Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 2

D-r Slavko Angelevski, von. prof.

, polkovnik: Modelirawe i simulacii – ispitni pra{awa

ВОЕНА АКАДЕМИЈА
“ГЕНЕРАЛ МИХАЈЛО АПОСТОЛСКИ”
Катедра за природни и воено-технички науки

Испитни прашања по предметот


МОДЕЛИРАЊЕ И СИМУЛАЦИИ

- I КОЛОКВУИМ -

ПРАШАЊА ОД ДЕЛОТ НА ПРЕДАВАЊА:

1. Примена на научни методи при решавање на проблеми


1. Како може да се дефинира областа на системското инженерство и кои методи и
истражувања се применуваат во рамките на неговиод приод за решавање на
проблемите?
2. Што претставуваат операциските истражувања и каква е нивната поврзаност со
менаџментот?
3. Кои научно засновани и формални методи најчесто се користат во операциските
истражувања, објаснете ја суштината на секоја од нив?
4. Кои се чекорите (фази) во решавање на проблемите со примена на моделирање и
симулација?

2. Поимот на моделирање и симулации, поделби и видови


5. Објаснете ги поимите: “модел” и “моделирање”!
6. Која е користа од употербата на моделите и моделирањето?
7. Кои се трите основни класи на модели?
8. Објаснете ја суштината на математичките модели!
9. Објаснете ја суштината на физичките модели!
10. Објаснете ја суштината на процедуралните (концептуалните) модели!
11. Со која цел се креираат нормативните модели и во која научна област спаѓаат овие
модели?
12. Кои се карактеристиките и разликите помеѓу: модели на ризик, модели на
неизвесност и конфликтни модели?
13. Што е суштината на аналогните модели – дадете пример?
14. Која е разликата помеѓу: детерминистичките и стохастичките модели (напишете по
една реченица за суштината и основнаите карактеристики на секој од нив)?
15. Која е разликата помеѓу: дискретните и континуалните модели (напишете по една
реченица за суштината и основнаите карактеристики на секој од нив)?
16. Објаснете го поимот “симулација” (Наведете најмалку три различни дефиниции за
овај поим)!
17. Кои две класи на симулациски апликации се издвојуваат (историски гледано),
направете разлика помеѓу нив во однос на: времето на егзекуција, намената,
човечката интерекција и поврзаноста пред-и-после?
18. Која е суштината на паралелните и дистрибуираните симулации и која е разликата
помеѓу нив?

1
D-r Slavko Angelevski, von. prof., polkovnik: Modelirawe i simulacii – ispitni pra{awa

3. Примена и значењето на моделирањето и симулациите во воени цели


19. Објаснете ја пирамидата на обука со примена на симулациски модели (скица и
објаснување)!
20. Објаснете го концептот за обука со симулации (обука во три чекори)!
21. Во зависност од техничките квалитети и потенцијалните можности на симулациите
што се применуваат во воени цели во кои три категории се класифицирани (и кажете
ја суштината (по една до две реченици) за секој од нив)?
22. Објаснете ја суштината на “живите симулации” и наведете по некој пример за нивна
примена во воени цели!
23. Објаснете ја суштината на “виртуелните симулации” и наведете по некој пример за
нивна примена во воени цели!
24. Кои две нивоа на “виртуелните симулации” постојат (објасни ги)!
25. Што се тоа “сериозни игри” и која е нивнaта предност при примената во воената
обука?
26. Што е тоа (за што се користи) симулатор или тренажер, скицирајте ја шемата на
функционални елементи на тренажерот и наведете кои се елементите што го
сочинуваат?
27. Објаснете ја суштината на “конструктивните симулации”, кои два нивоа постојат
(објасни ги) и наведете по некој пример за нивна примена во воени цели!
28. Моделирањето и симулациите во војската не се никаква новина или феномен што е
исклучиво резултат на развојот и примената на новите софистицирани технологии.
Зошто е значајна примената на методите и технологиите за моделирање и симулации
(наведете неколку аргументи)?
29. Со примена на моделирањето и симулациите можат да се покријат најразлични
области од доменот на подготовките за изведување современи борбени дејства. Во
кои области на одбраната е најзначајна примената на моделирањето и симулациите?
30. Во што се состои примената на моделирањето и симулациите за поддршка на
одбрамбеното планирање (накратко објаснете)?
31. Како моделирањето и симулациите можат да се применуваат за анализа на
алтернативни структури на вооружените сили, односно во процесот на нивно
преструктуирање (накратко објаснете)?
32. Накратко објаснете што е тоа симулациски заснованата набавка и воведување во
оперативна употреба на нови средства (Simulation Based Acquisition - SBA)!
33. Примената на моделирањето и симулациите како алатка за подршка на процесот на
планирање во рамките на штабната работа може ефективно да се примени во
повеќето од фазите на штабната работа – наброте ги фазите на штабната работа и
накратко објаснете ја можноста за примена на моделирањето и симулациите како
алатка за подршка на процесот на планирање во рамките секоја од тие фази!

Подготвил
Д-р Славко Ангелевски, вон.проф., полковник

You might also like