Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

.

Дејството во оваа поема се случува кон средината на 19 век, век во западна


Македонија, односот регионот помеѓу Галичник, Река (област), и селото Стан. Неда е
централен лик во поемата. Таа е мајка на јунакот, но и самата јунак. Таа е храбра — гордо
ја поднесува смртта на синот, бестрашно им се спротивставува на непријателите,
подготвена е и самата да се бори и да ја поведе борбата, да стане водач. Јасно е изразена
нејзината решителност и чесност.Но, освен овие возвишени атрибути, таа е сепак мајка,
чувствителна, која безмерно го љуби своето единствено дете. Нејзиниот крик и плач е
мајчин, зашто нема ништо пострашно од смртта на детето. Но, и во таа болка Неда не
мисли само на себе, туку и на целиот нејзин народ кој останал незаштитен и кој треба да
преземе дел од таа болка.Во ликот на Неда, Прличев го насликал и ликот на својата мајка
кон која чувствувал голема љубов и почит.Друго значајно дело на прличев е
“Aвтобиографија” напишана кога Прличев учителствувал во Солунската македонска
машка гимназија

Григор Прличев кога ја создал првата верзија на поемата Сердарот, себе си се сметал
за припадник на хеленското племе и бил фанатизиран вљубеник на грчкиот јазик и
литература и затоа бил критикуван од своите современици како што биле: Кузман
Шапкарев, Димитар Миладинов, и други. Конкретни податоци за овие критики можат да
се најдат во Автобиографијата на Прличев. Но сепак Прличев се смета за еден од
најзначајните и најистакнатите писатели од овој период како и значаен претставник на мак
кничевност од 19 век.

You might also like