Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 30

УНИВЕРЗИТЕТ СВ.

КИРИЛ И МЕТОДИЈ - СКОПЈЕ


ФАРМАЦЕВТСКИ ФАКУЛТЕТ Мај, 2018

ИНДИВИДУАЛНА СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ


ОСНОВИ НА БИОТЕХНОЛОГИЈА

Синтетички ембриони
произведени од
матични клетки
ЕМБРИОИДНИ ТЕЛА, ОРГАНОИДИ И НИВНА ПРИМЕНА

Ментор: Изработил:
Проф. д-р Рената Славеска Раички Ангела Мирчевска 3806/15
Синтетички ембриони произведени од матични клетки

СОДРЖИНА
СОДРЖИНА................................................................................................................................................... 1
ВОВЕД ........................................................................................................................................................... 2
СИНТЕТИЧКИ ЕМБРИОНИ ПРОИЗВЕДЕНИ ОД МАТИЧНИ КЛЕТКИ .......................................................... 6
ОРГАНОИДИ ............................................................................................................................................... 11
ПРИМЕНА НА ЕМБРИОИДИТЕ И ОРГАНОИДИТЕ И ПОТЕНЦИЈАЛНИ ПРОБЛЕМИ ................................ 14
ЗАКЛУЧОК................................................................................................................................................... 23
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА.......................................................................................................................... 27

1
Синтетички ембриони произведени од матични клетки

ВОВЕД

Сите клетки на човековиот организам потекнуваат од една оплодена јајце


клетка - зигот. Секоја клетка во човековиот организам во јадрото го содржи
генетскиот материјал, кој пак во себе ги содржи информациите за сите клетки од
организмот, а сепак секоја соматска клетка е диференцирана и има своја
специфична морфологија, физиологија и функција во организмот.[18] Она што ги
разликува соматските клетки од зиготот и клетките на ембрионите е нивната
способност за делба и диференцијација. Соматските клетки покажуваат висок
степен на диференцијација, но на сметка на тоа имаат намалена или изгубена
способност за делба или за премин од еден во друг клеточен вид. Од друга страна,
зиготот и ембрионалните клетки имаат висок капацитет за делба, но покажуваат
ниско ниво на диференцијација.
Недиференцираните клетки на еден повеќеклеточен организам од кои можат
да се добијат неограничен број на клетки од истиот вид со чија диференцијација се
добиваат сите останати видови на клетки во организмот се нарекуваат матични
клетки. Постојат повеќе класификации и видови на матични клетки, но нивна
заедничка карактеристика е способноста за размножување што доведува до
создавање на различни диференцирани клетки.
Според бројот на клеточни видови во кои можат да се диференцираат,
односно според потентноста, матичните клетки се делат на:
◦ Тотипотентни (омнипотентни) матични клетки - имаат
способност да диференцираат во сите ембрионални и екстра-
ембрионални клеточни видови (т.е. сите клетки на фетусот и
плацентата). Зиготот спаѓа во оваа категорија на клетки;
◦ Плурипотентни матични клетки - имаат способност за
диференцијација во трите герминативни клеточни типови (ендодерм,
мезодерм и ектодерм), а со тоа и во сите ембрионални клеточни
типови;
◦ Мултипотентни матични клетки - имаат способност да се
диференцираат во блиско сродни клетки, како што се клетките во еден

2
Синтетички ембриони произведени од матични клетки

орган, типично за матичните клетки во присутни во ткивата на


возрасните;
◦ Олигопотентни матични клетки - имаат способност да се
диференцираат во ограничена, тесно поврзана група на клетки. Ова е
особина на хематопоетските прогениторни клетки кои се способни за
диференцијација во различни подгрупи на крвни клетки;
◦ Унипотентни матични клетки – имаат способност за
самообновување, но можат да создаваат клетки само од нивниот
фенотип (на пример мускулните матични клетки се способни за
самообновување и создавање на мускулно ткиво, но не и на околните
видови на ткива). [5]
Според потеклото и карактеристиките, матичните клетки се делат на:
◦ Адултни (ткивни) матични клетки - постојат во мал број на ткива
во еден возрасен организам, неретко сместени во добро дефинирана
супортивна ниша, мултипотентни по природа;
◦ Мезенхемални матични клетки (ММК) - клетки што потекнуваат од
стромалното или од сврзното ткиво (масно ткиво, ткиво на коскена
срцевина);
◦ ММК со потекло од крв од папочна врвца - сè уште се истражува
нивната потентност, се очекува дека е бидат извор на многу клеточни
типови;
◦ Ембрионални матични клетки - со потекло од in vitro култура на
внатрешна клеточна маса (ембриобласти), плурипотентни по природа
со способност за создавање на клеточни типови од возрасен
организам;
◦ Индуцирани плурипотентни матични клетки (иПМК) – добиени
со репрограмирање на соматски клетки (најчесто кожни фибробласти)
земени со биопсија од возрасен организам, плурипотентни по природа,
со способност за добивање на плурипотентни клетки од индивидуите
без потреба од оплодени човечки јајце-клетки. [5]

3
Синтетички ембриони произведени од матични клетки

Матичните клетки будат огромен интерес поради нивната способност за


регенерација на ткивата, што отвара можност за подобрување на состојбата на
органите чија градба и функција е нарушена поради различни заболувања. Во
последните неколку децении интензивно се истражуваат и оптимизираат начините
за изолирање и култивирање на поединечни типови на матични клетки и
потенцијалната примена во поглед на клеточна терапија, добивање на специфични
видови на диференцирани клетки, попрецизно моделирање на заболувањата,
откривање на лекови и можноста за изведување на други фармаколошки и
токсиколошки испитувања во модел кој ќе биде подобар од веќе постоечките. [5]

Најголем број од истражувањата се фокусираат на следните видови на


матични клетки: адултни матични клетки, ембрионални матични клетки и
индуцирани плурипотентни матични клетки.
Адултните матични клетки се пронајдени во многу, а се претпоставува
дека ги има во сите индивидуални органи кај возрасните и генерално се смета дека
се мултипотентни, односно дека можат да ги создаваат клетките од органот од кој
потекнуваат, но не и останатите органи. Во ткивата во кои се наоѓаат, тие најчесто
се сместени во дефинирана, организирана околина со потпорни клетки познати како
„ниша на матичните клетки“. Најважна особина на адултните матични клетки е
нивната способност за асиметрична делба, при која од една адултна матична
клетка се добиваат две различни клетки, една матична клетка идентична на
матичната клетка-мајка и една која е делумно диференцирана прогениторна клетка,
од која понатаму со диференцијација се добива специфичен вид на клетка. Добро
познат пример за клиничка примена на адултни матични клетки е
трансплантацијата на коскена срцевина. Трансплантот кој се администрира во себе
содржи хематопоетски матични клетки кои се населуваат во нишките на коскената
срцевина на реципиентот и со својата делба и диференцијација ги произведуваат
сите клетки на крвната лоза. [5]
Ембрионалните матични клетки се добиваат од внатрешната клеточна
маса - ембриобласт во раната фаза на развој на ембрионот. Во најраниот стадиум
на развој на цицачите, веднаш по контактот меѓу јајце-клетката и сперматозоидот
се создава диплоидна клетка – зигот, која е тотипотентна, односно има способност

4
Синтетички ембриони произведени од матични клетки

да ги произведе сите ембрионални (клетки на фетусот) и екстра-ембрионални


(клетки на плацентата) ткива. Следен стадиум по оплодувањето е формирањето на
морула од која понатаму се формира бластоцист, во кој клетките се поделени на
две различни групи - трофобласт, од кој се развива плацентата и ембриобласт - од
кој се развива ембрионот (сл. 1). Со екстракција на внатрешната клеточна маса
(ембриобластот) и in vitro одгледување всушност се добиваат ембрионалните
матични клетки, од кои понатаму можат да се добијат трите герминативни обвивки:

Сл. 1 Шематски приказ на првите 23 дена од ембрионалниот развој на цицач.

ендодерм (од кој се формира дигестивниот тракт и на него пропратните органи),


мезодерм (од кој се формираат коскениот и мускулниот систем, сврзното и масното
ткиво, генито-уринарниот тракт, срцето и циркулаторниот систем, лимфниот систем
и др.) и ектодерм (од кој се формираат кожа, коса, нокти, централен и периферен
нервен систем). Култивирањето на ембрионалните матични клетки е ограничено од
генетското оштетување што се создава со мутација, по екстензивно култивирање.
Нивна најголема потенцијална примена е клеточната терапија, каде што е важно да
се обезбеди дека во продуктот наменет за употреба нема присуство на несакани

5
Синтетички ембриони произведени од матични клетки

клетки (онечистувања), зошто недиференцираните клетки или клетките што се


способни за дедиференцијација можат да предизвикаат тумор, по
имплантацијата.[5, 13]
Индуцираните плурипотентни матични клетки – добиени се во обид
да се избегне потребата од хумани ембриони и јајце-клетки за добивање на
матични клетки поради недостатокот на ембриони од IVF и поради етичките
проблеми кои доаѓаат од нивната употреба. Тие најчесто се добиваат од кожни
фибробласти. Први кои ја демонстрирале оваа можност биле јапонските научници
Takahashi и Yamanaka во 2007 година, кога со форсирана експресија на гените
Sox2, Oct4, Klf4 и cMyc со помош на лентивирусни вектори успеале да ги
репрограмираат фибробластите и да добијат iPSC. Кај овие клетки значајно е да се
утврди дали репрограмирањето е доволно комплетно за да се добијат вистински
плурипотентни матични клетки, односно да се утврди т.н. степен на
репрограмирање. [5]
Иако плурипотентните матични клетки имаат огромна потенцијална примена
во медицината, сепак клеточните култури на матични клетки кои досега се
употребуваат се дводимензионални (монослој) и не се комплетно веродостоен
модел на однесувањето на хуманите ткива и органи. Поради тоа се оди кон
изнаоѓање на нови пософистицирани модели, како што се вештачките ембриони
(ембриоидни тела) и органоидите.

СИНТЕТИЧКИ ЕМБРИОНИ ПРОИЗВЕДЕНИ ОД МАТИЧНИ КЛЕТКИ

Дел од истражувањата во областа на матичните клетки и нивната примена


како модели за фармаколошко-токсиколошки испитувања, како и модели на
заболувањата се фокусирани кон изнаоѓање на што поверодостоен модел на
хуманите заболувања. Овие истражувања користат култури на матични клетки,
мешани култури од матични и диференцирани клетки, но во последно време се оди
од користење на дводимензионални кон користење на тродимензионални структури
од матични клетки.

6
Синтетички ембриони произведени од матични клетки

Во 2014 година, научници од Универзитетот Кембриџ предводени од Bedzhov


и Zernicka-Goetz, по неколку неуспешни обиди, за прв пат синтетизираа структура
која наликува на синтетички глувчешки ембрион користејќи ембрионални и екстра-
ембрионални матични клетки. Првите обиди вклучувале култивирање на

Сл. 2 Првиот тродимензионален модел на глувчешки ембрион (лево) спореден со вистински ембрион
по 48ч од фазата на бластоцист (десно). Црвено обоените делови се ембрионалното ткиво со
потекло од ембрионалните матични клетки, додека пак сино обоените делови се екстра-
ембрионалното ткиво од кое во реални услови би се формирала плацентата, со потекло од
трофобластни матични клетки. [Sarah Harrison and Gaelle Recher, Zernicka-Goetz Lab, University of
Cambridge]

ембрионални матични клетки, но добиените структури не се развивале правилно,


поради недостаток на сигналните биохемиски патеки кои нормално потекнуваат од
плацентата. По вклучувањето на екстра-ембрионалните матични клетки и нивното
заедничко култивирање во матрици од гел, матичните клетки започнале да се само-
организираат во структура која анатомски се совпаѓа со таа на глувчешки ембрион
во ран стадиум од развојот (сл. 2 и 3), поради што ова истражувањето стана познато
како „добивање на првиот вештачки ембрион“. Подоцна било утврдено дека на
структурата ѝ недостасуваат примитивните ендодермални матични клетки од кои
би се формирало жолтото тело (сл. 3), поради што „вештачкиот ембрион“
најверојатно не би успеал да се развие во цел организам.

7
Синтетички ембриони произведени од матични клетки

Сл. 3 Споредба меѓу развојот на нормален глувчешки ембрион и на „вештачки ембрион“ во текот на 110ч. [Sarah
Harrison and Gaelle Recher, Zernicka-Goetz Lab, University of Cambridge]

Добивањето на првиот синтетички глувчешки ембрион ја отвори можноста за


добивање на „вештачки хумани ембриони“. Повеќе истражувачки тимови [6, 17, 23] во
следните две години успеале да добијат „вештачки ембриони“ користејќи
ембрионални (ESCs) и индуцирани плурипотентни матични клетки (iPSCs),
способни да ги развијат сите три герминативни обвивки.[13] Сепак, овие „вештачки
ембриони“ се неспособни да се развијат во цел организам, поради тоа што им
недостасуваат екстра-ембрионалните ткива[17]. Од таа причина, како и поради
етичките дилеми кои доаѓаат со добивањето на синтетички човечки ембриони и
нивната употреба во истражувачки цели, се оди кон користење на термини кои
попрецизно ги опишуваат погоре споменатите структури. [9]

Како општо прифатен термин за овие структури се наметнува терминот


„ембриоидно тело“ (анг. embryoid bodies), иако во дел од истражувањата можат да
се сретнат и како SHEEFS (Synthetic Human Entities with Embryo-Like Features).[17, 18]

8
Синтетички ембриони произведени од матични клетки

Терминот „вештачки ембриони“ се избегнува бидејќи е асоциран со de novo


добивање на јајце-клетки и сперматозоиди и формирање на ембриони и нивна
употреба во репродуктивни цели, што само по себе повлекува бројни етички
дилеми, а не е поврзано со добиените само-асоцирачки 3D структури и не
претставува цел на нивниот развој. [9]
Ембриоидните тела, всушност претставуваат тридимензионални клеточни
агрегати добиени in vitro од плурипотентни матични клетки (најчесто индуцирани -
iPSCs), кои се способни да ги развијат трите герминативни обвивки (ектодерм,
мезодерм и ендодерм) и чија диференцијација наликува на развојот на хуманите
ембриони. Тие генерално се добиваат со спречување на прикачувањето на
матичните клетки за површината на садовите во кои се култивираат и со
контролирање на составот на медиумот за култивирање кој треба да го симулира
екстрацелуларниот матрикс и да ги обезбеди сите физички и хемиски сигнали
потребни за развој на ембриоидните тела. [3, 13, 20, 21]
Сè уште не постои универзално прифатен стандард за добивање и проценка
на формирањето на ембриоидни тела, а како маркери за евалуација се користат
различни особини на ембриоидните тела, како нивната форма, големина,
хомогеност и односот меѓу вијабилните и апоптозираните клетки. Постојат неколку
методи за добивање на ембриоидни тела (сл. 4), меѓу кои најзначајни се статична
суспензиона култура и методот на висечка капка. [10]

Сл. 4 Методи за добивање на ембриоидни тела [21]

Методот на статична суспензиона култура се користи за добивање на


голем број на ембриоидни тела по пат на инокулирање на суспензија од матични
клетки на Petri-ева плоча обложена со анти-атхезивно средство, што им
овозможува на клетките спонтано да агрегираат во т.н. сфероиди. Иако е доста

9
Синтетички ембриони произведени од матични клетки

едноставен, овој метод овозможува мала контрола врз формата и големината на


ембриоидните тела и често резултира со агломерација на ембриоидните тела во
големи, неправилни по форма маси. Друг недостаток на оваа метода е можното
прикачување на клетките врз подлогата што ја зголемува хетерогеноста на
добиените ембриоидни тела, што доведува до нивно губење од суспензијата. [21]

Методот на висечка капка овозможува добивање на ембриоидни тела со


униформна големина со распределување на еднаков број на матични клетки во
физички одвоени капки од медиумот, суспендирани на капакот на Petri-ева плоча.
На овој начин, во секоја засебна капка се формираат индивидуални ембриоидни
тела со агрегација на матичните клетки под дејство на гравитацијата. Овој метод е
погоден за употреба во истражувачки цели, но не е практичен за производство на
големо поради макотрпниот начин на изведба и ограничениот број на ембриоидни
тела кои се добиваат (100 капки во една Petri-ева плоча со стандардна големина,
во секоја капка најчесто само по едно ембриоидно тело). [21]
Алтернативни методи на добивање на ембриоидни тела се методот на
инкапсулирање и Microwell методот. Според методот на инкапсулирање, се
врши инокулирање на матичните клетки во полу-цврсти хидрогели како: метил
целулоза, фибрин, хијалуронска киселина, декстран, алгинати или агароза, што
овозможува зголемена репродуцибилност при формирањето на ембриоидни тела.
Сепак, успешноста на методот во голема мера зависи од факторите присутни во
медиумот за култивирање и од самото присуство и видот на хидрогелот, кој ја
обезбедува микро-средината во која се развиваат ембриоидните тела. На пример,
хидрогел од хијалуронска киселина може да ги задржи матичните клетки во
недиференцирана состојба, додека гел од декстран може да поттикне формирање
на ембриоидни тела. [21]
Microwell-методот применува култивирање на ембриоидни тела во
микротитарски плочи со 96 бунарчиња, каде агрегацијата на матичните клетки е
потпомогната со центрифугирање. Овој метод покажува зголемена
репродуцибилност, но сепак недостаток е што вклучува поединечно ракување со
добиените ембриоидни тела. [21]

10
Синтетички ембриони произведени од матични клетки

Погоре споменатите методи се во широка примена во истражувачки цели,


но се соочуваат со значајни потешкотии во примената во производство на големо.
Најпогоден метод за scale-up продукција на ембриоидни тела е методот на
биореактор. [21] Употребата на различни видови на биореактори има значителна
предност над останатите методи бидејќи не бара голем напор за изведување,
овозможува следење на критичните параметри (pH на средината, присуство на
растворен кислород, консумација на глукоза и продукција на млечна киселина). Овој
метод се покажал како доста робустен и покажува задоволителна
репродуцибилност. Најповолни особини покажуваат биореакторите кои вклучуваат
системи со вртење (spin flask), бидејќи хидродинамичните услови кои се
обезбедени со ротационото движење ја подобруваат хомогеноста на медиумот за
култивирање и агрегацијата на клетките и формирањето на ембриоидни тела и
обезбедуваат похомогени ембриоиди и висока продуктивност, за пократко време. [3,
21]

Добивањето на ембриоидни тела на индустриско ниво е значаен чекор кон


олеснување на истражувањата поврзани со нив и унапредување на примената на
самите ембриоидни тела.

ОРГАНОИДИ

Индуцираните плурипотентни матични клетки (iPSCs) можат да се добијат


речиси сите човечки клеточни типови и тие се користат како модели за развојот на
човечкиот организам и за развојот на различните болести. Сепак, како што беше и
претходно нагласено, иако традиционалните монослојни култури дозволуваат
надворешна контрола врз диференцијацијата и добивање на похомогени клеточни
култури, на истите им недостасуваат структурните 3D особини што ги дефинираат
ендогените биолошки системи (органите). [20] Поради тоа, уште пред добивањето
на првиот „синтетички ембрион“, во 90тите години на минатиот век, користејќи
ембрионални и индуцирани плурипотентни матични клетки и други клеточни
прогенитори, научниците успеале да развијат структури кои наликуваат на цели

11
Синтетички ембриони произведени од матични клетки

органи во развој. Овие структури се познати под терминот „органоиди“, што


означува „нешто слично на орган“. [2]
Органоиди се всушност 3D агрегати од повеќе видови на матични клетки кои
имаат способност да се само-организираат и да формираат различни ткивни
структури in vitro, кои ги имаат морфолошките и функционалните особини на
соодветните органи in vivo. Досега се развиени различни типови на органоиди (сл.

Сл. 5 Различни видови на органоиди кои се досега добиени, видови на матични клетки од кои се добиени и фактори
неопходни за нивниот развој. [4]

5): интестинални органоиди, бубрежни, ретинални и церебрални органоиди и сл.


Органоидите овозможуваат уникатна можност за проучување на хуманата
органогенеза која поради етички проблеми досега беше недостапна за
проучување.[20]
Органоидите поседуваат три главни дефинирачки особини: само-
организација, мултицелуларност во структурата и функционалност.
Само-организирањето на органоидите се разликува од
рецелуларизацијата на претходно децелуларизирани или на друг начин добиени
матрикси, која претходно била главен метод за добивање на структури слични на
органи. Таа многу зависи од супстанциите присутни во медиумот за култивирање
кој треба да ја имитира средината на екстрацелуларниот матрикс.

12
Синтетички ембриони произведени од матични клетки

Мултицелуларноста на органоидите значи дека тие во својата структура


поседуваат најмалку два различни вида на клетки кои се аналогни на ткивата на
вистинските органи.
И конечно, функционалноста значи дека клетките на органоидите се
способни за вршење на барем неколку функции кои се специфични за соодветниот
орган.
Органоидите се добиваат суспендирани во екстрацелуларен матрикс.
Компонентите на овој матрикс се покажале како клучни за клеточната
диференцијација и ориентација во просторот, поради обезбедувањето на
потребните сигнални клеточни механизми за нивен развој. Медиумите за
култивирање се доста специфични за секој поединечен органоид и се состојат од
бројни фактори на раст, хранливи состојки и сл. Факторите врзани за некои
патофизиолошки состојби како хиперплазија и туморен раст го поттикнуваат и
подобруваат развојот на органоидите. [20]
Една од главните разлики помеѓу органите и органоидите е тоа што
органоидите генерално не поседуваат васкуларизација и инервација, и не
поседуваат мезенхемална потпора.[2, 20]
Според потеклото, органоидите се поделени во три групи:
◦ Ендодермални органоиди – од ендодермот нормално се развиваат
епителот на дигестивниот и респираторниот тракт, белите дробови,
црниот дроб, мочниот меур, жолчното ќесе, панкреасот и др. Соодветно
на тоа, од матичните клетки прогенитори на ендодермот досега успешно
се добиени органоиди слични на тенките црева и други видови на
интестинални органоиди, желудочни органоиди, панкреасни органоиди,
органоиди слични на црниот дроб, органоиди слични на простатата,
езофагеални органоиди, органоиди слични на жолчното ќесе и
жолчоводите, органоиди слични на папилите за вкус, како и белодробни
органоиди и тироидни органоиди. [2]
◦ Мезодермални органоиди – од мезодермот нормално се развиваат
мезенхемалните ткива, хематопоезниот систем, мускулите, ‘рскавицата,
коските, бубрезите, слезината, гонадите и гениталните спроводни

13
Синтетички ембриони произведени од матични клетки

патишта. Од мезодермално потекло досега се добиени ренални


органоиди и јајцеводни органоиди и органоиди слични на лимфните
јазли.[2]

Ендодермални органоиди – од ендодермот нормално се развиваат сите
видови нервни ткива, вклучувајќи ги централниот и периферниот нервен
систем, сензорниот епител (на очите, носот и сл.), хипофизата, забниот
енамел, епителот на кожата и жлездите со надворешно лачење
(плунковни, млечни и др.). Досега се добиени ретиноидни органоиди,
органоиди слични на церебелумот, хипокампални органоиди,
аденохипофизни органоиди, органоиди слични на око во неонатална фаза
од развој, различни видови на церебрални органоиди кои наликуваат на
феталниот хуман мозок, органоиди слични на млечните жлезди и
органоиди слични на плунковните жлезди, сите со потекло од
ендодермот.[2]

ПРИМЕНА НА ЕМБРИОИДИТЕ И ОРГАНОИДИТЕ И ПОТЕНЦИЈАЛНИ


ПРОБЛЕМИ

Ембриоидните тела и органоидите добиени од матични клетки претставуваат


огромен напредок во полето на биотехнологијата со потенцијална примена во
различни гранки на медицинската наука, особено во физиологијата,
патофизиологијата, фармацијата, токсикологијата[24] и трансплантационата
медицина.
Значителното поклопување во развојот и диференцијацијата на клетките на
ембриоидните тела и развојот на вистинските ембриони овозможува ембриоидните
тела да се користат за проучување на раниот ембрионален развој. Во
ембриологијата постојат голем број на дилеми врзани за најраните стадиуми од
хуманиот развој, како на пример прашањето зошто голем број на ембриони не
успеваат да се имплантираат во плацентата, што обично се одвива во седмиот ден
од развојот на нормален ембрион. Истражувањето на развојот и на клеточните
сигнални патеки значајни за развој на ембриоидните тела може потенцијално да
14
Синтетички ембриони произведени од матични клетки

даде значајни информации за развојот на ембрионите in vivo и да даде посоодветни


објаснувања зошто голем број на бремености завршуваат со спонтан абортус, што
би донело огромен напредок во полето на потпомогнатото оплодување. [7, 19]
Раната органогенеза е исто така тешка за проучување со досегашните
модели, поради тоа што истражувачите генерално немаат пристап до доволно
ембриони донирани од IVF клиниките, како и поради тоа што според извештајот
Warnock, составен од Британскиот Етички Комитет во 1984 година, во текот на
истражувањата не смее да се дозволи ембрионите да се развиваат во лабораторија
повеќе од 14 дена, т.е. после развојот на примитивната бразда. Поради фактот дека
ембриоидните тела кои се досега произведени немаат способност да се развијат
во цел организам, тие не подлежат на вакви ограничувања, што ги прави идеални
модели за in vitro проучување на хуманата органогенеза.
Друга потенцијална примена на ембриоидните тела, која досега била
проучена е за добивање на различни прогениторни лози на клетки, како што се
остеогените и хематопоезните прогениторни клетки. Во едно истражување на
Hwang et al. биле развиени високопродуктивни методи за поттикнување на
остеогената диференцијација во ембриоидните тела, со цел да се добие голем
принос на остеогени прогениторни клетки кои се потребни во областа на
инженерството на скелетни ткива. [12] Во поглед на хематопоезните матични клетки
(HSCs), истражувачите успеале да добијат значителен број на HSCs од ембриоиди
добиени од индуцирани плурипотентни матични клетки (IPSCs). Ова би можело да
најде голема примена при трансплантацијата на коскена срцевина, бидејќи наместо
од донор, би можело од кожни фибробласти или од други клетки од самиот пациент
да се добијат IPSCs од кои потоа преку развој на ембриоидни тела би можеле да
се добијат потребните HSCs за трансплантација, со што би се избегнале можните
имунолошки реакции. [10]
Ембриоидните тела веќе се применуваат во истражувањата за
диференцијацијата на матичните клетки. Во едно такво истражување, со
одгледување на ембриоидни тела добиени од нормални матични клетки и матични
клетки со инхибирана експресија на три гени кои ја контролираат функцијата на
хистонот H1 (сл. 6), било откриено дека компакцијата (пакувањето) на ДНК е од

15
Синтетички ембриони произведени од матични клетки

клучно значење за правилниот развој и диференцијацијата на ембрионите и на


матичните клетки.

Сл. 6 Микроскопија на ембриоидни тела добиени од нормални матични клетки (доле) и од


матични клетки со инактивирани гени за Н1 (горе), во тек на 14 дена, од истражувањето
на Yuhong Fan и Todd McDevitt. Може да се забележи формирањето на цисти (стрелки) во
ембриоидните тела кои се должат на неправилната диференцијација. [26]

Ембриоидните тела исто така би можеле да се употребат во испитувањата


на краткорочната и долгорочната мутагеност и тератогеност на одредени
супстанции, како токсини или лекови.
Освен ембриоидните тела, голема потенцијална клиничка примена имаат и
органоидите, кои сè повеќе се имплементираат во бројни испитувања поврзани со
функцијата на органите. [20] Различните видови на органоиди се применуваат во
различни области на истражување.
Едни од најрано испитуваните органоиди се интестиналните органоиди.
Досега се развиени повеќе методи за нивно добивање (сл. 7), а уште многу се во
фаза на развој, поради огромната потенцијална примена на овие органоиди. Овие
органоиди може да се применат во детално проучување на функцијата на
интестиналниот епител и на сигналните молекуларни патишта кои ја контролираат
секреторната функција на овие клетки.

16
Синтетички ембриони произведени од матични клетки

Особено е значајно проучувањето на процесите на синтеза на заштитните протеини


(муцини, дифензини) и макромолекули кои ја штитат мукозата, бидејќи може да
доведат до откривање на нови молекуларни таргети (рецептори) кои би можеле да
доведат до развој на нови лекови способни за заштита на интестиналниот епител.
[15, 20] Исто така можат да се користат и за тестирање на влијанието на одредени
лекови врз интестиналниот епител и за следење на одговорот на клетките во

Сл. 7 Шематски приказ на различните методи на добивање на интестинални


ембриоиди. [15]

реално време. Ова може да се искористи за развивање на лекови кои ги обновуваат


цврстите споеви (tight junctions) меѓу интестиналните епителни клетки, бидејќи се
покажало дека нивната функција е нарушена во бројни заболувања како целијакија,
дијабетес тип 1 и одредени алергии на храна.[15] Интестиналните органоиди
претставуваат и извор за интестинални адултни матични клетки (ISCs) кои се
корисни во проучувањето на канцерогените промени во интестинумот. [15]
Интестиналните органоиди веќе се користат за развој на поверодостојни модели на
инфективните заболувања кои го засегнуваат интестинумот како инфекции со G.
duodenalis, Entamoeba spp., Rotavirus[15] и други, а желудочните органоиди се
употребени за добивање на модел на инфекција со Helicobacter pylori.[2, 20]

Испитувана е и потенцијалната можност за трансплантација на органоиди слични

17
Синтетички ембриони произведени од матични клетки

на дебелото црево во случаи на значајни оштетувања на колонот, но сите


досегашни испитувања се вршени на лабораториски глувци, каде се покажало дека
мал дел од органоидите успешно се инкорпорирале во ткивото.[20] Најголем
напредок е постигнат со добивањето на интестинални органоиди со функционален
ентеричен нервен систем. [2]
Голема примена имаат и хепаталните органоиди, чија најзначајна
примена е тестирањето на акутната и хроничната хепатотоксичност на лековите,
како и нивниот метаболизам. Друга можна примена на хепаталните органоиди е во
трансплантациони цели, иако истражувањата сè уште се одвиваат на
лабораториски животни. На глувчешки модел на хепатална инсуфициенција биле
пресадени хумани хепатални органоиди кои успеале да се васкуларизираат и
значително го зголемиле периодот на преживување на животните. [20, 11, 25]
Реналните органоиди се покажале како едни од најтешките органоиди за
добивање, поради комплексната 3D структура на бубрезите. [20] Овие органоиди се
корисни за проучување на физиолошките и патофизиолошките процеси на
реналниот епител, особено за болести како канцер, бубрежни инфекции и наследни
бубрежни заболувања; како и за добивање на адултни ренални матични клетки и
други прогениторни клетки и за конечно разјаснување на дилемата околу тоа дали
бубрезите се регенерираат со активноста на веќе постоечки ренални матични и
прогениторни клетки или со дедиференцијација на епителните клетки до матични.
Исто така, една од најзначајните примени на овие органоиди е во добивање на
пософистициран модел за тестирање на нефротоксичноста на лековите, со оглед
на тоа дека околу 25% од случаите на акутна бубрежна инсуфициенција се
поврзани со употребата на лекови.[20] Направени се обиди за трансплантација на
реналните органоиди, но нивната интеграција во ткивото е многу ниска, иако се
покажало дека сепак постои одреден бенефит поради паракриниот ефект на самите
органоиди.[20] Ex vivo одгледуваните ренални органоиди може да се користат како
извор за ренални клетки во развојот на вештачки бубрези и системи од типот на
Renal Assist Device (RAD) кој ја комбинира традиционалната хемодијализа со
кертриџ со живи ренални клетки, што делумно ја обновува ендокрината и
имунолошката функција на бубрезите кај пациентите на хемодијализа. [20, 25]

18
Синтетички ембриони произведени од матични клетки

Започнати се истражувања и на различни видови на церебрални


органоиди, особено за развој на модели на заболувања. Најголем напредок е
забележан во моделирањето на инфективните и на невродегенеративните
заболувања. Како позначаен резултат од ваквите истражувања е откривањето на
механизмот на инфицирање на нервните клетки со ZIKA вирусот.[16] Овие
органоиди се исто така значајна алатка за проучување на сигналните патеки кои се
неопходни за правилниот развој на нервниот систем.
Научниците успеале да развијат и ретиноидни органоиди, кои ги
поседуваат речиси сите карактеристики на ретината и покрај за тестирање ефектот
на лековите и други супстанции, би можеле да се користат и за добивање на
ретинално ткиво за медицинска примена. [25]
Освен реналните, доста проблематични за добивање се покажале и
органоидите слични на белите дробови. Сепак, овие органоиди имаат особено
значајна примена при моделирањето на респираторните инфекции и на болести
како цистична фиброза. При тестирање на органоиди добиени од матични клетки
кои го носат генот CFTR одговорен за нарушениот транспорт на јони, главната
причина за симптомите на цистична фиброза, истите развиле отоци
карактеристични за хиперсекрецијата на течност во мукозата на пациентите со
цистична фиброза, што значи дека се добар модел за ова заболување.
Дополнително, отоците се повлекле кога органоидите биле третирани со лекови
или кога била применета технологијата CRISPR/Cas9 за поправка на геномот. [2, 20]
Научниците успеале да развијат и органоиди слични на лимфните јазли,
познати како HuALN (Human Artificial Lymph Node). Овие органоиди се извонредно
значајни за тестирање на имуногеноста на терапевтските протеини и на останатите
лекови. Исто така, HuALN биле применети и за испитување на ефикасноста на
вакцини за Hepatitis A и цитомегаловирусот (CMV) и се покажало дека прецизно ги
симулираат имуните реакции на хуманите лимфни јазли. [8]

Генерално гледано, ембриоидните тела се добра алатка за проучување на


раниот ембрионален развој, додека органоидите се одлична алатка во моделирање
на заболувањата[4] и тестирање на лекови и други супстанции.[20, 24]

19
Синтетички ембриони произведени од матични клетки

Сепак, постојат одредени ограничувања во однос на нивната примена, дел


поради нерешените етички прашања, а дел и од техничка природа.
Едно од главните технички проблеми поврзани за ембриоидните тела (ЕВѕ)
и органоидите е нивното добивање. Иако се развиени доста успешни
лабораториски методи и протоколи за добивање на органоиди и на ембриоидни
тела, големи проблеми се јавуваат при обидите за scale-up на производството. [22]
Најголем дел од постоечките протоколи користат Petri-еви и микротитарски плочи,
се макотрпни за изведување и тешко е да се реплицираат за индустриско
производство. Одреден напредок е постигнат со развивање на протоколи за
добивање на ЕВѕ и органоиди во биореактори, но сепак класичните биореактори не
даваат доволен принос и што е најпроблематично, не обезбедуваат хомогена
култура на ембриоидни тела и органоиди. Како нешто подобри се покажале
биореакторите кои обезбедуваат хидродинамички услови[3], како spin-flask
биореакторите, кои покажале добар потенцијал за индустриско производство. [21]
Сепак, индустриското производство на EBs и органоидите е оневозможено и
поради немањето на соодветни протоколи кои може да се адаптираат на scale-up
продукција. Развојот на ваквите протоколи е ограничен од количината на медиум
за раст која е потребна за еден циклус на производство во биореактор со
стандардна големина, што ја прави нивната примена во оптимизација на нови
протоколи доста скапа.[21]
Истражувачите кои го проучувале
механизмот на инфекција на нервните
клетки со ZIKA вирусот, за потребите
на нивниот експеримент успеале да го
дизајнираат SpinΩ® биореакторот (сл.
8), кој претставува минијатурен
биореактор со отвори кои одговараат
на стандардна микротитарска плоча со
12 бунарчиња. SpinΩ® биореакторот
користи по 2ml на медиум за
Сл. 8 SpinΩ® минијатурен биореактор и негова можна
култивирање за секое бунарче, со што примена [16]

20
Синтетички ембриони произведени од матични клетки

овозможува 50-кратно намалување на потребниот медиум и паралелно следење на


повеќе услови на култивирање (12 во еден циклус), што го прави идеален за евтин
развој на протоколи за индустриско производство. Иако овој биореактор бил
примарно дизајниран за оптимизација на протоколите за производство на
церебрални органоиди, сепак неговата примена не е ограничена и може успешно
да се користи и за развој на други органоиди. [16]

Друго ограничување на практичната примена на органоидите се однесува на


нивната примена во клеточната терапија и трансплантацијата. Имено, органоидите
во себе може да содржат матични клетки кои се нецелосно диференцирани.
Ваквите органоиди би можеле да предизвикаат тератоми после трансплантацијата.
Токму ова го прави добивањето на хомогени култури на органоиди клучно за
нивната примена. Исто така се потенцира важноста на развојот и валидацијата на
методи за нивно испитување.
Производството на ембриоидни тела и на органоиди доаѓа и со бројни етички
дилеми. Најочигледен проблем врзан со синтезата на ембриоидни тела е нивната
можна употреба во репродуктивни цели, т.е. хумано клонирање. Иако оваа
перспектива сè уште е далечна бидејќи ембриоидните тела кои досега се добиени
не се способни да се развијат во цел организам, сепак со развојот на напредни
протоколи за добивање и со дизајнирањето на пософистицирани методи и
апаратура, можно е во иднина да се добијат ембриоиди кои би можеле комплетно
да го следат патот на развој на нормалните хумани ембриони. Поради тоа е
потребна нова законска рамка која ќе ги опфати овие нови ентитети. Во најголем
дел од земјите е забранета употребата на матичните клетки во репродуктивни цели
(клонирање) кај луѓе, но овие закони се осмислени пред добивањето на првите
синтетички ембриони и поради тоа не содржат никакви упатства во поглед на
ембриоидните тела.
Како што беше претходно напоменато, постојат бројни водичи од различни
етички комисии (Warnock, 1984; National Institutes of Health, 1994; Ethics Advisory
Board, 1979) кои ја ограничуваат употребата на хумани ембриони во истражувањата
до најмногу 14 дена од развојот. Бидејќи ембриоидните тела не се апсолутно
еквивалентни на хуманите ембриони, научниците се согласни дека за нив не би

21
Синтетички ембриони произведени од матични клетки

требало да важи ова правило. Сепак, не постои законска рамка која ја регулира
употребата на ембриоидните тела во истражувачки или во терапевтски цели. Како
одговорно тело врзано за ваквите прашања, организацијата International Society For
Stem Cell Research (ISSCR) состави водич во кој е наведено дека сите експерименти
со SHEEFs да бидат одобрени со предложениот Embryo Research Oversight (EMRO)
process за да се осигура дека не постои ризик од развој на ембриоидни тела
доволно слични на хуманите ембриони што би повлекле прекршување на 14-
дневното правило (сл. 9). [1]
Друг етички проблем претставуваат и церебралните и другите видови на
мозочни органоиди.[14] Иако досега не е добиен органоид составен од сите делови
од кои е изграден човечкиот мозок, сепак се отвара прашањето дали можеби
пософистицираните церебрални органоиди би можеле да развијат осет за болка.
Научниците засега не предвидуваат дека церебралните органоиди се способни за

Сл. 9 Карактеристики на ембриоидните тела кои би можеле да значат


прекршување на 14-дневното правило. [1]

22
Синтетички ембриони произведени од матични клетки

чувствување на болка или друг вид на осет, но сепак останува отворено прашањето
дали со понатамошниот развој на науката и добивањето на сè пософистицирани
мозочни органоиди може да се добијат и такви кои ќе бидат способни за
чувствување на болка. Ова прашање може да ги опфати и ембриоидните тела кои
се способни за развој на примитивни ектодермални органи (примитивен нервен
систем). Впрочем, целта на 14-дневното правило иницијално била да се спречи
можноста ембрионите кои се користат во експериментални цели да чувствуваат
болка.[17] Појавата на примитивната бразда го означува и почетокот на развој на
нервниот систем на ембрионот. За таа цел развиени се пософистицирани
ембриоидни тела, SHEEFs кои имаат мозочни ткива неспособни за чувствување на
болка; SHEEFs кои имаат срцево ткиво, но немаат мозочно ткиво; SHEEFs кои
развиваат нервен систем без формирање на примитивната бразда и други. [1, 14, 18]

Друг етички проблем е употребата на ембрионалните матични клетки (ESCs)


за добивање на ембриоидните тела и органоидите. Проблемот потекнува од
начинот на добивање на ембрионалните матични клетки, т.е. од потребата од
хумани ембриони. Сепак, решението на овој проблем лежи во развојот на
технологијата за добивање на индуцирани плурипотентни матични клетки (IPSCs),
кои во иднина би требало комплетно да ги заменат ембрионалните матични клетки.
Погоре споменатите, и бројни други проблеми донекаде ја прават идната
примена на ембриоидните тела и органоидите неизвесна.

ЗАКЛУЧОК

Ембриоидните тела и органоидите се неверојатни достигнувања на


биотехнологијата и воопшто на науката. Иако нивниот развој е сè уште во своите
зачетоци, веќе се согледува широката палета на нивна потенцијална примена, како
во истражувачки така и во клинички цели.
Ембриоидните тела овозможуваат истражувања во областа на
ембриологијата кои досега не биле возможни. Тие исто така се одлична алатка во
фармакологијата, поради тоа што овозможуваат испитување на дејството на

23
Синтетички ембриони произведени од матични клетки

различни лекови врз хуманиот ембрионален развој. Испитувањата на тератогеност


и мутагеност вообичаено се вршат врз анимални модели, кои поради интер-
специјалната разлика не се сосема идеални за симулирање на хуманиот
ембрионален развој. Преминот кон испитувања на ембриоидни тела како модел ќе
овозможи добивање на многу корисни податоци за употребата на лековите во текот
на бременоста, податоци што всушност и недостасуваат за голем број од
постоечките лекови на пазарот. Генерално, препорака за лековите за кои нема
доволно податоци за влијанието врз ембрионалниот развој е да се избегнува
нивната употреба во текот на бременоста, што многу го отежнува третманот на
бремените жени со хронични и други заболувања. Конечното разграничување на
лековите кои се безбедни за употреба во текот на бременоста би требало да го
реши овој проблем.
Освен ембриоидните тела, и органоидите имаат огромна потенцијална
примена во фармакологијата и другите фармацевтски науки, за тестирање на
ефикасноста и безбедноста на лековите[22, 24] (Сл. 10). Тука од особено значење се
хепаталните и реналните органоиди кои би можеле да дадат корисни информации
во однос на хепатотоксичноста и нефротоксичноста на лековите, хепаталниот
метаболизам на лековите, како и испитувањето на лекови врз органоиди добиени
од индивидуални пациенти со што би се добиле информации за влијанието на
генетските полиморфизми врз способноста и брзината со која пациентите ги
метаболизираат лековите, што ќе доведе до развој на побезбедни лекови.[11, 20] Не
помалку значајни се и органоидите слични на лимфните јазли кои би можеле да
станат незаменлив модел за тестирање на имуногеноста на постоечките и на
новите лекови, а со оглед на тоа дека голем број од новите лекови се терапевтски
протеини кои се склони кон предизвикување на имунолошки реакции, нивната
примена на местото на анималните модели, добива уште поголемо значење. [8]

Всушност, можноста која органоидите ја отвораат за испитување на лекови


врз органоиди добиени од индивидуални пациенти ќе биде од клучно значење за
развојот на индивидуализираната терапија.[2, 22] Ваквото тестирање на лековите ќе
ја спречи употребата на лекови кои од одредени причини не делуваат на
поединечниот пациент, а со тоа ќе се намали и непотребното изложување и ризикот

24
Синтетички ембриони произведени од матични клетки

од несакани ефекти. Ова може да биде особено важно при третманот на малигните
заболувања, бидејќи лековите кои се користат за хемотерапија имаат голем број на
сериозни несакани ефекти. Со добивање на т.н. „канцероиди“ (вид на органоиди
добиени од клетки добиени со биопсија на туморната маса) би можела да се испита
ефикасноста на поедини хемотерапии за секој пациент поединечно и да се
предвиди потенцијалниот развој на резистенција кон терапијата. [20, 24]
Покрај тоа, органоидите покажуваат и потенцијал за регенерација на
загубената функција на органите преку нивна трансплантација, што ги прави самите
по себе солидни кандидати за клеточна терапија. [2, 15]

Сл. 10 Примена на ембриоидните тела и органоидите во фармацијата. [2]

Органоидите исто така овозможуваат проучување на значењето на одредени


гени за функцијата на органите, кои досега не можеле да се проучат во анималните
модели бидејќи предизвикуваат тешки оштетувања на ембрионите и не може да се

25
Синтетички ембриони произведени од матични клетки

добијат животни кај кои се инактивирани овие гени. Ова, комбинирано со можноста
за детално испитување на сигналните патеки на клетките ќе овозможи голем развој
на молекуларната биологија и потенцијално откривање на нови молекуларни
таргети, што може да доведе до развој на нови лекови. [15, 20]
Друг важен аспект е можната делумна или целосна замена на анималните
модели и заменување на анималните тестови, кои се задолжителен дел од сите
клинички испитувања на лековите, со ЕВѕ и органоиди. Ембриоидните тела и
органоидите имаат потенцијал да бидат развиени во супериорни модели и во
иднина да ја отстранат комплетно потребата од животни во клиничките
испитувања.[2,4]
И покрај сето тоа што беше погоре изнесено, сè уште сме далеку од
остварување на сите овие можни примени. Уште сме на самиот почеток на развојот
на ова поле од науката, а веќе се соочуваме со бројни проблеми било од техничка
или од етичка природа. Непостоењето на соодветна законска рамка уште повеќе ги
комплицира работите. Освен тоа, примената на ембриоидните тела и органоидите
во иднина може да се соочи со проблеми кои денес не можеме да ги претпоставиме,
како и проблеми кои веќе се насетуваат како високата варијабилност на добиените
органоиди и ЕВѕ [3] и безбедноста при нивната примена како клеточна терапија.
Сепак, не треба да се занемари огромниот потенцијал на оваа нова
технологија и треба да се изнајдат креативни решенија за подобрување на
производството на ЕВѕ и на органоиди, како и да се оформи сеопфатна законска
рамка која нема непотребно да ги ограничува истражувањата, а истовремено ќе
биде во согласност со етичките норми. Останува да видиме какви иновации во
медицинските науки ќе произлезат од производството на ембриоидните тела и на
органоидите.

26
Синтетички ембриони произведени од матични клетки

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

1. Aach J., Lunshof J., Iyer E., Church G. M., (2017). Addressing the ethical issues
raised by synthetic human entities with embryo-like features. [available online:
https://doi.org/10.7554/eLife.20674.001] (accessed on 28.05.2018)
2. Bartfeld S., Clevers H., (2017). Stem cell-derived organoids and their application
for medical research and patient treatment. J MolMed DOI 10.1007/s00109-017-
1531-7
3. Bratt-Leal A. M., Carpenedo R. L., McDevitt T. C. (2009). Engineering the Embryoid
Body Microenvironment to Direct Embryonic Stem Cell Differentiation. Biotechnol
Prog. 2009 ; 25(1): 43–51. doi:10.1002/btpr.139.
4. Clevers H., (2016). Modeling Development and Disease with Organoids. Cell
Volume 165, Issue 7, 16 June 2016, Pages 1586-1597
5. Crommelin J. A. D., Sindler R. D., Meibehm B. (eds.). (2013). Pharmaceutical
Biotechnology: Fundamentals and Applications, 4th edition. Springer
Science+Business Media New York. p. 509-522
6. Deglincerti A., Croft G. F., Pietila L.N., Zernicka-Goetz M., Siggia E. D., Brivanlou
A.H., (2016). Self-organization of the in vitro attached human embryo. Nature. 2016
May 12;533(7602):251-4. doi: 10.1038/nature17948. Epub 2016 May 4.
7. Forming model embryos from stem cells in the lab. (2018). Maastricht University
[available online: https://www.maastrichtuniversity.nl/news/forming-model-
embryos-stem-cells-lab] (accessed on 15.05.2018)
8. Giese C., Lubitz A., Demmler C. D., Reuschel J., Bergner K., Marx U. (2010).
Immunological substance testing on human lymphatic micro-organoids in vitro.
Journal of Biotechnology 148 (2010) 38–45
9. Gleicher N. (2017). “Synthetic Embryos”: The Wrong Term For Important New
Research. [available online: https://leapsmag.com/synthetic-embryos-wrong-term-
important-new-research/] (accessed on 15.05.2015)
10. Hong S., Werbowetski-Ogilvie T., Ramos-Mejia V., Lee J. B., Bhatia M. (2010)
Multiparameter comparisons of embryoid body differentiation toward human stem

27
Синтетички ембриони произведени од матични клетки

cell applications. Stem Cell Research Volume 5, Issue 2, September 2010, Pages
120-130
11. Huch M., Boy S. F., Clevers H. (2013). Lgr5+ liver stem cells, hepatic organoids
and regenerative medicine. Regen. Med. (2013) 8(4), 385–387 ISSN 1746-0751
12. Hwang Y., Randle W. L., Bielby R. C., Polak J. M., Mantalaris A. (2006). Enhanced
Derivation of Osteogenic Cells from Murein Embryonic Stem Cells After Treatment
with Hep-G2- Conditioned Medium and Modulation of the Embryonic Body
Formation Period: Application to Skeletal Tissue Engineering.
https://doi.org/10.1089/ten.2006.12.1381
13. Itskovitz-Eldor J., Schuldiner M., Karsenti D., Eden A., et all. (2000). Differentiation
of human embryonic stem cells into embryoid bodies compromising the three
embryonic germ layers. Mol Med. 2000 Feb;6(2):88-95.
14. Kirkey S., (2018). 'Synthetic' human embryos are on the horizon, but ethics
surrounding them are complicated. National Post [available online:
http://nationalpost.com/health/synthetic-human-embryos-are-on-the-horizon]
(accessed on 28.05.2018)
15. Kuratnik A., Giardina C., (2013). Intestinal organoids as tissue surrogates for
toxicological and pharmacological studies. Biochemical Pharmacology 85 (2013)
1721–1726
16. Qian X., Nguyen N. H., Song M. M., Tang H., Song H., Ming G. (2016). Brain-
Region-Specific Organoids Using Minibioreactors for Modeling ZIKV Exposure. Cell
165, 1–17. May 19, 2016 ª2016 Elsevier Inc.
http://dx.doi.org/10.1016/j.cell.2016.04.032
17. Regalado A. (2017). Artificial Human Embryos Are Coming, and No One Knows
How to Handle Them. MIT Technology Review. [available online:
https://www.technologyreview.com/s/608173/artificial-human-embryos-are-
coming-and-no-one-knows-how-to-handle-them/] (accessed on: 28.05.2018)
18. Reining in the SHEEFs. (2017). Bioethics @ TIU, Trinity International University
[available online: http://blogs.tiu.edu/bioethics/2017/04/13/bringing-in-the-sheefs/]
(accessed on: 28.05.2018)

28
Синтетички ембриони произведени од матични клетки

19. Roberts M., (2018). Scientists build 'synthetic embryos'. BBC online [available
online: http://www.bbc.com/news/health-43960363] (accessed on 20.05.2018)
20. Rookmaaker M. B., Schutgens F., Verhaar C. M., Clevers H. (2015). Development
and application of human adult stem or progenitor cell organoids. Nat Rev Nephrol.
2015 Sep;11(9):546-54. doi: 10.1038/nrneph.2015.118.
21. Rungarunlert S., Techakumphu M., Pirity M. K., Dinnyes A. (2009). Embryoid body
formation from embryonic and induced pluripotent stem cells: Benefits of
bioreactors. World J Stem Cells 2009 December 31; 1(1): 11-21 ISSN 1948-0210
(online)
22. Sanctuary C. (2016). Organoids: potential for preclinical modelling and
personalised treatment. [available on: https://pharmaphorum.com/views-and-
analysis/organoids-potential-preclinical-modelling-personalised-treatment/]
23. Shabazi M. N., Jedrusic A., Zernitcka-Goetz M., et. all. (2016). Self-organization of
the human embryo in the absence of maternal tissues. Nature Cell Biology volume
18, pages 700–708. doi:10.1038/ncb3347
24. Sonntaga F., Schilling N., Madera K., Gruchowa M., et all. (2010). Design and
prototyping of a chip-based multi-micro-organoid culture system for substance
testing, predictive to human (substance) exposure. Journal of Biotechnology 148
(2010) 70–75
25. Xinaris C., Brizi V., Remuzzi G., (2015). Organoid Models and Applications in
Biomedical Research. Nephron 2015; 130:191-199.
https://doi.org/10.1159/000433566
26. Zhang Y., Cooke M., Fan Y., Berthe D. T., et all. (2012) Histone H1 Depletion
Impairs Embryonic Stem Cell Differentiation. PLoS 8(5): e1002691. [available
online: https://doi.org/10.1371/journal.pgen.1002691]

29

You might also like