Professional Documents
Culture Documents
Наука за јазикот
Наука за јазикот
Генетска класификација
Генетската класификација ги групира јазиците во светот во јазични семејства врз основа на
нивната сродност.Таа тргнува од одделни историскојазични особености што се среќаваат во
повеќе јазици и што укажуваат на нивните заеднички врски во минатото. Сродноста меѓу јазиците
се потврдува по пат на споредба на определени зборови за кои може да докаже дека имаат иста
основа. Според генетската класификација се изделуваат околу 20 јазични семејства.
-Индоевропското јазично семејство ги опфаќа речиси сите јазици што се зборуваат
во Европа, како и повеќето јазици во Азија. Овие јазици денес се распостранети и на другите
континенти во светот. Според историските проучувања, тие произлегуваат од еден заеднички
прајазик, познат во науката под името индоевропски јазик. Во ова семејство се изделуваат
неколку одделни групи јаици, какви што се: словенските, германските, романските, индиските..
Некои од индоевропските јазици се изделуваат како одделни (грчкиот и албанскиот. Покрај
индоевропското јазично семејство се изделуваат и:
-атлајското, во кое спаѓаат турскиот јазик, татарскиот,монголскиот и др.
-уралското, во кое спаѓаат унгсрскиот, финскиот, естонскиот и други.
-африканско-азиското во кое спаѓаат семитските во кои спаѓа
арапскиот и др. -Кинеско-тибетското во кое спаѓа кинескиот и други
-африканското во кое спаѓаат јазиците банту
јазиците. -американско-индијанското во кое спаѓаат
индијанските јазици, ескимскиот и др. -австралиското во кое спаѓаат
јазиците на староседелците на австралискиот континент, абориџинските итн.
Јазиците според оваа
класификација не можат да се определат во ниедно јазично семејство. Тие јазици се нарекуваат
јазични изолати. Таков јазик во Европа, на пр. Е баскискиот.
Типолошка Класификација
Со оваа класификација јазиците се групираат во јазични типови, врз основа на нивните
формални карактеристики и според сличностите во граматичката структура.Оваа класификација
тргнува од споредба на структурата на јазиците и се заснова врз типовите морфолошки средства
со кои се изразуваат граматичките односи во еден јазик. Постојан неколку видови типолошка
класификација. Од нив во науката за јазикот најпозната е поделбата на:
Социолингвистичка класификација
Оваа класификација тргнува од статусот на јазиците во различни општествено-
политички заедници и од употребата на јазиците во различните области на општење. Притоа
обично разликуваме разговорен јазик, официјален јазик,светски јазик, меѓународен јазик и
слично. Постојат и регионални или малцински јазици и слично. Голем број јазици во светот имаат
статус само на разговорен јазик. Овие јазици се употребуваат во мали општествени заедници,
обично се употребуваат само во говорена форма. Такви се на пример индијанските јазици, како и
голем број јазици во Африка, во Австралија и во Азија. Официјалните(службените) јазици се
употребуваат во сите области на општење во една државна заедница. Како светски јазици се
изделуваат јазиците со голем број зборувачи, а како меѓународни, јазиците што обично се
употребуваат во меѓународното општење. Така, англискиот јазик има статус и на светски и на
меѓународен јазик, а кинескиот само на светски.
Јазикот и говорот
Јазикот е систем од знаци за општење меѓу луѓето. Употребата на јазикот во конкретни ситуации
се нарекува говор. Единството од јазикот и говорот се нарекува јазична дејност. Јазикот, значи е
општествена појава и претставува заеднички систем за сите единки на една заедница, додека
говорот е индивидуален процес и претставува начин на кој единките го употребуваат јазикот. Како
систем од знаци, јазикот е стабилен и постојан. Како начин на остварување јазикот, говорот е
динамичен и променлив. Јазикот и говорот се во непрекинато заемно дејство. Говорот е јазик во
акција!Тој е моментен и неповторлив. Говорот е творечка активност на човекот! Јазикот трае низ
времето со постојана употреба преку говорот.
Јазичен знак- Јазикот се остварува преку говорот. Говорот, пак се јавува во вид на звучни слики и
на нервно- физиолошки процеси во мозокот на зборувачот и во неговиот говорен апарат, па во
вид на звучни бранови се пренесува до слушниот апарад и до мозокот на слушачот. Но за да
пренесе зборувачот порака, а слушачот да ја прими и разбере потребно е да имаат ист
јазик.Знаците што ги употребуваме при општењето со помош на јазикот се нарекуваат јазични
знаци. За секој предмет или појава од стварност во човековиот мозок постои соодветен поим, а на
некој поим му одговара одредена звучна слика. Како и другите видови знаци, и јазичниот знак е
единство од две нешта: едното нешто е поимот и ја претставува содржинската, означената, страна
на јазичниот знак а другаото е нешто што е звучна слика- материјалната, означувачката, стрна на
јазичниот знак. Јазични знаци се зборовите. Тие имаат две страни: форма и значење.