Лектира Недоразбирање Наталија Цветкова III 3

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 5

Лектира бр.

5: „Недоразбирање“-Албер Ками
Белешка за авторот
Албер Ками (7 ноември 1913 – 4 јануари 1960) е француски писател,
филозоф и добитник на Нобелова награда за литература. Исто така, тој
најкратко уживал во оваа награда, бидејќи загинал во сообраќајна несреќа
само три години по примањето на наградата. Често, тој се поврзува со
егзистенцијализмот, иако тој самиот ја одбивал таа асоцијација, како што
напишал во неговиот есеј, „Бунтовникот“ во кој изјавува дека целиот негов
живот бил посветен против филозофијата на нихилизмот. Роден е во
Француско-Алжирско семејство. Ками живеел во сиромашни услови во
своето детство. Во 1923 год бил примен во Универзитетот во Алжир. Како и
да е тој се здобил со туберкулоза во 1930 која стави крај на неговите
фудбалски активности (тој бил голман на универзиетскиот тим) и тоа го
присилило да студира. Ками се приклучил на француската комунистичка
партија во пролетта 1935, најмногу поради политичката ситуација во
Шпанија, потоа во поддршка за марксистико-ленински докторини. Toj
започнал со пишување на анархистички публикации како „Слободата“,
„Револуционерни, политички и солидарни обрера“. Ками исто така бил со
анархистите кога тие изразиле поддршка за подигање на Источна Германија
во 1953, а бил со нив и во 1956, прво со подигањето на работничката класа во
Познањ, Полска, и подоцна со Унгарската револуција. Во 1949 година му се
вратила туберкулозата и тешко се справувал со неа следните две години. Во
1951 го издава „Бунтовникот“, филозофска анализа на бутовништвото и
револуцијата каде јасно ја искажува својата одбивност кон комунизмот.
Книгата вознемирила многу од неговите колеги соработници во Франција,
вклучувајќи го Сартр. Идејата за апсурдот е неговиот најзначаен придонес во
филозофијата. Според него, апсурдот произлегува од човековата желба за
јасност и значење во свет и состојба каде и двете недостасуваат. За тоа
пишува во „Митот на Сизиф”, „Странецот” и „Чумата”. Во малиот град
Вилеблевин во Франција, Ками загинал во сообраќајна несреќа, на 4 јануари
1960 година, на местото „Le Grand Fossard“. Во неговиот џеб имало
неискористен билет за воз. Можно е тоа дека тој имал испланирано да патува
со воз, но на крајот тргнал со автомобил. Возачот Мишел Галимар, негов
издавач и близок пријател, исто така загинал во несреќата. По неговата смрт
биле објавени две негови дела. Првото „Среќна смрт“ било објавено во 1970
година, со главниот лик Мерсо како во „Странецот“, а второто дело бил
незавршениот роман, „Првиот човек“, автобиографски труд за неговото
детство во Алжир. Останати познати дела: „Калигула“ (1945),
„Недоразбирање“ (1944), „Положба по опсада“ (1948), „Опседнати“ (1959)
итн.

Содржина:

Како човечки креатури секојдневно талкаме по нешто неодредено.


Нешто кое подоцна би го именувале како среќа, задоволство, нешто на кое би
го сосредоточиле нашето внимание и би се чуствувале исполнето толку
колку што и е потребно на нашата душа. Меѓутоа, сите ние сме само
шаховски фигури немарно фрлени на своето бело или црно поле. Нашите
содружници се оние кои први го слушнале нашиот плач, кои први се
восхитувале на нашето ползење, а кои секогаш ќе го бодрат нашиот успех.
Тоа секако е нашето семејство. Но, што се случува кога најверниот
преминува во најневерниот? Онаа која ддо вчера си ја сметал за мајка, веќе
денес нема ниту една буква од толку слаткоречивиот збор. Така во ова дело
на Албер Ками, ни е претставена мајка со нејзината ќерка кои водат скромен
пансион или крчма, чии гости ги убиваат за да си обезбедат материјална
егзистенција.

Од почетниот разговор дознаваме за неколку невини гости кои ги


успале со чај, а потоа ги испразниле нивните џебови и ги пуштиле во брзата
река на нивното кално, дождливо и досадно гратче. Токму и затоа „собираат“
пари за да избегаат и да се скријат од своите гревови. Мајката е снемоштена
и се надева дека сегашниот гостин ќе биде последната жртва. Тоа не е
проблем за крутата Марта која знае што сака и ретко, речиси никогаш не се
смее. Следниот дијалог го водат гостинот Јан и неговата жена Марија. Јан е
печалбар и син на мајката, кој заминал од истото место пред 20 години.
Неговата мајка не го препознала по толку поминати години. Марија не сака
да останат во малото гратче. Но, Јан е упорен и ја убедува во своите искрени
намери се со цел да и помогне на мајката и својата сестра Марта и повторно
да се зближи со нив. Кога пристигнал не им се претставил. Сакал само една
вечер да преспие како туѓинец, да се подготви за утрешниот ден кога ќе им ја
соопшти вистината на двете. Марија е против оваа тајновитост и криење и
разумно размислува. Таа дури претчувствува дека нешто лошо ќе се случи.
На крајот од разговорот е убедена и ќе ја преспие првата ноќ одвоена од
својот маж. Откако Марија ќе замине, во собата за прием доаѓа Марта.
Дојдена е да ги земе личните податоци на гостинот. Јан се претставува како
чех Карл Хасек кој живее во Бохемија,Чешка, но во моментот дошол од
Африка каде често патувал. Потоа лаже дека не е женет и дека го оставил
семејството. Јан колебливо се обидува да се доближи до личноста на Марта.
На прашањето дали се чувствува осамена таа грубо му одвраќа дека тие
прашања не смеат да бидат поставени. Тоа не смее да биде во интерес на
гостите. На нив двајцата им се придружува мајката која е помека и
поотворена во разговорот со Јан. Таа ја признава долгата осаменост која и е
наметнала празнинанта на крчмата и пустелијата. Марта е категорична и не
дозволува да ја надвладеат чувствата. За жал, Јан нема да го слушне ова
наивно предупредување. Во следната сцена јагледаме Мајката сама, потоната
во своите мечти: бара длабок сон и одмор за својата душа. И се придружува
Марта која е видно раздразнета по разговорот со Јан. Таа е одлучна што
побрзо да го убијат гостинот Карл, но мајката предлага да почекаат уште
една вечер. Без сомнение, овој гостин е поинаков од другите, но тука Марта
настојува да го направат тоа уште истата вечер.

Во првата слика од вториот чин го гледаме Јан кој тагува по


заедничката постела со Марија постојано прашувајќи се како се чувствува
додека го нема покрај неа. Тогаш влегува Марта да ги провери крпите во
собата која баш и не вреди за парите. Водат краток дијалог во кој Марта му
соопштува дека размислувала дали да го задржат во крчмата. Јан отворено
признава дека летото и пролетта во земјата од каде што дошол, се полни со
миризливи цвеќиња и успева да ја трогне. Со тоа уште повеќе ја убедува
Марта во нејзината намера да го елиминира, да ги земе неговите пари и да
побегне во топлите краишта. Тој останува сам и доаѓа до заклучокот дека не
е посакуван во овој дом, па така почнува да се согласува со Марија дека
наједноставно ќе да е да им ја каже вистината со едноставни зборови. Решава
да замине истата вечер. Потоа оди до ѕвонецот и откако ќе заѕвони навратата
се појавува старецот, но Јан го пушта без нешто да му нарача. Кратко потоа
се појавува Марта која му носи непорачан чај во кој има средство за
успивање. Јан е зачуден но сепак го прифаќа и го пие чајот, а во следниот миг
на вратата од неговата соба слуша силно тропање. На вратата е мајката која
има намера да го спречи Јан да го испие отровот, но веќе е предоцна. Доаѓа
само да го земе празниот сад и да се прости со него. Со значајна слика на
умореност тој му се заблагодарува на мајката за нејзиното гостопримство и
топлина и во тој момент заспива. Следно што ни го дава сижето на драмата
се двете жени кои со фенер влегуваат во собата на Јан. Веднаш го
претресуваат во сите џебови и личните податоци на гостинот паѓаат на
креветот. Мајката и Марта не го забележуваат тоа, а старецот – служител кој
влегува во тој момент, ги зема документите со себе. Марта нестрпливо
наслушнува дали водата надоаѓа, а мајката седнува да се одмори. Таа е
преморена.

Во третиот чин, се појавуваат Марта, мајката и старецот. Јан


најверојатно се наоѓа длабоко во реката, дур до алгите кои го милуваат
пресниот мртовец.Тогаш старецот доаѓа до Марта и ги остава личните
податоци на несреќниот гостин. Мајката е заинтересирана и го добива
пасошот од Марта која ја гледаме во нов фазон на среќна личност која го
чека одењето на море. Вусшност од овде започнува вистинската перипетија
на трагедијата – клучен момент за сфаќање на драмата: во следниот миг ја
гледаме мајката, која дознава дека го убила сопствениот син! За чудо, таа не
испушта ниту еден болен пискот на очај. Ладна е како камен, но тргнува да
му се придружи на својот син за да ги искупи сите свои злосторства. Марта
исто така дознава, но таа дури застанува на вратата не пуштајќи ја својата
мајка. Љубовта на мајка кон син е многу поголема па така ја надвладува
мајката во овие моменти. Марта и префрла бидејќи таа исто така и е чедо, зар
не треба да се грижи и таа да биде среќна и задоволна. Во овие моменти
мајката е непоколеблива и заминува оставајќи ја Марта сама на сцената, но
воопшто и во животот. Тогаш на вратата се појавува Марија која го бара
својот сопруг кој требало да ја побара истото утро. Марта ладнокрвно и
соопштува дека нејзиниот сопруг емртов. Неговата сопруга, целата во солзи,
е вчудоневидена од она што го слуша и се запрепастува од веста дека
неговата мајка и сестра го убиле за да го ограбат и побегнат кон морето.
Марта и предлага заедно да живеат во истата куќа, бидејќи делумно тие се
сестри кои изгубиле некој кој многу и значел во животот (Марта – својата
мајка, Марија – својот сакан сопруг). И тогаш, Марија го повикува Господ за
да се смилува на нејзината судбина. Навратата се појавува старецот –
служител. Марија му се обраќа за помош, а тој категорично и враќа: Не! со
што го изразува ставот на Ками дека „по определена граница на
страдањето и неправдата никој повеќе не може ником да му
помогне,ниту страдањето може да се подели“, односно, Марија може да
има контрола над својот живот со заминување од овој свет, кај Јан или да и се
придружи во убиствената професија на Марта. Само тоа и останало во
животот. Животот се врти околу изборот.

На крај можеме да заклучиме дека оваа драма обработува иста тема со


драмата „Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, а тоа е убиство на синот кој
се вратил дома по долги години минати на печалба. Исто така ја отсликува и
безначајноста на егзистирањето, бесмислата на животот и изгубеноста на
човекот во новото општество.

Користена литература:

 Academia.edu
 Википедија
 „Недоразбирање“-Албер Ками

Наталија Цветкова III3

You might also like