Јод

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 3

Јод-Iodum( I 2)

Елементарниот јод е откриен во 1811 година во пепелта на морските алги. Во природата


речиси никогаш не се среќава во слободна состојба. Во човековиот организам поголеми
количества на јод се наоѓаат во тироидната жлезда, каде што влегува во состав на хормонот
тироксин.

Доаѓа во облик на сиво-црни плочки или лушпи со метален сјај и карактеристичен


мирис.Нерастворлив во вода, а растворлив во воден р-р на калиум јодид, етанол етер,
хлороформ и глицерол. Р-рот на јод со хлороформ има виолетова боја, а со калиум јодид,
етанол и глицерол дава кафеава боја. При загревање јодот сублимира и развива виолетови
пареи кои се токсични.

Добивање: Јодот може да се добие на 2 начина и тоа:

1. Со согорување на морските алги. Односно со оксидација на натриум јодид кој што се


наоѓа во пепелта од согорувањето на морските алги. Оксидацијата се изведува со
манган диоксид во кисела средина при што се добива јод.

2 NaI + MnO2 +2 H 2 SO 4 → I 2+ Mn SO 4 + Na 2 SO 4 + 2 H 2 O

2. Со екстракција од филтратот којшто останува по одвојувањето на натриум нитрат од


чилската шалитра. Овој филтрат содржи 5-20% натриум јодат. Ваквиот филтрат се
третира со натриум хидрогенсулфит или со смеса од натриум сулфат и натриум
хидрогенсулфит при што се таложи јод.
2 NaI O3 +5 NaHS O 3 → I 2 +3 NaHS O4 +2 N a2 SO4 + H 2 O

2 NaI O3 +2 NaHS O3 +3 Na2 SO3 → I 2 +5 N a2 S O4 + H 2 O

Докажуање на 2 начина и тоа:

1. Со ззагревање на супстанцата во епруветка при што се издвојуваат виолетови


пареи и се формира синоцрн кристален сублимат.
2. Со р-р на скроб при што се добива сина боја. Ако на р-рот му се додаде натриум
тиосулфат се добива светло-жолта боја поради редукција на јод во натриум
јодид:
I 2+ 2 Na2 S2 O3 → 2 NaI + Na2 S4 O6

Опеделување: со јодометриска титрација

Употреба: Надворешно се користи како антисептик во облик на етанолен и воден р-р.


Етанолниот р-р се нарекува Iodi solutio aethanolica, додека водениот раствор е познат како
Луголов р-р кој претставува р-р на јод во 10% воден р-р на калиум јодид. Интерно р-рите на
јодот се користат во терапијата на гушавост.
Активната супстанца е провидон јодид кој е комплексно соеднинеие кое во допир со кожата
или слузница овозможува бавно ослободување на јодот и изразување на неговото
антисептично дејство кое се задржува и при крв и гној.

Која е улогата на јодот во организмот?

1. Присуство на доволно количина на јод во човечкото тело, сместен главно во


тироидната жлезда, при секој циклус на крвта (ова трае 17 минути) убива бактерии
кои, на еден или друг начин, навлегле во организмот. Кога крвта минува низ
тироидната жлезда, јодот го ослабува дејството на бактериите, а со повеќекратна
циркулација и ги уништува. При ниско ниво на јод во организмот, тироидната
жлездата губи дел од нормалното функционирање.
2. Јодот има смирувачки ефект врз луѓето.
3. Ја подобрува менталната способност на човекот.
Дефицит на јод

Недостатокот на јод е причина за појава на Базедовата болест (појава на гушавост), може да


предизвика вродени деформации на фетусот, раѓање на мртво дете, неплодност, абортус,
застој во растот и развојот на деца, ментална ретардација, ризик од рак на тироидната жлезда,
замор, раздразливост, чувство на слабост во утринските часови.
Вишок на јод

Не само недостатокот, туку и вишокот на јод во организмот води кон непожелни последици.
Состојбата на вишок од јод се карактеризира со зголемено лачење на слуз од носот, појава на
знаци на настинка, појава на бронки по кожата (уртикарија) и други алергиски реакции.

Дневната доза на јод во организмот за возрасна личност изнесува од 0,1 – 0,2 мг и се


зголемува кај бремени жени и доилки, во услови на живот при многу високи и многу ниски
температура, но и при недостаток на кислород. Јодот се исфрла преку бубрезите.

Јодот се среќава во кравјо млеко,кефир, павлака, соја, грав, лук, цвекло, домати, компир,
јаболка, ориз, путер, лосос, јајца,брокула, спањаќ и др.

Провидон јод- Providonum iodinum


Претставува комплекс на јодот со поливинилпиролидон. Тој е жолто-кафеав или црвено-
кафеав прашок кој е растворлив во вода и алкохол.

Докажување на 2 начина и тоа:

1. Со скроб при што дава темно сина боја


2. Водениот р-р со неколку капки на натриум ссилфит се обезбојува, а со калиум
бихромат се добива светлокафеав талог.

Определување: со јодометриска титрација.

Употреба: Се користи како дермоантисептик во различни фармацевтски облици. Овој


комплекс е стабилен и не предизвикува иритација на ткивото, не е токсичен и не е испарлив.

You might also like