Матилда Божиновска - 47413=dogovor

You might also like

Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Договор за градење

1. Согласно член 651 Изведувачот во случајот Брзаградба е должен да му овозможи на


нарачувачот Горан постојан надзор над работите и контрола на количеството и квалитетот
на употребениот материјал.
2. Согласно член 653 од ЗОО Непредвидени работи изведувачот може да изведе и без
претходна согласност од нарачувачот ако поради нивната итност не бил во можност да ја
прибави таа согласност. (2) Непредвидени работи се оние чие преземање било нужно
поради осигурување на стабилноста на објектот или заради спречување на настанувањето
на штета, а се предизвикани од неочекуваната потешка природа на земјиштето,
неочекуваната појава на вода или од други вонредни и неочекувани настани. (3)
Изведувачот е должен за овие појави и за преземените мерки да го извести нарачувачот
без одлагање. (4) Изведувачот има право на справедлив надомест за непредвидени
работи што морале да бидат извршени. (5) Нарачувачот може да го раскине договорот ако
поради овие работи договорената цена би морала да биде значително зголемена, за што е
должен да го извести изведувачот без одлагање. (6) Во случај на раскинување на
договорот, нарачувачот е должен да му исплати на изведувачот соодветен дел од цената
за веќе извршените работи, како и справедлив надомест за направените неопходни
трошоци. Во конкретниот случај Брзаградба не го известила Горан како нарачувач без
одлагање за непредвидените работи за чие превземање било нужно да се употреби
дополнителен материјал, согласно став 3, но сепак Горан согласно став 4, 5, 6 мора да ги
надомести направените неопходни торшоци бидејќи се појавиле непредвидени работи
кои изведувачот може да ги изведе и без согласност од нарачувачот поради осигурување
на стабилноста на објектот или заради спречување на настанување на штета поради појава
на вода. Затоа во овој случај Брзаградба е во право во предвид на трошоците поради
непредвидени работи.
3. Но доколку во договорот стои одредба клуч на раце регулирана во член 659 став 2
Договорената цена во случајот од став (1) на овој член ја опфаќа и вредноста на сите
непредвидени работи и на вишоците на работите, а го исклучува влијанието на
недостатоците на работите врз договорената цена.

МАТИЛДА БОЖИНОВСКА 47413. I GRUPA

You might also like