Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 34

УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“- ШТИП

ФАКУЛТЕТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ

МУЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ СО МЕТОДИКА


за студентите од одделенска настава

м-р Ангеле Михајловски м-р Ленче Насев


УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“- ШТИП

ФАКУЛТЕТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ

м-р Ангеле Михајловски

м-р Ленче Насев

МУЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ СО МЕТОДИКА


за одделенска настава

ШТИП, 2013 година

2
м-р Ангеле Михајловски

м-р Ленче Насев

МУЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ СО МЕТОДИКА


за одделенска настава

3
Автори:
м-р Ангеле Михајловски
м-р Ленче Насев

НАСЛОВ НА ПУБЛИКАЦИЈАТА
МУЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ СО МЕТОДИКА
за одделенска настава

Рецензенти:
проф. д-р Илчо Јованов
проф. м-р Марјан Јанкоски

Лектор:
Даница Гавриловска-Атанасовска (ЦОЈ-УГД)

Техничко уредување:
м-р Ангеле Михајловски
м-р Ленче Насев

Издавач:
Универзитет „Гоце Делчев” - Штип

CIP - Каталогизација во публикација


Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", Скопје

373.3.091.3:78(035)

МИХАЈЛОВСКИ, Ангеле
Музичко образование со методика за одделенска настава за
студентите од одделенска настава и предучилишно воспитување
[Електронски извор] / Ангеле Михајловски, Ленче Насев. - Текст, ноти.
- Штип : Универзитет "Гоце Делчев", Факултет за образовни науки, 2013

Начин на пристап (URL): http://www.ugd.edu.mk.

ISBN 978-608-4708-33-9
1. Насев, Ленче [автор]
а) Музичко образование - Основно образование - Наставни методи -
Прирачници

COBISS.MK-ID 94234890

4
УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” – ШТИП

ФАКУЛТЕТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ

м-р Ангеле Михајловски


м-р Ленче Насев

МУЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ СО МЕТОДИКА


за одделенска настава

Штип, 2013 година

5
ПРЕДГОВОР

Оваа скрипта првенствено е наменета за студентите од Факултетот за образовни науки


- Одделенска настава. Нејзина цел е преку соодветни содржини студентите да се насочат
кон правилен избор за примена на соодветни принципи, методи и форми на работа, во
непосредната апликација на воспитно-образовните содржини на предметот Музичко
образование. На тој начин тие како идни реализатори и аниматори на воспитно -
образовниот процес ќе се оспособат за успешно реализирање на целите и задачите на
наставата.

Глобалната структура на трудот содржи 11 поглавја, во кои се елаборирани основните


теоретски елементи од Методиката на музичко образование со акцент на процесно-
изведбените активности на наставната реализација на предметот Музичко образование од
I до V одделение во деветгодишното основно образование.

Од особено значење е презентираната проблематика за подготовка на наставниот час


по предметот Музичко образование. Таа дава можност за користење на овој материјал од
страна на сите субјекти кои директно се инволвирани во едукативниот процес.

6
СОДРЖИНА

1. ВОВЕД
2. МЕСТОТО И УЛОГАТАТА НА ПРЕДМЕТОТ МУЗИЧКО
ОБРАЗОВАНИЕ ВО НАСТАВНАТА ПРОГРАМА ВО ОСНОВНОТО
ОБРАЗОВАНИЕ
3. ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА ПО МУЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ ОД I ДО V
ОДДЕЛЕНИЕ
3.1. Цели на развојниот период од I до V одделение
3.2. Цели на наставата од I до V одделение
4. АНАЛИЗА НА НАСТАВНАТА ПРОГРАМА
4.1. Анализа на наставната програма за I одделение
4.2. Анализа на наставната програма за II одделение
4.3. Анализа на наставната програма за III одделение
4.4. Анализа на наставната програма за IV одделение
4.5. Анализа на наставната програма за V одделение
5. НАСТАВНИ СОДРЖИНИ
5.1. Музичка писменост
5.2. Обработка на песни
5.3. Детски броеници
5.4. Музика и движење
5.5. Слушање музика
5.6. Детски музички инструменти
5.7. Музичко изразување и творење
6. ОЦЕНУВАЊЕ НА ПОСТИГНУВАЊАТА НА УЧЕНИЦИТЕ
7. МЕТОДИКА НА МУЗИЧКА НАСТАВАТА ПО МУЗИЧКО
ОБРАЗОВАНИЕ
7.1. Дидактички принципи
7.2. Наставните средства во наставата по музичко образование
7.3. Наставни методи
7.4. Наставни форми
7.5. Интеграција со останатите предмети
7.6. Оперативни задачи на часот
8. ПЛАНИРАЊЕ НА НАСТАВНИОТ ПРОЦЕС
9. АРТИКУЛАЦИЈА НА НАСТАВАТА
9.1. Подготовка на наставен план за час по музичко образование
9.1.1. Организација на часот
9.2. Начин на изработка на дневна подготовка за наставен час по
музичко образование
9.2.1. Пример на подготовка на наставна единица
10. КРИТЕРИУМИ ЗА АНАЛИЗИРАЊЕ И ПРОЦЕНУВАЊЕ НА
ОПСЕРВИРАНИОТ ЧАС
10.1. Анализа на хоспитација
10.2. Начин на изготвување на анализа на хоспитација

7
11. КРИТИЧКИ ОСВРТ
11.1. Начин на изготвување на критички осврт
ЛИТЕРАТУРА

8
1. ВОВЕД

Улогата и значењето на музиката во развојот на човековиот дух и тело, когнитивните


способности, естетските чувства, моралните вредности биле согледани уште во далечното
минатото кај најстарите цивилизации.
Музиката претставува значаен елемент од животот и културата на современиот човек.
Преку предметот Музичко образование во рамките на училишниот курикулум кај учениците
уште од најмала возраст се развива љубовта кон музиката. Целта на овој предмет е учениците
да развијат и стекнат желба за активно пеење, свирење, слушање музика, преку кои ќе ги
развијат своите музички способности.

9
2. МЕСТОТО И УЛОГАТАТА НА ПРЕДМЕТОТ МУЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ ВО
НАСТАВНИОТ ПЛАН ВО ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

Воспитно-образовниот процес во основното образование во Р. Македонија трае девет


години и се организира во три воспитно-образовни периоди од I до III, од IV до VI и од VII до IX
одделение. Децата во него се вклучуваат од својата шеста година. Предметот Музичко
образование е задолжителен и се изучува од I до IX одделение. Тој во наставниот план е
застапен со по два часа неделно, односно 72 часа годишно за учениците од I до V одделение.
Учениците од VI до IX одделение го изучуваат еден час неделно, односно 36 часа годишно.
Музичкото образование претставува плански процес кој има влијание врз
оформувањето на личноста. Со изучување на предметот Музичко образование кај децата уште
од најмала возраст се поттикнува развојот на позитивните емоции, креативноста,
самостојноста, тимската работа и одговорноста. Преку развивањето на естетските чувства кај
учениците се создава интерес да се изразуваат музички. Со изучување на овој предмет тие се
насочуваат како да се вклучат и учествуваат во музичкиот живот. На тој начин
предиспозициите кои со себе ги носат постепено ќе ги претворат во способности.
Од таа причина учителот треба на секој ученик да му пристапи индивидуално и да го
согледа нивото на неговите музички способности и преку правилна работа да ги развие на
повисоко ниво. Со континуирана работа учениците постепено треба да ги развиваат опсегот на
гласот, слухот, чувството за ритам, музичката меморија, да се запознаваат со основните
знаења од областа на музичката теорија. Додека, пак, со активно слушање музика тие ќе ги
развиваат естетските чувства, интересот кон композиторите, историјата на музиката.
Континуираното и правилно изучување ќе овозможи да се оспособат за самостојно користење
на музичката литература.
За постигнување на одредени резултати во наставата по музичко образование е
потребно детално да се проучат целите на овој предмет.

10
3. ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА ПО МУЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ ОД I ДО V ОДДЕЛЕНИЕ

3.1. Цели на развојниот период од I до V одделение

Со наставната програма во развојниот период од I до III одделение се утврдени


одредени цели. Предвидено е учениците преку пеење, свирење на детски музички инструменти
и слушање музика да се воведат во спознавањето на основните изведувачки активности, а
преку музичко изразување и слушање на музика да им се овозможи да се ослободат од
емоционална напнатост. На тој начин, тие ќе ја доживеат убавината на музиката, ќе се
поттикнат да пеат, свират, играат, слушаат музика.
Во овој период се предвидува учениците да се поттикнат кон поголем интерес и желба
за изведување на музички активности преку кои ќе се овозможи ориентација во просторот,
координација на движењата, забележување и менување на редоследот на движењата,
извршување на целосна психомоторичка активност. Исто така, треба да развиваат аудитивна
перцепција; да го откриваат и почитуваат сопственото музичко изразување; да се запознаат со
детски песни, кратки вокално-инструментални творби, како и дел од народното музичко
творештво; да се поттикнуваат за работа во тандем и во група; да се воведуваат во
користењето на информатичката компјутерска технологија во музичкото изразување.
Во развојниот период од IV и V одделение се предвидува учениците: да ги спознаваат
основните изведувачки активности (пеење, свирење на детски музички инструменти, музичко
ритмички способности) како и слушање на музика; да уживаат во убавината на музиката; да ги
развиваат музичките способности; вербално да се изразуваат за слушаната музика; да се
поттикнат да пеат, свират, играат, слушаат музика и да ги осознаваат претпочитувањата на
слушаната музика; да се ослободат од стрес, преку слушање музика и музичко изразување; да
покажуваат интерес и желба за изведување на музички активности; да ги откриваат своите
музички претпочитувања и претпочитувањата на другите; да се запознаат со посложени
музички дела од различни стилови и жанрови, како и со примери од народното творештво; да
го усвојат нотното писмо; да го применуваат читањето на нотниот текст во музичко - изразните
активности (пеење, свирење на ДМИ, музичко изразување и творење); да ги усвојуваат
музичко-теоретските поими; да ги препознаваат на слух музичките карактеристики и да ги
именуваат музичко-теоретските поими; да стекнат позитивен став за народното творештво и
народното музичко творештво; да ги знаат основните елементи и карактеристики на народното
творештво и народното музичко творештво; одговорно да ги извршуваат задачите; да
покажуваат смисла и желба за тимска работа; да покажуваат толеранција; да покажуваат
подготвеност да му помагаат на другиот; да ја користат информатичката компјутерска
технологија во музичкото изразување.

3.2. Цели на наставата од I до V одделение

Со наставната програма за секое одделение се утврдени посебни цели кои во текот на


учебната година треба да се реализираат.
Во I одделение ученикот треба да развие навика за пејачки став (правилно седење,
држење на телото, дишење) и култивирано пеење (умерено пеење, без гримаси, дигање на
рамења и викање); да пее песни со разновидна ритмичко-мелодиска линија; да се оспособи за
активно слушање на музика; да го развие чувството за ориентација во просторот; да развие
осет за ритам; да се запознае со некои детски музички инструменти што ќе се обиде спонтано
да ги користи; да развие интерес за изведување на звучни ефекти, спонтани импровизации на
кратки музички мотиви; да се оспособи да прави разлика меѓу основните видови темпа (брзо-
бавно); да прави разлика меѓу основните видови динамика (силно-тивко); да се воведе во
музичкото творештво; да се поттикне за сопствено музичко изразување.
Во наставата за II одделение со зададените цели се предвидува ученикот како и во I
одделение да продолжи да развива навика за правилен пејачки став, за култивирано пеење,

11
пеење на песни со разновидна ритмичко-мелодиска линија, оспособување за активно слушање
на музика, запознавање со детските музички инструменти и нивно користење, развивање
интерес за изведување на звучни ефекти, спонтани импровизации на кратки музички мотиви,
воведување во музичкото творештво, како и поттикнување за сопствено музичко изразување.
Покрај набројаниве цели, ученикот ќе го надгради своето знаење на тој начин што ќе
препознава музика од различни музички инструменти; ќе памети, повторува и користи движења
во музичко-ритмичките активности; ќе го идентификува и употребува ритамот.
Во III одделение покрај предвидените цели од претходните одделенија, ученикот ќе се
воведе како да ги применува елементите на нотното пеење и како ќе ја користи компјутерската
техника за музичко изразување.
Преку наставата за IV одделение ќе се овозможи ученикот да применува правилна
вокална интерпретација; да го развива опсегот на гласот; да пее песни со различна мелодиска
линија, различни по карактер и содржина; да развива навики за активно слушање музика; да
препознава и именува основни видови темпо; да препознава и именува основни видови на
динамика; да свири на детски музички инструменти (мелодиски и ритмички); да ги усвојува
елементите на нотното писмо; да се оспособува за пеење и свирење по ноти; да се воведува
во музичката граматика; да се поттикнува за позитивен став за народното творештво и
народното музичко творештво; да се воведува во спознавањето на основните елементи и
карактеристики на народното творештво и народното музичко творештво; да се поттикнува на
сопствено музичко изразување.
Со наставата за V одделение е предвидено ученикот покрај претходно споменатото да
се оспособува за двогласно пеење; да ја усвои дурската скала теоретски и по слух; да ги
усвојува елементите од музичката граматика; да ја усовршува техниката на свирење на ДМИ
(мелодиски и ритмички); да развива чувство за колективно музицирање (свирење и пеење).

12
4. АНАЛИЗА НА НАСТАВНАТА ПРОГРАМА

Изборот на наставните единици, делумно, е одреден со наставната програма, додека


нивниот распоред зависи од наставникот. Добриот распоред овозможува да се задоволат
основните дидактички барања - постапност, приспособливост и корелација со останатите
предмети преку кои ќе се постигне логичен тек на наставата по музичко образование.
Преку анализа на програмата ќе се воочат темите и активностите. Тие претставуваат
појдовен елемент за планирање на наставата по музичко образование.

4.1. Анализа на наставната програма за I одделение

Во Наставната програма по музичко образование за I одделение се застапени темите:


1. Пеење - 20 часа;
2. Музика и движење - 25 часа;
3. Слушање музика - 12 часа;
4. Свирење на детски музички инструменти - 4 часа;
5. Основи на музичката писменост - 3 часа;
6. Основи на детското музичко изразување и творење - 8 часа.

При реализација на наставната тема Пеење во наставната програма треба да се


спроведат активностите: вежби за правилно пеење, држење на телото, вежби за дишење (да
пее без напрегање, умерено, без гримаси, без дигање на рамена, без викање); изведба на
броеници и брзозборки со точен ритам и јасна дикција; пеење песни различни по содржина и
карактер (пее песни за годишни времиња, детски песни, народни песни).
Со наставната тема Музика и движење е опфатено: изведба на музичко-ритмичките
чекорења (чекорење, марширање, потскокнување); изведување на потскокнувања со музичка
придружба; комбинирање на чекорења и потскокнувања; учество во музички игри; изведба на
елементарни танци и ора.
Наставната тема Слушање музика опфаќа: слушање и имитирање на звуци од
природата и околината, препознавање и именување (пријатни и непријатни звуци) преку
слушање на пеењето на птиците, сопирање на автомобил, шумолење на лисјата, грмотевици,
шкрипење на столче; воочување на вокална, инструментална и вокално-инструментална
музика; слушање на химната на Р. Македонија; слушање на „Лет на бумбарот“ од Николај
Римски Корсаков; слушање на „Билјана платно белеше“; слушање на оро „Право оро“.
Во наставната тема Свирење на детски музички инструменти се предвидени
активностите: изведување на ритмички мотиви со плескање на рацете, тропање со нозете,
чукање со две моливчиња; испитување и откривање на звучните својства на инструментите
направени од пластични чаши наполнети со ориз, каменчиња и грав; откривање и разликување
на детските ритмички инструменти; свирење на детски ритмички музички инструменти.
Наставната тема Основи на музичката писменост ги опфаќа активностите:
воочување на разликите во темпото (брзо-бавно) преку слушање на музика, преку споредба на
животните зајак-полжав; препознавање на основните видови динамика (силно-тивко) преку
детска игра скриен предмет (веќе научена песна се пее тивко кога ученикот кој го бара
скриениот предмет е оддалечен, а се пее силно кога се приближува до него).
Во наставната тема Основи на детско изразување и творење следниве активности
се предвидени: истражување на сопствениот глас; учество во активности во кои учениците
наместо со говор одговараат со пеење.

13
4.2. Анализа на наставната програма за II одделение

Во Наставната програма по музичко образование за II одделение се застапени темите:


1. Пеење - 20 часа;
2. Музика и движење - 25 часа;
3. Слушање музика - 12 часа;
4. Свирење на детски музички инструменти - 4 часа;
5. Основи на музичката писменост- 3 часа;
6. Основи на детското музичко изразување и творење - 8 часа.

Дел од предвидените активности во наставната тема Пеење за I одделение, во II


одделение се утврдуваат и прошируваат. Покрај нив се воведува и пеење на песни со
1 1
различни содржини од с од а .
Со најмногу часови и во ова одделение е наставната тема Музика и движење.
Нејзиното проширување се состои во изведување на драматизации на одредена песна или
инструментална композиција („Валц на цвеќињата“ од Петар Илич Чајковски, „Дивиот јавач“ од
Роберт Шуман).
Наставната тема Слушање музика опфаќа: слушање класична музика „Мала ноќна
музика“ од Волфганг Амадеус Моцарт, „Музичка сликовница“ од Тома Прошев, „Младински
албум“ од Властимир Николовски; слушање песни и ора од различни етнички заедници;
слушање музика во која се вклучени различни инструменти: пијано, виолина, флејта, гајда,
тапан, кавал.
Во наставната тема Свирење на детски музички инструменти се посочени
активностите: свирење на инструменти направени од учениците; придружба на песна со
ритмички детски музички инструменти: триангл, стапчиња, чинели, тропалки, барабанче.
Основи на музичката писменост ги опфаќа активностите: препознавање на високи и
ниски тонови преку музички примери; препознавање на кратки и долги траења на нотите и
нивно претставување со графички симболи, слики, предмети.
Наставната тема Основи на детско изразување и творење предвидува: креативно
изразување преку корелација со предметите ликовно образование, македонски јазик и физичко
образование.

4.3. Анализа на наставната програма за III одделение

Во Наставната програма по музичко образование за III одделение се застапени темите:


1. Пеење - 19 часа;
2. Музика и движење - 19 часа;
3. Слушање музика - 12 часа;
4. Свирење на детски музички инструменти - 8 часа;
5. Основи на музичката писменост- 6 часа;
6. Основи на детското музичко изразување и творење - 8 часа.
При реализација на наставната тема Пеење во наставната програма, меѓу останатите,
е предвидено: пеење на броеници преку кои се осознаваат нотните вредности половина и
1 2
четвртина; детски песни и народни песни преку кои се развива опсегот на гласот од с до с ;
1 1
пеење на кратки мотиви во кои се изговараат имињата на тоновите сол и ми ; пеење на
елементарни мелодиски вежби и песни по ноти со тактирање.
Со наставната тема Музика и движење проширувањето на активностите е предвидено
преку танцување на валцер; учество во драматизација „Пеце и волкот“ од Сергеј Прокофјев
итн.
Темата Слушање музика опфаќа: слушање на „Карневал на животните“ од Камиј Сен -
Санс од која композиција посебно се обработуваат „Кенгурите“ и „Народот со долги уши“ во кои
се воочуваат промените во темпото и динамиката; слушање на „Пеце и волкот“ од Сергеј
Прокофјев; преку слушање на музика; слушање на музички дела или фрагменти преку кои

14
ученикот се запознава со звучноста на инструментите: хармоника, флејта, барабанче, гитара,
дајре.
Во наставната тема Свирење на детски музички инструменти се активностите се
надополнуваат со свирење на детски мелодиски музички инструмент - металофон.
Со наставната тема Основи на музичката писменост се опфатени активностите:
запознавање со елементите на нотното писмо: нота, петолиние, виолински клуч; вежби за
пишување на виолински клуч и ноти.
Наставната тема Основи на детско изразување и творење предвидува:
- ученик на одредена музичка содржина да обмислува сопствена кореографија;
- креативно изразување и творење на слушаните песни и музички примери;
- учество во игри и драматизации; учество во игри во кои учениците наместо со
зборување одговараат со пеење;
- учество во активности преку сопствено изразување на впечатоците од слушаната
музика.

4.4. Анализа на наставната програма за IV одделение

Во Наставната програма по музичко образование за IV одделение се застапени


темите:
1. Пеење - 10 часа;
2. Музичка писменост - 25 часа;
3. Слушање музика - 15 часа;
4. Свирење на детски музички инструменти - 8 часа;
5. Основи на музичките форми - 4 часа;
6. Народно музичко творештво - 7 часа.
При реализација на наставната тема Пеење се предвидени следниве активности:
- вежби за правилно пеење, држење на телото, дишење;
- изведба на броеници со јасна дикција и точен ритам со примена на двојна поделба на
удар (подготовка за изучување на осмина нота во V одделение);
1 1
- учење на песни по слух; пеење на кратки мотиви од до до ла по слух со изговарање
на тоновите;
- пеење на елементарни песни и вежби по ноти;
- изведба на „Овчарска песна“ едногласно по ноти; изведба на „Медо и мед“ едногласно
по слух.
Во наставната тема Музичка писменост се предвидува:
- примена на елементи на нотното писмо - нота, петолиние, виолински клуч;
1
- вежби за препознавање, воочување, запишување, пеење и свирење на тоновите до ,
1 1 1 1 1
ре , ми , фа , сол , ла ;
- препознавање и воочување на основните видови темпо (бавно-брзо) преку пеење,
свирење на детски музички инструменти и слушање музика;
- препознавање и воочување на основните видови динамика (силно-тивко) преку пеење,
свирење на детски музички инструменти и слушање музика;
- препознавање, воочување, запишување, пеење и свирење на половина и четвртина
нота и пауза;
- препознавање, воочување, запишување, пеење и свирење на знакот за продолжување
на нотите и паузите-корона;
- препознавање, воочување, запишување на знаци за повторување, прима и секунда
волта и нивна примена преку пеење и свирење во мелодиски вежби.
Наставната тема Слушање музика опфаќа:
- слушање „Триумфален марш“ од операта „Аида“ од Џузепе Верди;
- слушање „Кинески танц“ од балетот „Оревокршачка“ од П.И.Чајковски;
- слушање „Растурена игра“ од Гоце Коларовски;

15
- доживување на дувачкиот инструмент труба преку слушање на „Наполитански танц“
од балетот „Лебедово езеро“ од П.И.Чајковски;
- доживување и воочување на инструментален состав преку слушање на „Детска
симфонија“ од Јозеф Хајдн.
Во наставната тема Свирење на детски музички инструменти е предвидено:
свирење на ритмички инструменти на половини и четвртини ноти и паузи; визуелно и слухово
препознавање на блок флејта; усвојување на техниката на свирење на инструментот преку
кратки мелодиски вежби со примена на половини и четвртини ноти и паузи, корона, знаци за
повторување, прима и секунда волта.
Во наставната тема Основи на музички форми се предвидени песни и вежби преку
кои се воочува мотивот како најмал градбен елемент.
Наставната тема Народно музичко творештво предвидува проектна активност преку
која учениците собираат народни умотворби, текстови од народни песни, слики, грнчарии и
слично и презентираат со поткрепа на слушање на соодветни песни и ора.

4.5. Анализа на наставната програма за V одделение

Во Наставната програма по музичко образование за V одделение се застапени темите:


1. Пеење - 10 часа;
2. Музичка писменост - 25 часа;
3. Слушање музика - 15 часа;
4. Свирење на детски музички инструменти - 8 часа;
5. Основи на музичките форми - 4 часа;
6. Народно музичко творештво - 7 часа;
7. Музичко изразување и творење - 3 часа.
Наставната тема Пеење ги опфаќа и активностите:
- проширување на опсегот на гласот преку пеење на песни и мелодиски вежби од си
2
мало до ре ;
- изведба на каноните „Овчарска песна“ и „Медо и мед“ двогласно.
Во наставната тема Музичка писменост се предвидува:
2
- препознавање, воочување, запишување, пеење и свирење на тоновите си мало и ре ;
- препознавање, воочување, запишување, пеење и свирење на тонската скала С-дур;
- вежби за препознавање, воочување, запишување, пеење и свирење на интервалите
прима, секунда и октава;
- запознавање, примена и воочување на основните видови темпо;
- запознавање, примена и воочување на основните видови динамика;
- пеење и свирење со метроном;
- препознавање, воочување, запишување, пеење и свирење на осмина и цела нота и
пауза;
- визуелно прикажување и препознавање на теза и арза;
- визуелно препознавање на 2/4, 3/4, 4/4 такт;
- пеење и свирење на мелодиски вежби во 2/4, 3/4, 4/4 такт; визуелно прикажување;
- препознавање на точка и лак и нивна примена во мелодиски и ритмички вежби.
Со темата Слушање музика се опфатени композиции преку кои се воочува темпото,
динамиката, мотивот и фразата. Предложени се композициите:
- „Утро“ од суитата „Пер Гинт“ од Едвард Григ;
- „Кенгури“ од циклусот „Карневал на животните“ од Камиј Сен-Санс;
- „Тешкото“.
Преку мелодиски и ритмички вежби во темата Свирење на детски музички
инструменти е предвидено да се утврдат:
- осмини ноти и паузи;
- знаците за продолжување на нотите и паузите;
1 2
- свирење на двогласни канони преку кои ќе се утврдат тоновите од с до с .

16
Темата Музичка граматика опфаќа анализа на веќе усвоени песни преку кои се
откриваат фразите.
Темите Народно музичко творештво и Музичко изразување и творење опфаќаат
активности кои се поврзани со современата технологија: пребарување на интернет, собирање
на фолклорен материјал, како и ликовно изразување на доживеаните дела.

17
5. НАСТАВНИ СОДРЖИНИ

5.1. Музичка писменост

Пред да се започне со пеење на песни, учениците треба да се запознаат со звуците во


нивната околина кои можат да бидат пријатни (пеење на птица, човечки глас, звукот на
музичките инструменти итн.) и непријатни (чкрипење со столче или креда, грмотевица, виење
на ветерот итн.). Учениците преку игра ги имитираат и препознаваат звучните опкружувања
(лаење на куче, мјаукање на мачка, звукот на трубата, шумот на лисјата, крекањето на жабата
итн.). Преку овие први вежби учениците го развиваат слухот.
Наспроти овие звучни појави, постојат песни кои учениците може да ги отпеат или
отсвират. На тој начин се доаѓа до разграничување на паралелата меѓу два звука:
- оној што може да се отпее или отсвири - музички тон и
- оној што не може - звук.
Тонот има четири особини: траење, висина, јачина и боја.
На почетокот за да го воочат траењето на тоновите учениците се користат со
поимите долг или краток тон, кои ги восприемаат преку броеници или музички игри. Висината
на тонот најнапред тие ја воочуваат преку разликување на високи и ниски (длабоки) тонови.
Со јачината на тонот учениците се запознаваат преку пеење на песни што ги интерпретираат
тивко или силно. Бојата на тонот се воочува преку музички игри во кои на учениците им се
објаснува дека гласот се разликува од инструментите. Гласовите и инструментите се
разликуваат помеѓу себе според бојата. На тој начин се доаѓа до заклучокот: секој човечки глас
и инструмент има своја одредена боја што ја откриваме со помош на сетилото за слух.

5.2. Обработка на песни

Изборот на песните кои ќе се обработуваат треба да биде соодветен на возраста, но и


можностите на детскиот глас, кој е нежен, кревок и во фаза на оформување. Од таа причина,
пеењето не треба да биде гласно и форсирано, туку да се изведува со помош на правилна
вокална интерпретација:
- правилен пејачки став (исправено седење, без гримаси);
- пеачко дишење (рамномерно нечујно земање на воздух низ нос и испуштање низ уста,
без дигање на рамениците),
- дикција (јасно изговарање на самогласките и согласките на текстот).
Пред да се започне со обработка на песна треба да се создаде расположение кое е
поврзано со содржината и карактерот на песната преку приказна, случка, слики и др. На кој
начин ќе се изврши психолошката подготовка. Текстот се обработува на тој начин што
наставникот го чита со јасна дикција и интонација. Потоа се објаснуваат непознатите зборови и
се коментира неговата содржина. Правилното изговарање на текстот треба да се пренесе и на
пеењето и да се настојува учениците јасно и правилно да го изговараат секој збор. Наставникот
песната ја пее точно ритмички и мелодиски, со јасна дикција, во соодветно темпо, со
динамичко нијансирање, напамет. По демонстрирањето на песната се разговара за
композиторот, авторот на текстот, се определува нејзиниот карактерот на песната (марш,
хумористична, љубовна, приспивна, весела, тажна и сл.).

18
Пример 1

Песните може да се обработат на два начина: по слух и по нотен текст.


Песните по слух се обработуваат преку меморирање на музички фрази од страна на
учениците веднаш со текстот. Откако ќе се усвојат две фрази (двотактни или тритактни целини)
се врши нивно поврзување кое се спојува во реченица. Научените реченици се утврдуваат
преку повторување и спојување на строфите кои учениците можат да ги пеат поделени во
групи.
Обработката на песните по нотен текст се одвива на тој начин што најпрво се
откриваат и утврдуваат нотните знаци - нивното траење, имињата на тоновите по висина и се
воочува видот на тактот. Потоа следува ритмичко изговарање на нотниот текст (парлато) и
мелодиско пеење (со солмизациони слогови и на неутрален слог „на“ или „ла“). Откако песната
ќе се обработи и совлада мелодиски по фрази, се пее со текст по групи или поединечно.
Притоа наставникот треба да обрне внимание на интонацијата, јасната дикција, темпото и
динамиката.

5.3. Детски броеници

Детските броеници се израз на детското чувство за ритам. Тие уште од најмала возраст
преку сопствени броеници, поткрепени со движење на телото, создаваат музички ритам.
Броениците може да бидат вклопени во слободна игра. На пример: едно од децата ќе
има функција да бара, а останатите да се скријат. Изговарањето на броеницата се придружува
со плескање на раце, тропкање со прстите по клупата, тропкање со нозете. Притоа треба да се
настојува да не се создава бука. Броеницата треба да биде јасно изговорена со јасна
вокализација и дикција преку што ќе се развива детскиот говор.

5.4. Музика и движење

Музичко-ритмичките активности се однесуваат на систематски осмислени


координирани движења кои се поврзуваат со музичките изразни средства: темпо, динамика,
ритам, висина, динамика, форма. При обработка на содржините во остварувањето на целите,
поврзани со физичката активност, примарна улога има музиката. Од таа причина, важно е да

19
се избере соодветен музички материјал кој ќе соодветствува на возраста на учениците. На тој
начин, преку игри со пеење, осмислени музички драматизации, кореографии на танци и ора,
учениците се оспособуваат:
- активно да ја восприемаат и доживеат музиката;
- да ги развијат меморијата, фантазијата и творечките способности и
- да се здобијат со правилни навики на телесните движења.
Наставникот треба добро да го знае музичкиот материјал и да биде способен да ги
покаже движењата за полесно да ги следи и коригира активностите на учениците.

5.5. Слушање музика

Слушањето на музика треба да претставува активен психички процес во кој ќе бидат


опфатени мисловните активности и емоционалните доживувања. Преку слушањето на музика
учениците се запознаваат со музичките дела, композиторите, исполнителите, инструментите.
Учениците покрај музичката меморија ја развиваат и љубовта кон музиката што е една од
целите на музичкото образование.
Избраните дела за слушање музика треба да бидат кратки композиции кои во текот на
истиот час ќе можат повеќепати да се слушаат. Тие треба да бидат лесни за паметење и
препознавање.
При организација на часот, потребно е наставникот да создаде емоционално
расположение, преку кое ќе го подготви ученикот за активно слушање и восприемање на
музичкото дело. Доживувањето на музичкото дело преку слушање треба да заземе централно
место во текот на часот. Од едно слушање учениците не се во можност да ја доживеат во
целина композицијата, ниту да ја запомнат. Од таа причина, делото треба да се слуша
повеќепати со цел да се запамети, разбере и засака. Многу е важно преку слушањето музика
кај учениците да се развие способност за изразување на доживеаното кое може да биде
литературно или ликовно. Слушаната композиција треба да остане во трајно сеќавање на
учениците. Со цел лесно да се препознае и при наредното слушање важен елемент
претставува информацијата за името на композицијата и името на композиторот.

5.6. Детски музички инструменти

Детските музички инструменти - Oрфови ги конструирал германскиот композитор Карл


Орф кој приспособил извесен број класични инструменти и ги наменил за детската возраст.
Нивната заедничка особина е што со нив учениците лесно може да изведуваат различни
музички активности на часот. Постојат два вида на Oрфови инструменти: мелодиски и
ритмички. Поделбата е извршена според произведувањето на звукот на инструментите. Со
одредена висина на тонот се нарекуваат мелодиски, додека со неодредена - ритмички.
Во групата на мелодиски инструменти спаѓаат: блок флејта (сопран, алт, тенор и бас),
металофон, ксилофон, тимпани, мелодика, ѕвончиња. Ритмички ударни инструменти се:
барабанче, тропалки, чинели, триангл, дајре, стапчиња, кастанети, тапани др.
Примената на детски музички инструменти во наставата е многу значајна.
Воведувањето во свирењето на детските музички инструменти започнува преку запознавање
на сопственото тело како инструмент со примена на рацете и нозете. Учениците сами
изработуваат инструменти од природни материјали: дрвени стапчиња, шупливи дрва, камења,
капаци од тенџериња, песок, пластични чаши, кутии од сладолед, дрвени лажици, земјени
садови, лејка, грав, ориз, пластични шишиња итн.

20
5.7. Музичко изразување и творење

Децата уште од најрана возраст почнуваат да создаваат сопствена мелодија. Од таа


причина, потребно е со посебен начин на работа преку уметничко искажување на тоновите (на
почеток со зборови, цртежи, кореографија) преку директно или индиректно влијание на
музиката, осмислено да се развиваат креативноста, фантазијата и индивидуалниот израз на
учениците.

21
6. ОЦЕНУВАЊЕ НА ПОСТИГНУВАЊАТА НА УЧЕНИЦИТЕ

При оценувањето треба да се води особена грижа за индивидуалниот пристап на секој


ученик.
Во I, II и III одделение учениците на крај од учебната година се оценуваат описно.
Во IV и V одделение оценувањето се одвива на тој начин што во текот на годината се
прибираат податоци за активноста, мотивираноста и ангажираноста на учениците, така што тие
се оценуваат описно, а на полугодие и на крајот од учебната година оценувањето е бројчено.

22
7. МЕТОДИКА НА МУЗИЧКА НАСТАВА

7.1. Дидактички принципи

Во наставниот процес при реализација на наставата по музичко образование се


користат следниве дидактички принципи: принцип на свесност и активност; очигледност;
систематичност и постапност; нагледност; приспособување; доживување; развивање на
детските интереси и поврзување на теоријата и практиката.

7.2. Наставните средства во наставата по музичко образование

Наставните средства претставуваат носители, односно посредници на информациите


во образовниот процес. Генерално, дидактиката наставните средства ги дели на: текстуални,
вербални, визуелни, аудитивни и аудиовизуелни, електронско-автоматски, мануелни и
помошни наставни средства.
Во наставата по пеење преку принципот на очигледност се овозможува внимание и
интерес. Со помош на очигледните и останатите наставни средства се овозможува ученикот
примарно да ја осознае текстуалната подлога која подоцна емоционално ќе ја соедини со
мелодијата. Гласот на учителот е најдоброто показно средство за изведување на мелодијата
што не може со ништо да се замени. Во него се содржани топлина, близина и израз кои го
разликуваат од сите останати наставни средства. Гласот е единствено средство во кое децата
истовремено ја слушаат и восприемаат мелодијата и текстот на песната.
Meѓу останатите основни музички наставни средства може да се вбројат следните:
табла со линиски систем, клавир или пијанино, синтисајзер, виолина, хармоника, светлечка
скала, музичка броеница, звучна виљушка, комплет Орфови инструменти, разни табели од
теоретскиот дел на наставата, модулатор, фланелограф, албум со слики со инструменти и
музички ансамбли, слики со познати композитори, ЦД плеер, ДВД плеер, телевизор, ЦД и ДВД
со музика, музички филмови, слики со скали, органум, музички списанија, компјутери, интернет,
музички софтвери и др.

7.3. Наставни методи

Во зависност од возраста на учениците, целта на часот и наставната содржина се


користат повеќе методи за реализација на наставата по музичко образование. Најчесто
користени методи се: метод на разговор (дијалошки метод), метод на усно изложување
(монолошки метод), демонстративен метод, метод на набљудување, метод на читање и
објаснување (текст-метод) и метод заснован на практичната активност на ученикот.

7.4. Наставни форми

Наставните форми се познати поими од општата дидактика. За реализација на музичко


- образовниот процес ги користиме следниве наставни форми: фронтална, групна,
индивидуалната и тандемската форма на работа.

7.5. Интеграција со останатите предмети

Заемното поврзување на наставните содржини од музичко образование со содржини од


останатите предмети најлесно се реализира во одделенската настава од причина што едно
лице ја организира и води целата настава. Корелацијата во прв ред се користи за утврдување и
продлабочување на веќе стекнатото знаење на учениците. Таа може да претставува и
подготовка за совладување на нова содржина.

23
Од I до V одделение можност за корелација постои меѓу предметот Музичко
образование и следниве предмети:
- Македонски јазик;
- Природа;
- Општество;
- Ликовно образование;
- Физичко образование;
- Математика;
- Техничко образование;
- Англиски јазик.

7.6. Оперативни задачи на часот

Преку реализација на содржините од утврдените програмски теми со наставната


програма се остваруваат повеќе оперативни задачи кои може да се поделат на:
- образовни,
- воспитни,
- функционални.

Со утврдување на образовните задачи се дефинираат умеењата, навиките и степенот


на знаењата што учениците треба да ги совладаат. На пример:
- да се запознаат со највредните композиции од музичката литература; со основните
пеачки навики и со дела инспирирани од музичкиот фолклор;
- да усвојат потребни знаења (разбирање на содржината и карактерот на музиката;
воочување; доживување и разликување на бојата на инструментите);
- да научат како активно да ја слушаат музиката;
- да ги прошират знаењата (за музичките инструменти);
- да го збогатат искуството (за активно слушање музика).
Со утврдување на воспитните задачи се придонесува за изградување на личноста на
ученикот како индивидуа. На пример:
- да развиваат интелектуални чувства, љубов кон музиката, морални чувства,
патриотски чувства, навики и потреба за творење, естетски вкус за вреднување на музичките
дела;
- да формираат способности за доживување на убавото;
- да придонесат за формирање и изградување на личност со позитивни ставови;
- да се оспособат за забележување и откривање на убавото во музиката, за естетско
вреднување на убавото, за самостојно учење.
Функционалните задачи претставуваат предвидување на одреден напредок во
формирањето и развојот на психичките процеси на ученикот. Исто така, функционални задачи
на наставниот час претставува и формирањето на развојот на умеењата и навиките со кои
учениците изведуваат одредени операции. На пример:
- да ги оспособат учениците за правилна интерпретација, воочување на карактерот на
делото, восприемање на делото со поедноставна музичка форма, разликување на темпа,
разликување на динамика;
- да развива критичко мислење, чувство за ритам, мелодија, музичка меморија,
креативност;
- да придонесува за формирање на одделенска хорска звучност, координација помеѓу
слухот и гласот, активно слушање музика од различни жанрови.

24
8. ПЛАНИРАЊЕ НА НАСТАВНИОТ ПРОЦЕС

Планирањето на наставата е една од клучните задачи на наставникот за реализација


на воспитно-образовните и наставните цели. Во наставата по музичко образование, како и во
останатите наставни предмети, се користат следниве видови на планирање:

- годишно или глобално планирање;


- тематско планирање и
- подготовка за наставен час.

Глобалното планирање опфаќа: годишната распределба на наставните содржини од


програмските теми, време на реализација, часови за обработка, часови за утврдување на
наставниот материјал, вкупен број на часови.
Тематското планирање претставува конкретизација на посебните задачи на
програмските теми, дидактичко-методска подготовка и материјално-техничка подготовка.
Подготовката за наставен час се однесува на утврдување на конкретните активности
на наставникот и учениците кои ќе се реализираат во текот на наставниот час. Успешноста на
наставниот процес во голема мера зависи од квалитетот на подготовката за наставен час.
Изготвената подготовка на наставникот му користи како средство, инструмент за ефикасна
реализација на содржината. Таа ги „материјализира“ идеите кои полесно може да се следат и
контролираат. Од таа причина, потребно е секој наставник сериозно да се подготви за наставен
час.
При изработката на подготовките студентите наидуваат на низа тешкотии. Меѓу
најчестите се:
- недоволно владеење со соодветната терминологија;
- тешкотии во дефинирање на наставните методи, нивната соодветност на содржините
што треба да се обработат и целите што треба да се постигнат во спроведувањето на часот;
- отсуство на соодветна литература за подготовка во процесот на стручното
образование (студирањето) и др.
Во понатамошниот текст ќе дадеме примери во кои детално ќе биде прикажан начинот
на пополнување на подготовка по предметот Музичко образование, подготвување на анализа
за хоспитација и критички осврт на реализиран наставен час.

25
9. АРТИКУЛАЦИЈА НА НАСТАВАТА

Наставниот час не е изолирана целина. Тој претставува флексибилна форма на


организација на наставата чијашто цел е да се обезбеди систематизирано усвојување на
знаењата. Во поглед на класификацијата на часовите врз основа на главната дидактичка
задача тие можат да бидат:

 воведни часови;
 часови за пренесување на нови знаењa;
 часови за утврдување.
Во овој дел ќе ја претставиме структурата на часовите за пренесување на нови знаења,
кои во зависност од наставната тема можат да се систематизираат во неколку типови:
обработка на песни, слушање музика, музичка писменост, свирење на детски музички
инструменти, основи на детското музичко изразување и творење, музички форми, народно
творештво.

9.1. Подготовка на наставен час по музичко образование

9.1.1. Организација на часот


Без разлика на различните типови методска постапка при обработка на новa наставна
содржина по предметот Музичко образование организацијата на часот генерално се изведува
во три дела:
 воведен,
 централен и
 завршен дел на часот.
Еден наставен час во одделенска настава во основното образование е во времетраење
од 40 минути.

А. Воведен дел
Воведниот дел на часот има цел да го активира веќе постојното знаење на учениците и
е во функција на усвојување на ново. Во него се одбираат оние информации кои директно ќе се
користат за новата содржина со што веќе усвоеното се става во нова улога и на тој начин се
истакнува неговата употребна димензија.

Б. Централен дел
Централниот дел на часот претставува процес на откривање на музичката
проблематика која не треба да биде сведена само на нејзино прераскажување и опишување.
Главното осмислување на часот на одредена наставна единица е насочено кон
осознавање на музичките специфичности преку директно водство од страна на наставникот.
В. Завршен дел на часот
Завршниот дел е воспоставување на конечната заокружена форма на часот. Во
зависност од наставниот план тој може да содржи елементи од централниот дел кои понатаму
ќе ја најават следната единица како вид на вовед за следниот наставен час.

26
Анализа на часот
Анализата на часот овозможува да се провери степенот на остварување на
поставените цели. Во неа се забележува што сме постигнале, што треба да се промени и што
треба да подобриме кај часови со исти или слични содржини.

9.2. Начин на изработка на дневна подготовка за наставен час по предметот Музичко


образование
На почетокот во подготовката се наведуваат:
- името на училиштето во кое се изведува часот;
- името и презимето на реализаторот (студентот);
- студиска програма и година на студирање;
- одделението во кое се реализира часот (на пример: I 3);
- името и презимето на одделенскиот наставник во чие одделение се реализира часот;
- датумот на реализација (ден, месец и година);
- реден број на часот (годишно);
- број на наставната тема (на пример: Тема број 1. Пеење, што значи дека наставната
единица припаѓа на таа тема);
- наставна единица (ја запишуваме конкретната наставна единица);
- тип на часот (на пример: усвојување на нови знаења).
Понатаму следи опишување на конкретните цели кои се постигнуваат со реализација
на наставната содржина. Тие треба да бидат конкретни за да може да се реализираат во текот
на часот. На пример: преку усвојување на песната „Буба мара“ да се развие навика за пеачки
став (правилно седење, држење на телото, дишење) и култивирано пеење (умерено пеење, без
гримаси, дигање на рамена и викање).
Во понатамошниот тек конкретно се утврдуваат оперативните задачи и тоа:
образовните задачи преку кои се дефинираат умеењата, навиките и кои знаења учениците
треба да ги совладаат и во кој степен, воспитните кои придонесуваат за изградување на
личноста на ученикот како индивидуа и функционалните со кои се предвидува напредокот во
формирањето и развојот на психичките процеси на ученикот.
Откако ќе се дефинираат оперативните задачи следува делот во кој се планира кои
постапки и начини на заедничка работа на наставникот и учениците во наставниот процес ќе се
искористат за поуспешно стекнување на знаења, умеења и навики. Во зависност од типот на
часот, наставната содржина, целите и задачите на наставната содржина ќе се применуваат:
методот на разговор (дијалошки метод), методот на усно изложување (монолошки метод),
демонстративниот метод, методот на набљудување, методот на читање и објаснување (текст-
метод), методот заснован на практичната активност на ученикот итн.
Планирањето на наставните форми (фронтална, индивидуална, групна, тандемска итн.)
и наставните средства следува како значаен сегмент од дневната подготовка за успешна
реализација на наставната содржина.
Како дел од подготовката претставува и планирањето на корелација со другите
наставни предмети со цел да се искористат веќе усвоени содржини од другите предмети. Тие
може да се применат во воведниот дел за најавување на новите знаења или во завршниот дел
за да се утврдат.
По овој дел следи детален опис на воведниот, главниот и завршниот дел.
Времетраењето на воведниот дел вообичаено е од 3 до 5 мин. главниот од 20 до 25 мин. и
завршниот од 5 до 10 мин. во зависност од содржината која се усвојува.
По завршувањето на часот се прави анализа и во неа се запишуваат: остварените
цели, тешкотиите и импликациите за во иднина.

27
9.2.1. Пример на подготовка на наставна единица

Училиште: ООУ„Гоце Делчев“ - Штип


Студент-реализатор: Ивана Иванова - Одделенска настава III година
Одделение: I 3
Наставник: Јасна Јанкова
Датум: 22.4.2012 г.
Реден број на часот (годишно): - 60
Наставна тема: Пеење, тема број 1
Тип на часот: час за усвојување на нови знаења
Наставна единица: „Буба мара“ - обработка на песна по слух

Пример 2

28
1. Цели:
- усвојување на песната „Буба мара“ по слух;
- развивање навика за пеачки став (правилно седење, држење на телото, дишење);
- развивање навика за култивирано пеење (умерено пеење, без гримаси, дигање на
рамена и викање).
2. Оперативни задачи на часот:
а. Образовни задачи
- да се создаде расположение и желба за пеење на песната;
- да ја научат песната да ја пеат со литературен текст (ритмички и мелодиски);
- да се формираат елементарни навики за пеење.
б. Воспитни задачи
- развивање на интелектуални чувства;
- формирање навики за негување и создавање на убавото;
- оспособување за естетско вреднување на убавото.
в. Функционални
- развивање чувство за ритам и осет за мелодија;
- оспособување за правилна интерпретација на песната;
- формирање на одделенска хорска звучност.
3. Наставни методи:
-монолошки, дијалошки, демонстративен, текст-метод.
4. Наставни форми:
- индивидуална, групна, фронтална.
5. Наставни средства:
- учебник, табла, пијано;
- серија на слики со инсекти меѓу кои и бубамара;
- снимка од песната „Буба мара“,ЦД плеер.
6. Корелација со другите наставни предмети:
- Природа, Македонски јазик, Ликовно воспитание.
7. Артикулација и активности на часот
(нотен текст од песната)
а. Воведен дел (5 мин.)
Во воведниот дел се води разговор за инсектите кои ги има во пролет. Разговорот се
врши преку слики, набљудувања и искуство. Во разговорот се доаѓа до инсектот бубамара и
неговата симболика - гости. На тој начин се создава расположение за обработка на нова песна.
б.Главен дел (25 мин.)
Песната најпрво се обработува текстуално. Текстот се чита јасно со јасна дикција и
адекватно темпо за учениците да можат да ги доживеат содржината и карактерот на песната.
Се објаснуваат непознатите зборови, се прераскажува содржината и се одредува карактерот
на песната. Пред да се започне со мелодиска обработка, учениците изведуваат вежби за
дишење и заземаат правилен пејачки став. Се распејуваат со пригодни мелодиски мотиви.
Песната најпрво ја пее наставникот. Им се пушта на ЦД плеер. Учениците ја слушаат и
ја запомнуваат преку повторување на музичките реченици. Речениците се пеат сѐ додека не се
научи текстот.
Откако ќе се усвојат двете строфи ритмички и мелодиски, песната се изведува
индивидуално или камерно (дует, трио).
в. Завршен дел (10 мин.)
Учениците во завршниот дел од часот, наредени во колона еден позади друг (како воз),
ја пеат песничката и летаат како бубамари (имитација на бубамари со ширење на крилја).
На крај, им се делат листови за боење каде што учениците ликовно ја претставуваат
обработената песна.

29
Остварени цели: Речиси сите ученици во целост успешно ја усвоија новата наставна
содржина.
Тешкотии: Дел од учениците имаа тешкотии при мелодиското усвојување на првиот
стих поради недоволно развиени гласовни можности.
Импликации за во иднина: Да се посвети поголемо внимание на мелодиската
обработка на првиот стих.

30
10. КРИТЕРИУМИ ЗА АНАЛИЗИРАЊЕ И ПРОЦЕНУВАЊЕ НА ОПСЕРВИРАНИОТ ЧАС

Непосредното набљудување и анализирањето на наставниот час претставува битен


елемент за стекнување искуство во педагошкото раководење со наставата по музичко
образование. Една од основните задачи на следењето е да се соберат податоци за еден или
повеќе аспекти на наставата и учењето кои се одвиваат на час реализиран од страна на
наставник - ментор.
Преку набљудувањето и согледувањето на позитивните и негативните аспекти на
конкретна наставна единица студентите ќе се здобијат со искуство кое понатаму ќе им
овозможи самостојно да се подготват за реализација на наставен час.
Меѓу бројните дидактичко-методски прашања и елементи како предмет на анализа на
набљудуваниот час посебно место во критичкиот осврт ќе ги издвоиме следниве критериуми:

● Препознавање на целите на часот и нивната дидактичка артикулација;


● Анализа на дидактичката осмисленост на планот на часот во поглед на
содржината преку препознавање на сите фази на часот (воведен, главен и
завршен дел) и нивно времетраење;
● Конкретизираност на наставните задачи (образовни, воспитни и функционални)
и нивната димензионираност при реализација на наставниот час;
● Применети наставни методи, форми и средства;
● Динамика и интензитет на разработката на наставното градиво;
● Во колкав дел од наставното време се активни учениците, односно колку од тоа
време наставникот користи за монолошко изложување на градивото;
● Колку во текот на часот наставникот им посветува индивидуално внимание на
учениците;
● Дисциплина, позитивна атмосфера, авторитет на наставникот.

10.1. Анализа на хоспитација

За поефикасна анализа на хоспитација е потребно студентите да имаат претходни


сознанија во однос на:
- наставниот план и програма, тематските целини, наставните содржини, актуелните
учебници по музичко образование за секое одделение одделно;
- дидактичките принципи;
- наставните методи и форми;
- можноста за корелација со останатите наставни предмети;
-оперативните задачи на часот (образовни, развојни и воспитни);
- целта на часот;
- структурата на наставниот час и времетраењето на секој од деловите;
- наставните средства кои се користат при реализација на наставниот час.
Во зависност од содржината на часот кој е набљудуван, наставникот кој го реализира,
како и набљудувачот и анализата на хоспитацијата ќе биде различна.

10.2. Начин на изготвување на анализа на хоспитација

Анализата на хоспитација треба да содржи три целини во кои ќе бидат опфатени:


а. Првиот дел ќе ги содржи општите податоци на студентот кој набљудува, училиштето,
одделението, наставникот кај кого го следи наставниот час, датумот, наставната тема и
наставната единица.
б. Во вториот дел се опишуваат организираноста на содржините во сите три дела
(воведен, главен и завршен), нивното времетраење, организираноста, изборот на наставните

31
методи, форми, наставни средства, приспособеноста на изборот на содржини според возраста
и можностите на сите ученици.
в. Во третиот дел се оценува активноста на наставникот и учениците, пристапот на
наставникот, комуникацијата, дисциплината.

32
11. КРИТИЧКИ ОСВРТ

Критичкиот осврт претставува рецензија на студентот кој го набљудува наставниот час


реализиран од страна на друг студент. Неговата структура е слична со анализата на
хоспитацијата. Во него се бележат позитивните и негативните искуства кои се согледуваат при
практичната реализација. Истите може да се искористат за подобрување на сопствената
подготовка и наставен час.
Критичкиот осврт се изготвува за време на набљудувањето или по завршувањето на
часот според претходно утврдена наставна содржина и нејзина подготовка.

11.1. Начин на изготвување на критички осврт

Како и кај анализата на хоспитацијата за изготвување на критичкиот осврт студентите


треба да ги поседуваат веќе набројаните претходни знаења.
Toj ќе произлезе од начинот на перципирање и подготвеноста на студентот кој ја
набљудува реализацијата на наставниот час реализиран од страна на друг.
Критичкиот осврт се состои од три дела дела:
а. Првиот дел треба да ги содржи општите податоци на студентот кој го реализира
часот (реализатор), студентот кој го набљудува часот, датумот, местото на реализација,
наставната тема, наставната единица, типот на наставниот час.
б. Во вториот дел се забележуваат остварените цели, како и применетите оперативни
задачи на часот, наставни методи, средства, форми при реализација на наставната
содржина како и предметите со кои е извршена корелација.
в. Во третиот дел се забележуваат реализираните активности на наставникот и
ученикот, запазеноста на времетраењето на секој од деловите (воведен, главен,
завршен), степенот на нивна комуникација, дисциплината.
Изнесените мислења треба да бидат објективни и пред сѐ поткрепени со стручни
аргументи.

33
ЛИТЕРАТУРА
Биро за развој на образованието, Наставен план за деветгодишно основно
образование 2011/2012 година. Скопје.
Vasilević, Z. (2000). Metodika muzičke pismenosti. Beograd. Zavod za uđbenike.
Kojov-Bukvić, I. (1989). Metodika nastave muzičkog vaspitanja. Beograd. Zavod za uđbenike
i nastavna sredstva.
Коларовска - Гмирја, В. Ангелковска, В. Витанова, А. (2008). Прирачник за наставата по
изборниот предмет, Проекти од музичката уметност, Биро за развој на образованието,
Скопје.
Министерство за образование и наука, Биро за развој на образованието. (2007).
КОНЦЕПЦИЈА за деветгодишно основно образоваие и воспитание. Скопје.
Požgaj, J. (1950). Metodika muzičke nastave. Zagreb.Nakladni Zavod Hrvatske.
Požgaj, J. (1975). Metodika glazbenog odgoja u osnovnoj školi. Zagreb. Prosvjetni sabor
Hrvatske.
Požgaj, J. (1988). Metodika nastave glazbene kulture u osnovnoj školi. Zagreb. Školska
knjiga.
Яковлев. М.Н. (1960). Методика, техника на урока в училиштето. София. Народна
просвета.

34

You might also like