Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 5

Ана Ѓоршевска 15954

Евтината работна сила како


фактор на производство и
политика за привлекување на
странски директни
инвестиции
Во текот на изминатите години во Република Македонија се извршени бројни
анализи со цел да се откријат причините зошто оваа држава не се наоѓа меѓу
поатрактивните за странските инвеститори. Тие покажуваат дека нестабилната политичка
ситуација, недостатокот на безбедност, корупцијата, неефикасните судови, даночниот
систем и малиот пазар се најголемите причини поради кои странските инвеститори не ја
одбираат Р. Македонија. Евидентно, странците гледаат на Македонија како на држава во
која има често променливи политики, нерешени имотни права, слаба и недоволна
инфраструктура, слаби банкарски услуги и мошне долг процес на донесување на одлуки.
Еден од најголемите предуслови за привлекување на странски директни инвестиции е
поседувањето на цврста законска регулатива, која на инвеститорот ќе му даде сигурност
дека доколку вложените пари на некој начин му бидат “украдени“, ќе има шанса да си ги
поврати преку судски процеси. Меѓутоа, оваа држава има и неколку предности за да
привлече странски инвестиции. Тука се вклучени: добрата локација на земјата,
транспортните врски, образованата и евтина работна сила и отворените трговски режими.

Странските директни инвестиции претставуваат еден од најважните инструменти


за поседување кои во една национална економија го поттикнуваат производството, увозот
на know-how, раст на вработеноста, развојот на инфраструктурата, намалување на
сиромаштијата итн. Бенефитите кои се остваруваат со приливот на странски директни
инвестиции предизвикува огромна конкурентност на глобалните пазари на слободниот
капитал, се со цел да се привлечат сѐ поголеми и поразновидни инвестиции. Од друга
страна е неопходноста на економијата од странска акумулација, бидејќи стапката на нето-
приливи на странски директни инвестиции во Македонија во 2014 година е 2.3%. со
најголем процент во инвестициите се Холандија, Австрија и Грција, па потоа следат
Словенија, Унгарија, Турција, Швајцарија и Обединетото Кралство. Општиот тренд на
светскиот пазар на овие инвестиции е бришење на географските граници помеѓу земјите
во развој и развиените земји. Имено, економската логика која се пласира е едноставна и
примамлива - за една мала, неразвиена економија сиромашна со ресурси да може да се
развива, неопходно е да има инвестиции. Оваа логика го достигна своевидниот климакс по
2006 година, кога владата имаше до пет министри задолжени за привлекување на странски
инвестиции, покрај министрите за финансии и економија. Земјата направи целосна
промена од претходната политика на пасивност кон странски директни инвестиции, во
амбициозна политика на промоција на истите. Се измени законодавството и
институционалната рамка и започна проактивно барање странски инвеститори. Земјата се
рекламираше како земја со евтина работна сила и ниски даноци. Тогашниот премиер и
министрите патуваа низ повеќе земји и ги презентираа поволностите за инвестирање во
Македонија. Во тој период се отвори и посебна Агенција за странски инвестиции и
промоција на извозот, која ангажираше дваесетина економски промотори низ разни земји
во светот, со мандат да ги промовираат ресурсите и потенцијалите на Македонија како
атрактивна бизнис дестинација. Се отвори и Дирекција за технолошко-индустриски
развојни зони, со цел да отвора, развива и менаџира технолошко-индустриски зони во кои
странските фирми ќе можат лесно да отворат фабрика. Со тоа, до крајот на 2016 година се
отворија 15 технолошко-индустриски развојни зони, иако фабрики има само во 7 од нив
(Скопје 1, Скопје 2, Кичево, Струга, Штип и Прилеп). Освен тоа, на странските
инвеститори им се нудеа и бројни поволности за започнување на бизнис во Македонија.
Двата главни закони кои ги регулираат овие поволности се Законот за технолошко-
индустриски развојни зони и Законот за контрола на државната помош. Привилегиите се:
целосно ослободување од плаќање на сите даноци, целосно ослободување од плаќање на
царини и други увозно-извозни давачки, целосно ослободување од комунални трошоци за
градење на објект, покривање на трошоците, покривање на трошоците за градење на
објект во вредност до 500.000 евра, покривање на трошоците за образование на
работниците во износ до 50% од трошоците и директен “кеш грант“ од страна на државата
во износ до 70% од вредноста на инвестицијата или 70% од платата за новите вработени за
период од 2 години. Поради сето ова, државата го доби епитетот “рај за инвеститори“. Но,
секој рај има свој пекол, а во овој случај пеколот беше за работната сила. Се раширија
стории за лошите работни услови во новите фабрики, труење со храна на работниците во
една фабрика, штрајк во една од фабриките поради неплатена работа за време на државни
празници, смртен случај и број протести.

Трошоците за привлекување на странски инвестиции постојано растат во


анализираниот период. Во 2007 година изнесувале само 6 милиони евра, а во 2015
достигнуваат до 28 милиони евра. Во целиот анализиран период, трошоците изнесуваат
вкупно 160 милиони евра. Во 2007, трошоците се реализирале само преку Владата, во
2008 почнуваат и преку Агенцијата за странски инвеститори и во 2009 и преку
Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони. Сепак најголем дел од трошоците
се извршува преку Владата. Во Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони
имаат листа на фирми кои работат во технолошко- индустриски развојни зони. Таму се
наведени 18 фирми. Бројот на вработени во фирмите кои добиваат државна помош
постојано расте, така што во 2007 година изнесувал 22, во 2012 се искачува на 1339, а во
2015 година достигнува 12600 лица. Околу три четвртини од вработените, т.е. 9768 лица
се вработени во само три фирми. Вкупната количина на исплатени нето плати во фирми
кои добиваат државна помош во 2015 година достигнале 39,5 милиони евра. И во овој
случај, нормално, растот се случува во последните 3 години. Во 2007 година изнесувал 0,1
милион, а во 2012 се искачува на 5 милиони евра. Просечната плата во фирмите кои
добиваат државна помош во 2015 година изнесува 261 евро во 2015 година. Во овој случај,
платата доста забележливо се намалува во последните 4 години, кога всушност и се
отвораат најголем дел од овие фирми. Во 2011 година, со само 479 вработени, просечната
плата изнесувала 452 евра. Тука треба да се истакне дека во просечната плата ја
вклучуваат и платата на вработени на повисоко ниво, како што се менаџерите, која
вообичаено е повисока, што значи дека платите на работниците се мошне пониски од
просечната плата. Вкупната нето добивка на сите овие фирми во 2015 година достигнува
скоро 92 милиони евра, што е повеќе од двојно од платите на работниците. За целиот
период од 2007 до 2015 година, фирмите оствариле добивка од вкупно 235 милиони евра.
Првите 4 години, добивката била негативна, пто е вообичаено, бидејќи фирмите се во
загуба во иницијалната фаза од работењето. Учеството на добивката во вкупниот доход
кој фирмите го генерираат во просек за целиот период изнесува 72%, што е неверојатно
високо ниво. Ако се направи споредба на ниво на целата економија, ова учество во 2013
година изнесувало 54%, додека во развиените земји се движи околу 40%. Сите овие
информации укажуваат на фактот дека овие фирми прават несразмерно повеќе доход за
сопствениците, отколку за работниците. Учеството на доходот на овие фирми во вкупниот
БДП постојано расте во анализираниот период и во 2015 година достигнува 2,1%.

Директните трошоци кои владата ги реализирала за привлекување на странски


директни инвестиции во периодот 2007-2015 изнесуваат 160 милиони евра. Вкупниот број
на вработени во фирмите кои добиле државна помош на крајот на 2015 изнесува 12600,
што значи дека трошоците по еден вработен изнесуваат 12580 евра. Вкупниот износ на
платите кои овие вработени ги добиле во анализираниот период е скоро 93 милиони евра,
што е помалку од средствата кои државата ги издвоила за привлекување на овие фирми.
Континуираното промовирање евтина работна сила, а едновремено и на политика за
привлекување развиени технологии, не се одразува во цената на работната сила. Ако
ваквите плати се одраз на вработувања за кои не е потребна високо квалификувана
работна сила која би развивала нови технологии со голема додадена вредност, тогаш
произлегува дека главните вработувања се мануелна работна сила со која не се постигнува
ефект на пренесување знаење и прелевање на знаење во другите компании од секторот,
еден од главните фактори за привлекување странски директни инвестиции.

Со други зборови, доколку државата директно им ги дала овие пари на


работниците кои се ангажирани во овие фирми, нивните примања би биле 73% повисоки
од тие што се всушност остварени. Со оглед на овие податоци кои покажуваат дека
средствата кои државата ги потрошила се значајно повисоки од платите на вработените,
може да се заклучи дека државата практично им дава средства на странските фирми, кои
потоа завршуваат како нивна нето добивка. Односно, државата директно придонесува кон
нето добивката која овие фирми ја остваруваат. Затоа треба да се прекине со политиката
на издвојување на огромни државни средства за привлекување и помагање на странските
инвестиции, затоа што директната корист која македонското општество ја има од оваа
политика е многу помала од директните трошоци.

You might also like