Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 3

Наставник Љубица Ружинска

I одделение

Постигнувања по одделните јазични компоненти, методи и инструменти на оценување,


критериуми за оценување

Лексички единици (вокабулар)

1. Го разбира значењето на лексичките единици


 членови на семејството, другари,
 предмети во училницата,
 играчки,
 видови храна,
 најчесто користени бои,
 броеви од 1-10,
 родендени и празници (Божик, Велигден, Нова година и сл.),
 некои домашни миленичиња

ги репродуцира и употребува во соодветни говорни ситуации.

 Активности
 Слушање на аудио снимки или говорот на наставникот и репродуцирање на
слушнатото
 Именување на лексичките единици со помош на постери, флеш-карти,
цртежи
 Вежби од типот на посочување на конкретни делови од своето тело, игри
од типот на “Simon Says” и сл.
 Игри од типот на Меморија, подредување на сликички, Бинго
 пеење песнички, вежби со боење по диктат, изработка на честитки, украси
и сл.
 Методи на оценување и инструменти на оценување
 Набљудување- чек листа
 Дискусија и усни одговори од учениците- чек листа
 Изведбени активности- чек листа, саморефлексија на учениците, писмена
повратна информација од наставникот,

 Критериуми за оценување
 Ги препознава и именува членовите на семејството
 Ги препознава и именува предметите во училницата
 Ги препознава и именува играчките
 Ги препознава и именува видовите храна
 Ги препознава и именува боите
 Ги препознава и именува броевите од 1-10
 Ги препознава и именува миленичињата

Јазични функции/говорење

ОУ “Блаже Коневски“ 2011-2012 година Page 1


Наставник Љубица Ружинска
1. Ги користи неформалните форми на поздравување и отпоздравување
2. Умее да се претстави себеси, другарчето и членовите на семејството
3. Да ги препознае и правилно употреби соодветните форми на честитање празници,
родендени и сл.
 Активности
 Активности за увежбување на формите на поздравување и отпоздравување по
говорен модел
 Преставување на себе си, пријателите и членовите од семејството преку
користење на цртежи, фотографии и сл.
 Учество во кратки дијалози, драматизација и сл.
 цртање и боење на картички и пеење на пригодни песни
 Методи на оценување и инструменти на оценување
 Набљудување- чек листа
 Дискусија и усни одговори од учениците- чек листа
 Портфолио- аналитичка листа за оценување на портфолио и писмена
повратна информација од наставникот
 Изведбени активности- чек листа, писмена повратна информација од
наставникот
 Критериуми за оценување
 Може да поздрави и отпоздрави
 Може да се претстави себеси, другарче, членови од фамилијата
 Може да искаже која му е омилена храна
 Може да учествува во драматизација дијалози
 Може да поставува едноставни прашања и да даде соодветен краток
одговор
 Може да продуцира песничка, бројалка

Граматички структури

1. Ги разбира, разликува и активно ги користи формите на глаголите To Be за прво и второ


лице при усна комуникација
2. Ги разбира значењето на глаголот to have во усна комуникација
3. Може да го разликува и користи еднина и множина кај именките
4. Може да ги препознае и употребува личните заменки за прво и второ лице еднина
5. Го препознава значењето и примената на показните заменки и присвојните придавки
6. Да брои од 1-10
7. Да разбира, репродуцира и продуцира едноставни искази
8. Го препознава значењето на заповедите и реагира соодветно на нив

 Активности
 Слушање на искази од наставникот кој истовремено користи и пантомима
 Активности од типот на претставување на себеси и другарчињата
 Вежби со цртање, боење, користење на илустрации, флеш-карти и слики
 Игри со броење, подредување, поврзување, цртање

ОУ “Блаже Коневски“ 2011-2012 година Page 2


Наставник Љубица Ружинска
 Песнички, бројалки и сл.

 Методи на оценување и инструменти на оценување


 Набљудување- чек листа
 Дискусија и усни одговори од учениците- чек листа
 Портфолио- аналитичка листа за оценување на портфолио и писмена
повратна информација од наставникот
 Изведбени активности- чек листа, писмена повратна информација од
наставникот
 Наставни ливчиња за евалвација на целина
 Критериуми за оценување
 Може да се претстави себе си, другарче, членови од фамилијата
 Може да брои од 1-10
 Може да искаже која храна му е омилена
 Може да разбере и репродуцира песничка и бројалка
 Може да драматизираедноставни дијалози
 Може да одговори на едноставни прашања

Слушање со разбирање

1. Го препознава значењето на лексичките единици предвидени за оваа возраст


2. Разбира едноставни куси искази
 Активности
 Невербално реагирање на говорен поттик, игри, флеш карти, слики
 Слушање на искази од аудио снимка или наставникот
 Слушање на песнички, бројалки
 Гледање на кратки образовни епизоди на ДВД
 Цртање/боење според дадени инструкции (Picture dictation)
 Методи на оценување и инструменти на оценување
 Набљудување- чек листа
 Листови за ооценување на учениците- техника семафор
 Критериуми за оценување
 Невербално реагира на инструкција, исказ од наставник (ТПР, мимика)
 Соодветно реагира на слушнати искази од аудио снимка или наставник
 Може да нацрта/обои цртеж според инструкции од наставникот/соученик
 Слуша и правилно репродуцира искази, песнички од ЦД или наставникот

При формативното оценување , односно при користењето на сите инструменти на оценување, се


користат три ниво и тоа: самостојно, со мала помош, со голема помош.

ОУ “Блаже Коневски“ 2011-2012 година Page 3

You might also like