Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 9

Вовед

Под спорт се подразбира нормална физичка активност или вештина изведена под јавно
прифатени правила и со цел да рекреира: за натпреварување, за сопствено уживање, за
усовршување, за развивање на вештина, или за комбинација од наведените. Она што го
карактеризира секој спорт е јасната цел, комбинирана со впечатокот за индивидуална (или
тимска) вештина или способност. Првите спортови како на пример лов и трчање настанале
бидејќи биле потребни за да се преживее. За разлика од тогаш, денеска луѓето се
занимаваат со спорт за здравје и релаксација.

1
2. 7 спортови во кои жените ги победиле мажите

 
Је Шивен минатата сабота беше побрза од Рајан Лохте, таа беше обвинета дека лаже. Но,
пливањето не е единствен спорт во кој жените биле подобри од мажите.

1. Јавање

Oвие натпревари се едни од ретките во коишто жените земаат учество, а жените во овој
спорт имаат земено медали во сите три категории - дресажа, скокање препреки и eventing.
Во Пекинг, Анку ван Грунсвен од Холандија има земено злато во дресажа. Досега, оваа
година, жените зедоа сребро и бронза во индивидуални учества. Исто така, Џули Кроун го
победи Белмонт Стејкс во 1993.

2
2. Тенис

Били Џин Кинг славно го победи Боби Ригс во 1973 година на натпреварот наречен „The
battle of sexes.“ Кинг беше 26 години а Ригс 55, а нејзината победа беше поздравена како
удар за сексизмот; репортерот на Њујорк Тајмс Нил Амдур изјави дека: „таа ги убеди
скептиците дека жената атлетичар може да го преживее притисокот и дека мажите исто се
нервираат како и жените“.

3. Борење

Во 2006, Михаела Хатчисон стана првата девојка која освои државна титула против момче

3
во борење во средно училиште. Едно од момчињата коешто изгуби од неа, изјави:
„Очекував. Таа е навистина добра.“ Се обиде на Олимпијадата оваа година но беше
елиминирана.

4. Куглање

Во 2012, Кели Кулик стана првата жена којашто има победено во национален натпревар
на Професионалната кугларска асоцијациска тура, кадешто ја освои првата награда на
Натпреварот на Шампионите. Таа ги победи 62 топ куглари за да ја освои титулата. Исто

4
така, таа го импресира и Били Џин Кинг, кој ја нарече нејзината победа „мотивациско и
инспиративно случување за жени и девојки кои се натпреваруваат на сите нивоа низ
целиот свет.“

5. Возење на тркачки коли

5
Во 2008, Даница Партик го освои Japan Indy 300, и со тоа стана првата жена која освои
голема авто трка.

6. Kaчување по карпи

6
Лин Хил е првата личност која слободно го искачи Nose Route на планитата El Captain во
Јосемит, во 1993 година. Хил била изнервирана поради тоа што женските натпревари по
качување биле полесни од машките, со помала награда.

7. Ултрамаратон

7
Памела Рид беше првата жена којашто го освои Badwater Ultramarathon (135 милји), и
беше прва и во 2002 и во 2003 година. Исто така, таа е првата личност којашто истрча 300
милји без воопшто спиење.

Потребно е да се направат поголеми напори за засилување на учеството на жените во


спортот и во спортските управувачки тимови, како и во борбата против дискриминацијата
и сексуално малтретирање. Ова е писмената порака што две водечки еврокомесарки ја
испратија денеска до претседателите на Олимпискиот и Параолимпискиот комитет, во очи
на Летните олимписки и параолимписки игри во Лондон 2012.

Летните ОИ ќе се одржат од 27-ми овој месец до 12 август, додека Параолимписките ќе се


одржат од 29 август до 9 спетември, па Вивиен Ридинг, потпретседателка на Комисијата
задолжена за правда и Андрула Василиу, која е одговорна во ЕК за образование, култура,
мултилингализам, млади и спорт, го поздравија фактот дека претстојната Олимпијада,
како и Параолимпијадата, ќе бидат првите каде жените ќе се натпреваруваат во сите
спортски дисциплини што се на програмата.

– Ова е важен пресврт во долгата борба за реален полов баланс меѓу мажите и жените во
спортот – се истакнува во писмото на еврокомесарките до Жак Рог (претседател на
Меѓународната олимписка организација-ИОК) и до Филип Кравен (претседател на
Меѓународната параолимписка организација-ИПЦ). Сепак, тие истакнуваат дека се
потребни поголеми напори за да се постигне “прифатливо” преставување на жените во
спортот и во управувачките тела на спортските организации.

Ридинг и Василиу истакнуваат дека половата еднаквост е еден од основните принципи на


Европската унија и фундаментално право, како и потребна состојба за соочување со
економските и социјални цели на ЕУ.

Стратегијата на Европската комисија за изедначеност на мажите и жените за периодот


2010-2015 ги дефинира клучните потези за полова еднаквост, кои се движат од тоа да се
обезбеди поголемо присуствно на припаднички на понежниот пол во управувачките тела
на компаниите до справување со родовото насилство. Комисијата веќе подржува неколку
проекти поврзани со половата еднаквост, во што се инвилвирани и Олимпискио и

8
параолимпискиот комитет, за што ЕК бара сите заеднички да создадат рамка за нивно
остварување. Тие веќе претставија и патоказ за полова еднаквост во спортот, со цел
владини и невладини организации да ги остварат целите до 2020 година.

Спортскито форум на Европската унија, кој е предвидено да се одржи на 19 и 20


септември во Никозија, Кипар, ќе дискутира за оваа идеја како дел од агендата за добро
управување во спортот.

Користена Литература

1. www.daily.mk/vesti/zhenite-i-sportot

2.www.wikipedija.com

3.www. 7women.biz/mk/pages/

You might also like