќно земени.

Улога Вид глас Премиера 1739

Дарданус контратенор Pierre Jélyotte


Ифиз сопран Marie Pélissier
Венера сопран Mlle Erémans
Купидон сопран Mlle Bourbonnais
Атенор бас-баритон M. Albert
Теусер бас-баритон François Le Page
Исменор бас-баритон François Le Page
Фригијска жена сопран Marie Fel

Дарданус за првпат бил изведен на 19 ноември 1739, и имала вкупно дваесет и шест
изведби. Делото било толку наполнето со музика, тие изјавиле, дека за цели три саати
никој во оркестарот немал време да кивне.

Акт 1
Првиот акт е ставен на место полно со мавлозеи, возвишени во чест на паднатите
војници, кои изгубиле за време на битка со Дарданус. Не запознава со Теусер,
неговата ќерка Ифиз, нејзиниот предвиден маж Атенор и вообичаената толпа на луѓе
и војници. Главното расположение е едно на решителност, засилено од борбена
песна во позадина. Приватната болка на Ифиз, споделена со никој не внесува во
актот. Ифиз претпоставува дека е заљубена во некој кој нема никаква претсава за
нејзината љубов и кој, како што таа фантазира, нема никаква грижа за нејзините
чувства. Засрамена е од нејзината страст кон непријателот на нејзината држава и
бунтува против злобниот бог Амор кој ја оставил со тоа. Второто расположение е тоа
на Детирминаија и е видено најдобро за време на дуетот помеѓу двата крала. Тусер
објавува дека следи победа над Дарданус. Ифиз не е сигурна дека ќе победат во
битка со синот на врховниот Јупитер, но народот слави за предвидениот триумф како
и да е. Ифиз одлучува да побара помош од магионичарот Исменар.

Акт 2

Вториот акт, музички, е исто толку интересен како и првиот. Се одигрува на запуштено
место со храм во позадината. Осаменото место е тајното место на Исменор,свештеик
на Јупитер. Таму тој се обидува да ги реши љубовните проблеми на Дарданус, Ифиз и
Антенор, еден по еден и помеѓу себе. Неговото соло Tout l’avenir est present a mes
yeux e придружен речитатив со фрагменти од прелудиумот. Потоа е изненаден што го
гледа Дарданус на непријателска територија. Тоа што Дарданус го бара од Исменор е
да се види со Ифиз. Највпечатлив дел од актот е вториот рефрен во кој магионичарот
го предупредува Дарданус дека тој мора да ги ‘’Почитува правилата на пеколот,
инаку твојата загуба е сигурна’’ и му ургира да запамти дека “Под цеќињатa чии
задоволства те водат тебе, длабоки бездни се прозеваат”. Дијалогот помеѓу
Исменор и Дарданус, помеѓу Дарданус маскиран како Исмерон со Ифиз, покрива
голем опсег на мисли и чувства. Благодарност, барања, инструкции, одговори,
страстна надеж и страв, срам... Најдобрите моменти се тие во кои Ифиз и Дарданус си
ги признават чувствата.

Aкт 3

Третиот акт има благородно започнување како и сите други. Во галерија на Тесусер
Ифиз се затворила сама, чувствувајќи се виновна за заробувањето на Дарданус.
Понатаму во актот за време на прославата оджана во чест на победата се појавува
чудовиштето испратено од страна на Нептун. Антенор ветува дека ќе го победи.

Акт 4

Во овој дел од операта Венера се симнува од небото во кочија во која спие Дарданус,
таа го спасила. Тој е во длабок сон поради соништата кои му ги дава Венера во обид
да го држи таму подолго време. Му го покажува чудовиштето и му кажува дека еден
да задржи тоа што го сака е награда резервиарана само за тие што знаат како да ја
заслужат и одржуваат. Овој акт е многу уникатен во ниееден друг дел нема истурено
толку многу од таа течност на илузија,магија, шарм кои се негови одлики. Во вториот
дел е реалистичен отколку што е одмаздлив. Бурата која се собира во знак на
подлегнувањето на Атенор со чудовиштето кое фрла оган, се трга со пристигнувањето
на Дарданус кој го спасува.

Акт 5

Во палатата на Теусер, се имаат собрано луѓе кои си помислуваат дека Атенор го има
победено чудовиштето, тоа е се додека не се појавува Дарданус. Тогаш се
запознаваат со вистинскиот спасител. Атенор го замолува Теусер да му дозволи на
Дарданус да ја земе Ифиз за жена, но тој не е сигурен. Од небесните височини се
симнува Венера заедно со Химен(бог на бракот и мирот). Ифиз и Дарданус го пеат
дуетот Des biens que Venus nous dispense. Купид и Плежер играат радосни за
спојувањето на љубовниците.
3. Листа на познати дела
Опери:
1. Tragédies en musique
1.1Hippolyte et Aricie
1.2Castor et Pollux
1.3Dardanus

2.Опера-балет:
2.2 Les Indes galantes
2.2 Les fêtes d'Hébé or les Talens Lyriques
2.3 Les fêtes de Polymn
2.4 Le temple de la gloire

3. Pastorales héroïques
3.1 Zaïs
3.2 Naïs

4. Comédies lyriques
4.1 Platée

5. Изубени дела
5.1 Самсон
5.2 Линус

6. Мотети
6.1 Deus noster refugium
6.2 In convertendo
4. Користена литература

4.1 Jean Philippe Rameau: His life and work

Cuthbert Girdlestone

You might also like