Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 9

ВОВЕД

Историјата на фудбалот е релативно долга , а корените на фудбалот може да се


најдат и во античка Грција, независно од постоењето во старовековната Кина , па се до
почетокот на модерниот период на Италија. Сепак, 26 октомври 1863 година е веројатно
најважниот датум во историјата на модерниот фудбал . Во раните вечерните часови на 26-
ти октомври во 1863 година , главно претставници на различни англиски универзитетски
фудбалски тимови се собраа во Лондон. Тоа денес се смета за основачкото собрание на
Фудбалската асоцијација – ФА – (The Football Association-FA), односно англиската
фудбалска асоцијација. Тоа е најстарата спортска федерација во светот и првото
официјалено тело на фудбалот воопшто. Најважниот потег на новоформираниот Сојуз
беше стандардизација на фудбалските правила кои дотогаш значително се разликува од
клуб до клуб,од универзитет до универзитет и од град до град, а и договорите пред
натпреварите по кои правила да се игра . Создавањето на првите официјални правила на
фудбалската игра се создадени основните услови за натамошен развој на најпопуларната
и најпопуларната светска спортска игра. ФА воведува правила и одредба во фудбалот,
дека од тој момент јасно се одделени две спортски дисциплини фудбал и рагби –
всушност, забрането е играње со рака – се губи ракување со топката. Во текот на на 1871
год., се организирани и првите официјани фудбалски натпревар – ФА Купот , каде се
вклучени 15 тимови. За најстар фудбалски клуб се смета Шефилд фудбалскиот клуб
(Sheffield Football Club) , кој е основан во 1857 год. Интересно , името на фудбалот (soccer)
потекнува како кратенки од поимите кои означуваат ” нов ” тип на фудбал во
фудбалската асоцијација. И во светот денес постојат неколку различни верзии на
фудбалот, од кои најпозната Австралиски фудбал ( Australian Rules Football). На
фотографијатав се оригиналните , рачно напишани правилата на фудбалот од 1863
година.
ПРАВИЛА НА ИГРА ВО ФУДБАЛОТ
Познавањето на спортските правила претставува основа за планирањето и
програмирањето во сите спортски дисциплини. Спортскиот резултат е во директна
зависност од степенот на физичката, техничката подготвеност на спортистите која се
базира врз основа на правилата на спортската игра. Имајќи ја во предвид каузалната
поврзаност на резултатот со тренингот и спортските правила, како и недостиг на
информации за правила на спортските игри во училиштата. Подредбата од спортски
правила долг период е актуелна. Официјалните фудбалски правила се нарекуваат
“Законите на играта” и се ажурира на годишно ниво обично во јули од ФИФА, светското
фудбалско управно тело. Но млади организации обично се прилагодуваат на правилата
како би им одговарале на децата.  Типични корекции има на должината на теренот за игра,
бројот на играчите во еден тим, бројот на замени, големината на топката.  Правилата на
ФИФА не бараат посебни тимови за девојчиња и момчиња, но многу фудбалски клубови и
здруженија имаат одделни лиги за момчиња и девојчиња. Во кратки црти, “Законите на
играта” не се едноставни и може да биде тешко да се разберат. Официјалните ФИФА
правила имаат 17 делови и владеењето на книгата е окулу 70 страници. Исто така постојат
и дополнителни 44 страници под наслов “Прашања и одговори”.

Мерки за теренот на игра


Теренот мора да има форма на правоаголник. Должината не смее да биде поголема
од 120 метри ниту помала од 90 метри. Најголемата широчина на теренот е 90, а најмала
45 метри. За меѓународни натпревари теренот не смее да биде подолг од 110 метри ниту
пократок од 100 метри. Широчината не смее да биде поголема од 75 метри ниту помала од
65 метри. Во секој случај должината мора да биде поголема од широчината.

Обележување
Теренот мора да биде обележан со линии кои се гледаат но не се пошироки од 12
сантиметри. Линиите не смеат да се ископуваат во форма на V.  Долгите гранични се
викаат надолжни а пократките ги нарекуваме попречни линии. На секој агол од теренот
мора да се постават знаменца на копја од заоблен врв на височина најмалку од метар и
половина од земјата.  Тие мора да бидат оддалечени од надолжните линии најмалку еден
метар. Средината на теренот мора да се обележи со средишна линија, средината мора да се
означи со видлив знак окулу кој треба да се опише круг со пречник од 9.15 метри.

Голмански простор
На двете страни од теренот на растојание од пет ипол метри од внатрешната страна
на секоја статива од голот мора да се повлечат две линии под прав агол на попречната
линија. Линиите што влегуваат во теренот на длабочина од пет ипол метри треба да се
спојат со линијата што оди паралелно со попречната линија.Вака одбележаниот простор се
вика голмански простор.

Казнен простор
На секоја попречна линија, на оддалеченост од шеснаесет метри, од внатрешната
страна на стативите, мора да се обележат две внатрешни должни линии. Овие линии се
пружат шеснаесет ипол метри во длабочина на теренот и мора да бидат споени со
меѓусебна линија што оди паралелно со попречната линија. Одбележаниот простор се вика
казнен простор. Во секој казнен простор, 11 метри од средината на голот со замислена
права линија на видлив начин е одбележано место за пенал. Ова место мора да се опише
надвор од казнениот просторен лак со полу пречник од 9.15 метри.
Аголен простор
Од копјето на знаменцето на аглите внатре во теренот треба да се опише четвртина
од кругот со полупречник од еден метар.
Гол
На центарот на секоја гол линија се поставени головите, составени од две
вертикални стативи на еднакво растојание од аголното знаменце споени со хоризонтална
греда на горните краеви. Растојанието помеѓу стативите е 7.32 метри а долниот дел на
стативата од каде што се спојува со гредата е 2.44 метри. Според широчината на стативите
и гредата толкава е и широчината на надолжните и попречните линии. Стативите и
гредата мора да бидат бели освен во лоши временски услови (снег) тие мора да се во
маркирани бои црвено бела или црно бела, да бидат приметливи на играчите и судиите.
Тие може да се направени од дрво, метал или друг одобрен материјал. Пресекот на
стативите и гредата може да биде квадратен,  правоаголен,  кружен или елиптичен и не
смеат да бидат опасни за играчите.

Фоторепортерска линија
Оваа линија го ограничува просторот каде што е дозволен пристапот за
фоторепортерите за време на натпреварот. Таа тргнува од точката поставена најмалку 2
метри зад аголните знаменца. Оди кон точката која се наоѓа 3.5 метри зад голманскиот
простор за да се допре до точката најмалку 6 метри зад стативите и гредата.
Фоторепортерите за време на натпреварот не смеат да го напуштат обележаниот простор.
Фоторепортерите не смеат да користат вештачко светло во облик на блиц.

Комерцијално рекламирање
Не е дозволен никаков вид на комерцијално рекламирање и било да е реално или
виртуелно на теренот за игра, головите, мрежичките, стапчињата со знаменца. Не е
дозволено ни опрема како камери, микрофони и т.н да се закачи на претходно наведените
предмети. Рекламите кои се поставуваат позади надолжните и попречните линии мораат
да бидат раздалечени еден метар од граничните линии на теренот заради безбедност на
играчите.
Мрежи
Мрежите може да се прицврстуваат на стативите и земјата но така што нема да му
пречат на голманот за тој да има доволен простор за движење. Дозволени се мрежи од
коноп, најлон или сличен синетичен материјал кој не смее да биде потанок од
вообичајниот коноп, односно лен.

Топка
Топката мора да биде тркалезна.Нејзината надворешна обвирка мора да биде од
кожа или некој друг одобрен материјал за изработка на топките. Не смее да се употребува
никаков материјал кој ќе биде опасен за играчите. Формата на топката не смее да биде
поголем од 71 ниту помал од 68 сантиметри. Топката за почетокот на играта не смее да
биде потешка од 453 грама ниту полесна од 396 грама.
Притисокот мора да биде рамен 0.6-1.1 атмосвери што е еднакво
на 600-1.100 gr/cm2 на 0 степени надморска височина.  Топката за
време на играта не смее да се менува без одобрување на
судијата или од несакан дефект.

Број на играчи
Натпреварот го играат два тима со најмногу единаесет играчи, од кои единаесетиот
е голман. Замени на играчите може да се вршат на секој натпревар што се игра по
правилникот на официјалните натпревари на ФИФА.  Натпреварот неможе да започне ако
во било од кои од тимовите има помалку од 7 играчи. Во случај на други натпревари се
дозволени и до 5 замени во договор на екипите. Судијата мора да биде известен пред
почетокот на натпреварот за таа информација, ако не биде известен тој е должен да остане
на правилните 3 замени. Во секој натпревар имињата на замените мораат да бидат
запишани во прирачникот на судијата во спротивно замените нема да можат да бидат
извршени. На еден тим може да му се одобри најмногу 3 измени на еден натпревар чиј
имиња мора да бидат евидентирани за да се соопштат на судијата пред почетокот на
натпреварот. Било кој играч може да го замени голманот под услов судијата да биде
известен пред замената и тоа да се извести за време на прекин на играта. Во случај на
замена на голманот или било кој играч мора да се почитуваат следните услови: Судијата
мора да биде известен пред да се изврши замената на играчот. Заменик неможе да влезе на
терен додека играчот што се заменува не го напушти теренот за игра. На теренот ќе влезе
за време на прекинот на игра и од средишната линија. Играчот што е заменет не може
повеќе да учествува во игра. Замената е извршена кога играчот ќе стапи во теренот за игра
во тој случај заменетиот станува играч а играчот што се заменува го губи тоа својство.

Капитен на екипата
Како што е претходно наведено еден натпревар не може да се започне додека во
едната или другата екипа нема капитен. Тој е должен на својата лева рака да носи трака со
различна боја од неговата опрема широка од 8цм до 10цм така што ќе се разликува од
другите. Капитенот на тимот во текот на играта нема никакви особени права од другите
играчи. Тој нема право да ја оспорува донесената судиска одлука ниту да ја коментира
играта. Во случај да капитенот треба да биде заменет со друг резервен играч тој е должен
да ја предаде капитенската трака на неговиот соиграч. Тој единствено има право да побара
објаснување за донесената судска одлука единствено кога играта е запрена и тоа да го
стори на културен начин.

Времетраење на натпреварот
Натпреварот брои два еднакви периоди по 45 минути. Постои пауза помеѓу двата
периоди каде што играчите одат на одмор од 15 минути. Времетраењето на полувремето
може да се огласи само со согласност на судијата.  Ако е направен прекршок што означува
најстрога казна(пенал) натпреварот нема да заврши додека пеналот не биде извршен.

Почеток на игра
Пред почетокот на натпреварот се фрла паричка, тимот што ќе добие одлучува која
страна сакаат да ја нападнат во првиот период од натпреварот.  На почетокот на вториот
период од натпреварот тимовите ги заменуваат страните и ги напаѓаат спротивните
голови. Лансирањето на топката на почетокот на натпреварот, на почетокот на вториот
период и после постигнат гол се изведува од центарот на игралиштето. На почетокот на
натпреварот и на второто полувреме играчите мораат да бидат на својата половина на
игралиштето. Натпреварот почнува кога судијата ќе даде сигнал. Играчот кој што го
започнува натпреварот не смее да ја допре топката два пати додека друг играч не ја подаде
топката на нивната половина.

Основна опрема
Сите играчи пред почетокот на натпреварот
мораат да бидат облечени во дресови. Шорцевите и
дресовите мораат да бидат во иста боја. Чорапите
мораат да ги покриваат коскобраните.
Коскобраните служат за заштита на играчите, тие
се направени од материјал така што го намалуваат
степенот на удар. Голманите носат облека
која ги разликува од останатите играчи, судијата и помошник судиите.
Слободен Удар
Директен слободен удар – Кога би можело да
се постигне гол со удирање на топката директно во
целта на противничкиот гол без никој друг да не ја
допира. Индиректен слободен удар – Кога би
можело да се постигне гол само ако друг играч ја
допре топката пред удирањето. На индиректен
удар треба да има еден играч кој што нежно ќе ја додаде топката на друг играч кои стои
зад топката кој што може да удира кон голот. Ако на индиректен слободен удар топката е
исфрлена во голот без никој друг да ја допре тогаш голот не се важи и топката припаѓа на
противникот. Но ако топката биде допрена од играч на спротивниот тим, вклучувајќи го и
голманот, пред да влезе топката во гол, голот се важи.

Улога на играчите
Секој играч на теренот, во текот на натпреварот е задолжен за исполнување на
одредена задача од страна на својот менаџер или тренер. Во фудбалот, обично
натпреварувачите се делат на:
– Голман, кој основна цел му е да ја брани својата мрежа од противниците. Голманот
може да ја допира топката со раце, но само во својот казнен простор. Истотака, не му е
дозволено со раце да ја фаќа топката која му ја возвратил својот соиграч.
– Одбранбен играч, чија главна цел е одбрана на својот гол. Одбранбениот играч често се
покрива или следи еден противнички играч во текот на целата игра. Одбранбените играчи
често мораат решително да им се фрлаат во нозете на противниците за да дојдат до
топката.
– Средишен играч, чија главна цел е поврзување на одбраната со нападот. Во зависност од
самиот

натпревар, средишните играчи имаат други улоги. Тие се всушност најчесто креаторите на
играта.
– Напаѓач, чија главна цел му е постигнување на гол во противничката мрежа.
Теоретското познавање на фудбалот е исто толку важно како и практичното,  од оваа
можат да се извлечат одредени вредности кои би служеле во практичната примена на
фудбалот. Доколку не сме теоретски подготвени доаѓа до збунетост, грешки при
практичната примена, не распознавање на правилата, затоа наведените правила за мене
имаат големо значење. Фудбалот е колективна игра каде што доминираат брзината,
техниката, снагата, прецизноста, тактиката како што и теоретската подготвеност.
Познавањето на дидактичките принципи , доведува до правилен развој и напредок на
играчите. Овде тренерот одбира и пронаѓа средства и методи со кој би вршел обука на
начин таков каков што бараат наставните принципи: воспитност, свесност, очигледност,
систематичност, постапност и сестраност.

You might also like