1б.Вежби на тема Неменливи зборови (Габриел Вуковиќ)

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 3

Вежби на тема Неменливи зборови – предлози, сврзници,

честички, извици и модални зборови


1. Пополни ги празните места во текстот со испуштените предлози

Претпладне тргнав со автобус од Скопје за Крушево, но стигнав во вечерните часови бидејќи


автобусот на патот помеѓу Градско и Крушево се расипа и моравме да чекаме повеќе од
четири часа да дојдат механичари од сервисот за поправање возила од Скопје.

2. Како е правилно:

a.Не отиде на училиште зошто беше болен.

б.Не отиде на училиште зашто беше болен.

в.Не отиде на училиште бидејќи бече болен.

3. Како е правилно:

а.Беше болен, така да не можеше да отиде на училиште.

б.Беше болен, така што не можеше да отиде на училиште.

4. Замени го сврзникот иако со некој друг допусен сврзник:

Митре, иако не веруваше дека ќе успее да го натера докторот да тргне од градот, веднаш ги
впрегна коњите. макар што

5. Кој сврзник можеш да употребиш место сврзникот ако во следнава реченица:

Да не ја прифатеше Митре, Бојана ќе паднеше наземи.

6. Обрни внимание на глаголите во следнава реченица:

Една вечер, дури луѓето од тајфата си легнуваа, Веле се искраде од колибите.

Дали се работи за истовремени дејства, или пак за дејства што следуваат едноподруго? Со кој
сврзник може да се замени сврзникот дури? Кога

7. Кои сврзувачки зборови се употребени во текстот:

Не знаевме кој ќе дојде и каде ќе не однесат. Не знаевме што ќе се случи со нас. Знаевме само
дека ќе мораме да чекаме. Знеавме само дека сме немоќни. Немоќта што ја чувстувавме не
тераше да стоиме со наведнати глави пред ѕверовите.

8. Одбери по еден од наведените сврзувачки зборови во следниве реченици:


а.Не поверуваа оти тој решителен, јасен глас доаѓа од ќошето, од она место на кое / каде што
беше Кејтеновиот син.

б.В миг сите очи се свртија кон дрвото што / кое/ коешто беше во рацете на Аритон
Јаковлески. //што за предмети, кое за субјекти

в. Држи, Кејтенов сине, - му рече со мака, со слаба, болна насмевка, што/ која / којашто потоа
брзо му згасна на жолтото мустаче, - држи, тоа е твое Кејтене. //многу пати велат „насмевка која“

г.Од куферчето што / кое / коешто/ беше полно со творби измолкна една тетратка испишана со
стихови, исцртана со цвеќиња, ѕвезди и знамиња, па ми ја подаде.

9. Дел од наброојаните честички служат за количествено истакнување: само, ете, рамно, дури,
речиси, скоро, единствено, токму.

10. Пронајди ги честичките во текстот, а потоа ободос е да ги групираш.

Наум ме праша дали ќе одам на утрешниот концерт во МНТ, а јас му одговорив дека токму
таквиот вид на музика не ми причинува речиси никакво задоволство, па нека биде нејзин
исполнител и еден Армстронг.

11. Состави поедна реченица со прашалните честички: дали, ли, зар, и нели.

Дали вчера ја изедовте целата торта?


Не знаете ли дека не е добра онлајн наставата?
Зар/Зарем толку тешко било да се напише домашното?
Нели е глупаво да си молчиш кога те прашуваат?

12. Која прашална честичка не може да стои на почетокот на реченицата? ли

13. Дали со извиците во наведената реченица се изразува чувствен однос, се обрнува внимание
или се имитира некој или нешто?

Оф, клета јас, леле Катерино, мачна душо, тиф, тиф, ми ти летна душичката добра-
предобра, си ја зедоа ангелите, оф леле, оф! Чувствен однос, емоционална состојба

14. Со секој од наведените извици состави по една реченица: уф, море, аман, еј, бум, леле, бре.

- Уф ми се смачи веќе...Еј ти! Аман бре/бе со тоа тропање! Бум, бум само од кај тебе доаѓаат
звуци! Леле, не ме ни слуша „господинот“... Кажете му море луѓе, да прекине!

Наброј неколку извици кои претставуваат имитирање на карактеристичните звуци на домашните


животни. Му, му; ав, ав; бе, бе; кукурикуу; миау...

15. Со кои модални зборови или изрази можеш да ја прошириш наведената реченица?

Значи Билјана можеби ќе сака да ве посети напладне.

16. Само еден од модалните изрази означуваат чувствен однос: секако, можеби, за жал,
навистина, значи, бездруго.
17. Наведи две реченици со зборот значи, во кои еднаш овој збор ќе биде глагол, а другпат –
модален збор.

(Симболот на) Црвениот часовник значи дека немаме многу време.


Значи така било! Е па отсега ќе биде малку поинтересно...

18. Состави реченица со модалниот глагол изгледа.

Изгледаш како будала со тие смешни наочари.

You might also like