Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Членовите на Институтот на сметководители наменаџментот треба да се однесуваат етички.

Прифаќањето на професионална етичка пракса вклучува:


највисоки принципи кои ги изразуваат нашите вредности, и стандарди кои го водат нашето однесување.

ПРИНЦИПИ

Највисоките принципи на Институтот на сметководители на менаџментот вклучуваат: Чесност, Фер однесување, Објективност и Одговорност.
Членовите треба да дејствуваат во согласност со овие принципи и треба да ги поттикнуваат другите во компанијата да ги следат нив.

СТАНДАРДИ

Непочитувањето на следните стандарди од страна на членовите може да резултира во дисциплинска постапка.


I. КОМПЕТЕНТНОСТ
Секој член има одговорност да:
1. Одржи соосдветно ниво на професионална експертиза преку континуиран развој на знаењето и вешините.
2. Ги изврши професионалните обврски во согласност со релевантните закони, регулативи и технички стандарди.
3. Обезбеди информации и препораки за поддршка на одлучувањето што се точни, јасни, концизни и навремени.
4. Ги признае и контактира професионалните лимитирања или други ограничувања кои би спречиле професионално рассудување или успешно
извршување на активностите.
II. ДОВЕРЛИВОСТ
Секој член има одговорност да:
1. Ги чува доверливите информации освен ако обелоденувањето е авторизирано или легално потребно.
2. Ги информира сите релевантни страни во врска со соодветната употреба на доверливите информации. Да ги надгледува активностите на
подредените за да осигури придржување кон овој стандард.
3. Се воздржи од употреба на доверливи информации за неетички и нелегални предности.
III. ИНТЕГРИТЕТ
Секој член има одговорност да:
1. Ги намали на актуелните конфликти на интереси. Редовно да комуницира со деловните партнери за да се избегне очигледен конфликт на интереси.
Да ги советува сите страни за било каков потенцијален онфликт на интереси.
2. Се воздржи од ангажирање во било каква активнот што ќе прејудицира неетичко извршување на обврските.
3. Се воздржи од вклучување во или поддршка на било каква активност што може да ја дискредитира професијата.
IV. КРЕДИБИЛИТЕТ
Секој член има одговорност да:
1. Ги користи информациите фер и објективно.
2. Ги обелодени сите релевантни информации од кои разумно би можело да се очекува да влијаат на намерно разбирање на извештаите, анализите или
препораките од страна на корисникот.
3. Ги обелодени одложувањата или недостатоците на информациите, навременоста, обработката или интерните контроли во конформитет со
организационата политика и/или применливиот закон.

РЕЗОЛУЦИЈА НА ЕТИЧКО ОДНЕСУВАЊЕ

Во применувањето на Стандардите за професионална етичка пракса, може да наидете на проблеми за идентификување на неетичко однесување или
решавање на етички конфликт. Кога сте соочени со етички проблем, треба да ги следите воспоставените политики за решавање на таков конфликт во
вашата организација. Ако овие политики не го решаваат етичкиот конфликт, треба да ги разгледате следните насоки на дејствување:

1. Дискутирајте го проблемот со вашиот директен претпоставен освен ако се чини дека и претпоставениот е инволвиран. Во овој случај, презентирајте
го случајот на следното ниво. Ако не можете да постигнете задоволително решение, поднесете го проблемот до следното ниво на менаџмент. Ако
вашиот непосреден претпоставен е извршен директор или еквивалентно, прифатлив авторитет за разгледување на проблемот е комитетот за ревизија,
извршниот одбор, одборот на директори или сопствениците. Контактот со нивоата над вашиот директен претпоставен треба да бидат иницирани
само со знаење на вашиот претпоставен, под претпоставка тој или таа да не се вклучени во проблемот. Контактирањето за таквите проблеми на
авторитети или индивидуи кои не се вработени или ангажирани во организацијата не се смета за соодветно, освен ако не сте уверени дека постои
јасно кршење на законот.
2. Разјаснете ги релевантните етички проблеми преку иницирање доверлива дискусија со Етички Советник на Институтот на сметководители
наменаџментот или друг непристрасен советник за подобро да ги разберете можните насоки на дејствување.
3. Консултирајте го вашиот личен адвокат за правни обврски и права во врска со етичкиот конфликт.
Ако етичкиот конфликт сеуштепостои после исцрпувањето на сите нивоа на интрно прегледување, може да нема друго решение освен поднесување на
оставка во компанијата и доставување на информативен меморандум на соодветен претставник од компанијата. После разрешувањето, во зависност од
природата на етичкиот конфликт, може да биде потребно да се информираат и други лица и страни.

You might also like