Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 54

РИСТО Ѓ.

ЈАЧЕВ

МЕ НАСЕЛИ ЕСЕНТА

( поезија 2017 и 2018 )


Охрид - Скопје
МИНУВААТ ПРОЛЕТИ И ЗИМИ
СÈ ИМА ПОЧЕТОК И КРАЈ

Зимска качунка ми цвета в уста.


Во времево на излажани
и наплакани луѓе ме напушта
сила и мојата радост пуста.

Во земјава глува посејувам семе


да не остане осамен денот бел.
Овде нема сонце, нема љубов
ниту го има моето свето име.

Со тешка мака во празново срце


в конечен мрак течам како вода.
Утрово исчезна светлината немо
в модриот чаршав на небото сино.

На прозорецот седи мојата надеж.


Низ сите минати години верував
најубаво е да се умре меѓу цвеќиња.
Велат, сè имало почеток и свој крај.
ИЗЛЕГУВМ ДА ПРОШЕТАМ

Многупати пролетта ми носеше


цвеќе, бело цвеќе миризливо.

Ми носеше пролетта и тогаш


кога сивите патишта ги носев
на слабите рамења.

И секогаш кога погледот ми


залутуваше, нивите наоколу
беа забрадени со цветни шамии.

Тука земјата е накривена како


нежна поткастрена рака
подадена кон модрото небо.

Од тоа се плашам, многу се


плашам по зелената трева
да газам.

Се плашам и од надојдената
вода од реката да не с’ржи sвер
од кој по снагата морници

диви започнуваат да ме лазат.


Полека се исправам, моите
кревки нејаки плеки се ранети.

Денес, денес пак бијат камбаните,


осамен од изутрина гледам
во небото.
БОЛКА МЕ ГРЕБЕ

Сè поначесто некоја болка тапо


во душава подмолно ме гребе.
Стегам срце, полека кршам раце.
Не, не си припаѓам веќе на себе.

Од ден на ден прошетувам така


со претурен сон, со паднати веѓи.
Одамна нема на кого да се потпрам
кога вртам сам под светите меѓи.

Не можам, не можам крај брзата


река да чекам. Ќе ја пуштам болката
со надеж брановите да ја однесат
удолу како некогашниот бакнеж

ах, крај брегот таму каде шетавме


сами безгрижни и минатото лето.
МИНУВААТ ПРОЛЕТИ И ЗИМИ

Минуваат пролети и зими


и понатаму останувам ист.
Во мене нема, нема место
ниту за една чедна промена.

Денес не знам што ме мачи.


Дали ме мачи големата мисла
или тешките траги од многуте
неповторливи таги и спомени?

Утрово зашумувам ко старите


тополи крај бистрите води
каде тивко сенката ми трпи.
Минуваат пролети и зими.

Мила, како да ти се доближам?


Осамен сум без мојот сјај, нешто
длабоко во мене боли, боли
белегот. Затоа седнувам на крај.
СТАРО ЗДАНИЕ

Стрчат sидовите и подгорените греди


сред плевелот како скршени нокти.
Само на понекоја икона останале очите
кои птиците и сонцето ги следат.

Како да е живо оваа здание каде се


тркалаат камчиња и глуварчиња летаат
каде некој ко од некоја тешка болест
се чува како старите кои боледуват.

Одамна живеам тука со моите навики


и страсти, со свилени крпчиња се китам,
криејќи ја мојата нежна кожа од краста.
Постои ова здание како залечен чир,

ова старо здание што може да се види


како свети осамено и осамено збива
делумно насликано на оддалечен облак
кога тивко се прашам: Што ќе му е грива?
ЛЕЖАМ НА ПОКРИВОТ

Како сив лебед лежам на покривот,


на превртените ќерамиди надолу
каде тивки капки дожд се валкаат,
и некому страсно ко да му се молат.

Под стреата ми висат нозете влажни


во мигов кога доаѓа квечерината.
Долу прокиснува собата празна
јадри капки вода по подот се влечат

по sидовите голи полжави лазат


лигави траги ко конци по нив светат.
Боже мој, ќе ме изеде ова мемла
која одвреме-навреме светнува

ко жарче во мангалот што го снема.


Со денови се кријам ко отечен образ.
Од тоа се срамам, многу се срамам кога
нема другар да ме види ако ми треба.
ЛЕТЕН ДЕН

Жежок летен ден како износен чевел


тивко врви сред жита во жолт пламен
и прави прстени плетени од трева
со нечие име место скапоцен камен.

Мора да молчам оти крик е крстот дрвен


и сронат лист што шушка ко момче в одот.
Ако сум потечен и црвен, наоколу гледам
како куќа по земјотрес кога паѓа сводот.

Кога ќе се вратам со црните бубачки


ќе се зближам кога мравки ќе го цртаат патот
кога нешто големо во тревите ќе дише.

Ах, ако се вратам од кај што велат да се


вратам, ангелите први ќе ме видат
со златна sвезда и чиста насмевка света.
НÈ ЗБЛИЖИ БОЛЕСТА

Тој свет ден меѓу дрвата голи


беснееше ветрот ко неизлечлив
лик, а со него тагуваше сводот
и некои прозорски капаци ко нешто

да ги боли. Зад заклучените врати


скришно му се предадов на животот
ко весник што наутро се чита, му
се предадов на некој што векот и

светот не може да ги сфати. Ова е


време, велеа, кога никој не знае:
кој, каде и зошто оди по улиците
празни крај темните покриви низ

матните води. Тој ден нè зближи болеста


која пееше во мене, не зближија
заборавените сказни како гребење
на мравки по лист есенски што вене.
ДОЧЕК НА НОЌТА

Заборавен како застанат часовник


го превртувам џебот на мојот живот,
ноќва прозорецот е недовршена слика
на паун со клун забоден во спротивен

sид. Ја дочекав ноќта со очи в дланка,


коренот на видот ми е зад потонат свет.
Црвен срам легнал тивко во мојот сон
кога бел лебед ко месечина ми се нуди.

И по ова полноќ собата моја се буди,


барајќи го тивкиот загубен шепот
и ликот од дамнешната прекрасна посета.

Утрово во легенот со вода сум заборавен.


Јас и недовршената слика за светот
во огледалото бело на денот ликуваме.
ВО МОЈАТА СОБА

Во аголот на собата две свеќи светат,


сенките се удираат една од друга.
Тенки гранки зад прозорецот се жарат,
ноќта како гламна згаснува во видот.

Надвор ко див sвер довикува ветрот.


Се проsева одајата, креветот се туфка,
ја нема белината и твојот мил шепот,
белиот мирис и блажината од јасмин.

Трепери мојата соба и јас во неа


тивко како по сиво врапче трагам,
со чедна душа и кошула чиста
шупливото дрво на сонот го барам

како осамен човек монистото ситно.


Во аголот на собата две свеќи светат
сенките прегрнати легнати се на подот
и ова утро пак на прозорецот стојам.
ЕСЕН

Есента студена в црни пандофли кашла


под фенерот сив меѓу мокрите дрвја
наведната се потпишува и удира печат
врз пожолтените документи во полето.

Со денови веѓите ѝ се под врбите голи


во душата ѝ тупка каменот на тагата
ко скинат конец од везилото на небото
жуборот ѝ шета до крајот на рамнината.

Меѓу саканиот поток и тажните врби


само белината од слепилото на водите;
и дождот како прелажана мома плаче.

Врз сувите кренати прсти на врбите


паѓа замаглено темнината во ноќта
додека есента во стари пандофли оди.
ГО ГЛЕДАМ БУМБАРОТ

Твојата витка става ко топола така


се извива на крајот од рамнината,
па душава и пред трњето дури
се отвора како шарен убав чадор.

Од копнежот распрснаа глуварките


срам во секое полско цвеќе се всели
и тревата воздивнувајќи ми в лице
желно се раздипли ко твојот фустан.

Долго лежам така во сувото поле


со крвта моја во густакот мирислив
измислуваш жубор на надојдена вода.

Изгубен го гледам бумбарот што турка


топче по топче ту ваму ту таму
со никого веќе не можам да се дружам.
СО СТРАКЧЕ ВО РАКА

Проколнат сред височините лутам


размавтан со стракче лук во рака
осамено нашето лудо небо ме следи.
Навечер му ги гледам тврдите табани

низ распарталените чорапи на залезот,


па заспивам во дупката црна на мракот.
Каде одам јас сè е мирно и тивко
ги нема дните со ѓерданите на вратот

и твоето име весело како ноќна sвезда


завиткано во крпче што го чувам в пазува.
Полесно ѝ е на sвездата што паѓа и гори
на дрвото удрено од гром отколку мене

кога ме обзема желбата да те видам.


И што може да стори ова тврдо небо,
чии крвави и распукани табани му зјаат
како испокинати чорапи на залезот?
СТАРАТА МЕСЕЧИНА

Ко скршена чинија се тркала на патот


месечината стара црвена и тврда
со песната на ноќните штурци
ја клепа силуетата што личи на мене.

Изморен од борби со самиот себе


со црни плеќи се враќам ноќва
сонувам за кревет, кадифе и свила
многу стариот долап крца во мене.

Од недамна цути јасмин во дворот


ќе легнам под него, а тој нека го лови
здивот на твојата некогашна убост.
Ми паѓа главата врз празна чинија

се размрдуваат птиците под бледите


светла под тежината на ноќта тврда
кога под брадата на небото шуми денот
ко Адамовото јаболко на мојата шија.
ДУВА ВЕТЕР

Силен, многу силен ветер дува


завива и крши сè во мене што имам
ненаместена постела осамено чува
студ и белина од нашата зима.

Сè е како тага на ранета sверка


навечер тивко што ползи по sидот
и небото превртено ко очна белка
кога ме гледаат бајачки низ сито.

Дува силен ветер ко ѓавол зинат,


дува кон сите за кои нешто сум рекол
пред да знам за било чија вина.

Морам да се навикнам на сè ново


вистината ми е и јаве и пекол
маѓепсан свет и лудост без повод.
ТЕЧЕН ОДЕК

1.

Се намуртило небото дожд се цеди


со денови едно исто се случува
се смали домот пат на грбот ми седи
говорот во слогови ме заклучи.

Тропа дождот ситно мрзливо тромо


во убавите мисли ми одможува
и твојот здив ко пердув врз црвен сомот
ме наежува до безум ме прогонува.

Се цеди дождот бавно, ситно и тромо


секое станување ми го запира
враќајќи ме меѓу заборавените нешта.

Ко сон во влечки по плочките во дворот


удира и сите предмети ги обезличува
дождот тој течен одек на мојот кошмар.
ДОЖД

2.

Истура силен јадар дожд.

Боже мој мил,


зад скршениот прозорец на соседот
sвони,
sвони ранетата душа на небото.

Ах, паѓа, паѓа полуден дожд.

Од блиската меана со радост


непрестано тропаат преполнети
чаши.

Надвор истура,
истура, душо сакана,
дожд,
јадар дожд ко штотуку проодено
дете.

И пак, тоа наместо назад да се врати


паѓа,
се растркалува ко пијан човек
пред својата врата.

Боже истура, паѓа страшен дожд.

Ноќва и по мојот мрачен пат


се валкаат
јадри солзи и дожд,
ах, дожд врз моето лице,
како некогаш врз мојата коса
во моето напатено детство.
ЗАБЛУДА

3.

Не знам по кој пат се обидувам


да се вратам насмеан дома.
Но, насмевката како да замрзнала.

Не знам,
не знам што да правам со себе
денот ко да носи сал очај и јад.

На исплаканите солзи со денови


и години не им иде крајот

безвредната надеж моја најсакана


во мојата душа останува
како тешка, многу тешка заблуда.
КРАЕН ОД

4.

Напуштен од сопствената сенка


осамен со згаснати црнки

без жар и топли зборови


со жежок огон и камен в душа

сè ми се чини сум во краен од.


Во мигов кога шумата во болка

крвари во отворените дланки


кои имиња да ги изговорам?

Патот е долг и неизвесен,


Боже, како без тага
да затворам наплакани очи?
И НИЕ СĂКМЕ КĂТУ СĂТЕ
Н'ОГУ С'АКМЕ

И нија

с'акме дă б'ијдме к'ăту с'ăте


к'ăту љ'ујту

су м'ăки
шу катад'ен пу г'рбот на ј'адăт.

И нија с'акме будала'ј дă не на пр'ават


д'ецта пу нас 'оган дă не ф'рлат
'аку у м'рсна к'ау ни р'астат д'ента
су к'ујчкте и разгал'ејнте куч'ијна.

И нија с'акме дă не са кр'ијме


дуд'ек п'еат м'оми и нив'ести.

И нија с'акме дă не нă т'ерат


ни дă ни сă см'ејăт пи'ани
м'устри шо с'екоа н'ојќ
с'енкта пр'ику s'идут нă кумш'ијта
а префрл'увăт.

И нија с'акме, н'огу, н'огу с'акме!


ШО НАПРАВ'ИК Б'ОЖЕ?

'Идин непузн'ат ми а зе
ми а зе Б'оже м'ојта р'адус,
рад'осин дă не б'идам
ј'аска су падн'ати 'ојчи он су кăсм'ет
дă са см'ее, дă луд'ува.

У мен к'утријут н'ишту н'ема


н'ишту н'ема дă пл'амне,
дă сă насм'еје
т'опли р'ăци на мен
дă пуд'аде к'ăде с'ојнцту гр'ее.

Ки п'укнам, ки пул'удам
су мен с'е т'ежок к'амин стан'а
д'ури и к'ога сун'увам
и к'ога д'ишăм гул'ема б'оука 'имам,
ја,
т'ука у г'рдте зăслаб'ени а 'имăм.
ЗАКЛ'АН ДЕН

У закл'аниут ден
на ден пл'адни гу вид'ек,
н'огу ј'асну вид'ек;
нă св'ојте ц'рни пл'ејќи ги зăнис'е
там г'оре зăт р'идут,

зăт пукр'овут.

Мисич'инта кăту н'огу


н'огу гол'ема св'ејќа сă запăл'и
зăт груб'иштта
ду зил'ејнте д'рва накрив'ени.

У св'ојте р'ăце умур'ени,


умур'ени убис'ени
су н'огу к'ăту н'егу
н'ојќта а врз'аа дă не гу ч'ујăт
в'икут и лип'ајнто нă с'ăте,
нă с'ăте ут т'ука истир'ани
и путтурн'ати.
НЕ А С'АКАМ Н'ОЈЌТА М'ИЛА

Не а с'акам н'ојќта 'оти н'осе мурн'ици,


'оти н'осе б'оуки и тиж'ини.

Не а с'акам н'ојќта.

Дă м'ожам с'аму дă м'ожăм р'ăјцте


и н'ојзте ќи му 'исечам
дă сă ч'ује и дă сă прич'ује.

Дă м'ожăм к'ăту макс'ăмче


у ск'утут ки а з'евăм
и ки а ш'етăм рад'осин
и нăсмиј'ан.

Ех, ут то ден, у то ден м'ила


н'ема дă б'идăм лош
нă кој с'ăте му с см'ејăт
т'уку ќи б'идам ј'унак,
гул'ем ј'унак
'оти у н'екуе м'есто
тăк'а сам ки сă ј'авăм
и ки б'идăм к'ăту в'ечниут 'убăф ден.
СТ'ОЕ ВА К'УЈЌА

И ва к'ујќа ст'ое с'ама


к'ăту исуш'ена б'ука нă р'идут.
Т'ука н'икој не застан'ува.

И ва к'ујќа е у г'олта див'ина


бис пăт, цвет и очи нă п'ăтут.

Ст'ое ва к'ујќа к'ăту скрш'ен мис'ур


вулус'ăн к'ăту м'ојта д'уша.

И ва к'ујќа н'ема, н'ема 'име.

Од ва к'ујќа кој ки исп'адне


нă н'екуа гл'ува пт'ичка
к'ăту ј'адник ќи си умре.
К'ОГА СМЕ С'АМИ

К'ога сме с'ами


с'аму јас и ти м'оја најм'ила
к'ога сме с'ами
у та нојќ
н'огу мл'ади разигр'ани
к'ăту нă 'ору с'ăта нојќ 'има.

И ва в'ечир м'ила м'оја,


и ва в'ечир пак тă ч'екăм,
с'ăта, с'ăта нојќ тă ч'екам,
'ама тă нема дă ми д'ојш.

Вр'еме е дă сă ј'авиш м'ила


н'ашта в'ечир е н'огу ј'асна
м'ојта sв'езда и мен и теб
нă усвет'ува к'ăту беу ден.
МА П'ИТАШ

Ма п'иташ ут дек и'дам


к'ăту свит'улка у тр'евта.

М` п'итăш зăш'о м'ојте 'ојчи


ск'итăт там дал'еку?

Не знăм, шо дă ти к'ажăм.

И сăт ден
и с'ăта нојќ дă ш'ирăм 'ојчи
не знăм
дал ќи м'ожăм дă тă в'идăм!
К'ĂТУ ЏĂМБ'АС

Нăт к'ујќта н'аша


с'ăта нојќ камб'анта б'ие.

Пу т'еснуту п'ăтче,
пу п'ăтчиту
в'рве нив'еста у б'елу
су в'енче нă гл'авта.

Нăт к'ујќта н'аша


с'ăта нојќ зв'езди г'аснăт.

А у к'ујќта,
у к'ујќта
бис пушт'ука думаќ'инут
су дигн'ата гл'ава
к'ăту гăл'ену д'ете си зăмин'а.
МИНĂ НОГУ ВРĔМЕ

Мина ногу врèме ут кога јăска


нă пăдин'та видек мăксми
и сăте кăту кăмејна бија студени.

И сăте мој миу Го'спуди


бија бис име
и сăте сăму су очи лафија

и сăте идин су друјг сă мол'т


дă сă врнăт нă местуту
ут декă и имаа истерану

ут декă имаа избигăну су пилту


сиву шо тука кăту умрена
с'мувѝла лèже...
ПОД ЦРНИОТ БРЕСТ
МИНУВА ВРЕМЕТО

Минува времето. И утрово сум


залепен на sидот од куќата наша,
слушајќи го гласот на гавранот
невидливо што врти како болка.

Пред да излезам од темната одаја


како старо излупено стебло
широко го отворам прозорецот.
Надвор завиваат машки гласови

со ветрот кој не престанува да шета


на околу. Се плашам, многу
се плашам од самотијата во која
наместо раце да не ми израснат гранки. (би ми)

Минува тивко времето. Прозорците


од старите комшиски куќи осамено
зеваат. Јас продолжувам да стојам
пред соборените распукани огради.

Господи, меѓу начичканите кули


кои од ден на ден никнуваат
тажен е, многу тажен е животот
над кои бијат градските камбани.
ЦРНИОТ БРЕСТ

Низ мене и денес врти некој вик.


Врти во мигов кога лековити билки
пијам со тажните градски камбани
кои моќно sвонат во мојата душа.
И денес под исушениот црн брест
расплакана самотија седи. Сè ми
се чини некој без здив ме следи
како збеснат полуден осамен пес.

И денес, со сончева јасна светлина


седам притаен крај бистрата река,
од миг во миг наплакан липајќи
се обидувам очи тажни да скријам

зад високиот гол рид ко твоjот мил


сакан лик кој сосема осамено
со години на ред натажено шета
низ нашата широка убава одаја.
ВО МОЈАТА ПОТСВЕСТ

И овој април го слушам гласот


тажно што доаѓа од далечините.
Ја гледам жената облечена во црно
која од врата на врата раздава за

младата мртва душа. И овој април


во мојата матна потсвест исплашен
го гледам татковиот запален дом
од кој ко тажен сирак бев протеран.

И овој април ја гледам шумата


од каде се враќаше татко задишан.
Го гледам ридот и дрвата голи,
црвената сува земја што се рони

и ноќта која ми подари тага, цвет


и восхит во сонот ко на болно дете.
ЧЕСТО СЕ СЕЌАВАМ

Во годините што тивко изминуваат


често се сеќавам на времето
кога во моите тенки, слаби раце
ја држев ластегарката со која сакав

да се одбранам од насилниците,
по палењето на куќите, кои
не тепаа во сламата на гумната
па нè гонеа во замаглената шума.

Често се сеќавам на невестинската


руба на мајка и огромниот сандак
закопан во купот студени камења
соседите што една ноќ го откопаа

да го пронајдат невестинското злато.


Се сеќавам на бледите свети лица
на таванот и sидовите во старата црква,
на себе исплашен, иако мислам

многу, многу нешта имам заборавено


на кои сакам, но не можам да се сетам.
КРАЈ ЏБУНОВИТЕ

Подолу од патот каде вода се пени


густиот мрак наликува на гавран
чии крилја му натежнале ко камен.
Одамна тука ко стара билка венам

катаден го слушам тивкиот ветер


ја гледам светлината од некои села,
јасните прошарени стогови слама
под sвездата каде срце ми чува.

Во далечина зелената рамнина зева


ко птичји очи ситни sвезди светат
одамна тука веќе никој не ме слуша.

O, никој нè sирка во мојата душа


иако под патот крај џбуновите сини
нацртана е мојата позната силуета.
НА КРАЈОТ НА ПАТОТ

И денес сам седам во мојата соба


и слушам некој зарипнат глас што
вие со ежот кој во главата ми спие.

Однадвор се слушаат гласови.


Мене одамна ме нема удрено дожд
во теме. Душо моја најсакана

со часови ко во мрачна зандана


помеѓу болката и осамата, од ќош
во ќош во мракот те барам тебе.

И кога полека паѓа ноќта зад ридот


и кога осамено лежам, со заслепени
очи ја барам светлината што ми

шета низ видот ко насмевка на денот.


Вечерва сфаќам: ги нема креветот,

кадифето и свилата, моја најсакана,


патот мој ќе заврши в длабока јама.
ЛЕТНИ SВОНА

Велестово 2017 г.

Пред зори ме будат летните sвона


кои ги тресат ангели со сребрени раце.
По моето станување еден златен
жетвар од сливата стара продолжи

да ја пее својата љубовна песна.


Се наполни нашиот двор со гости
околу кои ко искри леткаат светулки.
Од изутрина над скалите во куќата

наша се вее долна, бела облека.


Јас го губам патот во зелената трева
и звукот чист што полека ме крева.
Минатава ноќ ко неканета гостинка

насмеана се појави и Месечината


млада како заљубена невеста.

По доаѓањето на ноќта во дворот


тивко некоја невидлива груба рака,
сосема нечујно ја изгасна
убавата, нежна небесна светлина!
УТРИНСКА ПРОШЕТКА

Утринава со заморен чекор сам


се симнувам по стрмното стрниште
со грутчињата земја што се рони
со цветот кој спие в мојот сон.

Стигнувам дома. Под оревот стар


зарипнато се огласува кукавица.
На катот прокиснала собата празна,
со полжавите кои по sидовите лазат.

И утрово црниот гавран без крилја


продолжува да седи во мојата глава
со тегавецот во дворот што расне

со јужната sвезда над водите што гасне.


Утрово sвоното од гробиштата sвони
ненајавена настапи студената есен!
БЕЗ РАЗУМ

И оваа црна ноќ тивко под нашиот


прозорец минува свежната на времето.
Ноќва ме напушта помислата дека
нема да ја видам твојата преубава

сенка крај која сè повеќе ме има


во сонот, а сè помалку на јаве.
Се чувствувам премален, загубен
без себе и малечкото соsвездие.

Се чувствувам осамен од некои


лицемерни сочувства на некои
кои без разум со дволичен поглед
ја распродаваат земјава македонска,

јазикот и нашиот прекрасен народ.


Мила моја најсакана, молкнувам!
Само тој што не загубил татковина
тој, тој не ја знае нејзината тежина.
СЕ ОБЛЕКУВАМ КО НЕКОГАШ

Се облекувам тивко како некогаш.

Полека го облекувам моето старо


палто, старите панталони кои многу,
многу сакав да ги носам со шарената
кошула и вратоврската долга
на свадбите на моите пријатели,
роднини и другари.

Полека ги облекувам и старите,


многу стари чевли кои ги врзував
со црните врвци од дамнина.

Во овие старудии не знам каде


ми се рацете, но, не знам каде
ми се и очите и каде газам, кога
ми се чини пропаѓам, пропаѓам
во жив длабок песок.

Не можам да се изначудам,
што се случува со мене
и тие малку околу мене
кои ништо не забележуваат.

Боже, никој не ме забележува.


Во старава облека јас сум невидлив.
САМО ШТО ПОМИСЛИВ

Само што помислив да излезам


да му раскажам на светот
дека овие цркви и манастири
се своина на овој тажен народ

ме потфати некој мрачен ветер,


ме разниша ко да сум глуварче
без небо, пород и татковина.
Само што изуствив ова е наше

мрак како змија тивко се всели


во некое затворено ковчеже
кое немам желба да го отворам.
И во миг ми стана сосема јасно

вистината, ех, правата вистина


е sвездена чиста небесна круна
на која без срам ѝ се радуваат
предавниците и крвопијците.
ПО МНОГУ ГОДИНИ
ОД НЕДАМНА МЕ НАСЕЛИ
ЕСЕНТА

Крај голите маслинови sидови


во водата се загуби мојата песна.

Крај црквата на Маркова Река


каде се радуваат милосливите
господови апостоли
исчезнаа моите пусти желби
и пролетното лале
кое весело
и дење и ноќе ми шеташе околу
насмеаната уста.

Денес од изутрина наоколу


ко лозови фиданки се преплетуваат
со надеж две топли нежни раце.

Подолу под сивото небо


во чуднава есен која од неодамна
ме насели
продолжува да негодува и страда
моето остарено намачено срце.
1.

ОДАМ КОН СВОЈОТ АМБИС

Секој од нас оди кон својот амбис.


Ах, страв ми е, но ти не се плаши
со свечена молитва ќе ѝ застаниме
на патот на чумата која тивко влезе

во нашите домови. Во чекалната


на нашот лекар ја најдов круната на
sвездата. Пуста остана сал вербата
дека новиве луѓе ќе донесат светлина.

Ова е време во кое замолкнаа розовите


грмушки. Ова е време во кое ги
палат нашите книги кои не содржат
ништо, баш ништо за нивната злоба.

Боже, за мене тука веќе нема спас,


нема чест, човеков спокој и јаве.
Мојот осамен и избришан лик
наскоро во жива песок ќе го закопаат.

Откога ставија погана рака на сè


сфаќам чумата ја однесе шегата.
2.

ЗЕМЈО МАКЕДОНСКА

Земјо, моја единствена сакана,


од неосознаени разградена.
Земјо, волшебна расплакана
во овој колнат миг, во ова време

во која вртикапи и безверници


весело кренаа рака на нас
и на нашиот чесен личен народ,
сакана, морам да те одбранам,

да ја одбранам и желбата пуста


во стаклениов простор да земам
здив со отворена таткова душа
кога не можам веќе да се имам

себеси, ниту тебе мила сакана?


Ко најцрна ноќ исчезна времето.
Низ нашите крвави рани со денови
шета пизмата на есенскиот црв.

Во земјава моја убава како цвет


бериќет, велат, ќе нема, ниту за
мене, ниту за сиромавиот род и пород.
Се вее ладната рака на силникот

не само дома, ами и надвор, зад


Ридот, каде бесрамно нè продаваат
како никогаш тука да не сме биле
и како никогаш нема да бидеме!

И утрово шетам низ густиот мрак,


осамен шетам иако див ветер дува,
земјо, душо, морам да те одбранам
Господ рече: да те бранам и одбранам.
3.

ВО МИРНАТА ТИШИНА
НА ЕСЕНТА

а.

Грозната тишина на есента ладна


од поодамна влезе во мојата душа
и во мојот двор. Веќе сум на крајот
од сите патишта, дури и полето

и житата со мене горат во пламен.


Сјајот го загуби и каменот вечен
ако крај куќата наша цвеќиња растат.
Зад главата моја безброј загубени

летаат со годините и ветрот кој


тивко вее кога во црквата свеќите
немо гаснат. Сè што ме одминува,

сè во некое зло време се пресоздава.


Од ден на ден слушам за умирање.
Боже, не ми се чини туку знам, знам
новата зора денес подоцна ќе дојде

да ги закопа своите заморени чекори.


Утрово, морам, морам во моиве раце
да го положам избразденово лице
во кое како во затворен бунар шета

срцево кое наликува на тежок камен.


Н повторлива е мојава многу љубена
таткова, дедова и прадедова македонска
земја која наликува на волшебен цвет
симнат од најубавите велешки стомни.
Ах, многу те сакам, од дното на душава
од дното на душава земјо, и кога осамено
доаѓа ноќта и кога ме напушта сонот

и кога останувам ко дете сам сосема сам.


Те сакам, многу те сакам, Македонијо
мајко љубена, единствена моја најсакана
кралице во овој заморен потрошен свет.

б.

По крупниот дождот што падна утрово


упорно чекаме некој тивко да тропне
на вратата наша. Но, сè е попусто.
Јас и Вера од час во час залудно чекаме.

Откога не напуштија: татко сакан,


мајка мила, мојот брат Мице и сестрите
Риска и Славјанка осамени некоја
подмолна тага не следи, мене, саканата

и децата кои од кога легнав во постела


често потропнуваат на отворената врата.
Тежок, тажен е мојот живот кој наликува
на птица селица која катаден шета

низ далеките напоредници и меридијани.


Денес и тука ништо не ми преостанува
освен да тагувам. Враќање нема.
Со благословот божји на син ми Влатко

и ќерка ми Елче со нејзините Игор и Исток,


оти јас и сопругата Вера не сме заборавени.
Па, сепак, за мене нема спас, нема јаве.
Од ден на ден мојот лик во нејзините топли

солзи се дави. Поради тоа мојата сакана


нежно ја гледам. Ете и утрово нејзиниот
чекор липа, верувам и ќе продолжи да липа
како мојата чиста единствена љубов. Без
љубовта може да се живее, но, и без неа
да се замине, да се замине од овој свет е
многу тажно. Големата вистина вели: да се
биде среќен треба случајноста да биде

чиста. Ја проколнувам ноќта која од ноќ


во ноќ се врти околу мене кога се враќам
дома разочаран па не знам што да правам
со себе. Брзината на птицата во лет ми ја

покажа вистината идентична на неа.


Јас со денови побожно гледам во небото
слушајки ги распеаните камбани. Многу,
многу брзо ми се лизна животот ко бистра

вода низ прстите пред да успеам жетта да


ја изгаснам. Остана само заблудата дека
надежта ќе нè чува и дека ќе не исчува.
Денес не знам по кој пат седам сам на

прозорецот барајќи го над Ридот малечкото


соsвездие. Седам собран. Тивката осама
во денот што дојде е мојот голем пријател.

в.

Ноќва пак шета мракот натажено. Како


што дрвјата ги обновуваат своите круни
така и јас се враќам на местото, некогаш
каде одев со раширени раце. Тежок,

многу тежок е животот. Разочарувањата


се многу полесни од самотијата во која
нема лек и утеха, во која со години веќе
барам да се смири душава расплакана.

Раскошот го расипува човекот. Тоа што


сега низ шепот го изговарам тоа се некои
многу тивки зборови кои мирисаат
на студената есен чии мириси вртат над
мојава глава. В гробјата молчи единствено
крстот стар татков кој тука пролети и зими
се ниша со старата црква која стои под
сводот црвен. Насекаде каде се свртувам

го наоѓам моето болно лице како старо


скинато платно кое во мирната тишина
на оваа есен вене, вене мила ко сребрен
ангелски глас, кој нема кој да го чуе.

Господи, најсакан мој, од час во час


натежнаа моите години. Темна, претемна
е оваа ноќ во која сосема осамен тагувам
под мојата единствена наплакана sвезда.
НИЗ ТЕСНИТЕ УЛИЦИ

Не знам дали повторно ќе ги видам


зорите во кои Сонцето одеше
низ преплетените тесни улици
со сламки од исушена детелина.

Ќе остане само големата тага


и мноштвото свеќи што се палат,
нашата последна свечена вечер
и воздишките што низ нас шетаат.

Тажна песна ми затвори уста


болка се всели во душава пуста
се изгуби патот до црквата во

манастирот вечен, секогаш иста


во која отслужив тажна панахида
за нашата вистинска љубов чиста.
БИО-БИБЛИОГРАФСКА БЕЛЕШКА
ЗА АВТОРОТ РИСТО Ѓ. ЈАЧЕВ

Ристо Ѓ. Јачев е роден на 15 мај 1942 година, во с. Долно


Родево, Воден, Егејска Македонија. Дипломирал на Филолошкиот
факултет во Скопје, а работел како актер, како издавач во издавачка
куќа, како средношколски наставник и како уредник-коментатор во
МРТВ.
Поетот, романсиерот, раскажувачот, драмскиот писател,
филмскиот сценарист, антологичарот и литературниот проследувач
Ристо Ѓ. Јачев во македонската книжевност е присутен над
педесетина години. Тој е застапуван во антологии и е објавуван во
посебни книги во над триесет земји во светот.
Првата стихозбирка Ристо Ѓ. Јачев „Кавал и магија“ ја
отпечати во далечната 1967 година, објавена и на српски јазик под
насловот „Кавал у ватри“.
Потоа од перото на Ристо Ѓ. Јачев излегуваат книгите со
стихови: „Смртта на ангелот“ (1968), „Маслинови гори“ (избор; 1968
- прво издание, 1969 - второ издание), „Подземни сенки“ (1971),
„Димна гора“ (1974), „Болна градина“ (1976), „Секнати извори“
(1979), „Горница“ (1984), „Сопатникот на сеништата“ (1988), „Ехо
на квечерината“ (1989), „Ангел над Христовиот гроб“ (избор; 1991),
„Камена перница“ (1992), „Смртни песни“ (1994), „Заточеник на
мракот“ (двојазично - на српски и на македонски јазик; 1996),
„Велестовски ноќи“ (1996), „Вакафска земја“ (поема; 1997),
„Примка“ (избор; 1998), „Жедна ноќ“ (2000), „Белиот светец“ (2003),
„Студен мрак“ (2005), „Зборови и солзи“ (2007), „Сивите гребени“
(избор, објавен и на англиски јазик; 2008) „Под златната шума“
(2009), „Редење на времето“ (2011), „Помнам“ (2013), „Тагата на
славејот“ (2015) и „Сонот на душата“ (2017).
Составувач е и на: „Антологија на македонската поезија -
единаесет века“ (2005), „Антологија на македонската поезија -
дваесетти век“ (2009 - македонско издание; 2011 - хрватско издание)
и „Скопје - позлатено од љубов“ (2013).
Ги објавил и прозните дела: „Вечерни ветрови“ - повест
(1972), „Кукла“ - роман (1991), „Јаков“ - роман (1993), сместени во
трилогијата „Патот на ангелите“ (1996), „Моите соништа“ -
трилогија драми (2000), „Алексеј“ - дневнички записи (2001) и
„Синот на свештеникот“ - роман (2012).
Автор е и на драмата „На свер во рајот“ (играна во
Кумановски театар истата во 1980 г. и - во Штипскиот нардоен
театар, во 1984 г.).
Ристо Ѓ. Јачев ги има направено и препевите: „Граѓанинот на
комуната“ од Добри Димитриевиќ (1967; од српкси), „Јаболко“ од
Мирослав Валек (1983; од словачки), „Лето“ од Јан Шимонович
(1989; од словачки), „Барања“ од Јан Шимонович (1994; од
словачки;), „Исповед“ од Ева Зоненберг (2007; од полски),
„Катадневни дијалози“ од Милан Руфус (2008; од словачки), „Избор
поезија“ од Јарослав Сајферт (2009; од чешки).
Ги добил литературните награди: „Студенски збор“ за „Смртта
на ангелот“ - 1968, „Кочо Рацин“ за „Секнати извори“ - 1979, „Стале
Попов“ за „Кукла“ - 1992, „Златно перо“ за препвот „Барања“ - 1994,
„Нарциса“ за „Велестовски ноќи“ - 1996, „Григор Прличев“ за
„Вакафска земја“ - 1997, „Ацо Шопов“ за „Редење на времето“ -
2012, „Браќа Миладиновци“ за „Помнам“ - 2013 и меѓународната
награда за книжевен опус „Мелник“ - 2002 г.

You might also like