Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 31

Click to edit Master title style

УПРАВНА ДЕЈНОСТ
ПОВРЗАНА СО ЛИЧНИОТ
СТАТУС НА ГРАЃАНИТЕ

Проф. д-р Искра Аќимовск а Малетиќ

1
Click toстатус
Личен edit Master title style

• Личен статус - збир од правно изнесени обележја на физичките лица по кои се


дефинираат како личности со посебна почетна правна положба, поинаква од другите
граѓани.
• Личниот статус ги означува основите на правната положба на физичките лица, но не се
подразбира вкупната правна положба на граѓаните, бидејќи таа зависи од целината на
правата и обврските на одредени лица, туку само она што појдовно и елементарно го
определува. Со тоа се врши индивидуализација на физичките лица.
• Тоа се одредени елементи кои исклучиво се поврзани за личноста, карактеристиките и
способностите на конкретните лица, кои се предуслов за вкупната правна положба на
поединците, па затоа и се викаат личен статус.

2 2
Click toстатус
Личен edit Master title style

• Овластувања на органите на управата поврзани со личниот статус на граѓаните можат да


се поделат на три категории и тоа:

• Водење на службени евиденции за елементи на личниот статус (водење матични книги –


тие се јавни исправи кои содржат податоци за личните својства на граѓаните; се водат рачно и
во електронска форма; за матичните книги електронски регистар води и Централниот регистар
на РСМ; постојат три вида матични книги кои содржат основни лични податоци за граѓаните и
тоа: матична книга на родените, матична книга на венчаните и матична книга на умрените;
Надлежен орган за водење на матичните книги е Управата за водење на матичните книги, како
орган во состав на Министерството за правда)

• Одлучување за воспоставување и менување на елементите на личниот статус

• Издавање на потврди за елементите на личниот статус.

3 3
Click toиме
Лично edit Master title style

• Личното име претставува обележје на физичкото лице кое го идентификува во однос на


другите лица.
• Тоа е лично право на граѓанинот.
• Граѓанинот се служи со личното име, што му е запишано во матичната книга на родените.
• Согласно Законот за лично име, личното име се состои од име и презиме, а самото име
или презиме може да содржи повеќе зборови.

4 4
Click toиме
Лично edit Master title style

• Личното име на детето го определуваат родителите спогодбено.

• Ако родителот не е жив или не е во можност да ги врши родителските права


или е непознат, личното име на детето го определува другиот родител. Ако
родителите не се живи или не се во можност да ги вршат родителските
права, личното име на детето го определува надлежниот орган за
старателство, односно старателот со согласност од надлежниот орган за
старателство, според презимето на едниот или двата родитела.
• Во случаите кога родителите нема да се спогодат во определувањето на
личното име на детето или се непознати, личното име на детето го
определува надлежниот орган за старателство, односно старателот со
согласност од надлежниот орган за старателство.
• Личното име на посвоено дете го определуваат посвоителите.

5 5
Click toиме
Лично edit Master title style

Промена на личното име.


• Секој граѓанин има право да го промени личното име, односно само името или презимето.
• На малолетно лице ќе му се промени личното име, односно само името или презимето на барање
од родителите или посвоителите, односно на старателот со согласност од надлежниот орган за
старателство.
• Ако се бара промена на личното име за дете кое наполнило 10 години живот, потребна е и негова
согласност. Ако посвоеното дете има лично име, посвоителите можат при посвојувањето да го
определат своето или друго презиме освен ако со актот за посвојување не е определено
посвоеникот да го задржи своето презиме или на своето презиме да го додаде презимето на
посвоителите.

• Нема да се одобри промена на личното име, односно само на името и презимето на лице ако:
• против него се води кривична постапка за кривично дело кое се гони по службена должност или
• е осудено за такво кривично дело, додека казната не е извршена или додека траат правните последици на
осудата,
• не ги регулирало имотноправните и други законски обврски од брачниот однос и
• не ги регулирало законските обврски од брачниот однос од односот на родители и деца кон лица кои
живеат во РСМ
6 6
Матичен бројMaster title style
Click to edit

• Матичниот број на граѓанинот претставува единствена идентификациска ознака на


податоците на граѓанинот.
• Структурата на матичниот број - се состои од 13 цифри групирани во шест групи, и тоа:
• I група: ден на раѓањето (две цифри),
• II група: месец на раѓањето (две цифри),
• III група: година на раѓањето (три цифри),
• IV група: регистрационо подрачје (две цифри),
• V група: комбинација на полот и редниот број за лица родени на ист датум (три цифри) и
тоа за мажи од 000 до 499, а за жени од 500 до 999 и
• VI група: контролен број (една цифра).
• Четвртата група на цифри во матичниот број на граѓанинот ја сочинуваат ознаки од 41 до
49 според кои се означуваат регистрационите подрачја во кои матичниот број е
определен, а кои се единици на локалната самоуправа, односно група на единици на
локалната самоуправа и населени места.
• На граѓанинот му се определува еден матичен број.
• Еден ист матичен број не може да му се определи на друг граѓанин.
7 7
Click to edit
Матичен бројMaster title style

• Во случај на промена на живеалиштето, односно престојувалиштето, како и личното име


граѓанинот го задржува определениот матичен број.

• Министерството за внатрешни работи донесува решение за поништување на матичен број


на граѓанинот во случај кога на еден ист граѓанин му е определен погрешен матичен број
или му се определени повеќе матични броеви.

8 8
Click toкарта
Лична edit Master title style

• Личната карта е јавна исправа со која се докажува идентитетот, државјанството на Р


Македонија, живеалиштето и адресата на граѓанинот на Р. Македонија.
• Личната карта може да се употребува и за преминување на државната граница, во случаи
и под услови утврдени со меѓународен договор ратификуван согласно со Уставот на РМ.
• Граѓанинот може да има само една лична карта.
• Секој граѓанин со наполнети 18 години живот должен е да има лична карта.
• Личната карта може да се издаде и на граѓанин со наполнети 15 години живот, на негово
лично барање, по претходна согласност од родителите, законскиот застапник или
старателот.
• Личната карта ја издава Министерството за внатрешни работи.

9 9
Click toкарта
Лична edit Master title style

• При поднесување на барањето за издавање на лична карта, од подносителот на барањето


задолжително се земаат податоци за неговите биометриски карактеристики (отпечатоците од
два прста и фотографија), заради утврдување на неговиот идентитет.

• Во зависност од годините на старост на лицето ќе биде определен и рокот на важење на


личната карта. Така, личната карта се издава со рок на важење од десет години, а за граѓанин
помлад од 27 години живот со рок на важење од пет години.

• Граѓаниниот не смее да се служи со лична карта чиј рок на важење е истечен.

• На граѓанинот кој најмалку два пати ќе загуби лична карта или на друг начин ќе остане без неа,
заменетата лична карта му се издава со рок на важење од една година. По истекот
на овој рок, новата лична карта се издава согласно претходно наведените рокови на важење.

1010
Click toкарта
Лична edit Master title style

• Граѓаните со навршени 18 години се должни личната карта да ја носат со себе и да ја


покажат на барање на службеното лице коe со закон е овластено да легитимира. Не е
дозволено задржување на туѓа лична карта, ниту давање на лична карта на друг на
послуга, како и послужување со туѓа лична карта како со своја. За физичко лице кое не ја
носи со себе личната карта или ќе одбие да ја покаже личната карта се изрекува прекршок
(глоба во висина од 30 евра во денарска противвредност).

• Ha граѓанин кој ќе го промени живеалиштето или ќе изврши промена на личното име, му


се издава нова лична карта.
• При промена на адресата на станот на живеалиштето, граѓанинот е должен во рок од 30
дена да поднесе барање за замена на личната карта со нова.

1111
Click to edit Master
Пријавување на живеалиште
title style и престојувалиште

• Сите лица се врзуваат со местото каде живеат, или


престојуваат или вршат одредена активност.
• Во правна смисла постои потреба за врзување на
лицата за одредено место бидејќи од тоа зависи
примената на правните прописи и ефикасната
работа на државните органи.
• Престојувалиштето често е услов за остварување на
права и правни интереси (на пример право на
субвенции, социјална помош, избирачко право и
сл.), како и наметнување обврски (на пример
даночни обврски и сл.) Од оваа околност често
зависи и одредувањето на надлежноста.

1212
Click to edit Master
Пријавување на живеалиште
title style и престојувалиште

• Уредено со Законот за пријавување на живеалиште и престојувалиште на граѓаните


Ø Живеалиште е местото каде граѓанинот се населил со намера постојано да живее.
Ø Престојувалиште е местото во кое граѓанинот привремено престојува надвор од
своето живеалиште.

• Обврска за граѓанинот при промена на неговото живеалиште (и промена на


адресата на станот) да го одјави претходното и да го пријави новото живеалиште.
• Должен да пријави и промена на адреса на стан во кој живее.
• Граѓанинот кој престојува надвор од своето живеалиште подолго од 15 дена, а не
користи услуги за сместување во угостителски, туристички и други организации кај
самостојни угостители, должен е да го пријави престојувалиштето во рок од 24 часа
по доаѓањето, а да го одјави непосредно пред заминувањето. Во овој случај обврска
за пријавување и одјавување на престојувалиштето има и лицето кај кое граѓанинот
престојува. Оваа обврска не постои кога граѓанинот е во посета на член на своето
потесно семејство. 1313
Click to edit Master
Пријавување на живеалиште
title style и престојувалиште

• Граѓанинот кој има намера привремено да престојува во странство од три


месеци до една година или да биде на привремена работа во странство
повеќе од една година, должен е непосредно пред заминувањето да го пријави
одењето во странство кај надлежниот орган во местото на живеалиштето, или
на граничниот премин, или непосредно по заминувањето во дипломатско-
конзуларното претставништво на РМ во таа земја, односно во рок од три дена
да го пријави враќањето во живеалиштето на РМ. Во овој случај, граѓанинот е
должен да ги пријави и малолетните деца кои патуваат со него. За граѓаните кои
не го пријавиле заминувањето во странство подолго од три месеци, надлежниот
орган по службена должност ќе врши евидентирање.
• Граѓанинот кој има намера да престојува во странство подолго од 3 месеци
должен е непосредно пред заминувањето да го пријави одењето во странство
до органот на управата надлежен за внатрешни работи во местото на
живеалиштето. Доколку престојувал подолго од 3 месеци во странство
граѓанинот е должен во рок од 3 дена од денот на доаѓањето во живеалиштето
да го пријави враќањето во земјата. Во овие случаи граѓанинот е должен да ги
пријави и малолетните деца кои патуваат со него. 1414
Click to edit Master
Пријавување на живеалиште
title style и престојувалиште

• Пријавување и одјавување на живеалиште и пријавување на


промена на адресата на станот се врши врз основа на поднесено
барање на граѓанинот со доставената потребна документација.
• Надлежен орган да одлучи по барањето е Министерството за
внатрешни работи, кое треба да донесе решение во рок од 15
дена од денот на поднесувањето на барањето.
• Против решението може да се поднесе жалба до Државната
комисија за одлучување во управна постапка и постапка од
работен однос во втор степен.

1515
Click toисправи
Патни edit Master
на државјаните
title style на РМ

• Патните исправи се јавни исправи кои содржат податоци за идентитетот и служат за


патувања во странство.
• Видовите патни исправи и визи и постапката за нивно издавање на државјаните на
РМ се уредени со Законот за патните исправи на државјаните на РМ.
• Државјанин на РМ може да има само една патна исправа од ист вид издадена од
надлежен орган.
• За патување во странство на државјаните на РМ потребна им е патна исправа
утврдена со закон, ако со меѓународен договор поинаку не е определено.
• За време на престојот во странство, патната исправа служи за утврдување на
идентитетот и како доказ за државјанство на Р. Македонија.

1616
Click toисправи
Патни edit Master title style

Видови патни исправи


• Постојат повеќе видови патни исправи и тоа: пасош,
заеднички пасош, дипломатски пасош, службен пасош и
патен лист, како и патни исправи кои се издаваат врз
основа на меѓународни договори.
• Како патна исправа за патување во странство на
членовите на екипажот во внатрешната, меѓудржавната и
меѓународната пловидба им служи и поморската,
односно бродарската книшка, со виза издадена во
смисла на законот.

1717
Click toисправи
Патни edit Master title style
Ø Пасошот е електронска исправа за лична Ø Патниот лист е лична исправа која му се
идентификација која му се издава на државјанин издава на државјанин на РМ кој останал во
на РМ заради патување и престој во странство, странство без патна исправа, само за враќање
како и за враќање во земјата. Законот во земјата.
предвидува дека е забрането да се даде патна
исправа на послуга на друг или лицето да се Ø Дипломатскиот и службениот пасош се
послужи со туѓа патна исправа како со своја. исправи кои се издаваат на носител на јавна
Имателот на патната исправа е должен функција, државен службеник и работник во
грижливо да ја чува патната исправа. Забрането државните органи, заради патување во
е менување, бришење или исправање на странство и обезбедување на нивна заштита
податоците и на забелешките во патната при извршување на службените задачи, во
исправа. согласност со меѓународното право.
Дипломатскиот и службениот пасош може да
Ø Заедничкиот пасош е патна исправа која се се користи само ако има виза. Тие се
издава за група од најмалку пет, а најмногу 50 сопственост на РМ.
државјани на Република Македонија, кои заедно
патуваат во странство и заедно се враќаат во Ø Визата е одобрение за патување во
земјата. При патување во странство со странство која се внесува во патната исправа
заеднички пасош, водачот на групата се внесува и со која се констатира дека на имателот на
во заедничкиот пасош под реден број еден, а патната исправа му е одобрено преминување
лицата кои се внесени во заедничкиот пасош се на државната граница, поради заминување во
должни да имаат со себе јавна исправа со земјата која е назначена во визата и во рокот
фотографија од која може да се утврди нивниот предвиден во истата. Визата се издава за едно
идентитет. Доколку лицето кое се внесува во или повеќе патувања во странство.
заедничкиот пасош, поседува и личен пасош,
истиот се остава на чување во Министерството
за внатрешни работи или нотар каде што е
издаден заедничкиот пасош до завршувањето на 1818
патувањето.
Click toисправи
Патни edit Master title style

Надлежни органи за издавање на патните исправи.


vМинистерството за внатрешни работи издава пасош, заеднички пасош, патна исправа
издадена врз основа на меѓународен договор и виза.
• Во итни случаи (лекување, болест, смрт на член на потесното семејство, неодложен
службен пат и слично) виза на пасош и виза на заеднички пасош може да се издаде и при
контрола на преминувањето на државната граница.

vМинистерството за надворешни работи издаав дипломатски и службен пасош, како и


визите на тие пасоши.
vНа државјанин на РМ, кој во странство престојува непрекинато повеќе од шест месеца,
пасош и виза на тој пасош може да му издаде дипломатско-конзуларното
претставништво на РМ во странство.
• Државјанин на РМ, кој во странство престојува непрекинато повеќе од шест месецa, може
да поднесе барање за издавање на пасош во дипломатско-конзуларното претставништво
на РМ во странство.

1919
Click toисправи
Патни edit Master title style

Важење на патните исправи и визи.

• За лица постари од 27 години пасошот се издава со рок на важење од десет години.


• За лица на возраст од 4 до 27 години пасошот се издава со рок на важење од пет години.
• За лица до навршени 4 години живот пасошот се издава со рок на важење од две години.
• Заедничкиот пасош се издава со рок на важење кој е потребен за извршување на заедничкото патување во
странство, но не подолго од една година.
• Патниот лист се издава со рок на важење до 30 дена или за времето кое е потребно за враќање во РМ.
• Дипломатскиот и службениот пасош се издаваат со рок на важење до пет години.
• Виза на пасош и заеднички пасош се издава со рок на важење кој не може да биде подолг од рокот на важењето
на пасошот.
• Виза на дипломатски и службен пасош се издава со рок на важење од 30 дена до четири години.
• Виза на поморска и бродарска книшка се издава со рок на важење од пет години.
• За патна исправа издадена врз основа на меѓународен договор, виза се издава со рок на важењето на таквата
патна исправа, но не подолго од пет години.
• Пасошот, дипломатскиот пасош и службениот пасош важат за неограничен број патувања во странство.
Заеднички пасош се издава со важност за едно патување во одредена држава, односно држави. Виза се издава
со важење за патување во одредена држава, повеќе држави или за сите држави.
2020
Click toисправи
Патни edit Master title style

Барање за издавање на патни исправи и визи.


• Пасош, заеднички пасош и патен лист за враќање во земјата, се издава на барање на
граѓанинот.
• Дипломатски и службен пасош се издава на барање на надлежен државен орган.
• За малолетно лице, односно лице кое е лишено од деловна способност, барањето за
издавање на патна исправа или виза го поднесува еден од родителите, односно
старателот.
• Виза за пасош, заеднички пасош, како и за поморска и бродарска книшка, се издава на
барање на лицето, а виза на дипломатски и службен пасош се издава на барање на
надлежен државен орган

2121
Click toисправи
Патни edit Master title style

Одбивање на барањето за издавање на пасош или виза.

• Поднесеното барање за издавање на пасош или виза, ќе се одбие и нема да се издаде


пасош или виза, ако:
• против лицето кое бара издавање на пасош или виза е поведена кривична постапка на барање од
надлежниот суд;
• лицето кое бара издавање на пасош или виза е осудено на безусловна казна затвор додека не ја
издржи казната;
• тоа го побара центарот за социјална работа во врска со вршењето надзор над родителското право и
работите со старателството, согласно со Законот за семејството;
• е поднесено барање за поведување на прекршочна постапка согласно со Законот за патни исправи
• на лицето му престанало државјанството на Р. Македонија, или лицето не е државјанин на Р.
Македонија
• лицето е присилно вратено или протерано од друга држава поради отстапување спротивно на
прописите за влез и престој во таа држава.

2222
Click to edit Master title style
Државјанство

• Државјанството претставува посебен правен однос од јавно правен карактер меѓу


одредено лице и државата од кој произлегуваат меѓусебни права и обврски.
• Државјанството по правило е однос од редовен и траен карактер кој при исполнување на
одредени услови може да престане.
• Се истакнува и дека државјанството е правна положба/статус на едно лице во одредена
општествена средина, негов сложен јавно правен однос со државата.
• Значи, државјанството претставува јавно правен однос меѓу одредени лица и државата од
траен и редовен карактер од кој произлегуваат меѓусебни права и обврски.

2323
Click to edit Master title style
Државјанство

Стекнување на државјанство.

• Во теоријата и законодавството се среќаваат три основни начини за стекнување на


државјанство:
v Начело на крвна врска или потекло (ius sanguinis)
v Начело на територија, или според место на раѓање (ius soli)
v Начело на престојувалиште (ius domicile)

• Според начелото на крвна врска или потекло основен критериум за одредување на државјанството
е државјанството на родителите, без оглед каде детето се родило или каде родителите живеат.
• Според начелото на територија значајно е единствено каде детето се родило односно стекнува
државјанство на онаа држава на чија територија се родило.
• Според начелото на престојувалиште определено лице стекнува државјанство на држава на чија
територија престојува. Значи, станува збор за полнолетни лица кои со своја воља сакаат да стекнат
државјанство на некоја држава. Во прашање е натурализација или природување, до која доаѓа врз
основа на конкретна одлука на надлежен државен орган, со претходно исполнување на одредени
услови, при што за редовна натурализација најчесто се бара лицето да престојувало одреден
период на нејзина земја. 24
24
Click to edit Master title style
Државјанство

• За основни начини на стекнување на државјанството се сметаат начините за стекнување


на државјанство во моментот на раѓање на детето, а тоа се начелото на потекло и
начелото на место на раѓање, а стекнување на државјанство со натурализација е
дополнителен начин кој зависи исклучиво од полнолетното лице.
• Постоењето на различни системи (начини), како основни системи за стекнување на
државјанство, може да доведе до појава на лица без државјанство (апатриди) и лица со
две (бипатриди) или повеќе државјанства (полипатриди).

2525
Click to edit Master title style
Државјанство

Позитивно право
• Законот за државјанство на Р. Македонија го уредува начинот и условите за стекнување и
престанување на државјанството на Р. Македонија, утврдување на државјанството,
надлежниот државен орган за решавање во овие случаи, докажување на државјанството и
водење на евиденција на државјаните на РМ.
• Државјанството е утврдено како правна врска меѓу лицата и државата и не го означува
етничкото потекло на лицата.
• Државјанин на Р. Македонија може да има и државјанство на друга држава. Државјанин на
Р. Македонија кој има државјанство на друга држава, во Република Македонија се смета
исклучиво за државјанин на Р. Македонија, ако со меѓународен договор поинаку не е
определено.

• Државјанството на Република Македонија може да се стекне со:


vпотекло,
vраѓање на територијата на Република Македонија
vприродување и
vмеѓународни договори.
2626
Click to edit Master title style
Државјанство

vСо потекло стекнува државјанство на Република Македонија дете на кое:


• во моментот на раѓањето двата родители се државјани на РМ;
• во моментот на раѓањето едниот родител е државјанин на РМ, а детето е родено во РМ,
доколку родителите спогодбено не определат детето да го добие државјанството на другиот
родител и
• во моментот на раѓањето едниот родител е државјанин на РМ, а другиот родител е непознат
или со непознато државјанство, односно без државјанство, а детето е родено во странство.
• Државјанство на РМ со потекло стекнува и посвоеник при потполно посвојување на кој
двата или едниот посвоител е државјанин на РМ.
vДржавјанство на РМ стекнува дете кое е најдено или родено на територијата на РМ на кое
родителите му се непознати, или се со непознато државјанство или се без државјанство.
На детето ќе му престане државјанството на РМ ако до наполнети 15 години живот се
утврди дека родителите му се странски државјани и доколку детето нема да остане без
државјанство.

2727
Click to edit Master title style
Државјанство

vДржавјанство на Република Македонија со природување може да стекне странец кој


лично поднел барање за прием во државјанство на Република Македонија, ако ги
исполнува следниве услови:
1) да наполнил 18 години живот;
2) до поднесувањето на барањето законски и постојано да живее на територијата на Република
Македонија најмалку осум години;
3) да има обезбедено стан и постојан извор на средства за егзистенција во висина која овозможува
материјална и социјална сигурност под услови утврдени со закон;
4) во Република Македонија и во државата чиј државјанин е да не бил казнуван со казна затвор во
траење од најмалку една година, за дела за кои се гони по службена должност и кои се казниви
според прописите во Република Македонија;
5) против него да не се води кривична постапка во Република Македонија и во државата чиј
државјанин е;
6) да го владее македонскиот јазик до тој степен да може лесно да се разбере со околината;
7) да не е изречена мерка забрана за престој во Република Македонија;
8) неговиот прием во државјанство на Република Македонија да не ја загрозува безбедноста и
одбраната на Република Македонија;
9) да потпише заклетва дека ќе биде лојален граѓанин на Република Македонија и
10) да има отпуст од досегашното државјанство или да докаже дека ќе го добие ако биде примен во
државјанство на Република Македонија.

2828
Click to edit Master title style
Државјанство

Надлежен државен орган за решавање, водење на евиденција и докажување на


државјанство на Р Македонија.

• Барање за стекнување, престанување или утврдување на државјанство на РМ се


поднесува до Министерството за внатрешни работи, според живеалиштето на лицето или
ако лицето живее во странство, до дипломатско-конзуларното претставништво на РМ во
странство.
• Решението за стекнување, престанување или утврдување на државјанството на
Република Македонија, донесува министерот за внатрешни работи.
• Решението се доставува според прописите за задолжително лично доставување.
• Против решението барателот може да поведе управен спор пред Управниот суд.
• Евиденција за државјаните на РМ и за странските државјани кои се родени на
територијата на РМ се води во Министерството за внатрешни работи. Евиденција за
стекнување и престанок на државјанство на РМ води Министерството за внатрешни
работи, според пропишаните стандарди и во согласност со закон.

2929
Click to edit Master title style
Државјанство

• Државјанството на РМ се докажува со важечка лична карта или


патна исправа. Државјанството на РМ се докажува и со уверение
за државјанство на РМ кое врз основа на евиденцијата, го издава
Министерството за внатрешни работи.
• За стекнување, односно престанување на државјанството на
Република Македонија, се известуваат надлежните државни
органи и организации кои го евидентираат податокот за
државјанството во евиденциите за кои со закон се овластени да
ги водат.

• Државјанство на Република Македонија престанува:


• со отпуст и
• според меѓународни договори
3030
Click to edit Master title style

Ви благодарам J

31

You might also like