Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 2

ЛЕКТОРСКИ БЕЛЕШКИ

НЕПРАВИЛНО ПРАВИЛНО

грипосан, грипосани грипозен, грипозни (што е болен од


грип)
Пољакиња (жителка на Полска) Полјачка (Полјак, Полјаци)

Словакиња (жителка на Словачка) Словакинка (Словак, Словаци)

Чехиња (жителка на Чешка) Чехинка (Чех, Чеси)

Туарег туарег (марките на автомобили и


нивните модели се пишуваат со мала
почетна буква)

Ронхил ронхил (трговските марки на


производи се пишуваат со мала
почетна буква)

видеотехника
видео техника

авио превозник авиопревозник

Христијанин (припадник на верско христијанин


движење)

Шар планина Шар Планина

20 тите години 20-тите години

отука оттука

***
По и после
Често доаѓа до мешање на употребата на предлогот по со прилогот после, како во
примерите: Општината Центар на мета после решението за уривање на зграда
на Панчевски; После 37 години, цигарите Ронхил заминуваат во историја.
Предлогот по во македонскиот јазик има пространствени, временски, начински
значења и целно значење. Тој се поврзува и со причина, карактеристика, вид
дејност, однос на блискост, сродност и др.

Прилогот после може да означува: потоа, по некое време; понатаму (во


набројување); тогаш (по претходно кажаното, стореното); освен тоа, покрај тоа;
како компаратив – попосле, малку подоцна; како суперлатив – најпосле; на крајот,
конечно и при набројување – сосема на крај, последно.

Разликите меѓу предлогот по и прилогот после се значајни, така што не се


допуштаат отстапувања од нормата.

***
Потсетување на слеаното и разделено пишување со не:

Не се пишува слеано кога е составен дел на именките и придавките и со нив


образува нов збор со посебно значење: непушач, неверник, неморал.

Не се пишува слеано и со глаголските именки: незнаење, неработење,


непочитување.

Не се пишува слеано и со придавките: недоволен, невешт, небричен, недоѕидан.

Негацијата не се пишува разделено од глаголот: не сака, не може, не оди.


(Исклучоци: нејќе, нема и сложените изрази: виде-невиде, сака-нејќе и сл.)

Разделено се пишува негацијата не и пред глаголскиот прилог: не сакајќи, не


знаејќи, не можејќи.

***
За пишувањето на сложенките со компонентата -пат или -пати

Сложенките кај кои втора компонента е елементот -пат или -пати се пишуваат
слеано со првиот дел: првпат, вторпат, третпат; седумпати, единаесетпати, стопати.

Во сложен броен израз се пишува: дваесет и петпати, сто триесет и шестпати.

Исто така слеано се пишуваат: многупати, неколкупати, повеќепати, честопати.

Доколку двата дела на овие прилози посебно се нагласуваат, тогаш се пишуваат


разделено: прв пат, четири пати, многу пати, често пати.

Љ. Ајтовска
октомври 2016

You might also like