Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Тодор Скаловски

Тодор Скаловски (21 јануари 1909, Тетово – 1 јули 2004,


Скопје) беше истакнат македонски композитор, хорски и
симфониски диригент. Автор е на голем број вокални,
вокално-инструментални и сценски композиции, а покрај
творештвото и диригирањето се занимавал со педагошка
работа и организација на музичкиот живот во современа
Македонија.

Музичко образование завршил во Белград во 1930 година, а


диригентството го усовршувал на конзерваториумот „Моцартеум“ во Салцбург.
Од 1936 година почнал да работи како наставник по музика и диригент на
повеќе хорови во Скопје, Белград и Битола. Скаловски бил долгогодишен
соработник на Ловро Матачиќ. Основач е, прв шеф-диригент и директор на
Македонската филхармонија во 1944, на Македонската опера и балет во 1947,
како и прв заменик главен уредник на Македонското радио. Како организатор
на музичкиот живот, Скаловски е основач на неколку меѓународни музички
фестивали во Македонија, какви што се „Охридско лето“ и биеналниот
меѓународен хорски фестивал во Тетово – ТЕХО. Еден е од првите членови на
Сојузот на музичките уметници и Сојузот на композиторите на Македонија, а од
1975 година е член на Македонската Академија на Науките и Уметностите
(МАНУ).

Тодор Скаловски е познат по креативната употреба на македонските


фолклорни мотиви, традицијата и црковнословенската музика во неговите
композиции. Со употребата на хармонија, тонални и модални системи и
лиризмот, тој е дел од генерацијата творци како Стефан Гајдов, Живко
Фирфов, Трајко Прокопиев, Глигор Смокварски, Панче Пешев, Петре Богданов-
Кочко, кои со своите дела го создадоа македонскиот национален музички стил.
Скаловски е и меѓу првите македонски диригенти што настапиле надвор од
Македонија, во Полска, Чешка, Австрија, Италија, Финска, Бугарија, Унгарија.

  Негови најпознати дела се: „Македонско оро“, „Македонска хумореска“,


„Величанија Кирилу и Методију“, „Песна за Гоце“, „Рапсодија 2“, „Шарпланинска
приспивна“, „Свита Балтепе“, „Ораториум Земја“, „Камен“, „Денес над
Македонија“ (музички аранжман на мелодијата на државната химна на
Република Македонија) и уште многу други оркестарски, вокални, хорски,
солистички и камерни дела.

Добитник е на бројни награди, признанија, одликувања, благодарници,


повелби, плакети и статуети како што се: највисока награда на Република
Македонија за животно дело, „11. Октомври“ (1966); највисока награда за
музичко творештво на некогашна СФРЈ, „АВНОЈ“ (1981); награда за животно
дело „Трајко Прокопиев“ од Сојузот на композиторите на Македонија, (1992);
златна плакета „Македонска филхармонија, 55 години“ (1999) и др

You might also like