Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 20

ЧОВЕКОТ ШТО ГО СМЕНИ СВЕТОТ

Бидете внимателни со вашите мисли – тие се почеток на делата


Лао Це

Кога зборовите се совпаѓаат со мислите и делата тогаш тие се на фреквенција со Космосот


и со божјиот поредок. Поради тоа, таквите зборови имаат вистинска моќ и енергетски одраз во
реалноста. Таквите зборови не се само букви на хартија туку имаат алхемиско влијание за
позитивно менување на нештата.
Следователно, не можело да се избере поточен и помоќен наслов на книга - „Зборови, што
го менуваат светот“, која со ова издание и станува достапна и на македонската јавност, и во која се
поместени најважните политички настапи и говори на Човекот што го смени светот – рускиот
претседател, Владимир Владимирович Путин. Токму поради високиот вибрациски набој и
совпаѓање со Вистината, зборовите на Владимир Путин резонантно одекнуваат во срцата и
мислите не само на рускиот народ туку и кај милиони други граѓани на светот, што се потврдува и
со најновите меѓународни истражувања. Имено, со јазикот на рационалниот западен вредносен
систем, најголем број испитаници му веруваат токму на Путин, и тоа во 30 земји во кои
британската YouGov направила мерење на јавното мислење. Претседателот Путин е со најбрз
подем на листата од 3000 светски лидери, изгласан како еден од шестмината светски политичари
кои луѓето најмногу ги обожуваат. Значи, се поголем е бројот на приврзаници и поддржувачи на
Владимир Путин кои ја разбираат неговата борба да го трансформира светот од свет на англо-
американски хегемонизам во мултиполарен, со остварување рамнотежа во односите меѓу народите.
„Зборови, што го менуваат светот“ е компилација од најзабележителните говори на
Владимир Путин претставени на 400 страници. Антон Володин од младинската група „Мрежа“,
која во 2015г. ја објави книгата по повод 15-ет годишнината од владеењето на Путин, појаснувајќи
зошто се решиле на тој чекор вели: "Кога пред една година читавме еден од првите говори на
Владимир Путин забележавме дека неговите предвидувања се покажуваат точни, па решивме да ги
провериме сите негови други говори. И во основа излегува дека сè што е кажано е или веќе
исполнето или е во процес на реализација“. Насловната страница на книгата содржи точкаст сито
портрет на рускиот претседател покриен со негови кратки случајни афоризми, како што се: "Тие нѐ
тепаат а ние сме се посилни", "Русија е целиот мој живот" или "Пијам кефир".
Во книгата се собрани 19 статии и говори, почнувајќи со обраќањето на Путин на
Генералното собрание на ОН во 2003 година и завршувајќи со говорот на Путин на јубилејното 70-
то Генералното Собрание на ООН во септември 2015-та година. Исто така, го вклучува интервјуто
на Путин за СНН во 2008 година, кое како што спомнуваат авторите "се случи откако Грузија го

1
нападна Цкинвали" - референца за кратката таканаречена Петдневна војна на Москва со Тбилиси
околу Јужна Осетија, гледана од Западот како чин на руска агресија, иако тоа беше чин на руска
реакција на грузиската агресија врз Цкинвали – главниот град на Јужна Осетија во која што
загинаа околу 2000 цивили и 70 руски припадници на мировните сили.
Внатре во книгата, клучните цитати во говорите се обележани со задебелени букви, и
текстовите по потреба содржат фусноти со појаснувања од авторите на книгата. Во самиот Вовед
на книгата, во врска со првиот говор на Генералното Собрание на ООН во 2003 година, се
забележува дека Путин точно укажал на создавањето хаос во меѓународните односи доколку се
игнорираат ОН и другите институции на меѓународниот правен систем. Во оваа смисла, во еден од
своите многубројни јавни настапи Владимир Путин ќе предупреди дека од највисоко значење е
зачувување на статусот на Советот за безбедност на ОН. Оваа меѓународна организација ќе ја
загуби својата улога доколку не се почитуваат одлуките на Советот за безбедност. Доколку сите не
ги применуваме санкциите и одлуките на Советот за безбедност, поради унилатералните одлуки,
ОН ќе се претворат во пропадната Лига на народите. Обединетите нации мора да им служат на
интересите на сите држави, а не како инструмент на политиката на една единствена држава, во
случајот на САД, ќе нагласи Путин.
Книгата, исто така, го содржи целосниот текст на говорот на Путин на Минхенската
безбедносна конференција во 2007 година, кога Путин ги обвини САД за воспоставување или обид
за воспоставување на "униполарен" свет. Обраќањето на Путин пред рускиот Парламент и нацијата
на 18 март 2014 година, со пофалби за присоединувањето на украинскиот полуостров Крим кон
Русија, исто така, е вклучено во содржината. Во нијансирани тонови, Воведот постепено навлегува
во евентуалната моќ на Путин да предвиди, укажувајќи: "Ова се зборовите што ги предвидоа и
предодредија промените во глобалниот политички систем".

Путин – енигма за Западот


И покрај безбројните јавни настапи, говори и интервјуа, Путин и натаму останува енигма
за Западот. Таквото неразбирање всушност произлегува, не само од западното потонување во
канџите на неолиберализмот и во прангите на густата материјалност, туку пред се од западната
ароганција и исклучивост дека тие се секогаш во право и дека ниту еден светски политичар не
може (и не смее) да се спротивстави на нивната хегемонија.
Взаемните разлики можеби најдобро ги има дефинирано самиот Путин во едно од своите
многубројни телевизиски интервјуа дадени за западен медиум. Тој вели: „Денес ние речиси немаме
идеолошки разлики, имаме фундаментални културни и логички разлики. Во основата на
американската самосвест лежи индивидуалистичката идеја, во основата на руската е

2
колективизмот. Еден изучувач на Пушкин тоа го има опишано многу точно и јасно: Во „Однесено
од виорот“, се сеќаваме, хероината вели - не можам да замислам дека ќе гладувам - за неа тоа е
најважната работа. Во нашиот концепт, во концептот на рускиот човек има други цели. Тоа е
нешто што оди зад хоризонтот, нешто...душевно, нешто што е поврзано со Господ. Се работи за
различни животни филозофии. Значи, тешко е да се разбереме еден друг, но е можно“....
Можно е, но, судејќи по се, е тешко изводливо. Имено, дури и поранешниот американски
претседател Џорџ Буш со кого, се смета дека негуваа взаемни пријателски односи, не успеа
вистински да го разбере Путин. Буш првично искрено ќе појасни: „Не секогаш ми се допаѓа тоа
што го кажува, но тој отворено кажува што мисли и кога не критикува, и за тоа му верувам. Кога
првпат на средбата во Словенија во 2003 година, му погледнав в очи му ја видов душата и сфатив
дека е тоа човек на кој може да му се верува“. За жал, веќе во 2008 година кога дојде до
заладување на односите на релација Москва-Вашингтон поради воените активности во Грузија
истиот тој Буш, зборувајќи со Путин во текот на церемонијата на отворање на Олимписките игри
во Пекинг, ќе му рече дека тоа е сериозна грешка и дека Русија ќе се само изолира доколку не ги
повлече тенковите од Грузија. На одговорот на Путин дека Саакашвили е злосторник и дека ја има
испровоцирано Русија, Буш му возвратил: „Ве предупредувавме дека Саакашвили има врела крв“.
„И јас имам врела крв“, одговорил Путин. Буш го погледнал, велејќи му: „Не, Владимире, ти си
ладнокрвен“! Тоа е она што рационалните западни умови никогаш не можат да го разберат кога го
опишуваат Путин како човек со „железно лице“, не можат никогаш да ја разберат „словенската,
руска душа“. Не можат никогаш да разберат дека „славјанската душа“ е топла, смирена и
прозрачна, но исто толку и жестока, решителна, храбра, страстна, ладнокрвна, бескомпромисна,
неустрашива, кога треба да се заштити татковината и националниот интерес.
Кој е всушност човекот што ја одбележа модерната геополитичка стварност, свртувајќи го
текот на развојот на настаните и кој што американскиот империјализам го сведе на безориентирана
компјутерска програма која стана очигледна секому во светот? Кој е човекот што американскиот
хегемонизам го сведе на мултиполарен со повеќе играчи во светот?
Во така променет свет остана ЕУ да ги извршува валканите работи на англо-американците
кои избраа нова стратегија - да глумат неутралци кои не се мешаат во внатрешните работи на
државите! Во оваа смисла, британската премиерка Тереза Меј, во говорот во Филаделфија на 26
јануари 2017 година, шест дена по инаугурацијата на Доналд Трамп (во сопствено, а се чини и во
име на Трамп) изјави: "Деновите на Британија и Америка кои интервенираат во суверените земји,
во обид да го преобразиме светот според наша сопствена слика, се завршени“...Завршени бидејќи
се присилени или по нивна волја, едно е јасно: ним ниедна стратегија за владеење на светот не
може да им успее зашто е продукт на нивното ладно рацио, а не на срцето и душата. Тоа е

3
разликата меѓу Светлите и Темните и вечната борба меѓу нив, тоа е суштината на
геополитиката на двата различни светогледа, стара колку што е старо и човештвото.

Геополитичко „кузуши“ на Путин


На малкумина им е познато дека рускиот претседател Владимир Путин во 2004 година се
јавува како коавтор на фасцинантна книга за класично џудо насловена „Џудо: Историја, Теорија,
Практика“. Суштината на упатствата на Путин е за кузуши, борбена „уметност“ за тоа како да се
наруши рамнотежата на противникот. Страница по страница со помош на фини исцртувања, Путин
продорно ја објаснува заплетканоста на осум заднински потези кои ќе дадат резултат доколку
потфрли некој од отворачките зафати. По сите овие години, станува јасно дека во суптилната
геополитичка игра Путин постојано има заднински вешти зафати што ги чува во ракавите и ги
„вади“ на изненадување на противникот.
Еден од кузуши потезите се покажа уште во 2007г. на средбата Буш - Путин во
Кенебункпорт во Мејн, со предлогот на Путин не само за заедничко користење на радарот во
Габала, Азербејџан, туку и за заедничка употреба на рускиот ракетен одбранбен систем во Јужна
Русија. Тој предложи и едновремено формирање заеднички центар за размена на информации и во
Москва и во Брисел со што би се овозможило учество и на други европски земји во оваа нова
програма на колективна безбедност. Предлогот, според извештаите, навистина ги изненадил Џорџ
Буш и неговите соработници, но и покрај дозата на воздржаност, Буш предлогот на Владимир
Путин го нарекол „многу искрен, иновативен, стратегиски“. Интересно е дека рускиот претседател
Путин, кому неговиот домаќин Буш на одржаната прес конференција му честиташе дека е
единствен што уловил риба (во текот на рибарењето во кое учествуваше и Буш сениор), со својот
неочекуван предлог покажа дека е способен да го насочи курсот на стратегиските односи на
светските големи сили во поинаква област, исто како и со рибарењето, во јасни води. Разбирлива е
и почетната доза на резервираност кај Буш за ваквата „игра во бистри води“ зашто тој предлог во
суштина ја смени дотогашната концепција на „новиот светски поредок“.
Геополитичкиот „кузуши“ на Путин и тоа во „бистри води“ е негова потврдена вештина.
Тој на своите противници секогаш јасно и гласно, пред очите и ушите на целата светска јавност им
ги кажуваше забелешките за нивното несоодветно однесување на светската политичка сцена. Така,
од говорницата на ОН во 2003г. тој посочи каква треба да биде улогата на ОН во борбата против
тероризмот и дека ОН се должни да останат база на глобалната антитерористичка коалиција.
Но, со оглед што политичкиот партнер на Русија, САД продолжи со својата очигледна
стратегија тајно да ги финансира, креира и обучува терористите а декларативно да се „бори“
против тие исти терористи и терористички организации, во 2015г. Путин и практично покажа како

4
треба да изгледа таа борба против тероризмот кога на формална покана на сириската влада и со
претходно информирање на партнерот САД, на крајот на септември 2015 г. почна со „чистење“ на
теренот во Сирија од терористите на ИСИС. Ова беше уште еден од неговите кузуши потези при
што западната медиумска и политичка јавност остана буквално парализирана и без текст од
вчудоневиденост, не можејќи долго време да си верува на очите за хируршки прецизно изведените
акции на бомбардирање врз терористичките цели. Со овие акции Путин, всушност, ја осуети англо-
американската политика на хаос, окупација на Сирија и насилно менување на легално избраната
власт и претседател, со што целосно ја блокираше англо-американската политика во регионот на
Блиски и Среден Исток.
Имено, по започнувањето на "Арапската пролет" во Тунис во 2010 година, која потоа брзо
продолжи во Египет, Либија, Јемен, итн., доказите покажаа траги на американско финансирање и
поттикнување на "цветните револуции". Но, таканаречените "демократски промени" заглавија во
Сирија. Преземањето на Сирија од страна на САД не успеа и тоа беше голем неуспех за нивниот
замислен крај на „револуцијата Арапска пролет“. Едновремено, тоа беше проследено со уште еден
американски неуспех - случајот на Едвард Сноуден. Иако Сноуден го откри она што веќе беше
добро познато дека сите комуникации во светот се под нелегален надзор на американската тајна
служба, неговите откриени информации сепак го зацврстија впечатокот во јавноста дека САД
изгубиле голема битка во тековната геополитичка војна со Русија. „Шлаг на тортата“ за моќта и
сјајот на Русија во исто време, ставија Зимските олимписки игри во Сочи во февруари 2014г., што
Западот ги бојкотираше. Но, целиот свет беше сведок на вистинската слава во текот на
церемонијата на отворање, полна со светлина и симболи, славејќи ја радоста на животот во Русија
и изобилно покажувајќи ја богатата култура на руската нација и нејзината безвремена традиција.
Тоа за Западот беше последната капка што ја прелеа водата во чашата, бидејќи токму за
време на Зимските олимписки игри во Сочи, во Киев експлодираа безредија во февруари 2014
година. Всушност, надворешната политика на американскиот претседател Барак Обама беше
целосна катастрофа и имаше итна потреба од „шокантен настан“ за лечење на американската
фрустрација. Во таа смисла, Украина беше „запалена“ со странски организиран пуч против
законски избраната влада. Но, и оваа „револуција“ се покажа дури и поголемо разочарување за
САД, уште еден неуспех. Конечниот резултат на тој фашистички обид за целосно преземање на
Украина и стационирање на НАТО на самата руска граница, беше излегувањето на Крим од
Украина и негово присоединување кон Русија по гласањето „за“ на народниот референдум во
Крим.
Англо-американските, медиуми, аналитичари и политичари беа во состојба на шок цели
три месеци, и секојдневно се чудеа како рускиот претседател Владимир Путин се осмелил да го

5
"земе" Крим, но без да имаат било какви докази што би можеле да ја потврдат вмешаноста на
Русија спротивно на меѓународното право. Уште повеќе, во кузуши стил, Владимир Путин тие
денови си седеше во Сочи, гледајќи го мирно затворањето на совршено организираните Зимски
олимписки игри додека во Киев се одвиваше „холивудскиот филм“ - „Мајдан револуција“. Со
месеци западните набљудувачи и политичари не можеа да разберат како Путин воопшто имаше
храброст да не и се покори на политиката на САД. Таквото „помрачување на умот“ произлегува од
нивната арогантна ментална матрица и нивното убедување дека е нормално лидерите во ЕУ и во
т.н. "банана држави" без исклучок да се покорни пред англо-американската умислена супериорност
и желба за безочно владеење на државите и народите. Им требаа три месеци да си дојдат присебе,
да ја разберат реалноста, и потоа во нивен стил уште пожестоко да продолжат со политика на
ширење "валкан хаос" низ целиот свет.
Во тој момент неопходно беше нешто бомбастично што ќе го одвлече вниманието од
многуте очигледни порази на англо-американската политика. За таа цел го рекативираа ИСИС во
Ирак, кој во јуни 2014г. преку ноќ се најде на насловните страници на светските медиуми
контролирани од истиот „неолиберален газда“ што го перпетуира безбедносниот хаос низ светот.
ИСИС тогаш имаше армија од едвај 800 луѓе, но и покрај тоа за помалку од два месеца стана
сериозна опасност не само во Ирак туку и во Сирија. САД веднаш „сковаа“ план да ја „спасуваат“
Сирија што дотогаш не успеаја да ја окупираат, и почнаа да го бомбардираат ИСИС во Сирија што
се покажа неуспешно оти нивните проектили најчесто завршуваа во цели на владините сили на
Асад. Поради војната што САД со поддршка на нивните „умерени“ опозициони терористи ја
водеше против легитимната власт во Дамаск, на барање на сириската влада Путин нареди руски
воени воздухопловни и поморски сили на крајот на септември 2015г. да се вклучат во борбата
против терористите во Сирија. Руската воена технолошката надмоќ за која, како што тврдат
воените познавачи на САД ќе им требаат десет години да ја достигнат, беше главната причина
поради која англо-американците не продолжија со разгорување на своите воени активности во
Сирија.
Но, неолибералните американски структури под претседателство на Обама, продолжија со
пеколните планови во регионот, така што нивните инсталации во армијата на Турција на 24
ноември 2015г. соборија руски воен авион во сирискиот воздушен простор. Настана сериозно
заладување на руско-турските односи што беше главна цел на акцијата, со цел меѓу другото, да се
спречи реализацијата на договорот меѓу Москва и Анкара за изградба на руско-турскиот гасовод.
Русија воведе делумни економски санкции против Анкара, но Путин сепак мудро остана воздржан
од тешки зборови поради инцидентот. На креаторите на хаосот и тоа им беше малку и најверојатно
неможејќи сосема да го контролираат Ердоган на 15-ти јуни, 2016 г. се обидоа целосно да го

6
елиминираат турскиот претседател не само од власт туку и физички. Пучот не успеа, Русите вешто
му помогнаа на Ердоган спречувајќи дури и физички да биде ликвидиран по што дојде до целосен
позитивен пресврт во турско-руските односи, со јасно манифестирана намера на Ердоган Турција
да се придружи на Евроазиските интеграции.
Владимир Путин од говорницата на Генералното собрание на ОН во септември 2015,
осврнувајќи се на хаосот и човечките несреќи што САД ги генерираа низ регионот на Блиски и
Среден Исток и Северна Африка отворено ги запраша: „Јасно ли ви е сега што направивте? Се
плашам дека никој нема да одговори бидејќи политиката базирана на самовообразеност, убеденост
во сопствената исклучителност и неказнивост никогаш не била напуштена!“ Во текот на
годишниот состанок на руски експерти во октомври истата година, Путин рече дека САД сакале да
ги користат терористичките групи како "овен за борба за соборување на режимите што не им се
допаѓаат ... Секогаш е тешко да се игра двојна игра - да се прогласува борба против терористите,
но истовремено обидувајќи се да се користат некои од нив за преместување на делови на
Блискоисточната шаховска табла во сопствена полза".
Би одговориле и ние, се разбира, ништо за нивните злодела не им е јасно, човечката
несреќа им е апсолутно неважна, единствено им е jaсно дека не се во воена предност и дека се
напикани во ќоше. Тие, за жал, го разбираат единствено јазикот на силата. Но, политиката на
Путин, на средбата со американскиот претседател Трамп во јули 2017 година во Хамбург, конечно
придонесе да се постигне договор за прекин на огнот во Сирија и за враќање на мирот во оваа
намачена земја и тоа без промена на сирискиот претседател Башар ал Асад, што беше наводната
причина за американската воена интервенција во Сирија во 2005г.

Што го воздига Путин над сите други водачи на 21-от век?


Владимир Путин многупати ја покажал и својата истенчена смисла за хумор што е одлика
на интелектуално и духовно високо издигнати поединци. Ќе споменеме само еден пример кога на
прашањето кој ја води земјата додека тој и премиерот Дмитри Медведев спијат, тој во духовит стил
ќе одговори: „Премиерот Медведев и јас спиеме на смени. Се е под контрола, не мора да се
грижите“. Но, со целосна сериозност и убедливост Владимир Путин ќе порача дека „Нема, ниту
ќе има сила која може да го пороби рускиот народ“, во говорот од Црвениот плоштад во Москва на
09 мај 2017г. за време на парадата по повод победата над фашизмот во Втората светска војна.
„Лекциите од минатото не повикуваат да бидеме внимателни. Нашите оружени сили може да го
одбијат било кој напад и да реагираат на било која закана“, рече рускиот претседател, додавајќи
дека Русија е отворена за соработка и секогаш е на страна на силите на мирот.

7
Откако Борис Јелцин, тогашниот претседател на Русија, во 1999г. го назначи Владимир
Путин за премиер, тој, од првиот ден, покажа дека не е подготвен да попушта кога станува збор за
рускиот државен интерес и дека сака да го врати угледот на својата земја на меѓународната арена.
Кога Путин ја презеде власта во текот на зимата 1999-2000, неговата земја беше економски
ослабната и разорена од новите клептократски елити кои беа во дослух со старите империјални
ривали, Американците. Путин го смени тоа. Во првата деценија на овој век, тој го направи она што
Кемал Ататурк го стори во Турција во 1920-тите. Од растурена советска империја, тој ја воскресна
националната држава, и и даде кохерентност и цел. Путин ги дисциплинираше плутократите на
неговата земја и и ја врати нејзината воена моќ. Тој одби да ја прифати корумпираната улога што на
Русија и ја имаа определено протагонистите на еден англо-американски светски систем составен
од странски политичари и бизнис лидери. Неговите гласачи и високиот рејтинг веќе 17 години на
ред се признание дека рускиот народ знае и го цени фактот дека Владимир Путин ја спасил
нивната мајка земја.
Неговите импресивни чекори во насока на создавање силна Русија објаснуваат зошто тој е
почитуван дома и во руската дијаспора, а за тоа не помалку придонесува и неговата надворешна
политика. Путин застана против Западната замисла за тоа што треба да биде иднината на
човештвото. Тој им се приклучи на традиционалистите на Западот и против она што самите тие го
презреа во сопствената декадентна цивилизација. Путин го отфрли Новиот светски поредок
воспоставен на крајот на Студената војна од страна на САД. Спротивставувајќи им се на
американските владејачки елити тој зборува и во името на оние милиони Европејци кои сакаат да
ги обноват своите национални идентитети и да го вратат изгубениот суверенитет на државите кои
се под превласт на над националната Европска Унија. Путин, исто така, застана против моралниот
релативизам на западната елита која се оддалечи од своите христијански корени прифаќајќи го
секуларизмот и хедонизмот.
Владимир Путин стана симбол на националниот суверенитет во борбата со
„атлантистичкиот, либерален или соросоиден глобализам". Тој цврсто го зари знамето на Русија на
страната на традиционалното христијанство. Многу евро-атлантски земји се оддалечија од своите
корени, а меѓу другото и од христијанските вредности, ќе предупреди Владимир Путин во еден од
своите неодамнешни јавни настапи. Тие водат политика што го изедначува семејството со повеќе
деца со хомосексуалните бракови, вербата во Бог ја заменуваат со вербата во Сатаната. Рускиот
претседател застана цврсто против хомосексуалната пропаганда, против абортусот по третиот
месец на бременоста и негова реклама, но се заложи и за забрана за навредување на верските
чувства.

8
Односите на Путин со највисоки раководители во Вашингтон не се идилични, најмногу
поради тоа што САД преку НАТО постојано како цел ја имаат руската граница и ја засилуваат
својата противракетна одбрана на европско тло. Сите преговори со Москва, всушност, беа обид за
мамење на руската и светската јавност. Дека Русија нема ниту најмала намера да делува офанзивно
против Западот, Путин кажа јасно и гласно уште на 10-ти февруари 2007 година во Минхен, на
Меѓународната конференција за безбедност. Тој објасни дека "еднополарниот свет" всушност
значи дека постои еден центар каде што се одлучува. Присилната "демократизација на земјите" се
спроведува со употреба на воена сила, а тоа, како што нагласи Путин, само води од конфликт во
конфликт и го турка светот во амбис. Америка си го присвојува правото да им наметнува на
другите држави она што Вашингтон смета дека е корисно не само во политиката и економијата,
туку и во хуманитарната сфера.
Рускиот претседател потсети дека западните лидери, кога се распадна Варшавскиот пакт,
ветија дека НАТО нема да "влезе" во поранешните социјалистички земји, но сосема очигледно не
го исполнија тоа. Спротивно на ветувањата направени за време на распадот на СССР, НАТО се
зголеми со 13 нови европски земји, кои се сите потенцијални домаќини за воените бази на САД /
НАТО. Многу од овие земји сега се дел од системот на противракетна одбрана поставена на
европско тло. И од другата страна на Русија, со договор од јули 2017, САД го распореди ТХААД
антиракетниот систем во Јужна Кореја. Ова значи дека САД би можеле прво да започнат нуклеарен
напад врз Русија, и потоа да ги соборат и проектилите со кои што Русија би одговорила во
самоодбрана. Целата ситуација е крајно нестабилна и опасна зашто Русија има повеќе од 7.000
единици нуклеарно оружје.
"Русија е земја со илјадагодишна историја и практично секогаш имала привилегија да води
независна надворешна политика. Таа традицијата ќе продолжи и во иднина ", истакнува Путин,
објаснувајќи ги американските игри во трката со вооружување и меѓународната безбедност.
"Русија ги исполни своите обврски во рамките на Договорот за конвенционално оружје и ја намали
нејзината армија за 300 илјади луѓе. А што беше одговор од другата страна? Источна Европа
наполнета со ново оружје. САД направи две нови бази во Бугарија и Романија, како и инсталација
и радар во Чешка и ракетни пресретнувачи во Полска“. Рускиот претседател објасни дека
американскиот противракетен автоматски систем е всушност дел од нивниот нуклеарен
потенцијал. „Би сакал да ви го свртам вниманието дека за прв пат во Европа се појавуваат
елементи на противракетна одбрана на САД. Тоа ја менува целата конфигурација на меѓународната
безбедност. Иран има ракети со дострел од 5000-8000 километри, што беше главното оправдување
и објаснување на САД зошто распоредуваат антиракетен систем во непосредна близина на руската
граница во Европа. Ваквите објаснувања се неубедливи во најмала рака, ако не и смешни, особено

9
со постигнувањето на договорот за контрола на иранската нуклеарна програма меѓу САД и Иран
во 2014г. Нашите воени специјалисти веруваат дека ќе бидат доведени во прашање безбедноста и
интересите на Русија. Овој систем ќе биде во можност да допре до Урал. Затоа ние сме принудени
да реагираме за да бидеме способни да се одбраниме. При тоа ние нема да правиме скапи
антиракетни системи туку многу поевтини и поефикасни кои ќе ја обезбедат рамнотежата во
светот. Русија не сака никого да нападне. Ние не сме расположени за конфронтација, туку за
дијалог, но дијалогот на еднакви, што ќе се води сметка за интересите на другите“, упорно
објаснува и повторува Путин со цел да постигне ефект на вразумување кај Западните партнери.
"Една од најголемите тешкотии е што некои сметаат дека нивното мислење е крајната
вистина. Тоа не создава атмосфера на доверба што е потребна за да се постигнат оптимални
решенија. Во исто време, јас не мислам дека треба да се драматизира ситуацијата. Ако ние даваме
мислења отворено, искрено и принципиелно, тоа не значи дека ние посакуваме конфронтација.
Длабоко сум убеден дека во меѓународната арена може да создадеме атмосфера за компромис, тоа
ќе биде во корист на сите. Главниот проблем во односите меѓу Русија и САД, е што Американците
сакаат постојано да не учат нас Русите. Постојано ни повторуваат дека чекале на нас да не
прифатат во нивното цивилизирано западно семејство. Но, зошто мислите дека вашето семејство е
најдобро цивилизирано? Постојат многу постари цивилизации од САД. Во современиот свет не
може повеќе односите да бидат такви. Наместо тоа треба да се воспостави сосема различен систем
на односи, не само во однос на интересите на другите луѓе, но, исто така, да се создадат
унифицирани правила, кои ќе се базираат на меѓународното право. Ако се оди строго по овие
правила, резултатот ќе биде стабилност во светот и заштита на интересите не само на малите, но
исто така и на големите земји, дури и на супер држава како САД."
Путин нагласува дека Русија нема намера да биде супер-држава за да доминира во
модерниот свет и да им го наметнува своето мислење на другите земји и дека не сака никој да
командува. "Ние сакаме да имаме доволно енергија за себе, да се заштитат нашите интереси, и да
имаме многу добри односи со соседите и големите партнери, кои се заинтересирани за развивање и
зацврстување на односите со Руската Федерација“.
Но, спротивно на тоа, американскиот комплекс на воена индустрија е зависен од
генерирањето глобални конфликти, од континуираното ширење на постојните околу 800
американски воени бази ширум светот, од 600 милијарди американски долари годишен воен буџет
и 35 милијарди долари извоз на оружје. Војните, исто така, значат огромни долгови за нациите,
што е токму она што го сакаат меѓународните банкари. Глобалните корпорации се привлечени кон
еден униполарен свет, бидејќи тоа им гарантира монопол, евтина работна сила и суровини и
пристап до потрошувачите. „Социјалните инженери“ и „културните менаџери“ се потпираат на

10
монолитни корпоративни медиуми кои ја шират истата пропаганда низ целиот свет. Дали овие
сили имаат било каква намера да прифатат мултиполарен свет? Тешко е да се верува зашто имајќи
ја предвид нивната бескрупулозна, арогантна и грамзива ментална матрица многу поверојатно е
дека ќе го втрунат светот во катастрофални војни, потенцијално дури и нуклеарна војна.
Неолибералните глобалисти и соросоидите во Америка продолжуваат со својата „агенда на
зло“. Најновата нивна инвенција е ширењето русофобија која е толку интензивна како што беше во
екот на Студената војна, кога американската јавност беше опседната со бомбашки засолништа. Со
помош на „русофобијата“ атлантистите денес менуваат и влади на Балканот, поставувајќи свои
марионети и борејќи се против наводните намери на Русија да ги менувала границите на Балканот
и да го засилува своето влијание. Меѓутоа, целата драма за руското хакирање на американските
избори и контакти на високо ниво е димна завеса. Вистинскиот конфликт е во врска со
геополитичката борба за власт, за доминација во светот, која вклучува стотици трилиони долари,
масовни суети на макијавелистичките елити и нации управувани од сеќавање на минатото и нивни
замисли за иднината.
Токму во такво време кога повеќето политичари во светот коленичат и молат или не се
осмелуваат ни да го изустат главниот шеф и глобален полицаец кој седи во Вашингтон, Владимир
Путин зборува отворено она што мислат многу луѓе. Зборува, објаснува, но кога треба и делува
решително со цел создавање на подобар и побезбеден свет. Неговата храброст е она што го
воздигна Владимир Путин да се разликува од сите други водачи на 21-от век.

Путин и Македонија
Ставовите на една владејачка елита, во нејзиниот внатрешен свет, обично е тешко да се
согледаат. Ова е особено случај со руската елита. Сепак, можно е да се разбере нешто за денешната
геополитичка визија на Русија и преку деловите кои се обвиткани во историска алузија. Од
огромниот број историски книги и особено историски филмови, кои се продуцирани со директен
поттик на руската влада, ниту еден не дава толку комплетна визија за глобалната улога на Русија,
како што тоа го прави документарниот филм Падот на империјата – Византиска лекција
(Византиски урок). Филмот е продуциран од архимандрит Тихон Шевкунов, старешина на
манастирот Сретенск во Москва. Иако направен на почетокот на 2008г., останува релевантен за
добивањето внатрешен поглед на ставовите на руската елита. Имено, отец Тихон, според рускиот
печат, е исклучително близок до рускиот премиер Владимир Путин и на некој начин важи за
неформален иако невообичаен портпарол на руската елита.
Архимандрит Тихон (роден 1958 г. во Москва како Георги Александрович Шевкунов) пред
да се замонаши студира филмска продукција. Неговата прва работа како режисер и наратор,

11
документарниот филм „Падот на империјата: Византиски урок“ беше прикажан на почетокот на
2008г. и предизвика вистинско бранување не само во Русија, туку и на Запад! Филмот се занимава
со деградацијата на Византиското царство и објаснува како империјата ја загубила својата
“способност да одговори на историските предизвици”.
Отец Тихон го сметаат за лидер на најконзервативното крило во рамките на Руската
православна црква блиско до новиот патријарх Кирил. Отец Тихон молчи за постојаните гласини
дека тој е исповедник на Путин и неговата фамилија, но не ја крие својата верност кон него. Во
2001 г., Шевкунов вели: “Владимир Путин е вистински православен христијански верник ...
кој се исповеда, зема Причест и ја реализира својата одговорност кон Бога за високата
служба што му е доверена, и за неговата бесмртна душа ... Кој навистина ја сака Русија и ì
посакува добро, може само да се моли за Владимир, поставен на чело на Русија по Божја волја
“(Известиа, 8 декември 2001 г.), порачува отец Тихон.
Филмот „Византиски урок“ можеше да го види и македонската јавност во јуни 2008г., дури
и репризно на една од македонските национални телевизии. Генерално, овој филм во кој отец
Тихон се јавува како наратор, се занимава со Византија и падот на империјата по цели 1.123 години
постоење под налетот на отоманските Турци во 1453 г. Сепак, алузијата на сегашноста е очигледна,
и за гледачите нема сомнеж дека филмот не се однесува на далечното минато, туку на Русија денес,
што отворено го признава и отец Тихон во едно свое интервју. Поентата на филмот е дека
Византија како голема православна христијанска цивилизација, не само што не беше еднаква на
христијанскиот Запад, туку апсолутно супериорна со својот културен сјај и богатство и со својот
економски развој.  Отец Тихон како добар познавач на византиската историја објаснува дека тоа
што Византијците гледаа на Западот како на свои христијански браќа беше погубно за
Константинопол. Имено, крстоносните војски на Ватикан наместо да се борат против
муслиманските отомански војски, во 1204 г. го разорија Константинопол како главен град на
Византија. Огромното ограбено богатство од империјата подоцна стана финансиски темел на
европскиот економски развој. Крајната порака во филмот е дека падот на Византија се должи на
нејзиното верување и пријателство кон Западот (Ватикан) и дека за да преживее Русија треба да
им се врати на своите праисконски вредности: православие и силна моќ. Опкружена од сите
страни, Русија треба да се справи со своите непријатели на ист начин како што тие се справиле со
Византија: Русија треба да го користи Запад против Исток, а Исток против Запад. По ова,
разбирливо е зошто филмот на отец Тихон е интересен за модерниот Запад.
Но, она што беше шокантно за нас е дека во едноиполчасовниот филм преполн со нарација,
отец Тихон ниту еднаш не го споменува зборот “Македонец или македонски” иако е добро познато
дека токму Јустинијан (роден во Таор кај Скопје како Македонец) ја издигнува и територијално и

12
духовно Византиската Империја. Исто така, во сите византиски истории прецизно пишува дека
својот зенит царството го доживува за време на владеењето на македонската династија од 850 до
околу 1060 г., уште поконкретно за време на големиот цар Василиј II Македонец.
Отец Тихон раскажува: “Правниот систем што стана основен темел на сите видови закони
во повеќето современи влади беше монументално создание на византискиот правен систем за
време на владеењето на царот Јустинијан. Системот на основното и високото образование за
првпат е развиен во Византија; тука, во 5 век се појави првиот универзитет. Најстабилниот
финансиски систем во историјата на човештвото беше создаден во Византија и постои во речиси
непроменета форма повеќе од илјада години. Современата дипломатија со нејзините основни
принципи, правила на однесување и етика беше замислена и рафинирана токму во Византија.
Инженерството и византиската архитектонска уметност се незаменливи. Дури и денес, познатото
дело на византиските мајстори како што се куполите на Св. Софија (изградена токму од царот
Јустинијан з.м.) го вчудоневидува светот со своето технолошко совршенство”. Накратко, би додале
дека целокупниот систем на Византија (име што ова Источно Царство подоцна го има добиено
заради научна класификација) е копија на системот од царството на Александар Македонски.
Отец Тихон вели: “Ниту една друга империја во историјата на човештвото не траела колку
Византија - 1.123 години. Зо споредба: големата Римска империја пропадна 800 години по своето
основање; Отоманската империја се распадна по 500 години, кинеското Кинг (или манџурското)
царство по 300 години. Руската империја траеше 200; Британската, 150 години; Австро-унгарската
империја траеше околу 100 години. За време на својот зенит Византија е дом на една шестина
население од целиот свет. Империјата се протегала од Гибралтар до Еуфрат и Арабија. Таа ги
опфаќа териториите на модерна Грција и Турција, Израел и Египет, Бугарија, Србија и Албанија,
Тунис, Алжир и Мароко, дел од Италија, Шпанија и Португалија”.
Во текстот отец Тихон ги споменува Словените, па вели дека дедото на Константин VII бил
од маж Ерменец и жена Славјанка од Македонија. Зарем не изгледа нелогично што Славјанин од
Русија или од Полска е Русин или Полјак, а Славјанин од Македонија не е Македонец?!
За царот Василиј II, отец Тихон пишува дека му е кум на големиот руски принц Владимир, но не
пишува дека Василиј II е нарекуван и запишан секаде Македонец. Истиот оној Василиј Македонец
што никогаш не го призна крунисувањето на Самуил за цар од страна на римскиот Папа. 
Отец Тихон споменува дека Славјаните се “наши предци”. А Славјаните, според веќе
цитираното од неговиот филм, се од Македонија. Нема потреба да се споменува дека токму во
периодот кога во Цариград владееше македонската династија во 9 век, Русија го прифати и
христијанството и писмото и јазикот на Кирил и Методиј.

13
На се ова укажавме во септември 2009г. во анализата објавена во македонскиот неделник
„Форум“. Притоа, заклучивме дека Отец Тихон како Божјо чедо, кога-тогаш ќе ја допре и изусти
вистината и името на своите духовни предци. Зашто неприродно и богохулење е да ги игнорира на
таков начин своите прадедовци. И тоа навистина се случи седум години подоцна во 2016г. кога
отец Тихон според божја волја ја посети и осозна Република Македонија.
Инаку, Петар Велики, во 1772г. во својата книга „Потеклото на Името, Славата и
Ширењето на Словенските Народи“, запишал: „Еремија „Русјанинот“, наш добар историчар, во
Московските Летописи пишува јавно дека Русите и древните Македонци зборувале ист јазик.
Македонците под водство на својот цар Филип ги принудија гордите „грчки“ градови да ги
почитуваат нивните закони, и го ставиле целиот Пелопонез под нивно владеење“.
Има безброј стари руски книги што прецизно ја прикажуваат историјата на светот и кои
јасно ја потврдуваат големата историја на Македонија и нејзините кралеви и цареви. Една таква
огромна историска читанка во 2009г. беше изложена во просториите на Националната библиотека
на Република Македонија. Станува збор за совршено фототипско издание на првата во светот
илустрирана историска библија или енциклопедија, во која во летописна форма и со прекрасни
илустрации е дадена историјата на светот од самите библиски почетоци. Ова монументално дело
создадено во средновековна Русија го нарекуваат уште и Царска книга, а се состои од десет
огромни книги, при што поголем дел од втората книга му е посветен на Александар Македонски,
Царот Македонски, и на Македонија, како што стои во оригиналот и каде што е забележано дека
токму Александар Македонски на својот поход кон исток го основал Цариград. Огромен дел од
третата книга пак говори за почетокот и процутот на таканареченото Византиско Царство
благодарение на македонската династија во Цариград, при што најзначајно место во летописот му е
дадено на Василиј Втори Македонецот и неговите македонски наследници.
Поради се ова и не бевме зачудени од изјавата на рускиот претседател Владимир Путин на
24 мај 2017 дека ним писменоста им дошла од Македонија. Честитајќи му на македонскиот
претседател Ѓорѓе Иванов во Москва за добивањето на наградата „Неговата светост патријарх
московски и на цела Русија, Алексеј Втори" за 2016 година, за обединување на сите христијански
народи, Путин, нагласи дека „тоа е специјален ден и за Русија – денот на Словенската писменост и
Кирилската азбука која, како што сите знаеме, ни има дојдено од Македонија“. Владимир Путин не
само што знае, туку секогаш има сила и да ја признае Вистината.
Имајќи ги предвид ваквите историски согледувања во Русија, не зачудува и информацијата
што своевремено ја емитуваше АФП и што никој ја нема демантирано. Имено, кога рускиот
претседател Владимир Путин првпат ја посети Грција во декември 2001, домаќините го однеле во
Кутлеш (Вергина) да му ги покажат прекрасните златни артефакти во македонската царска

14
гробница. Грците, според веста на АФП, доживеале вистински шок кога Путин, не запирајќи пред
книгата за впечатоци, само изустил - „фасцинантно, но тоа и онака не е ваша историја“.
Путин, во клучни моменти, секогаш и давал и политичка и конкретна поддршка на
Република Македонија. Така беше во 2001г. кога Македонија беше под терористички напад од
тогашниот протекторат Косово на нејзината северна граница кадешто за безбедноста беа
одговорни силите на КФОР и американските војници од воената база на САД на Косово -
Бондстил.
За да нема двоумење, треба да се знае дека украинската држава која во 2001г. и пружи
помош на македонската влада за набавка на воени хеликоптери, беше децидна дека со оглед на
притисоците од Западот, воената соработка со Македонија била можна само благодарение на
поддршката од Русија. „Вршењето притисок врз Украина за да престане да и’ доставува оружје на
Македонија е апсолутно недозволиво. Ова не е ништо повеќе од империјалистичка американска
политика, политика која што ја спроведуваат луѓе кои што се навикнати да бидат послушани
секаде и секогаш”, изјави тогаш Владимир Маленкович кој се наоѓаше на чело на комисијата за
граѓанско општество, под надлежност на тогашниот украински претседател, Леонид Кучма.
Зборувајќи за посетата на шефицата на американската дипломатија Кондолиза Рајс на Украина и
нејзиниот притисок за запирање на доставата на оружје за Македонија, Маленкович откри дека таа
демонстрирала “тотално диктаторска реторика при што доминирале закани и бесконечни
шпекулации за слободата на говорот и човековите права”. Во оваа смисла и тогашниот
еврокомесар Солана вршел притисок врз Украина да ја смени својата надворешна политика кон
Македонија, изјави Маленкович. И во однос на Рамковниот договор, Владимир Путин беше
единствениот светски политичар кој во 2001г. ги осуди двојните стандарди на Западот велејќи дека
меѓународната заедница не може да има двојни стандарди, односно таа да протежира права за
албанското малцинство во Македонија а такви права да не признава за бројното руско малцинство
во прибалтичките земји.
Македонската јавност, всушност, никогаш не дозна колку навистина Русија и Путин и
помогнаа на Република Македонија во 2001 г., и тоа остана под превезот на тајност. Но, едно е
факт дека македонските политичари и тогаш и до ден денес, без оглед на зборовите и делата и
личниот ангажман на Владимир Путин да и помогне на Македонија, никогаш не покажале
вистинска храбра определеност за соработка и стратегиско партнерство со Русија, плашејќи се
најверојатно од канџите на западната либерална владејачка елита.

Зошто навидум малата Македонија е важна во оваа најнова геополитичка борба?

15
Светот сe позасилено се соочува со последиците од создавањето нов геополитички
поредок. Ниту колапсот на Советскиот Сојуз и биполарниот свет, ниту последователното
наметнување на проамерикански „демократии“, не значи дека е стигнато до крајната точка во
битката за глобална превласт. Нашиот современ свет дефинитивно не стана „Нов светски поредок“
– американски концепт што беше актуелен осумдесеттите години од минатиот век. Не стана ниту
светски поредок според концептот за униполарност што доминираше во деведесеттите, односно по
завршувањето на Студената војна. Денес постои транзиција од светскиот поредок што го знаевме
во 20-тиот век во мултиполарен модел чиј изглед допрва целосно ќе биде дефиниран. Прашање е
што ќе превладее, дали униполарна (англо- американска) светска влада или мултиполарен свет на
национални држави? Или можеби ќе се соочиме со светски хаос?
Играта е почната и во неа Евроазија останува главна награда. Според геополитичкиот
императив на Халфорд Мекајндер од пред еден век, оној кој ја владее Источна Европа го
командува Kопното, оној кој го владее Kопното го командува Светскиот остров и тој го владее
светот. Kопното, за целите на геостратегиското размислување според Мекајндер, ги вклучува
Балтичките држави, пловниот Среден и Долен Дунав, Црното море, Мала Азија, Ерменија,
Персија, Тибет и Монголија. Тој појаснува дека тука спаѓаат брандербуршка Прусија, Австро-
Унгарија и Русија. Поимот на Светски остров од денешен геополитички аспект некои теоретичари
го прошируваат на Евроазија, Среден Исток со јужното крило, внатрешниот азиски регион
вклучувајќи ги постсоветските делови на Централна Азија, како и Авганистан, Иран, Пакистан и
значителен дел од Јужна и Источна Азија.
Затоа, Евроазискиот концепт на Владимир Путин што тој на почетокот на октомври 2011 го
претстави во текст под наслов „Новиот интеграциски проект за Евроазија - Иднина во создавање“
предизвика длабока и трајна загриженост на Западот. Особено по најавата на Путин за формирање
Евроазиска унија меѓу Русија, Kазахстан и Белорусија како почеток на неговиот амбициозен план
да се достигне повисоко ниво на евроазиско интегрирање. Меѓу креаторите на руската политика
владее мислење дека ако Русија сака да соработува со Европа и Западот врз база на еднаквост,
мора да ја користи Евроазија како база. Притоа руската надворешна политика не навлегува во
замката од пред еден век, кога парирајќи им на англосаксонските обиди за навлегување во Азија,
тоа го правела преку активностите на многумина езотерици кои се обидувале да ги разоткријат
азиските духовни тајни. Денешниот руски надворешнополитички пристап не се потпира на
таквите мистични извори на културна и физичка блискост со Азија. Ниту, пак, целта на
Евроазиската унија ја гледа како духовно наследство на Советскиот Сојуз. Денешниот евроазиски
концепт се однесува на географскиот контекст во кој мора да се остварат најважните руски
надворешнополитички цели. Во врска со тоа, како дел од евроазиското обединување, со

16
потпишувањето на договорот од Шангај во 1996 година меѓу Русија, Kазахстан, Kина, Kиргизстан
и Таџикистан се формираше Шангајската група за воена соработка на која во 2001 година и се
придружи и Узбекистан. Монголија има статус на набљудувач, како и Иран. Индија, Пакистан и
Туркменистан станаа членки на Шангајската Организација за Соработка (SCO) на 9-ти јуни 2017г.
во Астана, Казахстан.
Да резимираме, геополитиката за основа го зема постоењето на два крајно спротивставени
субјекта на светската политичка историја – атлантизмот и евроазијатството, Море и Kопно.
Односно, јасно спротивставени интереси, планетарен двобој меѓу САД - Атланта и Русија-
Евроазија, меѓу темниот и светлиот вредносен систем!
Неодминливо се наметнува прашањето може ли Балканот да се смета како мост меѓу
Атлантскиот и Евроазискиот простор? Или можно ли е да се има успешен атлантски или
евроазиски пристап без да се доминира Балканот?
Најголемиот современ руски геополитички мислител, Александар Дугин, северниот дел на
Балканскиот Полуостров од Србија до Бугарија го означува како „Руски Југ“. Според Дугин, сите
држави кои припаѓаат на православниот источен колективитет, Романија, Македонија, Србија,
Српска Босна, дури и Грција, со време ќе станат членки на евроазиската заедница. За да се спречи
тоа, од аспект на атлантистите, важно е на сите геополитички процеси да им се даде директно
спротивставен карактер, односно да се оневозможи посилен сојуз меѓу православните земји на
Балканот. Пред се, императив за „морската сила“, т.е. за атлантскиот концепт е да ги поддржи
проатлантските сили на северниот Балкан (Хрвати и муслимани), а покрај тоа, да ги оддели Србија
и Бугарија од геополитички сојуз со Грција. За тоа најзгодно од се` е да се искористи Македонија,
која ќе може да ги разруши сите атлантистички континентални проекти во тој регион, смета Дугин.
Станува јасно дека на Западот му останува Македонија како најважна за спречување на
зголеменото руско влијание на Балканот, односно против воспоставување регионален сојуз на
православните балкански земји. Затоа, од една страна, во итен интерес на НАТО е да ја зачлени
Македонија што побрзо со цел остварување на англо-американскиот, Атлантистички концепт за
неширење на Евроазиското влијание. Од друга страна, темните Атлантисти имаат ултимативен
интерес Македонија да си го смени сопственото име а со тоа и идентитет, што е услов формално
наметнат од Грција, но суштински поддржуван од Атлантистите, поради што досега се одложуваше
зачленувањето на Република Македонија и во НАТО и во ЕУ. Неодбегливо се наметнува
прашањето зошто им е бришењето на името Македонија и македонскиот културен идентитет толку
битен на Темните сили во светот. Тоа вистински може да се разбере единствено доколку
геополитичките современи случувања се анализираат во езотериска, духовна димензија.

17
Геополитиката, Македонија и знаците на Времето
Геополитичката реалност во светот го наметнува прашањето за знаците на Времето
опишани во пророштвата на трите големи религиозни системи на христијанството, јудаизмот и
исламот. За познавачите на есхатологијата, крајот на светот е претскажан во нивните верски книги,
за христијаните тоа се однесува на Армагедон (АрМГД), за eвреите на Мегидо (МГД), а за
муслиманите принцот кој ќе биде присутен тогаш е Мах(г)ди (МГД). Уште пред сто години, Едвард
Покок, англиски ориенталист и библиски проучувач, името Македонија го поврзува со Магада
преку Макадониа (МК(Г)Д). Тој вели дека Магада (Макадониа) е Мегидо, е Армагедон. Магада
како збор постои во Ведските записи и е еднаков со зборовите „Крита“ и „Сатја“ со значење
„светла“ па оттука Макадониа (Македонија) значи Светлина, исто така. Во словенските јазици,
како што е македонскиот, ведскиот (санскрит) збор "Сатја" постои како "сватја, света, светла". Во
ведскиот речник "Сатја" е квалитет на добрина или чистота и знаење, вистина, искреност,
веродостојност. "Крита или крта", како синоним за "Сатја" значи "време на раѓање, духовно
раѓање" (на словенски и на македонски јазик ", „рта" значи токму "да се појави, да се роди").
Интересно е тоа што во Веда друг збор за "крита" е Магада (МГД) а се однесува на земјата на
Магада или луѓето на Магада односно на Македонија.
Сите древни духовни записи кажуваат дека решавачката битка за човештвото е поврзана со
Македонија, што е сосема логично кога се знае дека тоа е местото поврзано со самиот Постанок!
Во најстарите Ведски записи стои дека само таа земја никогаш не може да биде уништена, зашто
од неа како зраци низ светот се ширеле божјите знаења запишани во Светлината. Затоа и
словенската писменост се прошири од Македонија преку македонските браќа Кирил и Методиј!
Затоа и записите на Знаењата од Светлината (познати како Херметички знаења) се пронајдени
токму во Македонија. Според француската филозофка Франсоа Бонардел „манускриптот бил
пренесен од Македонија во Фиренца“ и од оригинални текстови, за прв пат, бил преведен на
латински јазик од Фичино кој го подготвил за печат наведениот избор познат како Corpus
Haermeticum. Поточно летото1460 г. ....еден тоскански монах по име Леонардо ди Пистоја бил
пратен во повеќемесечна опасна мисија во Македонија од просветениот и неизмерно богатиот
дужд на Фиренца Козимо ди Медичи, кој го задолжил таму да бара ретки древни
трудови.....Леонардо ди Пистоја навистина успеал да ги открие книгите во Македонија а во нив се
содржело знаење, припишувано на самиот Тот, богот на знаењата кај Египјаните (тие го нарекувале
и П‘Еон -Светлина), а темните Грци го преименувале во Хермес. Како и зошто овие најстари
записи од Египет стигнале во Македонија? Според руски извори, книгите на Тот, П’Еон или
Хермес), што на број биле од 20 000-36 000 и собрани во 3000 тома, му биле дадени на Александар
Македонски кој од високото духовно египетско правосвештенство бил однесен во гробницата на

18
Тот каде што манускриптите дотогаш биле чувани во најголема тајност. Всушност, му биле
вратени на Александар Македонски, зашто високото египетско духовништво знаело, како што е
запишано и во најстарите записи на ѕидовите во некои египетски храмови, дека Записите од
Светлината во Египет се донесени и дадени од богот П‘Еон. Затоа и му биле вратени на
Александар Македонски како претставник на вистинските наследници на Синовите на Светлината.
Ова е важно да се знае за да се разбере она што навистина се случува на геополитички план
во светот. Ако го следиме патот на најжешките места во светот создадени од Западот ќе
забележиме дека Атлантистите ги напаѓаат местата или земјите со значење "светлина". На
геополитичко ниво нивната борба против оската на светлината се случува во Сирија, Македонија,
Украина, поточно Новорусија, Русија, како и против земји со предзнак на светлина во Централна
Азија и во Африка. Заедничко на овие места е што нивните имиња се поврзани со „светлина“, како
што и нивниот светоглед, вредности и традиции се поврзани со овој принцип. Конкретното
значење на зборот Сирија во Веда е Сонце или неговото божество. "Сирија" во словенските јазици
значи рана зора, рана светлина. Тоа е причината зошто "Сирија е Aрка на светлината" и зошто за
Темните сили на Западот тоа е "стратешка" точка за уништување. Причините се над се езотерични,
не само економски или политички, прагматични, како што главно се објаснува. Истата ситуација е
и со Македонија, бидејќи таа е Магада чие длабоко значење е светлина. Плус, зборот Рус во
словенските јазици, како и на македонски јазик, значи светол, со светло (руса) коса и очи.
Претежно православните нации се на оваа оска, но и сите муслимански земји кои го следат
традиционалниот ислам и ги почитуваат вредностите на светлината, исто така, се нападнати. По
ова, станува јасно зошто Запад спроведува асиметрични и хибридни војни против сите овие земји.
Исто така, станува очигледно зошто Македонија е нападната и под притисок на Запад за промена
на името ако сака да стане членка на ЕУ и НАТО. Ако самите го промените вашето сопствено име
тоа е најсигурен начин да ја заборавите и изгубите својата култура и традиција. Западот сака да ја
избрише вистинската човечка историја, со цел да создаде своја Орвелијанска историја - лажна,
непостоечка. Тоа е причината зошто западната алијанса бомбардира и уништува голем број
археолошки локалитети и важни стари градови во Ирак, Сирија, и на други места, обидувајќи се,
всушност, да ги избрише вистинските историски докази.
Со цел да ја исполнат својата темна агенда на апсолутно валдеење на светот, тие сакаат
симболично да ја "исклучат" Светлината. Тие можеби сонуваат дека ако Сирија исчезне со поделба
(ќе нема име Сирија), ако Македонците го променат своето име и последното парче на независна
Македонија исчезне, тогаш, мислат ќе им биде полесно да го направат конечниот напад врз
остатокот од светлите - врз Русите. Тие сонуваат дека космичкиот закон за доаѓање на претстојната

19
Сатја југа може да се запре и дека нивното мрачно доба ќе владее вечно. Не постои таква можност,
бидејќи ништо и никој не може да го промени неуништивиот космички поредок.
И пророштвата во Куранот велат дека во битката за Армагедон, на Крајот на Времето,
традиционалните муслимани и Румите (првославните) ќе бидат заедно во борбата против
Антихристот. Сите тие се „светлите“, со слични традиции и вредности. "Израил" значи исто - оној
кој дојде од светлината. Сите тие ќе се обединат, луѓето од секое место на планетата, „светлите“ ќе
се обединат во достигнувањето на повисоки духовни сфери и ум.
Во Новата ера на Светлината или Етерот, човечкиот ум ќе биде издигнат во најголемата
димензија на постоење, во негустите, прозрачни етерични сфери и ќе се манифестира како ера на
Неотрадиционализам. Традиционализмот значи приврзаност кон најархаичната состојба на
човечкиот ум и душа – бивствување отворено кон Божественото кадешто лежи вистинската
слобода на битието. Записите во Светлината (на Запад именувани како Херметички знаења) велат:
Во вселената постојат четири места подредени на неуништиви закони и управување: небото,
етерот, воздухот, и Светата Земја. Небото им припаѓа на Боговите; етерниот простор каде што се
ѕвездите е регулиран од Големата светлина – Сонцето... Затоа, Принципот на Троичноста - оној на
Светлината, на Етерот и на Сонцето, е надмоќен во својата чистота над густата материја или
материјалната реалност, и никогаш не може да биде завладеан.
Поради тоа, Евроазиското движење ќе стане универзално наспроти Атлантизмот, бидејќи
копнената "стабилност" ќе биде воздигната во Етерот. Светлите души и синови се насекаде во
Европа, Азија, Америка, Африка, низ целиот свет, и тие ќе бидат обединети. Тоа е причината зошто
новиот "цар" со храбро срце, видливо персонализиран во Владимир Путин, го помагаат сите
позитивни сили, не само Русите. Силите на космосот го „држат“ на секој можен начин, зашто е
запишано и предодредено тој да биде аватарот на Новата Зора на Етерот, на Светлината, за спас на
човештвото!

Скопје, август 2017 Емилија


Гелева

20

You might also like