Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Примена на тоновите ми2,фа2 и сол2

Примена и утврдување на тоновите ми2,фа2 и сол2 преку


песните “Елено ќерко”стр.11,”Ај да бегаме мори Васе”стр.12 и
“Што ми е мило ем драго”стр.13.

Драган Шуплевски
Драган Шуплевски (1933-2001) беше македонски хорски
диригент, педагог и композитор, својата музичка дејност ја
започнал во родниот град Скопје, определувајќи се за
музиката како за свој животен пат.
Мошне надарен уште како ученик го привлекува хорското
диригирање, заради што станува и првиот диригент на
Детскиот радиохор на Радио Скопје (1952-1954), како и
корепетитор на Радио-хорот при истата институција, за да го
преземе потоа во 1968 година и целокупното водење на
Радио-хорот на Радио телевизија Скопје, сè до 1990 година.
Завршувајќи ја музичката академија во Белград (1958), доаѓа
во Македонија како диригент со искуство што го стекнал во
текот на студиите во Белград, кога бил диригент на хорот
„Жикица Јовановиќ - Шпанац“ (1956-1959). Со музичка
педагогија започнал да се занимава во 1960 - 1963 г., кога
станал професор во Средното музичко училиште во Скопје.
Но тогаш, во 1960 год, се основа Академскиот хор „Мирче
Ацев“ чиј прв диригент е Шуплевски, а ќе го води од 1960-
1974 и од 1984-1990 година. Во годините што следуваат
станал музички уредник во Редакцијата за музика при Радио
Скопје (1963-1966), за да премине во 1966 година на
Факултетот за музичка уметност, како професор по хорско
диригирање, познавање на хорската литература и хорско
пеење, каде останува сè до својата смрт.
 Напишал неколку десетини хорски творби во кои речиси без
исклучок се инспирирал од македонскиот музички фолклор.
Особено е познат со обработките на народни песни – „Чае
Шукарие”, „Рум, дум, дум”, „Орал дедо”, „Дафино, вино”,
„Пошла мома на вода”, „Ајде да се земеме” ... и др. Неговите
песни се обликувани со ново руво и со зачувана мелодиска и
ритмичка фолклорна изворност. На овој начин, Шуплевски ја
подигна македонската народна песна на повисоко уметничко
рамниште.

You might also like