Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 3

Збивање и издолжување

Слободното ковање претставува таков процес на обликување кај кој


материјалот се озложува на многукратна пластична деформација на чекан или
ковачка преса, со употреба на универзален алат. Слободното ковање ги опфаќа
следниве операции: збивање, издолжување, свиткување, завивање, сечење,
пробивање и отворено продупчување.

Обработката со збивање претставува таква технолошка операција при која


висината на обработуваниот материјал се смалува при едновремено зголемување
на напречниот пресек, без примена на специјален алат. Процесот се изведува на
ковачки преси или на чекани и има за цел со пластично деформирање да ги подобри
механичките и другите експоатациони особини на материјалот. Притоа материјалот
треба да добие определена форма и димензии. Исто така, слободното збивање се
применува и како подготвителна операција со цел да се добие определена
претформа на материјалот, пред завршното ковање во алат.

Во текот на слободното збивање материјалот е изложен на притисок помеѓу


две рамни површини. Притоа, на допирната површина се појавуваат тангенцијални
напрегања, кои го отежнуваат течењето на материјалот. На допирната површина
тангенцијалните напрегања се по апсолутна вредност, максимални и опаѓаат кон
средината.

Слика 1. Напонска состојба при слободно збивање

1
Издолжувањето претставува слободна ковачка операција, при која на
работниот предмет му се намалува напречниот пресек на сметка на зголемување
на неговата должина. Ова се постигнува на тој начин што по секој удар на чеканот
или притиснување на пресата работниот предмет се свртува за 90 степени.

Операцијата издолжување се применува за формирање на ракавци на


вратила или на оски и слично. Со помош на издолжувањето, исто така се
изготвуваат тешки вратила и оски од излеани челични трупци. Всушност,
слободното ковање се состои од збивање и издолжување. Комбинирајќи ги двете
операции можат да се изработуваат и посложени делови без примена на
специјален алат.

Како најкарактеристични може да се издвојат издолжувањето на делови со


правоаголен пресек и издолжување на делови со кружен пресек. Издолжувањето
на делови со правоаголен напречен пресек се изведува како постепено збивање,
па затоа може да се претстави како постепено збивање на одделни сектори по
должината на предметот.

Слика 2. Издолжување на делови со правоаголен напречен пресек

Издолжувањето на делови со тркалезен напречен пресек се изведува при


ковање на големи вратила, оски и друго. При издолжување на валчести предмети,
а со цел да се добијат што поголеми степени на деформацијата, се применуваат
подготвителни и завршни операции. Со цел да се намалат или сосема да се
избегнат напрегања на истегање, подготвителните операции по правило, се

2
изведуваат со вдлабнати ударни површини. На тој начин се обезбедува трооскин
притисок по целиот напречен пресек што доведува до услови за пројавување на
повисока пластичност кај материјалот.

Удирачите со обли површини се употребуваат при завршните операции.


површината за дефинитивно обликување, има приближно ист радиус, како
завршниот предмет. Силата на деформацијата обично се определува за
завршината површина, кога површината на допирот е најголема, а температурата
на материјалот е најниска. Во таа фаза на процесот отпорот на деформацијата ќе
биде најголем и според тоа, меродавен за избор на машината.

Ковање на шупливи вратила се изведува со вметнат трн. При тоа ковањето


се извршува како и за полни вратила, на дводелни заоблени површини. Поради тоа,
издолжувањето се врши при постојан пречник на централната шуплина. Ковањето
на прстени и цилиндри со издолжување се изведува со различни ударни површини,
поради што материјалот се деформира само на мал ограничен сектор. Притоа, на
сметка на намалената дебелина на прстенот, се зголемува неговата општа
должина, односно пречникот, што е и цел на ковањето.

Користена литература

Лазаров, Ј., Стрезов, В., Машини и обработка со деформација, Скопје 1994

Стрезов, В., Обработка со деформација, Скопје, 1987

Стрезов, Д., Обработка со деформација

You might also like