Филозофија на монтесори

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 3

Филозофија на монтесори

Монтесори развила нова едукативна филозофија врз основа на нејзините интуитивни согледувања
на децата. Оваа филозофија е во традицијата на Жан Жак Русо, Јохан Хајнрих Песталоци и
Фридрих Фробел кои го истакнувале внатрешниот потенцијал на детето и неговата спосоност да се
развива во услови на слобода и љубов. Монтесори верувала дека детството не е само фаза низ
која само треба да се помине на патот кон зрелоста. Таа сметала дека возрасните се зависни од
децата на ист начин на кој децата се зависни од возрасните. Дека не треба да ги сметаме
детството и зрелоста како различни фази во развојот на една индивидуа. Подобро би било да ги
набљудуваме како две различни форми на човечки живот, кои се одвиваат во исто време и кои
реципрочно си влијаат.

Монтесори го сметала детето за „ огромна надворешна милост која влегува во фамилијата“ и


извршува „формативно влијание на возрасниот свет“

Во нашата култура сме свесни за зависноста на детето од возрасните. Не сме толку спремни да ја
признаеме зависноста на возрасните од децата. Монтесори го сметала овој превид за трагина
грешка која води до голем дел од нашата несреќа, алчност и самоуништување. Во 1948 Монтесори
изјавила дека човештвото може да се надева на решение на своите проблеми само ако го насочи
своето внимание и енергија на децата и развивање на огромните потенцијали на човечката
личност за време на нејзиниот развиток.

За да ја објасни детската само-конструкција, Монтесори заклучила дека детето мора да поседува,


пред да се роди, шема за неговиот психички развиток. Таа го нарекувала овој вроден психички
ентитет на детето „спиритуален ембрион“. Овој спиритуален ембрион е споредлив со
оригиналната оплодена клетка од која се развива телото. Оваа клетна не содржи минијатурна
зрела форма туку предетерминиран план за нејзин развој. На сличен начин, психичкиот развој на
детето е воден од предетерминирана шема која не е видлива по раѓањето.

Монтесори верувала дека оваа психичка шема се открива само преку процесот на развој. За овој
процес да се случи, потребни се два услова. Прво детето е зависно од интегрален однос со
неговата околина, со предметите и луѓето во неа. Само преку оваа интеракција може да се
разбере себеси и ограничувањата на неговиот универзум и такак да оствари интеграција на
неговата личност. Второ детето бара слобода. Ако му е даден клучот на неговата личност и е
воден од негови сопствени закони на развој, тоа содржи многу осетливи и уникатни моќи кои
можат да се манифестираат преку слобода. Ако било кој од овие два услова не е исполнет,
психичкиот развој на детето ќе биде попречен и неговата личност ќе биде заостаната. Бидејки
оваа шема постои во детето и функционира уште пред да се роди, Монтесори заклучила дека и
едукацијата исто треба да почне веднаш по раѓањето на детето.

Западнате едукативни трендови биле под влијание на Декартовиот поглед на човекот како битие
поделено на два дела, интелектуален и физички. Монтесори ја оспорува оваа филозофска
позиција и вели дека целосениот развој на психичките моќи е невозможен без физичка активност.
Една од најголемите заблуди денес е мислењето дека физичкото движење е одвоено од
повисоките функции. Менталниот развој мора да биде поврзан со движењето и е зависен од него.
Ако движењето е ограничено, детската личност и добробит се загрозени.

Детето има предетерминирана психичка шема да го води до постигнуање на зрелост и витален


порив да ја постигне, но тоа не наследува веке воспоставени модели на однесување кои ќе му
донесат успех. За разлика од другите суштества на земјата, тоа мора да развие сопствени модели
на однесување и реагирање кон животот. Сепак на детето му е дадена специјалнa „креативнa
чуствителност“ која му помага во остварување на оваа тешка задача. Оваа внатрешна
сензитивност му овозможува да избере од комплексната околина она што му е потребно и
соодветно за развој.

Монтесоти идентификува двe внатрешни способности односно помагала кои му помагаат на


детето да се развие: Сензитивни периоди и Абсорбирачки ум.

Сензитивните периоди се временски периоди во детскиот живот кога тоа е абсорбирано од еден
аспект на неговата околина при што се исклучени сите други. Монтесори идентификувала шест
вакви периоди:

1. Сензитивност на ред
2. Сензитивност на јазик
3. Сензитивност на одење
4. Сензитивност на мали објекти
5. Сензитивност на социалните аспекти на животот
6. Сензитивност за учење преку сетилата

Сензитивноста на ред е базирана на виталната потреба за прецизна и детерминирана околина.


Само преку таква околина може детето да ги категоризира неговите перцепции и да формира
внатрешна концептуална рамка преку која ќе го разбере и ќе се справува со светот

Сензитивноста на јазик се јавува како желба да се истражи околината преку рацете и јазикот.
Преку допир и вкус детето ги абсорбира квалитетите на објектите во неговата околина. Преку овие
сензорни и моторни активности се развиваат невролошките структури за говорење.

Сензитивност на одење е периодот кој возрасните најчесто го приметуваат. Монтесори го гледа


овој период како второ раѓање на детето бидејќи тоа поминува од беспомошно во активно
суштество. Во оваа фаза детето има потреба да се движи меѓутоа не како возрасен со некоја цел
на ум, туку тоа е привлечено од објекти кои го насочуваат неговото движење

Сензитивност на мали објекти е период кога интересот на детето се врзува за објекти кои се толку
мали што возрасните може и да не ги приметат. Ова е особено изразено кога детето се наоѓа во
природа.

Сензитивност на социалните аспекти на животот е период кога детето станува заинтересирано за


другите луѓе и за воспоставување односи со нив. Ова прво се манифестира преку набљудување но
потоа се претвора во желба за активен контакт со другите.
Сензитивност за учење преку сетилата е период кога детето учи за објектите во неговата околина
преку петте основни сетила. Во овој период детето осовено е заитересирано да манипулира со
објектите на различни начини. Преку оваа манипулација тоа учи за нивните различни физички
аспекти.

Абсорбирачки ум е процесот на абсорбирање на информации од околината во најраните години


од животот. Од раѓање до три години детето несвесно прима информации преку интеракции со
околината. Од три до шест годнини свесниот ум полека почнува да ја превзема контролата преку
воспоставување меморија, преку способноста за разбирање и преку способноста за резонирање.

You might also like