Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

ПОВРАТНИ И НЕПОВРАТНИ ПРОМЕНИ

1. Во какава состојба ги сретнуваме материите во природата ?


*** во течна,тврдаи гасовита состојба
2. Какви промени претрпуваат материите во природата ?

*** повратни и неповратни

3. Што се случува со материите при повратни промени ?


*** материите ја менуваат формата ,но својствата остануваат исти
4. Пример за повратни промени :
*** сите промени на агрегатната состојба
*** растворањето на шекер во вода,шекерот не се гледа но сепак е истата супстанција
5. Што се случува со материите при неповратни промени ?
*** ја менуваат формата и ги менуваат својствата,при што се случуваат хемиски промени
,односно хемиски реакции

АГРЕГАТНА СОСТОЈБИ НА МАТЕРИЈАТА

1.Водата е во ТЕЧНА СОСТОЈБА.

2.Кога водата се загрева ,на темература од 100 степени почнува да испарува,односно преминува

Во ГАСОВИТА СОСТОЈБА и се нарекува водена пареа.

3. Кога водат се замрзнува преминува во ТВРДА СОСТОЈБА.

СВОЈСТВА НА МАТЕРИИТЕ

1.Својства на течните материи :

* честичките во материјата не цврсто поврзани

* честичките можат да се движат лесно

* течностите ја добиваат формата на садот во кој се ставени

00
2.Својства на цврстите материи

* честичките во цврстите материи се цврсто поврзани

* честичките се држат една за друга,вибрираат,но не се движат

* цврстите материи ја задржуваат својата форма

3.Својства на гасовите

* честичките се широко распространети и се движат слободно

* гасовите лесно се шират и го исполнуваат просторот каде што се наоѓаат

* немаат постојана форма и волумен

СОСТОЈБИ НА ВОДАТА

1.Кога течноста се лади преминува во цврста состојба и тоа се вика ЗАМРЗНУВАЊЕ.

2.Кога течноста се загрева до вриење,таа преминува во гас и тоа се вика ИСПАРУВАЊЕ.

3.Кога гасот се лади,тој повторно се враќа во течност и тоа се вика КОНДЕНЗАЦИЈА

ЗА ШТО СЕ КОРИСТИ ПАРЕАТА

1.Со загревање на водата се добива пареа која се користи за добивање на електрична енергија.

КАКО СЕ СОЗДАВА ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА

1.Се загрева вода со помош на јаглен и се произведува пареа.

*пареата се користи за придвижување на турбина која наликува на вртелешка

*пареата ги придвижува деловите на турбината и така се создава електрична енергија

2.електрична енергија се добива и со употреба на нафта наместо со јаглен

3.Што се добива при согорување на нафта и јаглен

*се добиваат гасови,најмногу јаглерод диоксид

*штетните гасови предизвикуваат глобално затоплување на земјата

4.Со пареа може и да се готви бидејќи пареата е пожешка од водата и побрзо се готви храната

5.Болниците ја стерелизираат својата опрема со пареа,бидејќи ги остранува бактериите.

6.Освен со јаглен,нафта,водата може да се загрева со сончева енергија

*користењето на сончеват енергија е подобро за природата отколку јагленот и нафтата

You might also like