Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Член 29

Ако барањето се однесува на идни давања што се повторуваат, вредноста на предметот на спорот
се смета според нивниот збир, но најмногу до износот што му одговара на збирот на давањата за
време од пет години.

Член 30

(1) Ако една тужба против истиот тужен опфаќа повеќе барања што се засноваат врз иста фактичка
и правна основа, вредноста се определува според збирот на вредноста на сите барања.

(2) Ако барањата во тужбата произлегуваат од разни основи или се истакнати против повеќе
тужени, вредноста се определува според вредноста на секое одделно барање.

Член 31

Кога спорот се води за постоење на наемен или закупен однос или за однос на користење на
станбен или деловен простор, вредноста се рмета според едногодишната наемнина, односно
закупнина, освен ако се работи за наемен, односно закупен однос склучен на пократко време.

Член 32

Ако со тужбата се бара само обезбедување на побарување или засновање на заложно право,
вредноста на предметот на спорот се определува според износот на побарувањето што треба да
се обезбеди. Ако предметот на залогот има помала вредност од побарувањето што треба да се
обезбеди, како вредност на предметот на спорот ќе се земе вредноста на предметот на залогот.

Член 33

(1) Ако тужбеното барање не се однесува на паричен износ, но тужителот во тужбата навел дека
се согласува наместо исполнување на тоа барање да прими определен паричен износ, како
вредност на предметот на спорот ќе се земе тој износ.

(2) Ако тужбеното барање се однесува на сопственички спорови, за определување на вредноста


на спорот меродавна е прометната вредност на имотот, предмет на спорот што тужителот е
должен да ја определи во тужбата.

(3) Ако во случајот од ставот (2) на овој член вредноста на предметот на спорот тужителот
очигледно ја определил многу високо или многу ниско, така што се поставува прашање за
составот на судот или за правото на изјавување ревизија, судот најдоцна до закажување на
подготвителното рочиште брз и на погоден начин ќе ја утврди вредноста на спорот. Во сите други
случаи, кога тужбеното барање не се однесува на паричен износ, како вредност на предметот на
спорот се смета висината на таксената основица.

4. Состав на судот

Член 34

(1) Во парничната постапка судовите судат во совет.

(2) Во кои случаи суди судија поединец се определува со овој закон.

(3) Претседателот на советот може да ги презема само оние дејствија во постапката и да ги


донесува само оние одлуки за чие преземање односно донесување е овластен со закон.

(4) Ако со овој закон поинаку не е определено, судијата поединец во решавањето на предметите
од својата надлежност ги има сите права и должности што му припаѓаат на претседателот на
советот и на советот.

Член 35

(1) Во прв степен споровите ги суди совет или судиЈа поединец

You might also like