Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 3

Општинско Oсновно Училиште„Гоце Делчев - Конче„

Наставник: Кристина Стевчева

Наставен предмет: Англиски јазик

Одделение: IV – комбинирана паралелка

Краткорочно планирање

Тема број 6: Неможам да цртам!

Час број /4: Културно катче: Божиќ и Нова година

Дата на реализација: 25.12.2019 за IV комбинирано

Цели на часот:

Учениците да се запознаат со прославата на Божиќ и Нова Година во Велика


Британија и да изработат на новогодишни честитки

Тип на часот : Запознавање со англиската култура

Организација на часот

1.Воведен дел (5 минути)

Учениците гледаат новогодишно-божиќно видео за тоа како се прославува Божиќ и


Нова Година во Велика Британија

2.Главен дел (25 минути)

Наставникот на табла ги запишува новите зборови и изрази од видеото поврзани со


темата, а учениците ги запишуваат во тетратките.

Потоа, користејќи хартија во боја, боички, фломастери, ножички и најразлични


други матерјали, учениците изработуваат новогодишни честитки.
3.Завршен дел (5 минути)

Во овој завршен дел од часот, наставникот им ја објаснува играта Secret Santa, со


што учениците треба без да ги забележи нивното другарче да му ја сокријат
честитката во чантата или помеѓу книгите.

Услови за работа-нагледни средства:

Училница, табла, креда, молив, гума, хартија, ЦД плеер, ЦД, , тетратка, флеш
карти, слики и фотографии, наставни ливчиња, прирачник за наставници, постери,
ножици, боички, лепак, реалиа(вистински предмети) и др.

Корелација:

Македонски јазик, граматика, математика, општество, како и искуства од


секојдневието.

Методи на работа:

метод на комуникација, природен метод, физички одговор, аудио-лингвален


метод, аудио-визуелен метод, метод на илустрација, метод на работа со текст,
метод на песна, учење во заедница, директен метод.

Форми на работа:

Фронтална настава, индивидуална работа, работа во парови, работа во групи.

Методи и инструменти за следење и оценување на учениците

 континуирано следење на активноста на учениците на самиот час и


соработката на релација ученик-ученик и ученик-наставник;
 мотивираноста за учење и вреднување на изработките на самите
ученици;
 усни одговори на прашања поставени од наставникот и од
соучениците , учеството во кратки дијалози, драматизација на даден
дијалог, глумење на приказна и сл.;
 употреба на усвоениот дијалог преку квизови, наставни ливчиња, игри
и сл.;
 Изведбена активност преку вежби со примена на наставни ливчиња
претходно подготвени од наставникот;
 примена на усвоениот вокабулар и граматичките структури во
едноставни реченици при едноставна комуникација;
 реакција на дадени наредби и инструкции од страна на наставникот;
 ученичко портфолио, чек листа и усна повратна информација од страна на
наставникот за бележење на постигнувањата на ученикот

Техники на учење:

Техника „Чекање„,ЗСН, СТОП, Венов дијаграм, Бура на идеи,техника „Се


однаопаку„, техника „Збор по случаен избор„, Т-табела, табела на поими,
пантомима, пауза за разјаснување, насочена фантазија, минутна работа,
драматизација, ИКТ.

Планирана домашна работа:

Нема.

Забелешка од реализацијата на часот:

You might also like