Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Првиот став од сонатата оп.40 бр.

2 од Лудвиг ван Бетовен представува сонатна форма составена


од Експозиција, Развоен дел и Реприза. Делото е во тоналитет Г-дур.

Експозиција (такт 1- 59) е соградена од Првата тема, Мост, Втората тема и Кода.

Првата тема (такт 1-15) e во форма на период. Сограден е од првата реченица (такт 1-8) во
која што се изнесува главниот мотивскиот материјал во првиот четворотакт кој што се повторува за
октава повисоко со мотивски измени во делницата на левата рака. Втората реченица (такт 9-15) е
соградена од разработка на мотивскиот материјал кој што се изнесува во првата реченица и
проширен е со низови на осмини који што се движат во рамките на исти. Првата реченица
завршува на тоника, втората реченица завршува на доминанта.

Мост(такт 15-20) е фрагментарна структура во која што се разработува материјалот од


првата тема и целосно е изграден од триолскиот мотив со четвртина од почетокот на темата.
Мостот во тонална смисла не е многу разработен, се движи помеѓу доминанта и тоника за да го
одведе материјалот во Д-дур, доминантен тоналитет во однос на основниот и тоналитет во кој што
е втората тема.

Втората тема (такт 21-36) е во форма на период сограден од две реченици со сличен
мотивскиот материјал. Првата реченица (такт 21- -28) го изнесува главниот мотивскиот материјал
на втората тема уште во првиот двотакт на тоника, сега во Д-дур, и тој материјал се потоа
повторува и кратко разработува за да заврши на доминанта. Втората реченица (такт 29-36) е со
иста мотивска градба како првата реченица со разлика во тоа што тука материјалот се движи да се
заврши на тоника.

Кода (такт 36-52) е во форма на фрагментарна структура и почнува и се завршува во Д-дур.


Кодата почнува на тоника во Д-дур и се движи со осмини во лествичните низови на тоника и
триолски мотиви од првата тема на доминанта. Овие мотиви се сменуваат до разрешувањето на
водилка од Д-дур во такт 40 после кој што се наговестува Г-дур, но само на еден такт. Потоа од
тактот 42 материјалот се движи во лествични низови со почеток на тоника пратени со четвртински
акорди на доминантна функција. Од такт 48 пак се повторуваат триолските мотиви со четвртина од
првата тема помеѓу доминанта и тоника на Д-дур за да Кодата заврши со автентична каденца и
тоничниот трозвук во октавна положба.

You might also like