Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

ХЕРАКЛИТ

1. Живот и дело
 Роден во Ефес
 Целиот живот пишувал само една книга „За природата“, кое е пишувано во фрагменти, од
кои денес се сочувани околу 130 фрагменти.
 Стилот на изразување му бил многу тежок, поради својот карактер, начинот на живеење и
на изразување бил познат како „тмурниот„ или „темниот“ Хераклит.

2. Учење за движењето
 Во центарот на своите идеи Хераклит го става движењето
 „Панта реи“ – се тече, се се менува.
 Се што постои е во постојано движење и менување, а изворот и причината на целокупното
движење е борбата на спротивностите.
 Единството на спротивностите Хераклит го нарекол Хармонија.
3. Учење за огнот
 За Хераклит архе е огнот.
 Огнот е прасупстанција, фина флуидна материја од која се настанува и во која се се враќа.
 Светското двужење е кружно: оган – воздух – вода – земја и обратно.
„Овој свет, ист за сите, не го уреди никој од боговите ниту од луѓето, туку беше од секогаш, е и
ќе биде вечно жив оган кој со мера се пали и со мера гасне.“
Фрагмент бр.30
4. Учење за логосот
 Движењето и менувањето не е стихијно и случајно, во природата владее строг ред.
 Законот со кој се изразува овој ред Хераклит го нарекува логос. Логосот е универзален
закон, еднаков за сите и независен од човекот и неговото мислење за него, и логосот не
може секој да го спознае.

„Многумина не ги разбираат нештата со кои се среќаваат ниту пак поучени ги


спознаваат, туку само си вообразуваат.“

Хераклит: За природата (фрагмент 17)

You might also like