Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

,,ЦАР ЕДИП” – РАСКАЖАНА ПО ЧИНОВИ

,,Цар Едип” е првата трагедија од трилогијата за цар Едип, најтрагичната личност во грчката
митологија. Основата на трите трагедии ја сочинуваат страшни и жални настани, што се случиле во
животот на повеќе членови на семејството на тебанскиот цар ЕДип. Трагедијата има шест чина, а
дејствието се случува во царскиот двор на Теба.

Пролог: Околу дворецот се собрале млади, стари, деца и свештеници.Еден свештеник во име на
народот барал помош од Едип за да се справат со чумата. Едип им објаснил дека и тој самиот е
еднакво загрижен и дека се очекувало враќањето на Креонт, кој би требало да го знае одговорот.
Кога пристигнал Ктеонт, она што го знаел го раскажал пред целиот народ. Тој рекол дека со
прогонство или крв со крв мора да биде одмазден убиениот Лај. Едип ветил дека ќе се потруди да
го најде убиецот и соодветно да го казни.

Првиот чин: Едип јавно се обратил на народот, доколку некој знаел кој го убил Лај, да не молчи и
крие, а во спротивно тој да страда. Тогаш хороводецот кажал она што знае, но сепак ништо повеќе
од тоа што на царот му било познато. Дошол Тејресиј и Едип го замолил да им помогне, но тој.
одбил да зборува за да не ги открие своите зла. По меѓусебната расправија, Тејресија рекол дека
убиецот кој го бараат е всушност Едип. Пророкот му кажал и дека Лај е негов вистински татко, дека
тој е оженет со својата мајка, а неговите деца мѕ се и браќа и сестри. Царот се разбеснил и не
можел да поверува во пророштвата, односно сметал дека Креонт стој зад ова. Тејресија рекол
дека нема човел што понесреќно од Едип ќе заврши, дека тој ќе стане слеп и сиромав и се ќе се
открие, а потоа замижал.

Вториот чин: Креонт дошол во дворецот и кавгата со Едип започнала. Царот се интересирал како
пророкот не изустил ништо за убиецот кога се водела истрагата и го обвинувал Креонт за оваа
,,клевета”, мислејки дека тој сакал да се најде на престолот. Но, Креонт велел дека царскиот трон
не му значи колку сегашниот во кој сто има секакви задоволства, без грижи и ужива во почит.
Едип бил убеден во вината на Креонт, кој според царевите зборови заслужува смрт, но и покрај
обвинувањата одбивал да се покори на ,,лагата”. Од одаите излегла Јокаста (сопругата на Едип), и
заедно со хороводецот го разубедиле царот да му поверува на заклетвите кои ги дал Креонт, и да
го пушти. Потоа на неа и раскажале за пророштвото. Таа рекла дека истото му било претскажано и
на Лај, дека ќе биде убиен од сопствениот син, но за да го спречат тоа веднаш по раѓањето се
ослободиле од детето. Сепак, сите детали околу убиството се поклопувале. Едип наредил во
дворецот да се донесе робот, единдтвениот жив сведок на настанот.

Третиот чин: Во царството пристигнал гласник од Коринт, го побарал Едип и му соопштил дка
неговиот татко, тамошниот цар Полиб, починал од некаква болест. По ваквата вест, на Едип многу
му олеснило бидејки неговиот татко бил мртов, а тој од овдека никако не бил вмешан во тоа.
Гласникот инсистирал Едип да појде со него во Коринт и да го наследи престолот. На ова тој
одговорил дека таму од страв не се враќа. Гласникот пак на тоа му вратил дека нема причина да
се плаши, кога не е во никаква роднинска врска со Полиб. Гласникот кој порано бил овчар, лично
го нашол Едип како бебе и им го дал на царот и неговата сопруга. Всушност тој самиот не го нашол
туку го преземал од овчарот на царот Лај (се мисли на овчарот за кој веќе било наредено да се
донесе на разговор во дворецот). Јокаста го молела Едип да се откажеод ова, и да не си создава
повеќе грижи, но тој не прифаќал да не го открие своето вистинско потекло.

Четвртиот чин: Во овој чин се прикажани душевните страдања на царот Едип. Жена му Јокаста
секој ден му принесувала на богот Аполон венци цвеќе и темјан и го молела да го успокои Едип,
кому срцето ќе му пукнело од сомнежи и грижи.

Петиот чин: Кога го донеле пастирот овчар на Лај, тој најпрвин одбивал да зборува за да не го
убијат. Откако видел дека нема друг избор, признал дека работел во околината на Китајрон и дека
на другиот овчар му го дал детето кое го земал од царицата со наредба да го убие. Во тој момент
Едип сфатил дека сето тоа е вистина, и дека сега конечно се наместиле сите коцки за неговата
приказна, дека тој е вистинскиот проколнат син на царот Лај.

Шестиот чин: Подоцна еден гласник ја соопштил веста за смртта на Јокаста. Едип веднаш отишиол
и влегол во заклучената соба, каде ја нашле Јокаста обесена. Тогаш тој ги зел златните игли и си ги
забодел во очите неколку пати, велејќи дека тие нема да ги гледаат овие грвови. Во дијалог со
хороводецот го проколнувал ороводачот кој го оставил да живее и овозможил прогонството да се
исполни. Едип очајно молел да го убијат или да го фрлат во морето, за никој да не го гледа повеќе,
но сепак сега на престолот се нашол Креонт и се слушале само неговите наредби. Несреќниот цар
побарал да бид прогонет од Теба, а Креонт му ја исполнил желбата. Потоа Едип се збогувал со
своите ќерки, а Креонт ветил дека ќе се грижи за неговите деца, особено за Антигона и Измена.

You might also like