Lektorski Beleshki. DEKEMVRI 2016

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

ЛЕКТОРСКИ БЕЛЕШКИ

За „евтините цени“

Една од грешките што се јавува во јазикот на медиумите е употребата на придавката


евтини со именката цени. Тоа е особено видливо во текстовите на рекламите, коишто
често се повторуваат и влијаат врз публиката. Еве кратко објаснување за ова:

Евтин – (придавка) – нешто што има ниска цена. Преносното значење е: безвреден,
празен, површен. Пр.: Нивната продукција се претстави со евтин филм.

Цена е вредност на нешто (стока, имот, труд и сл.) изразена во пари или во нешто друго.
Пр.: Продажна цена. Откупна цена. Ниска цена. Високи цени. Пазарни цени.

Цените можат да бидат такви: ниски, високи, продажни, откупни, пазарни, набавни.
Евтини можат да бидат производите, имотот, услугите.

Спојот евтини цени не е соодветен ни со преносното значење што го има именката цена
(вредност, важност, значење), којашто според стандарднојазичната норма се јавува само
во еднинската форма: Животот нема цена. Тоа е цената на слободата.

Затоа препорачувам да ја избегнувате ја употребата на евтини цени. Таа е несоодветна не


само од јазичен туку и од економски аспект. Покажува спонтаност, стихијност во изразот,
а не знаење и норма којашто е карактеристика за јазикот во медиумите. Правилно е:
ниски, достапни, прифатливи цени.

Интерпункција

Запирките меѓу речениците во составот на сложената реченица

Разделните реченици со сврзникот или не се одделуваат со запирка:

Со таквата критичка анализа се верифицира или се коригира определено толкување на


законските одредби. – Навечер гледам телевизија или читам некоја книга. – Тој ќе седи
со часови замислен или ќе оди да ја види. – Не можеше да дојде или не сакаше да пее,
тоа никој не го знае.

Во разделните реченици поврзани со сврзникот или, по кој следува дел-реченица што е


во одречна форма, или кога се јавува дел-реченица како логичен заклучок (кога сврзникот
или е засилен со некој збор – па, пак, можеби, поточно, подобро, барем и сл.) се бележи
запирка:

Таа е малку уплашена, или можеби мене така ми се чини. – Тој ќе победи на
натпреварот, или барем ќе освои некое подобро место. – Не го брани, или подобро да се
тргнеш од мојот пат.

Разделните реченици со повторени сврзници (или... или, било... било, ја... ја, де... де, час...
час, ем... ем, и... и, ни... ни, ниту... ниту) не се одделуваат со запирка, освен ако сакаме
интонациски да издвоиме некој дел за да се нагласи дека се искажува со повисок тон:

Ни (ниту) руча ни (ниту) вечера, само си седи и си мисли. – Ем парите си ги сака ем


стоката ја сака. – Ниту разговараат ниту си одат.

Или ќе раскажеш за сите настани во последните неколку дена, или мисли му ја. – Ниту
ручек видовме, ниту кафе ни дадоа.

Ако се јавуваат едноподруго три или повеќе разделни реченици со повторени


сврзници, тогаш тие се одделуваат со запирка, а кога меѓу нив ќе се јави некоја
реченица како вметнат дел, ги одделуваме со запирка според смисловната оцена и според
блиската врска меѓу деловите:

– Или ќе се заврши оваа приказна уште вечерва, додека не сме заборавиле зошто сме
собрани, или тие ќе живеат цел живот без да ја знаат вистината. – Во овие денови на
тага ниту му се јадеше ниту му се пиеше, ниту спиеше ниту буден беше, ниту сакаше да
седи дома ниту да излезе. – Таа ем ја знаеше вистината ем зборуваше со неа, ем сакаше
да пресече ем сакаше да молчи.

Љубинка Ајтовска
декември 2016

You might also like