Информација за родители2.3.4.20.21

You might also like

Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 1

Информација за родители/старатели за учениците од II, III и IV година

во учебната 2020/21 година

Почитуван родител/старател,

Ве информираме дека наставата за учебната 2020/21 година во нашето училиште ќе се одвива


на далечина (он-лајн) за теоретските предмети и со физичко присуство за предметот Практична
настава (во III и IV година) согласно Планот за реализација на наставата и Протоколот за
физичко присуство (во гореспоменатиот дел на практичната настава) од МОН. Согласно истите,
наставата ќе се одвива на Единствената национална платформа за онлајн учење, а за
практичната настава учениците ќе бидат распоредени во мали групи и различни термини со цел
реализацијата на активностите да не претставува ризик по нивното и здравјето на другите.
Изготвен е и интерен протокол и кодекс со пропишани мерки за заштита.

По однос на реализација на феријалната пракса која согласно законските одредби е


задолжително да се изведе кај работодавец, и претставува услов за упис на ученикот во
следната учебна година, а којашто поради пандемијата не беше реализирана во текот на
летниот распуст, задолжени сме од страна на МОН сите ученици да ја реализираат најдоцна до
ноември 2020 година. Имајќи ја во предвид сензитивноста на струката, во моментов течат
подготовки за реализација на истата, а за отпочнувањето, динамиката и условите на реализација
ќе бидете дополнително информирани преку одговорните наставници и класните
раководители.

Во врска со подигање на свидетелства како и размена на учебниците за следната учебна година


ќе добиете распоред со термини за секој клас. Тоа ќе биде изведено по претходно утврден
распоред со термини за секој ученик според бројот во дневник а во текот на месец септември.

Во текот на месец октомври 2020г. ќе биде организирана родителска средба со користење на


средствата за електронска комуникација, а дотогаш Ве охрабруваме за потребата од
дополнителни информации да се обратите до класните раководители.

Остануваме посветени на целта за квалитетно образование и покрај предизвиците.

Со почит,

Директор на СМУГС “Д-р Панче Караѓозов”

Маја Салиу

You might also like