Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 9

Јазиците во светот

Јазикот е заедничка особеност на човековиот род и разликувачка особеност на човековите


заедници. Секој јазик има сопствен систем од знаци и сопствена историја, но сите се составени
според исти принципи и сите функционираат на ист начин. Според најновите податоци во светот
се зборуваат околу 6000 јазици.

Критериуми за класификација на јазиците


Во науката за јазикот се наложуваат повеќе критериуми за класификација на јазиците во светот,
меѓу кои како основен се јавува јазичниот критериум. Јазичниот критериум тргнува од структурата
на јазикот. Другите критериуми обично тргнуваат од одделни јазични особености и се засновуваат
врз надворешнојазични фактори.Притоа, особено се издвојуваат:
-историскиот критериум, според кој се бараат врските меѓу јазиците во минатото
-географскиот критериум, според кој се има предвид непосредната
близина на јазиците -општествено-политички критериум, при што особено се нагласува
општествено-политичкиот статус на јазиците..
Според примената на овие критериуми, постојат различни видови класификација:
-генетската класификација
-типолошката класификација
-ареална класификација и
-социолингвистичката класификација на јазиците во
светот

Генетска класификација
Генетската класификација ги групира јазиците во светот во јазични семејства врз основа на
нивната сродност.Таа тргнува од одделни историскојазични особености што се среќаваат во
повеќе јазици и што укажуваат на нивните заеднички врски во минатото. Сродноста меѓу јазиците
се потврдува по пат на споредба на определени зборови за кои може да докаже дека имаат иста
основа. Според генетската класификација се изделуваат околу 20 јазични семејства.
-Индоевропското јазично семејство ги опфаќа речиси сите јазици што се зборуваат
во Европа, како и повеќето јазици во Азија. Овие јазици денес се распостранети и на другите
континенти во светот. Според историските проучувања, тие произлегуваат од еден заеднички
прајазик, познат во науката под името индоевропски јазик. Во ова семејство се изделуваат
неколку одделни групи јаици, какви што се: словенските, германските, романските, индиските..
Некои од индоевропските јазици се изделуваат како одделни (грчкиот и албанскиот. Покрај
индоевропското јазично семејство се изделуваат и:
-атлајското, во кое спаѓаат турскиот јазик, татарскиот,монголскиот и др.
-уралското, во кое спаѓаат унгсрскиот, финскиот, естонскиот и други.
-африканско-азиското во кое спаѓаат семитските во кои спаѓа
арапскиот и др. -Кинеско-тибетското во кое спаѓа кинескиот и други
-африканското во кое спаѓаат јазиците банту
јазиците. -американско-индијанското во кое спаѓаат
индијанските јазици, ескимскиот и др. -австралиското во кое спаѓаат
јазиците на староседелците на австралискиот континент, абориџинските итн.
Јазиците според оваа
класификација не можат да се определат во ниедно јазично семејство. Тие јазици се нарекуваат
јазични изолати. Таков јазик во Европа, на пр. Е баскискиот.

Типолошка Класификација
Со оваа класификација јазиците се групираат во јазични типови, врз основа на нивните
формални карактеристики и според сличностите во граматичката структура.Оваа класификација
тргнува од споредба на структурата на јазиците и се заснова врз типовите морфолошки средства
со кои се изразуваат граматичките односи во еден јазик. Постојан неколку видови типолошка
класификација. Од нив во науката за јазикот најпозната е поделбата на:

Тип на јазици Тип на морфолошки средства


Флексивни Флексија(наставки)
Аглунативни Афикси(додатоци на зборот)
Коренски Корен
Полисинтетички Зборовен дел
Во флексивните јазици зборовите ја менуваат својата форма. Во оваа група спаѓаат
индоевропските и семитските јазици. Во аглутинативните јазици на основата на зборот се
додаваат делови со различно значење(афикси). Такви јазици на пр. Алтајските и уралските. Во
коренските јазици, каков што е кинескиот, секој збор екорен и не се менува. Полисинтетичките
јазици, какви што се индијанските, се одликуваат со сложени зборови составени од повеќе
зборовни делови.
Типолошката класификација ги групира јазиците според структурата на зборот и ги
разгледува на современ план. Во рамките на овие типови јазици можат да се изделат поттипови.
Во флексивните јазици изделуваме:
-јазици од синтетички тип, во кои превладуваат синтетички форми какви што се
падежите. -јазици од аналитички тип во кои превладува аналитичкиот начин на
изразување на граматичките односи на пр. со предлози.
Англискиот и македонскиот се аналитички јазици, а рускиот и српскиот се
синтетички. Во кинескиот јазик коренот збор и не се менува. Но, во оваа група јазици од особено
значење е интонацијата.

Основни карактеристики на флексивните и на аглутивните јазици

ФЛЕКСИВНИ ЈАЗИЦИ АГЛУНАТИВНИ ЈАЗИЦИ


Превладуваат менливи зборови Зборот не се менува
Флексијата може да ја измени Афиксите се додаваат механички на основата на
основата зборот
Наставките имаат повеќе различни граматички Секој афикс има само едно самостојно значење
значења
Нема остра граница меѓу основата и наставката Има јасна граница меѓу основата и афиксите
Ареална класификација
Во оваа класификација доаѓа до израз географскиот критериум. Таа опфаќа јазици во непосредна
близина, во кои се развивале заеднички јазични особености, пред се, на структурен план. Ваквите
јазици под дејство на интензивни меѓусебни контакти и влијанија оформуваат јазичен сојуз.
Јазичен сојуз е заедница на соседни јазици кои имаат заеднички структурни
особености. Пример за јазичен сојуз се јазиците на Балканскиот Полуостров: македонскиот,
бугарскиот, албанскиот, грчкиот, романскиот, ароманскиот. Во поново време ареалниот
критериум се комбинира со политичкиот. Од оваа комбинација се јавува геополитичката
класификација на јазиците. Според оваа класификација, европските јазици се делат на
западноевропски и источноевропски јазици.

Социолингвистичка класификација
Оваа класификација тргнува од статусот на јазиците во различни општествено-
политички заедници и од употребата на јазиците во различните области на општење. Притоа
обично разликуваме разговорен јазик, официјален јазик,светски јазик, меѓународен јазик и
слично. Постојат и регионални или малцински јазици и слично. Голем број јазици во светот имаат
статус само на разговорен јазик. Овие јазици се употребуваат во мали општествени заедници,
обично се употребуваат само во говорена форма. Такви се на пример индијанските јазици, како и
голем број јазици во Африка, во Австралија и во Азија. Официјалните(службените) јазици се
употребуваат во сите области на општење во една државна заедница. Како светски јазици се
изделуваат јазиците со голем број зборувачи, а како меѓународни, јазиците што обично се
употребуваат во меѓународното општење. Така, англискиот јазик има статус и на светски и на
меѓународен јазик, а кинескиот само на светски.

Македонскиот јазик меѓу јазиците во светот


Според генеалошката класификација на јазиците во светот македонскиот јазик
спаѓа во групата на индовроепските јазици:
македонски јазик<јужнословенски ј.<словенски јазици<индоевропски
јазици Според типолошката класификација македонскиот е флексивен јазик.
Според ареалната класификација спаѓа во балканскиот јазичен сојуз.
Според општественополитичката класификација тој е официјален јазик во
Република Македонија.

Јазикот и говорот
Јазикот е систем од знаци за општење меѓу луѓето. Употребата на јазикот во конкретни ситуации
се нарекува говор. Единството од јазикот и говорот се нарекува јазична дејност. Јазикот, значи е
општествена појава и претставува заеднички систем за сите единки на една заедница, додека
говорот е индивидуален процес и претставува начин на кој единките го употребуваат јазикот. Како
систем од знаци, јазикот е стабилен и постојан. Како начин на остварување јазикот, говорот е
динамичен и променлив. Јазикот и говорот се во непрекинато заемно дејство. Говорот е јазик во
акција!Тој е моментен и неповторлив. Говорот е творечка активност на човекот! Јазикот трае низ
времето со постојана употреба преку говорот.

Јазичен знак- Јазикот се остварува преку говорот. Говорот, пак се јавува во вид на звучни слики и
на нервно- физиолошки процеси во мозокот на зборувачот и во неговиот говорен апарат, па во
вид на звучни бранови се пренесува до слушниот апарад и до мозокот на слушачот. Но за да
пренесе зборувачот порака, а слушачот да ја прими и разбере потребно е да имаат ист
јазик.Знаците што ги употребуваме при општењето со помош на јазикот се нарекуваат јазични
знаци. За секој предмет или појава од стварност во човековиот мозок постои соодветен поим, а на
некој поим му одговара одредена звучна слика. Како и другите видови знаци, и јазичниот знак е
единство од две нешта: едното нешто е поимот и ја претставува содржинската, означената, страна
на јазичниот знак а другаото е нешто што е звучна слика- материјалната, означувачката, стрна на
јазичниот знак. Јазични знаци се зборовите. Тие имаат две страни: форма и значење.

Македонскиот јазик во втората половина на 19век

Во 2та половина на 19век македонскиот народен јазик се употребува во повеќе области на


меѓусебното општење во Македонија. Но употребата на македонскиот народен јазик во голема
мера е спречувана и е оневозможена од дејствувањето на пропагандите на соседните народи, кои
ја користат и ја злоупотребуваат македонската положба во Турската империја. Притоа процесот на
оформување на македонскиот литературен јазик се одвива во контексот на борбата на
македонскиот народ за слобода во верски во културен и во национален поглед.
Во втората половина на 19век се изделуваат 3општественоисториски контекси во
развојот на македонскиот литературен јазик:
-црковно-училишната борба чија цел е возобновување н македонската
национална црква со воведување на македонскиот народен јазик во црквата и во училиштата.
Оваа борба прво е насочена против влијанието и пропагандата на грчката црква, а потоа и против
бугарската и српската и се одвива на рамниште на македонските црковно училишни општини.
-културно-преродбенската борба чија цел е културно издигнување
на Македонците. Оваа борба се одвива преку личните и заедничките залагања на македонските
преродбеници и се претставува преку нивната уметничка литература, особено преку собирањето
и афирмирањето на мекедонското народно творештво.
-национална-политичката борба чија цел е национално
ослободување и обединување на Македонците со нивно официјално признавање како одделен
словенски народ и со признавање на македонскиот литературен јазик како официјален, против
Турската империја и против туѓите пропаганди во Македонија.

Избор на дијалектната основа на македонскиот стандарен јазик

Оформувањето на македонскиот стандарден јазик започнато врз широка народнојазична основа


на македонскиот писмен јазик во делата на македонските писатели од првата половина на 19век
продолжува со изборот на дијалектната основа на јазикот. Ова прашање се наметнало како
неопходно со ограничувањето и со намалувањето на функционалноста на црковнословенскиот
јазик. Изборот на дијалеткната основа особено дошол до израз во почетокот на втората половина
на 19 век и главно се искристализирал во две гледишта за оформување на литературен јазик во
Македонија: - оформување на литературен јазик врз поширока(македонско бугсарска)
дијалектна основа како заеднички јазик за Македонците и Бугарите.
-оформување на литературен јазик врз западномакедонската дијалектна
основа како одделен македонски јазик меѓу другите словенски јазици.

1.Гледиштето за заеднички(македонско-бугарски) јазик


Носител на идејата за оформување на еден заеднички литературен јазик за Македонците и за
Бугарите била бугарската црква. Оваа идеја била различно сфатена од македонските писатели.
Јорфан Хаџи Константинов Џинот во оваа идеја гледал можност македонскиот писмен јазик да го
достигне размништето на поразвиените словенски јазици, па во својот јазик вклучувал зборови
кои биле својствени за соседните словенски јазици, српскиот и бугарскиот. Тој свесно се
оддалечувал од својот роден велешки говор. Идејата за еден заеднички литературен јазик за
Македонците и за Бугарите теориски ја разработил Партениј Зографски еден од најобразованите
филозофи во тоа време. Тој извршил класификација и систематизација на разликувачките
особености на македонскиот и бугарскиот говор иинсистирал западномакедонските јазични
особености да учевствуваат во заеднички јазик, дури се залагал западномакедонското наречје да
биде основа на тој јазик. Свое остварување овој јазик има и во литературното дело на Рајко
Жинзифов, кој во јазикот на своите творби вклучувал јазични особености речиси од сите
македонски и бугарски говори, како и црковнословенизми и русизми па и србизми.Обидот за
заеднички јазик за Македонците и за Бугарите не бил пошироко прифатен мешу Македонците. По
ослободувањето на Бугарија, бугарскиот литературен јазик како официјален јазик на
новосоздадената бугарска држава се изградува врз источнобугарска дијалектна основа, па станува
туѓ и неприфатлив за Македонците.

2. Гледиштето за одделен македонски јазик


Гледиштето за одделен македонски јазик се надоврзува на македонската писмена
традиција, во која црковнословенската основа постепено се заменила со народнојазична.
Употребата на македонскиот народен јазик се налошува во ризлични области на општење,
особено во трговијата, во црквата, во образованието, како и во печатот и во уметничката
литература. Исто така таа има значајна поткрепа во народното творештво. Во тој поглед,
централно место зазема Зборникот на народни песни на браќата Миладиновци.
Заложбите за оформување на литературниот јазик врз западномакедонските говори се поврзуваат
со дејноста на Ѓорѓија Пулевски и на другите културни дејци кои работеле на полето на јазикот.
Овие дејци се нарекуваат македонисти, поради нивните јасни и отворени македонски идеи.
Дејноста на македонистите се остарува преку повеќе групи на истакнати Македонци. Меѓу нив
како најактивни се истакнуваат членовите на Младата македонска книжевна дружина, која во
Софија го издавала списанието „Лоза“. Овие македонисти според името на списанието се познати
под името лозари. Заложбите на македонистите ќе добијат јасна теориска поткрепа во делото на
Крсте Петков Мисирков.

Учебникарската дејност во Македонија

Една од основните задачи на македонската Преродба е отворање училишта на македонски


народен јазик, како и печатење соодветни учебници на македонски јазик. Остварувањето на оваа
задача не било лесно поради наложувањето на туѓо образование во Македонија. Македонските
преродбеници со учителската и особено со учебникарската дејност го спречувале процес на
асимилација на македонскиот народ и наложувањето на јазиците. Во согласност со ставот на
македонските црковни општини, наставата во македонските училишта обично се освивала на
соодветните народни говори.Во македонските учебници дошол до израз стремежот да се пишува
на западно македонските говори и наменети само за учебниците во Македонија. Партениј
Зографски и Кузман Шапкарев јасно ги истакнале своите погледи за местото на македонскиот
јазик во образованието. Цврсто застанале зад ставот дека образованието на децата треба да
започне на мајчиниот јазик. Токму затоа, главно место меѓу македонските учебници имаат
букварите и читанките. Како автори на буквари на македонскиот јазик, освен Партениј Зографски и
Кузман Шапкарев, се јавуваат и Димитар Узунов, Димитар Македонски, Јосиф Ковачев, Натанил
Зографски идр. Учителската и учебникарската дејност на Зографски и Шапкарев на македонски
народен јазик се одвива во контексот на црковно училишната борба на македонскиот народ.
Погледите за местото на македонскиот јазик во наставата и во учебниците особено доаѓаат до
израз во учебникарската дејност на Ѓорѓија Пулевски. Покрај учебници, тој пишува речници и
граматика. Учебниците (речениците) на Пулевски, исто така имаат енциклопедиски карактер,
односно од еден ист учебник(речник) се добиваат знаења од различни области. Речениците на
Пулевски имаат значајна ролја во збогатувањето на лексичкиот фонд на македонскиот јазик. За
разлика од своите претходници Ѓорѓија Пулевски сепак успеал да напечати еден дел од својата
граматика под мошне оригинален наслов Слогница речовска. Учебникарската дејност на Ѓорѓија
Пулевски на македонски јазик се одвива во контексот на национално-политичката борба на
македонскиот народ.

Јазикот на македонските писатели од 2та половина на 19век

Македонските писатели од 2та половина на 19век различно го решавале прашањето за јазикот на


нивните литературни дела. Кај нив превладува стремежот да пишуваат на своите родни говори,
односно на западномакедонското наречје. Тоа е особено карактеристично за Константин
Миладинов, кој своите песни ги пишувал на родниот струшки говор, но вклучувајќи јазични
особености и од другите западномакедонски говори. Всушност, вистинската основа на јазикот на
неговите песни е јазикот на македонската народна поезија. За разлика од него, Рајко Жинзифов
тргнал од друг пат и пишувал поезија според моделот за еден заеднички македонско-бугарски
јазик со значително влијание од рускиот јазик. И покрај тоа, во неговото дело значајно место
имаат особеностите од македонскиот народ. Григор Прличев тргнува од својот роден охридски
говор и од западномакедонските јазични особености, како и од црковнословенскиот јазик.
Македонските писатели од овој период оставиле во ракопис голем број литературни дела
напишани на македонски јазик. Меѓу нив особено се издвојува Афтобиографијата на Марко
Цепенков, врз основа на јазикот на македонската народна приказна.
Во втората половина на 19век македонските преродбеници преку своите текстови
практично ја посочуваат дијалектната основа на македонскиот литературен јазик.
Погледите на Крсте Петков Мисирков за македонскиот литературен јазик

Настан од историско значење за остварување на идејата за одделен македонски јазик е


објавувањето на книгата За македонците работи (Софија 1903) од Крсте Петков Мисирков. Во
оваа книга тој го прогласува централното македонско наречје за литературен македонски јазик.
Последната статија во оваа книга носи наслов Неколку зборови за македонцкиот литературен
јазик и претставува прв научно аргументиран, теориски солидно поставен и практичен разработен
проект за кодификација на македонскиот јазик. Според Мисирков, поделбата од одделен
македонски литературен јазик е национален интерес на македонскиот народ. Мисирков се
определува за брзо решавање на македонското јазично прашање и ги оформува своите ставови за
македонскиот литературен јазик, главно во 3точки:
-за основа на литературниот јазик ги зема централните говори(Велес-Прилеп-Битола-Охрид)
-Го поставува правописот врз фонетска основа, со мали отстапки на етимологијата
-во лексиката предлага да се вклучуваат елементи од сите македонски говори.
Со определбата за централните македонски говори, Мисирков инсистира на оние
јазични особености со кои македонскиот јазик најмногу се разликува од соседните јазици.
Така,во изговорот и во праписот инсистира на:
-испуштање на интервокални согласки и тоа на в(чоек), на х(дуот,Орид), на
д(создаит) исл. -ф наместо постарото х: успеф
-антиципација на мекиот изговор на ќ и њ(брајк’а, стаин’е, коин’е)
-групите стр,здр ( во сите случаи: спред, здрел, праздна)
-наставката -цки наместо -ски (македонцки,
балканцки) На морфолошки план инсистира на:
-наставката -т во трето лице еднина
сегашно време (требит,мислит, злачит, исто и кај формите од помошниот глагол јет, сет)
Во лексиката и особено во зборообразувањето
инсистира на народна лексика и на живи зборообразувачки модели: дележ, продолжаач,
опитуачка и слично. Неговиот јазик всушност е нормиран јазик и
претставува солидна основа за дефинитивното нормирање на македонскиот јазик и за неговата
кодификација.

Македонскиот јазик меѓу 2те светски војни

Поделбата на Македонија меѓу соседните држави, по балканските војни, го отежна општествено-


културниот и просветно-пбразовниот живот и ја усложни јазичната ситуација во Македонија.Овој
чин има погубно значење за македонскиот народ. Притоа, во периодот меѓу двете светски војни
во Македонија во зависност од нејзината поделба: во јужен дел(Егејска Македонија)-грчкиот, во
севертниот дел(Вардарска Македонија)-српскиот и во источниот дел(Пиринска Мак.)-бугарскиот.
Најостри мерки против македонскиот народ се спроведуваат во Егејска Македонија, во составот
на Грција. По тие притисоци грчката влада пристапила кон изготвување буквар по македонски
јазик- Абецедар(1924). Абецедарот содржел куси четива на македонски јазик, наменети за учење
на азбуката. Бил напишан на лерински говор на латиница, но никогаш не нашол практична
примена. Во делот од Македонија, во составот на Кралството на СХС, во официјална употреба бил
наметнат српскиот јазик. Македонскиот јазик бил сведен на дијалект за домашна употреба. И
покрај тоа, македонскиот јазик наоѓа своја поиздигната употреба под форма на регионална
литература. Македонскиот јазик станува јазик на театарската сцена: се пишуваат и се изведуваат
драми на македонски јазик. Васил Иљоски ја напишал Бегалка на кумановски говор, Антон
Панов најпрво пишувал на дојранаки говор но потоа го преработил на западномакедонско
наречје. Рациновите Бели Мугри ја зацврстиле ролјата на западномакедонското наречје,
особено на централните говори, како основа за македонскиот литературен јазик. Меѓу
најзначајните книжевни појави се издвојуваат збирките од Коле Неделковски напишани на
западномакедонско наречје на велешки говор. Литературните дела меѓу двете светски војни
јасно ја потврдија народната основа на македонскиот јазик.

Кодификација на македонскиот литературен (стандарден) јазик


Кодификацијата е официјално озаконување на литературниот јазик и на неговата употреба во
практиката. Кодификацијата на македонскиот јазик е поврзана со следниве историски настани:
-со решението на Првото заседание на АСНОМ (2август 1944) за воведување на
македонскиот како службен јазик во македонската држава;
-со официјалното усвојување на македонската азбука;
-со официјалното усвојување на македонскиот правопис.
Комисијата оформила неколку принципи за оформување на македонскиот
литературен јазик: 1. Треба да се установат формите од централните говори за лесно
приемливо меѓу луѓето. 2.Да се изрази македонската народна основа. Да има
зборови од дијалекти. 3.Македонската азбука да биде составена од толку букви
колку што и гласови. Правописот да се изработи врз фонетскиот принцип.
Комисијата за азбука и правопис во дефинитивна форма ги
формурилара своите ставови во Револуција, донесена на 3мај 1945. Таа е усвоена на 5мај 1945 од
Народната влада во Македонија Правописот на македонскиот јазик е прогласен на 7 Јуни 1945.
Кодификацијата на македонскиот литературен јазик ја одразува македонската јазична практика

Придонесите на Блаше Конески во кодификацијата на Македонскиот литературен јазик

Блаже Конески има значаен придонес за кодификацијата на македонскиот литературен


јазик и за стандардизацијата на литературнојазичната норма. Блаже Конески е автор на обемната
Граматика на македонскиот литературен јазик 1-2(1952-1954). Првиот дел од граматиката го
опфаќа делот За гласовите во кој е опишан гласовниот систем на македонскиот јазик, и делото
За акцентот, во кој е претставен карактерот на македонскиот акцент. Вториот дел од
граматиката носи наслов За формите и нивната употреба. Граматиката на Конески
придонесува за зацврстување на македонската лингвистичка терминологија и ја претставува
основата на современата македонска наука за јазикот. Блаже Конески исто така е и редактор на
Речникот на македонскиот литературен јазик во 3 тома.

You might also like