Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 48

Универзитет „Св.

Кирил и Методиј“ – Скопје

Институт за психологија

ДИПЛОМСКИ ТРУД

ТЕМА: Разлики во екстраверзија, совесност и невротицизам кај луѓето кои


практикуваат и кои не практикуваат физички тренинг.

Ментор: Изработил:

проф. др. Благоја Јанаков Христијан Јосифовски

Јуни, 2016

СКОПЈЕ
Содржина

ВОВЕД......................................................................................................................................3
Проблем.....................................................................................................................................3
Теориска основа.......................................................................................................................4
Историски развој на петфакторски инвентар на личност - NEO PI-R............................4
Критики на петфакторскиот модел....................................................................................9
Дефинирање на поимите физичка активност, физички тренинг, физичка кондиција,
физичко здравје......................................................................................................................11
Физичка активност.............................................................................................................11
Физички тренинг................................................................................................................13
Физичка кондиција.............................................................................................................14
Физичко здравје..................................................................................................................14
Релевантни емпириски истражувања.................................................................................15
Истражувачки хипотези.......................................................................................................17
МЕТОД....................................................................................................................................20
Испитаници.........................................................................................................................20
Мерни инструменти...........................................................................................................20
Постапка..............................................................................................................................22
РЕЗУЛТАТИ...........................................................................................................................23
ДИСКУСИЈА..........................................................................................................................28
Заклучоци..............................................................................................................................28
Претходни истражувања.....................................................................................................29
Објаснување на наодите........................................................................................................31
Недостатоци на истражувањето..........................................................................................33
Сугестии за натамошни истражувања................................................................................33
РЕЗИМЕ..................................................................................................................................35
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА...............................................................................................36
ПРИЛОГ..................................................................................................................................41

2
ВОВЕД

„Во здраво тело здрав дух“ е една од најстарите мудрости која датира дури од
античко време. Токму поради едноставноста и јасноста на оваа изјава таа е популарно
усвоена и сега.

Денес, современите општества налагаат динамичен начин на живот. Денес луѓето


постојано се натпреваруваат со времето и постојано бркаат нови цели. Многу често низ
таа бркотница тие забораваат да се свртат кон себе и кон потребите на својот
организам. Со брзиот начин на живот доаѓа и брзата храна која се конзумира во големи
количества, а со тоа се чини дека се јавува процеп помеѓу комуникацијата на
организмот и свеста на човекот. Обезност или гојазност се јавува како последица на
неквалитетна храна, а понатаму води кон дополнителни компликации во здравото
функционирање на организмот. Скоро една третина од вкупната популација во светот
е со прекумерна тежина.

Поради динамичниот и нездрав начин на живот во современите општества


препорачливо е секој човек да практикува физички тренинг. Еволуционистички,
човекот е создаден за да се движи. Не толку далеку во минатото, иако со покус
животен век, тој живеел поактивен и поквалитетен живот, додека во денешно време и
покрај сите напредоци на медицината и технологијата, секојдневно расте бројот на
нови болести. Многу важна улога за растот на новите болести (како физички така и
психички), игра запоставувањето на физичката активност и тренингот. Ова ни
алармира за важноста на тренингот и физичките активности како еден вид грижа за
своето тело и својот дух. Преку тренингот се посветува внимание на своето тело, а
преку тоа и на душата и општата благосостојба на организмот. Огромен број на
истражувања покажале дека практикувањето на физички тренинг доведува до
многубројни здравствени придобивки, како на физички така на психички и социјален
план. Спектарот за мотивите поради кои луѓето практикуваат физички тренинг е
широк. Некои сакаат добро да изгледаат, некои сакаат да одржуваат кондиција, други
пак сакаат подобро ментално здравје и т.н.

3
Во овој труд ќе бидат претставени, домени на личност: екстраверзија,
невротичност и совесност кај луѓето кои практикуваат, односно не практикуваат
физички тренинг. Целта на истражувањето е утврдување на постоење разлика помеѓу
двете групи на испитаници во однос на цртите на личност: екстраверзија, невротичност
и совесност.

ПРОБЛЕМ

Имајќи ги предвид досегашните наоди и теориската основа, проблемот на ова


истражување е да се провери дали постојат разлики во однос на цртите на личност:
екстраверзија, невротицизам и совесност, помеѓу испитаниците кои практикуваат
физички тренинг и оние кои не практикуваат физички тренинг.

Теориска основа

Во психологијата, цртите на личноста се дефинираат како вообичаен облик на


однесување, мисла и емоција. Тие се релативно стабилни со текот на времето а, се
разликуваат помеѓу единките и влијаат врз однесувањето (McLeod, 2014). Во теорија за
личност популарни се два модели на личност: три факторскиот модел и пет
факторскиот модел на личност. За ова истражување е користен пет факторски модел на
личност.

Историски развој на петфакторски инвентар на личност - NEO PI-R

Според Фундер, истражувањата поврзани со пет-факторскиот модел започнале во


1949 година кога Фиске не успеал да најде аргументи за 16-те опширни фактори на
личноста на Кател. Наместо тоа, тој успеал да најде аргументи за само пет фактори.
Бројот на истражувања се зголемил во 80-тите и 90-тите, при што биле пронајдени
уште аргументи за пет-факторскиот модел. Особини на личност според петте фактори
покажале доследност во повеќе техники на интервјуа, самоопишувања и набљудувања
кои биле спроведени на голем број испитаници на различни возрасти од различни
култури. Оваа структура денес е најшироко прифатена помеѓу теоретичарите од

4
областа на психологија на личноста и дава најточна проценка кога станува збор за
основните особини (Funder, 2001).

Со оглед на тоа што овој модел бил развиван независно од страна на различни
теоретичари, имињата на секој од петте фактори и што секој фактор претставува,
варира во зависност од тоа за кој теоретичар се работи. Меѓутоа, верзијата на Пол
Коста и Роберт Мек Кре е најпозната и претставува првата асоцијација за
петфакторскиот модел. Сегашна доминантна рамка за проучување на човековата
личност е инвентарот на личност NEO-PI-R од 1990 година, кој е ревидирана верзија на
моделот на пет фактори – FFM - Five Factor Model од Коста и Мекре од 1978 година.

Големите пет, или петфакторскиот модел според Коста и Мек Кре ги организира
големиот број на особини на личност во следниве пет фактори: отвореност кон
искуства, совесност, екстраверзија, согласност и невротицизам (Costa & McCrae, 1992).
Овој модел се развивал низ годините независно од страна на повеќе различни
психолози. Голем број на психолози веруваат дека сите особини може да се сведат на
пет фактори, со тоа што сите останати особини на личност би се содржале во тие
основни пет фактори. Овие пет широки домени претставуваат најпрецизно објаснување
на личноста, а истовремено обезбедуваат прилично опфатна репрезентација на
личноста (Costa, & McCrae, 1995).

Според овој модел, еден фактор (домен) означува поголема категорија која содржи
повеќе помали подфактори (аспекти) на личност. NEO-PI-R проценува шест аспекти
на петте главни домени. Овие аспекти обезбедуваат преглед во самиот состав на секој
домен (McCrae & John, 1992). Во моментов, доминантната мерка која се користи за
процена на личноста е NEO-PI-R тестот. За ова истражување беше користен
инвентарот на личност NEO-PI-R, односно факторите: совесност, екстраверзија и
невротицизам.

Фактори (домени, аспекти на личноста)

Совесност

Оваа особина се однесува на тоа колку еден човек е темелен, внимателен,


самодисциплиниран, одговорен, способен, внимателен и амбициозен (однесувањето му
е насочено кон тоа да ги оствари своите цели). Се разликува од моралните последици
кои ги содржи изразот „да се има совест“, оваа особина укажува на тоа колку еден

5
човек разумно и обмислено го контролира своето однесување. Индивидуите кои
покажуваат висок степен на совесност повеќе претпочитаат испланирано отколку
спонтано однесување и се организирани, работливи и лојални. Индивидуите со низок
степен на совеснот се поопуштени, спонтани, а можат да бидат и неорганизирани.
Голем број на истражувања пронашле позитивен сооднос помеѓу совесноста и
академскиот успех.

Доменот совесност се состои од следните аспекти на личност: компетентност, ред,


чувство на одговорност, стремеж за достигнување, самодисциплина, мисловност во
одлуките или дејствата (McCrae & John, 1992).

Екстраверзија

Екстравертност наспроти интровертност е можеби најпрепознатливата карактерна


особина од Големите пет. Екстравертните луѓе се комуникативни, друштвени и сакаат
да бидат помеѓу луѓе. Тие се самоуверени и весели во социјалните интеракции.
Индивидуите кои покажуваат висок степен на екстравертност имаат многу енергија,
позитивни емоции, тие се комуникативни, самоуверени, друштвени и својот поттик го
бараат во друштвото на други луѓе.

Интровертните луѓе, пак, сакаат да имаат повеќе време за себе, веројатно поради
тоа што нивниот мозок тежнее кон обработување на социјалната интеракција на
различен начин. Интровертноста честопати се поврзува со срамежливост, меѓутоа тие
не се исти. Срамежливоста претставува страв од социјална интеракција и неспособност
социјално да се функционира. Интровертните луѓе можат да бидат многу шармантни
на забави, само што претпочитаат активности во помали групи.

Луѓето кои покажуваат висок степен на интровертност сакаат тишина и


одбегнуваат социјални настани со многу луѓе. Не е изненадувачки фактот што кај
луѓето со висок степен на екстравертност постои голема веројатност да се впуштат во
авантура и екстремни спортови, што се должи на нивната љубопитна природа и
постојана потрага по возбуда.

6
Доменот екстраверзија се состои од следните аспекти на личност: топлина,
социјабилност, асертивност, активност, барање на возбуда, позитивни емоции (Costa &
McCrae, 1992).

Невротицизам

Невротицизам е долготрајна тенденција кон негативни емоционални состојби.


Луѓето со невротичност тежнеат кон депресивни расположенија - страдаат од чувство
на вина, завист, гнев и анксиозност, почесто и посилно отколку други лица.
Невротицизам е состојба на невротичност (Nordqvist, 2014).

Според Нордквист, поединец со невротичност е обично самосвесна и срамежлива


личност, кај која постои тежнеење да се повнатрешнат фобии и други неврози како што
се панични напади, агресија, негативноста и депресија. Оние кои постигнуваат високи
скорови на невротицизам, имаат тежнеење да бидат особено сензитивни на стрес од
животната околина на кој лошо реагираат. Секојдневните ситуации може да ги
доживуваат како заканувачки и големи, додека пак безначајни фрустрации ги
доживуваат како проблематични и кои можат да ги доведат до очај. Невротицизмот се
поврзува со голем број на негативни здравствени последици (Nordqvist, 2014).

Доменот невротицизам се состои од следните аспекти на личност: анксиозност,


непријателство, депресија, самосвесност, импулсивност и ранливост на стрес (Costa &
McCrae, 1992).

Oтвореност кон искуства

Луѓето кои ја поседуваат оваа особина ја ценат уметноста, имаат необични идеи и
разновидно искуство, тие се емотивни, љубопитни и авантуристи. Отвореноста го
отсликува нивото на интелектуална љубопитност, креативност и склоност кон нови
работи кај особата. Исто така, ова укажува на тоа колку една особа е имагинативна или
независна. Опишува дали особата претпочита разновидни активности или строго
определена рутина. Оние кои покажале висок степен на отвореност кон нови искуства
претпочитаат нови работи, додека, пак, оние со низок степен на отвореност
претпочитаат рутина (Butler, 2000).

7
Луѓето со низок степен на отвореност претпочитаат да се држат до своите навики,
одбегнуваат нови искуства и не сакаат да експериментираат со нови работи.
Менувањето на личноста се смета за тежок процес, но отвореноста се покажала како
особина на личност којашто може да подлегне на промени во зрелоста. Според едно
истражување од 2011 година, луѓето кои земале псилоцибин или халуценогени
„магични печурки“, имале значително повисоки скорови во доменот на отвореност кон
искуства. Ефектот траел најмалку една година, што сугерира дека можеби има
долготрајни последици. (MacLean, A. K., Johnson, W. M., & Griffiths, R. R. 2011)

Доменот отвореноста кон искуство се состои од следните аспекти на личност:


фантазија, чувство за естетика, чувства, активности, идеи и вредности (Costa &
McCrae, 1992).

Согласност

Оваа особина се однесува на тоа колку еден човек е сочувсвителен и отворен за


соработка, или пак, сомничав и непријателски настроен спрема другите. Исто така,
укажува на тоа дали човекот е доверлив и сака да помага и дали човекот има генерално
добар карактер или не. Луѓето со низок степен на согласност често се опишуваат како
неучтиви, ладни и несоработливи. Соработливите луѓе, пак, се сметаат за добродушни,
доверливи и сочувствителни. (Matsumoto & Juang, 2012).

Според жените, мажите кои покажуваат висок степен на соработливост се подобри


танчери, што укажува на тоа дека карактерот се одразува на движењата на телото.
(Совесноста е исто така карактеристика на добрите танчери, според истото
истражување од 2011 година). Меѓутоа, на работното место, несоработливите мажи
можат да заработат повеќе од соработливите. Кога станува збор за женската попула-
ција, не постои никаква разлика во платите на соработливата и несоработливата жена.

Доменот согласност се состои од следните аспекти на личноста: доверба,


искреност, алтруизам, усогласеност, скромност и нежност (Costa & McCrae, 1992).

8
Други модели на личоста

И покрај тоа што типовите на личност не се земаат предвид во современите


психолошки истражувања затоа што се сметаат за редукционистички, многу советници
за развој на кариера ги употребуваат со цел да им помогнат на луѓето подобро да ја
разберат својата личност. Еден од попознатите после Neo pi r е Мајерс-Бригс тестот на
личност (Myers & Briggs, 1943). Со помош на прашалник базиран на работата на
психологот Карл Јунг, луѓето се сместуваат во категории кои се базираат на четири
области: сензација, интуиција, чувствување и мислење, како и екстравертност/
интровертност (Jung, 1971).

Сензацијата и интуицијата се однесуваат на тоа како луѓето ги восприемаат


информациите за светот, дали преку конкретна информација (преку сетилата) или
преку емотивни чувства (интуиција). Мислењето и чувствувањето се однесуваат на тоа
како луѓето донесуваат одлуки. Оние типови на личност кај кои преовладува
мислењето се водат по логиката, додека оние типови кај кои преовладува
чувствувањето го следат своето срце (Kaplan & Saccuzzo, 2008).

Критики на петфакторскиот модел

Петфакторскиот модел, како и други модели, е подложен на критики. Најчестите


критики за петфакторскиот модел се однесуваат на неговиот: ограничен обем,
методолошки проблеми и теоретски статус (Block, 1995).

Ограничен обем

Една заедничка критика за петфакторскиот модел за која особено се залагаат е


фактот дека моделот не дава целосна слика за човековата личност. Некои психолози се
оградиле од моделот затоа што сметаат дека занемарува други делови на личноста како
религиозност, манипулативност/макијавелизам, искреност, сексуалност/заводливост,
промисленост, конзервативност, мажественост/женственост, снобизам/егоцентричност,
смисла за хумор и преземање ризик/потреба од возбуда (Paunonen, Haddock, Forsterling
& Keinonen, 2003). Во многу истражувања петте фактори не се целосно ортогонални

9
еден на друг. Тоа значи дека петте фактори не се независни. Ортогоналноста се смета
за пожелна од некои истражувачи затоа што ја минимизира редундантноста помеѓу
димензиите. Ова е од особена важност кога целта на студијата е да се обезбеди
сеопфатен опис на личноста со што помалку варијабли (Musek, 2007).

Методолошки проблеми

На факторската анализа, статистичка метода која се користи за идентификување на


димензионалната структура на набљудуваните варијабли, ѝ недостасува универзално
прифатена основа за избор на решенија со различен број на фактори (Eysenck, 1992).
Петфакторското решение до одреден степен зависи од толкувањето на аналитичарот.
Всушност, голем број фактори можат да се најдат под овие пет; ова резултирало во
расправа за „точниот“ број на фактори. Застапниците на петфакторскиот модел
аргументираат дека иако други решенија се возможни во еден збир на податоци, само
петфакторската структура е константна во различни истражувања (Costa & McCrae,
1992).

Теоретски статус

Честа критика е дека петфакторскиот модел не е базиран на ниту една основна


теорија; моделот е само емпириски резултат кој е склопен како факторска анализа. Ова
значи дека иако овие пет фактори навистина постојат, основните причини за нивно
постоење се непознати (Eysenck, 1992).

Резимирана, критиката на Блок за петфакторскот модел ја претставува:

- Атеоретска природа на петфакторскиот модел;


- Неговите нејасни мерења;
- Несоодветноста на моделот за проучување на раното детство;
- Употребата на факторската анализа како исклучива парадигма за
концептуализација на личноста;
- Континуирано, несогласно разбирање на петте фактори;

10
- Постоење на непризнаени, но ефективни напори за специфицирање на аспекти
на личноста кои не се опфатени со петте фактори;

Исто така една од поофатните критики е критиката на Бојл. Тој изјавил дека:
„Петфакторскиот модел не обезбедува соодветна покриеност на особини на личноста
кај нормалните, а уште помалку кај абнормалните индивидуи, не е во можност да се
повторува доследно во различни примероци, не е поврзан со основните физиолошки
механизми или неврохемиските процеси на мозокот, постулира хетерогени широки
особини на личност кои се премалку на број за да овозможат точни предикции,
овозможува статички привид во однос на законитостите на однесувањето и нема
воспоставено теоретска основа“ (Boyle, 2008).

Дефинирање на поимите физичка активност, физички тренинг, физичка


кондиција, физичко здравје

Физичка активност

Според Светската здравствена организација - СЗО (World Health Organization


[WHO], 2002) за физичка активност се смета: Телесно движење произведено од страна
на скелетните мускули, кое доведува до енергетска потрошувачка. Тоа го вклучува
секое движење што се користи преку текот на целиот ден, со исклучок на седење или
лежење. На пример, било кое движење како шетање или чистење по дома се смета за
физичка активност. Вежбање, од друга страна, е вид на физичка активност, но не секоја
физичка активност е вид на вежбање. Вежбањето е планирана, структурирана и
репетитивна активност што има цел да ја подобри или одржи физичката кондиција
( WHO, 2003).

Видот на физичка активност се разликува во однос на: времетраење, интензитет и


фреквенција. Времетраењето е износот на времето поминато во учествување во
одредена физичка активност. Интензитетот е стапката на потрошувачка на енергијата.

11
Фреквенцијата е бројот на минути/часови со физичка активност во текот на
одреден временски период, на пример - една недела („Definitions of Physical Activity,
Exercise, and Fitness“, 2007).

Според потрошувачка на кислород

 Аеробни (со кислород)


- Вежби со лесен интензитет на физичка активност кои бараат високо ниво
на кислород во подолг временски период (половина час или повеќе). Тие
го подобруваат кардиоваскуларниот систем.
- Пример за аеробни вежби - скокање јаже, возење велосипед, пливање,
трчање, играње фудбал,кошарка или одбојка (Selvakumar & Chidambara,
2015).
 Анаеробни (без кислород)
- Вежби со голем интензитет на физичка активност, која е кратка во
времетраење и бара согорување на енергија поради недостаток на
кислород. Изворите на енергија се обновуваат како што поединцот се
обновува од активноста. Тие бараат максимална перформанса за краток
временски период (од неколку секунди до 2 минути).
- Пример за анаеробна активност – спринтање, кревање големи тежини
(Medbo et al., 1988).

Според движење

 Изокинетични вежби (каде што постои контрола на контракцијата)

- Изокинетички вежби се вежби со контрола на контракцијата. На


изокинетичка контракција е динамична контракција, но брзината или
насоката на целото движење е контролирана од страна на машина..
Секоја вежба вклучување на контракција на мускулите може да биде
изокинетичка ако се користи машина. Пример за изокинетички вежби се
вежби на фитнес машини, бенџ клупа, степер (Foster, 2014).

12
 Изотонични вежби (каде што постои константна сила)
- Изотонична контракција е силата генерирана од страна на мускулите во
движење. Кога мускулот се издолжува и враќа силата при движењето
останува константна. За време на нормална мускулна контракција сила
варира во текот на движењето што е речиси невозможно да се каже дека
силата останува константна. По соодветен израз би бил динамична
контракција. Овие форми на вежби помогаат кога сакаме да вежбаме
одредена група на мускули. Вообичаени вежби демонстрирајќи го овој
вид на контракција се чучњеви, пешачење, вежби со тегови (Foster,
2014).

 Изометрични вежби (нема движење, нема брзина но постои контракција)


- Изометричните вежби се оние вежби во кое телото е статично, не постои
движење но постои контракција, посоодветен израз би бил состојба на
статична тензија. Нема видливо движење и промена на мускулот, но
постои контракција. Вообичаени вежби демонстрирајќи го огој вид на
контракција се кога се обидуваме да бутнеме ѕид, кога правиме склек но
стоиме во првобитна положба (Foster, 2014).

 Калистеник вежби – еден вид на вежби кои се состојат од разновидни моторни


движења, често ритмички во кои се користи тежината на телото – вообичаените
вежби се без користење на додатна опрема. („Calisthenics“, 2016). Калистеник
вежбите кога се извршуваат енергично и со разновидност може да допринесат
до големи придобивки и двете мускулниот систем и кардиоваскуларниот
систем, во прилог исто така ги подобрува психомоторните способности како
рамнотежа, агилност и координација.

Физички тренинг

13
Според Сарафино и Смит, вежбањето е особена класа на физички активности во
која луѓето ги напрегаат нивните тела заради подобро здравје и развој на телото.
Физички тренинг е секоја телесна активност која ја подобрува или одржува физичката
кондиција и целокупното здравје и благосостојба (Sarafino & Smith, 2010). Тоа се врши
од различни причини, вклучувајќи зајакнување на мускулите и кардиоваскуларниот
систем, усовршување атлетски вештини, губење на тежината и одржување. Чести и
редовни физички вежби го зајакнуваат имунолошкиот систем и помагаат во
спречување на срцеви заболувања, кардиоваскуларни болести, дијабетес тип 2 и
дебелина. Исто така, може да помогне да се спречи депресија, помагаат и промовираат
одржување на позитивна самодоверба, го подобруваат менталното здравје.

Физичка кондиција

Физичката кондиција е општа здравствена состојба и благосостојба, а поконкретно


способност за вршење аспекти на спортот или одредени професии. Физичката
кондиција генерално се постигнува преку правилна исхрана, физичка активност,
вежбање и одмор (Tremblay, Colley, Saunders, Healy & Owen, 2010).

Физичко здравје

Светската Здравствена Организација (2003) здравјето го дефинира како: „Состојба


на целосна физичка, ментална и социјална благосостојба, а не само отсуство на болест
или слабост.“

Физичкото здравје може да се разбере како суштински дел на целокупното здравје


на поединецот, кое вклучува од физичка кондиција до целокупна благосостојба (WHO
definition of Health, 2003).

Според Светската Здравествена Организација (2003) обезност или прекумерна


тежина е акумулација на масти која го нарушува здравјето. Сирова мерка за мерење на
обезноста на населението е индексот на телесна маса - тежината на едно лице (во
килограми) поделено со квадратот на неговата или нејзината висина (во метри). Лице

14
со BMI од 30 или повеќе генерално се смета за обезно. Лицето со индекс на телесна
маса еднаков или поголем од 25 се смета за лице со прекумерна тежина. Дебелината
може да има широк спектар на здравствени компликации. Некои од нив се рак,
мозочен удар, дијабетес и намалена можност за извршување на секојдневни обврски
(„Controlling the global obesity epidemic“, 2003)

Во текот на 33 години спроведување на истражувања, стапката на обезност


пораснала на 28 проценти кај возрасните и 47 проценти кај децата. Во текот на тој
временски период бројот на луѓе со прекумерна тежина и обезност се кренал од 875
милиони во 1980 на 2.1 милијарда во 2013 година. Истражувачите ја имаат спроведено
најопфатна проценка досега за еден од најважните дилеми од јавното здравство на
нашето време, со користење на податоци што опфаќаат 188 држави од периодот на
1980-2013 година. Зголемувањето на физичката активност не е само индивидуален,
туку и општествен проблем. За да се помогне при негово решавање, потребен е приод
кој е насочен и базиран на популација, мулти-секторијален, мулти-дисциплинарен и
културално релевантен. Од досегашните изнесени аргументи се добива добар привид
за реалноста во која се наоѓа светот. Со растот на техонологијата и социјалната
отапеност кај децата од мали возрасти се зголемува процентот на обезност кај истите
(Marie et al., 2014).

Релевантни емпириски истражувања

Араи и Хисамичи (Arai & Hishamichi, 1998) ја испитале поврзаноста меѓу


физичката активност и личноста. Биле користени два инструменти: прашалникот за
личноста на Ајзенк (Eysenck & Eysenck, 1964) и еден прашалник развиен од авторите
кој ја мери фреквенцијата на вежбање. Откриле дека високите нивоа на екстраверзија
биле позитивно поврзани со вежбањето, а високите нивоа на невротицизам биле
позитивно поврзани со невежбање. Испитаниците од двата пола, кои не практикуваат
физички тренинг и оние кои практикувале физички тренинг ретко, се повеќе
интровертни и поседуваат повисоко ниво на невротицизам . Оние кои вежбаат почесто
имаат тенденција да постигнат значително повисоки резултати во доменот
екстраверзија и значително пониски резултати во доменот невротицизам отколку оние

15
кои вежбаат помалку често, кај двата пола. Ограничувањето на оваа студија е во
недостатокот на стандардизирано мерење на физичката активност.

Во студија на Матерс и Вокер (Mathers & Walker, 1999) испитана е поврзаност меѓу
екстраверзијата и однесувањето при вежбање кај 36 универзитетски студенти.
Студентите го пополниле Прашалникот за личноста на Ајзенк (Eysenck & Eysenck,
1964), Скалата за посветеност кон вежбањето Корбин, Ниелсен, Бордсдорф, и Лаурие
(Corbin, Nielsen, Borsdorf & Laurie, 1987) и Скалата за негативна зависност на Хејли и
Бејли (Hailey & Bailey, 1982). Примерокот бил поделен на вежбачи и невежбачи. Тие
откриле дека групата која редовно практикувала физичка активност имала повисока
екстраверзија од групата која не го правела тоа.

Користејќи стандардизирано мерење на однесувањето при вежбање, Корнеја,


Бобик и Шинке (Courneya, Bobick & Schinke, 1999) спровеле две истражувања за
проценување на личноста и вежбањето. Во едната студија, женските студенти го
комплетирале Leisure-Time Exercise Questionnaire (1986) и NEO-FFI (Costa & McCrae,
1992). Позитивни корелации со физичката активност биле откриени за екстраверзијата
и совесноста, и негативна за невротицизмот. Во другата студија, жени учествувале во
11-неделна програма за вежбање, при што било мониторирано нивното присуство.
Базирано на нивните одговори на NEO и нивното присуство, била откриена значајна
позитивна корелација меѓу вежбањето, екстраверзијата и совесноста.

Во друга студија со слични мерења, Корнеја и Хелштен (Courneya & Hellsten,


1998) го испитувале однесувањето при физичка активност и личноста кај 264 студенти.
Биле користени NEO-FFI (Costa & McCrae, 1992), Leisure-Time Exercise Questionnaire
(Godin & Shephard, 1986), и уште еден прашалник за преференци на вежбање развиен
од авторот кој се употребува за проценка на личноста, практикување на физичка
активност и преференца за вежбање. Била откриена негативна корелација меѓу
вежбањето и невротицизмот, и позитивни корелации меѓу совесноста, екстраверзијата
и физичката активност. Во однос на преференците кон физичката активност, во оваа
студија било откриено дека сите NEO домени биле поврзани со некој аспект на
преференците. Поспецифично, индивидуите кои имале повисоки резултати на тестот за
екстраверзија преферирале да вежбаат во група наместо сами, и повеќе уживале во
сесиите со супервизија отколку во самонадгледувачките сесии во кои повеќе уживале
индивидуите кои имале ниски резултати во тестот за екстраверзија. Дополнително,

16
индивидуите кои имале високи резултати за отвореност преферирале да вежбаат на
отворено, наспрема оние со ниски резултати кои преферирале да вежбаат во затворен
простор, при што повеќе сакале аеробик. Оние кои преферирале вежби со висок
интензитет имале пониски резултати за невротицизам и повисоки за свесност од оние
кои преферирале вежби со умерен интензитет. Индивидуите кои преферирале вежби
кои се одвиваат според распоред имале пониски резултати за отвореност и повисоки на
совесност од оние кои преферирале спонтани вежби. Ограничувањето на оваа студија
било користењето на кратка верзија на NEO.

Во една слична студија, Хаган и Хаусенблас (Hagan & Hausenblas, 2003), го


прошириле дизајнот на Корнеја Хелстерн (Courneya & Hellsten, 1998) со користење на
NEO-PI-R. 515 студенти го комплетирале NEO-PI-R. Резултатите покажале дека
екстраверзијата, совесноста и согласноста биле значајно поврзани со однесувањето при
вежбање при што совесноста и согласноста биле значајни предвидувачи на
однесувањето при вежбање. Во однос на преференците за практикување на физички
тренинг, било откриено дека домените на личноста биле поврзани со интензитетот на
вежбањето, придружбата при вежбање, и преференците за местото на вежбање. За
интензитетот на вежбање било откриено дека индивидуите кои имале високи резултати
за екстраверзија, отвореност и совесност преферирале да вежбаат на висок наспроти
низок интензитет на вежбање. Во компарација, оние кои имале високи резултати за
невротицизам преферирале низок интензитет на вежбање. За придружба при
вежбањето, оние кои имале високи резултати за невротицизам и ниски за екстраверзија
преферирале да вежбаат сами наместо во група. Во однос на преференците за местото
на вежбање било откриено дека оние кои имале високи резултати за екстраверзија и
совесност преферирале да вежбаат во теретана отколку дома. Во споредба, оние кои
имале високи резултати за невротицизам преферирале да вежбаат дома наместо во
теретана. Всушност оваа студија покажала дека постои врска меѓу човечката личност и
преференците за вежбање.

Истражувачки хипотези

Дефинирањето на хипотезите во ова истражување произлегува од проучувањето на


релевантните истражувања кои ја испитуваат разликата помеѓу луѓето кои
17
практикуваат и не практикуваат физички тренинг во однос на екстраверзија, совесност
и невротичност. Со оглед на тоа дека повеќето истражувањата потврдуваат дека постои
разлика меѓу нив, основната хипотеза за истражуваниот проблем гласи:

А: Постои разлика помеѓу луѓето кои практикуваат физички тренинг и оние кои не
практикуваат физички тренинг во однос на степенот на изразеност на цртите на
личност: екстраверзија, невротичност и совесност.

За утврдувањето на разлики меѓу групите во однос на совесност, екстраверзија и


невротицизам потребно е дефинирање на насоката на влијание на варијаблите. За таа
цел се поставени три супхипотези кои гласат:

А1: Лицата кои практикуваат физички тренинг имаат понизок степен на


невротицизам од оние лица кои не практикуваат физички тренинг.

A2: Лицата кои практикуваат физички тренинг имаат повисок степен на


екставерзија од оние лица кои не практикуваат физички тренинг.

A3: Лицата кои практикуваат физички тренинг имаат повисок степен на совесност
од оние лица кои не практикуваат физички тренинг.

Варијабли

Совесност квантитативна варијабла.

Се дефинира како личносна особина која се однесува на тоа колку еден човек е
темелен, внимателен, самодисциплиниран, одговорен, способен и амбициозен
(однесувањето му е насочено кон тоа да ги оствари своите цели.

Екстраверзија претставува квантитативна варијабла.

Се дефинира како личносна особина која се однесува на тоа колку еден човек ги
поседува личносни аспекти: топлина, социјабилност, асертивност, активност, барање
на возбуда, позитивни емоции.

Невротицизам претставува квантитативна варијабла.

18
Се дефинира како личносна особина која се однесува на тоа колку еден човек ги
поседува личносни аспекти: анксиозност, непријателство, депресија, самосвесност,
импулсивност и ранливост на стрес.

Практикување физички тренинг претставува квалитативна варијабла.

Се дефинира со практикување на физички тренинг во временски период од


минимум 45 минути на ден, минимум 3 пати во неделата во тек од минимум една
година. Луѓе кои го исполнуваат овој критериум претставуваат вежбачи –практикувачи
на физички тренинг, другите кои не го исполнуваат овој критериум претставуваат
невежбачи –непрактикувачи на физички тренинг.

Контролни варијабли

Пол – биолошки карактеристики кои некого го одредуваат како маж или жена
(комбинација на телесни карактеристики кои вклучуваат хромозоми, хормони и
внатрешни репродуктивни органи). За да се контролира влијанието се користи
хетерогеност во однос на полот со пропорција од 50:50.
Возраст - период од развој на личноста. Оваа варијабла е контролирана на тој начин
што во сите групи учествуваат луѓе од 17 години до 36 години.

19
МЕТОД

Испитаници

Истражувањето е спроведено на пригоден примерок од 60 (N=60) испитаници


од кои 30 женски и 30 машки, на возраст од 17 до 36 години, со просечна возраст од 26
години. 30 од нив практикуваат физички тренинг, а останатите 30 не практикуваат
физички тренинг. Во тие две рамки на лица кои практикуваат и не практикуваат
физички тренинг има по 15 машки и 15 женски што практикуваат физички тренинг, а
на другата страна по 15 машки и 15 женски кои не практикуваат физички тренинг.
Критериум кој ги се дели испитаниците на практикувачи на физички тренинг и
непрактикувачи на физички тренинг е: практикување физички тренинг најмалку 45
минути во денот, најмалку 3 пати во неделата, со константност од 1 година.

Вежбачи Невежбачи
15 машки 15 машки 50%
15 женски 15 женски 50%
30 вкупно 50% 30 вкупно 50% 60 вк.

Предметна популација се лица кои практикуваат и лица кои не практикуваат


физички тренинг.

Достапна популација се состои од лица кои во периодот на истражувањето


практикуваат физички тренинг во фитнес студиото Елена Бубало во АРМ и на кејот на
Вардар, како и од познаници на истражувачот.

Мерни инструменти

Во спроведеното истражување беа користени следниве инструменти:

20
Тестот за личност Neo-PI-R конструиран од страна на Коста и МекКре (1978). Негова
прва модификувана публикација е направена во 1992. За ова испитување се користи во
скратена форма и содржи 144 тврдења од оригиналните 240. На ајтемите се одговара со
заокружување на број од 1 до 5 во зависност од степенот на согласност за наведеното
тврдење, а броевите го имаат следното значење:

1 - Потполно не се согласувам
2 - Делумно не се согласувам
3 - Не можам да се одлучам
4 - Делумно се согласувам
5 - Потполно се согласувам.

Опсегот на скорови се движи од 0 до 576, при што поголем скор означува


поголемо поседување на варијаблата. На самиот тест има шема по која се оценуваат
одговорите. Има различни бројки по кои се оценуваат одговорите од 1 до 5.

Релијабилност

Анализа на ајтемите, (Кронбах алфа) и факторската анализа биле зададени на


примерок од 609 испитаници во студијата на Велика Британија. Резултатите од Велика
Британија укажуваат усогласување со тие од САД.

Скалите на доменот покажуваат внатрешна релијабилност во опсег од α = 0,87-0,92.


Скалите на аспектите покажуваат внатрешна релијабилност со опсег од α = 0,58-0,82.

Тест-ретест релијабилностите се над 0,75.

Тестот содржи 240 тврдења. Тој се состои од 5 скали со 6 супскали.

1 - невротицизам

- супскали (анксиозност, непријателство, депресија, самосвесност, импулсивност


и ранливост на стрес);

2 - екстраверзија

- субскали (топлина, социјабилност, асертивност, активност, барање на возбуда,


позитивни емоции);

21
3 - отвореност

- субскали (фантазија, чувство за естетика, чувства, активности, идеи и


вредности);

4 - согласност

- субскали (доверба, искреност, алтруизам, согласност, скромност и нежност);

5 - совесност

- субскали (компетентност, ред, чувство на одговорност, стремеж за


достигнување, самодисциплина, мисловност во одлука или дејство)

Бидејќи инструментот дозволува да се пресмета вкупниот скор на сите заедно, во ова


истражување е прикажан само вкупниот скор за секој испитаник.

Постапка

Испитаниците доброволно и со потполна согласност учествуваа во


истражувањето. При задавање на тестот, им беше објаснето дека истражувањето ќе се
користи за изработка на дипломски труд и дека резултатите нема да бидат користени
за друга намена. На испитаниците им беше нагласено дека истражувањето е анонимно.
Исто така испитаниците беа замолени добро да го прочитаат упатството и да ги следат
инструкциите во него.

Тестот кој беше користен е NEO PI R со 144 ајтеми. Сите ајтеми беа одговорени во
целост. Повратната информација од голем број на испитаници не беше позитивна, со
образложение дека им се допаѓа темата, но дека има премногу прашања. Долгиот
временски период го отежнуваше одговарањето на тестот. Мотивацијата за одговарање
кај испитаниците беше на високо ниво, но низ процесот на одговарање еланот за
одговарање опаѓаше. Почетокот на задавање на тестовите се состоеше од
соопштување на инструкциите за пополнување на тестот. На лицата кои не
практикуваа физички тренинг им беше зададен индивидуално на кеј или во својот дом.
На лицата кои вежбаат во фитнес клубот Елена Бубало, тестот беше зададен групно.
Истражувањето е извршено во периодот март-мај 2015.

22
РЕЗУЛТАТИ

Наоди од дескриптивните статистици

Постигањата на учесниците се прикажани во табелите подолу. Со цел да се


проверат поставените хипотези користени се следните постапки: мерки на централна
тенденција, мерки на варијабилност и еднонасочен t-тест на значајност на разлики
помеѓу аритеметички средини. За статистичка обработка на податоците користена е
програмата SPSS-19.

Табела 1. Дескриптивни статистици на варијаблите кај лица кои практикуваат


физички тренинг

Лица кои практикуваат физички тренинг

Варијабла N M σ најнизок највисок


постигнат постигнат
скор скор
Невротицизам 30 89,33 16,50 53 119

Екстраверзија 30 90,53 1037 70 122

Совесност 30 109,80 10,58 86 124

Во табела бр. 1 се прикажани резултатите од тестирањето на варијаблите во


однос на распонот, аритметичката средина и стандардното отстапување кај лицата кои
практикуваат физички тренинг.

Опсегот на скорови за варијаблата невротицизам кај лица кои практикуваат


физички тренинг се движи од 53 до 119. Аритметичката средина изнесува М=89,33 а
стандардното отстапување σ=16,50. Максималниот скор кој го предвидува скалата
(192) не е постигнат.

Опсегот на скорови за варијаблата екстраверзија кај лица кои практикуваат


физички тренинг се движи од 70 до 122. Аритметичката средина изнесува М=90.53 а

23
стандардното отстапување σ=10,37. Максималниот скор кој го предвидува скалата
(192) не е постигнат.

Опсегот на скорови за варијаблата сoвесност кај лица кои практикуваат физички


тренинг се движи од 86 до 124. Аритметичката средина изнесува М=15,60 а
стандардното отстапување σ=10,58. Максималниот скор кој го предвидува скалата
(192) не е постигнат.

Табела 2. Дескриптивни статистици за варијаблите кај лица кои не практикуваат


физички тренинг

Лица кои не практикуваат физички тренинг

Варијабла N M σ најнизок највисок


постигнат постигнат
скор скор
Невротицизам 30 100,80 13,37 78 124

Екстраверзија 30 95,07 6,74 96 107

Совесност 30 104,80 10,32 80 120

Во табела бр. 2 се прикажани резултатите од тестирањето на варијаблите во однос


на распонот, аритметичката средина и стандардното отстапување кај лицата кои не
практикуваат физички тренинг.

Опсегот на скорови за варијаблата невротицизам кај лицата кои не практикуваат


физички тренинг се движи од 78 до 124. Аритметичката средина изнесува М=100,80, а
стандардното отстапување σ=13,37. Максималниот скор кој го предвидува скалата
(192) не е постигнат.

Опсегот на скорови за варијаблата екстраверзија кај лицата кои не практикуваат


физички тренинг се движи од 96 до 107. Аритметичката средина изнесува 95,07 а
стандардното отстапување σ=6,74. Максималниот скор кој го предвидува скалата (192)
не е постигнат.

24
Опсегот на скорови за варијаблата сoвесност кај лицата кои не практикуваат
физички тренинг, нивната дистрибуција помеѓу испитаниците се движи од 80 до 120.
Аритметичката средина изнесува М=104,80 а стандардното отстапување σ=10,32.
Максималниот скор кој го предвидува скалата (192) не е постигнат.

Наоди од тестираните хипотези

Табела 3. Разлики помеѓу лица кои практикуваат физички тренинг и лицата кои не
практикуваат физички тренинг во однос на невротицизмот.

Група N M σ df F t p

Лица кои 30 89,33 16,51 58 0,17 -2,95 0,002


практикуваат
физички тренинг
Лица кои не 30 100,80 13,37
практикуваат
физички тренинг

(t(58)=1.66, p<0.01)

Во табела бр 3. се прикажани резултатите од тестирањето на разликите помеѓу лица


кои практикуваат физички тренинг и лицата кои не практикуваат физички тренинг во
однос на невротицизмот. Добиената вредност за F тестот не ја надминува критичната
вредност за F, што значи дека F не е значајно и t-тестот може да се употребува.
Добиената вредност на t-тестот изнесува -2,95 и ја надминува критичната вредност на
ниво 0,01. Со сигурност од 99% тврдиме дека постои статистички значајна разлика,
односно лицата кои практикуваат физички тренинг се помалку невротични од лицата
кои не практикуваат физички тренинг. Резултатите од анализата покажуваат дека
луѓето што практикуваат физичка активност имаат понизок степен на невротицизам од
оние луѓе кои не практикуваат физичка активност.

Субхипотезата А1: Луѓето што практкуваат физичка активност имаат понизок


невротицизам во однос на луѓето што не практикуваат физичка активност се
прифаќа.

25
Табела 4. Разлики помеѓу лица кои практикуваат физички тренинг и лицата кои не
практикуваат физички тренинг во однос на екстраверзијата.
Група N M σ df F t p

Лица кои 30 90,53 10,36 58 0,54 -1,24 0,11


практикуваат
физички тренинг
Лица кои не 30 95,06 17,13
практикуваат
физички тренинг

(t(58)=1.66, p>0.05).

Во табела бр. 4 се прикажани резултатите од тестирањето на разлики помеѓу лица кои


практикуваат физички тренинг и лицата кои не практикуваат физички тренинг во
однос на екстраверзијата. Добиената вредност за F тестот не ја надминува критичната
вредност за F, што значи дека F не е значајно и може да се употребува t-тестот.
Добиената вредност на t-тестот изнесува -1,24 и не ја надминува критичната вредност
на ниво 0,05. Не е утврдена статистички значајна разлика, односно лицата кои
вежбаат не се разликуваат во поглед на екстраверзијата од оние кои не вежбаат.
Резултатите од анализата покажуваат дека луѓето што практкуваат физичка активност
немаат понизок степен на екстраверзија од оние луѓе кои не практикуваат физичка
активност.

Субхипотезата A2: Луѓето што практкуваат физичка активност имаат повисока


екставерзија во однос на луѓето што не практикуваат физичка активност се
отфрла.

Табела 5. Разлики помеѓу лица кои практикуваат физички тренинг и лицата кои не
практикуваат физички тренинг во однос на совесноста.

Група N M σ df F t p

26
Лица кои практикуваат 30 109,80 10,58 58 0,07 1,85 0,03
физички тренинг
Лица кои не практику- 30 104,80 10,32
ваат физички тренинг

(t(58)=1.66, p<0.05).

Во табела бр. 5 се прикажани резултатите од тестирањето на разлики помеѓу лица


кои практикуваат физички тренинг и лицата кои не практикуваат физички тренинг во
однос на совесноста. Добиената вредност за F тестот не ја надминува критичната
вредност за F, што значи дека F не е значајно и t-тестот може да се употребува.
Добиената вредност на t-тестот изнесува 1,85 и ја надминува критичната вредност на
ниво 0,05. Со сигурност од 95% тврдиме дека постои статистички значајна разлика
во однос на совесноста кај лицата кои вежбаат и оние кои не вежбаат. Резултатите од
анализата покажуваат дека луѓето што практикуваат физичка активност имаат понизок
степен на совесност од оние луѓе кои не практикуваат физичка активност.

Субхипотезата A3: Луѓето што практкуваат физичка активност имаат


повисока совесност во однос на луѓето што не практикуваат физичка активност се
прифаќа.

27
ДИСКУСИЈА

Заклучоци

Целта на ова истражување е да одговори на прашањето дали испитаниците кои


што практикуваат физички тренинг се разликуваат од испитаниците кои што не
практикуваат физички тренинг во однос на невротицизмот, екстраверзијата и
совесноста.

Совесност - Се дефинира како личносна особина која се однесува на тоа колку


еден човек е темелен, внимателен, самодисциплиниран, одговорен, способен,
внимателен и амбициозен (однесувањето му е насочено кон тоа да ги оствари своите
цели) (Costa & McCrae, 1992).

Екстраверзија - Се дефинира како личносна особина која се однесува на тоа


колку еден човек ги поседува личносни аспекти: топлина, социјабилност, асертивност,
активност, барање на возбуда и позитивни емоции (Costa & McCrae, 1992).

Невротицизам - Се дефинира како личносна особина која се однесува на тоа


колку еден човек ги поседува личносни аспекти: анксиозност, непријателство,
депресија, самосвесност, импулсивност и ранливост на стрес (Costa & McCrae, 1992).

Практикување физички третнинг - Се дефинира како целна физичка активност


во која луѓето ги напрегаат нивните тела заради подобро здравје и развој на телото.
Физички тренинг е секоја телесна активност која ја подобрува или одржува физичката
кондиција и целокупното здравје и благосостојба (Sarafino & Smith, 2010).

Истражувањето за основната хипотеза, дека постојат разлики помеѓу лицата кои


што практикуваат физички тренинг и лицата кои што не практикуваат физички тренинг
во однос на невротицизмот, екстраверзија и совесноста, беше тестирана преку 3
субхипотези.

Наодите од истражувањето преку тестирањето на трите субхипотези покажа


дека само две од нив беа потврдени, што значи дека хипотезата делумно се потврдува

28
т.е теоретските претпоставки делумно се потврдуваат со добиените резултати во ова
истражување.

Основната хипотеза поставена во ова истражување, хипотеза А - Луѓето кои


практикуваат физички тренинг се разликуваат од луѓето кои не практикуваат физички
тренинг во однос на цртите на личност: екстраверзија, невротичност и совесност, е
делумно потврдена.

- Субхипотезата А1:

Луѓето кои практикуваат физички тренинг имаат понизок степен на невротицизам од


оние лица кои не практикуваат физички тренинг, се потврдува. Резултатите од
спроведената анализа укажува дека лицата кои практикуваат физички тренинг се
значајно емоционално постабилни, односно покажуваат понизок степен на
невротицизам, од лицата кои не практикуваат физички тренинг (t(58)=1.66, p>0.05).

- Субхипотезата A2:

Луѓето кои практикуваат физички тренинг имаат повисок степен на екстраверзија од


оние лица кои не практикуваат физички тренинг, не се потврдува. Резултатите од
спроведената анализа покажаа дека не постои статистички значајна разлика, поточно
дека лицата кои практикуваат физички тренинг не се поекстравертни од оние кои не
практикуваат физички тренинг (t(58)=1.66, p>0.05).

- Субхипотезата A3:

Луѓето кои практикуваат физички тренинг имаат повисок степен на совесност од оние
лица кои не практикуваат физички тренинг, се потврдува. Резултатите од
спроведената анализа укажуваат дека лицата кои практикуваат физички тренинг се
значајно посовесни од лицата кои не практикуваат физички тренинг (t(58)=1.66,
p<0.05).

Претходни истражувања

Претпоставката дека постои разлика во застапеноста на варијаблите екстраверзија,


невротицизам и совесност помеѓу луѓе кои практикуваат физички тренинг и не

29
практикуваат физички тренинг беше изведена од претходни истражувања кои имаат
испитувано слични истражувачки проблеми.

Делумно совпаѓање на резултатите е најдено со наодите за невротицизам,


екстраверзија и совесност кај истражувањето на Деци и Рајан. Конзистентно со
претходни истражувања, тие ги потврдуваат резултатите од ова истражување од аспект
на варијаблите невротицизам и совесност. Нивното истражување се осврнува на
самодетерминирачката теорија за однесување при практикување на физички тренинг.
Тие дошле до заклучок дека екстравертните поединци се во можност да се чувствуваат
самодетерминирани, бидејќи практикувањето на физички тренинг може да им ја
задоволи потребата за поврзаност, а совесните поединци се во можност да се
чувствуваат самодетерминирани затоа што вежбањето може да им ја задоволи
потребата за компетентност (Deci & Ryan, 2000).

Во примарните резултати од истражувањето на Де Мур, Бим, Стуби, Бомсма и Де Геус,


наодите делумно се совпаѓаат со оние добиени во овој труд. Истражувањето ни
укажува дека практикувачите на физички тренинг се во просек помалку анксиозни и
депресивни, помалку невротични и повеќе екстравертни од лица кои не практикуваат
физички тренинг. Иако разликите меѓу практикувачите и не практикувачите се мали,
тие се конзинстентни низ полот и возраста (De Moor, Beem, Stubbe, Boomsma, & De
Geus, 2006).

Односот помеѓу практикување на физички тренинг и невротицизам (неговите аспекти


– анксиозност и депресивност) се поткрепува со истражувањето на Фармер и
соработниците (Farmer et al., 1988). Истражувањето е пропратна програма во
епидемиологијата за истражување за национално здравје и исхрана од 1982–1984.
Депресивната симптоматологија, што се мери со fc скалата за депресија (CES-D), била
истражувана преку пол и раса во релација на рекреативна физичка активност и физичка
активност надвор од рекреација. Биле контролирани возраста, образованието,
приходот, работниот статус и хронични состојби. Депресивните симптоми во студијата
се многу позастапени кај жени со малку или без рекреативна физичка активност, во
споредба со жените со многу или умерена рекреативна физичка активност. Овие наоди
се првите индикации на истражување со голем примерок дека физичката неактивност

30
може да биде фактор на ризик за појавување на симптоми на депресија (Farmer et al.,
1988).

Истражувањата кои се состојат од млади (Steptoe et al, 1997) или постари возрасни
(Kritz-Silverstein, Barrett-Connor & Corbeau; Strawbridge, Deleger, Roberts, & Kaplan,
2002) покажyваат дека редовното практикување на физички тренинг е поврзано со
намалена депресија и анксиозност. Во примерок од адолесценти (Allison et al., 2005) се
покажyва дека редовното практикување на физички тренинг е поврзано со подобро
социјално функционирање, но не и со намалена анксиозност и депресија.

Објаснување на наодите

Невротицизам

Невротицизмот го инхибира вежбањето, бидејќи индивидуите кои имаат високи


резултати за невротицизам имаат посиромашни вештини за носење со секојдневните
настани и поголема емоционална реактивност за време на стрес (Costa & McCrae,
1992). Коста и Мек Креј ја дефинираат импулсивноста како неспособност да се
контролираат нагоните. Можно е оние индивидуи кои имаат високи резултати на
импулсивноста да ги одложат плановите за вежбање за да учествуваат во други
активности. Оние индивидуи кои имаат ниски резултати за импулсивност се
задржуваат на нивните планови за вежбање. Во однос на непријателство, тоа може да
биде значаен предвидувач на вежбањето. Непријателството е тежнеење да се доживува
лутина (Costa & McCrae, 1992). Индивидуите кои имаат високи резултати на оваа
скала, имаат тежнеење да бидат понеусогласени. Објаснување за врската меѓу
непријателство и практикувањето физички тренинг е дека индивидуите кои го
поседуваат и вежбаат наоѓаат начин да ја изразат нивната лутина токму во форма на
вежбање.

Екстраверзија

Индивидуите со високи резултати на тестовите за асертивност се доминантни и


силни, според Коста и Мек Креј (Costa & McCrae, 1992). Затоа оние индивидуи кои

31
чувствуваат потреба постојано да се движат и да бидат зафатени поверојатно ќе
практикуваат вежбање. Барањето на возбуда е всушност копнеење за стимулација и
возбуда. Де Мор и соработниците откриле дека стимулацијата е мотив за вежбање (De
Moor et al., 2006). Затоа индивидуите кои имаат високи резултати за барање на возбуда
го користат практикувањето на физички тренинг како нивен извор на стимулација.
Позитивните емоции всушност претставуваат тежнеење да се доживуваат позитивни
емоции, како радост и возбуда, според Коста и Мек Креј (Costa & McCrae, 1992).
Докажано е дека акутното вежбање го зголемува позитивното расположение после
вежбањето (Focht & Hausenblas, 2004; Hagan & Hausenblas, 2003). Можеби
индивидуите кои имаат високи резултати за позитивни емоции уживаат во чувствата
кои ги доживуваат за време и после вежбањето и затоа после тоа се зафаќаат со уште
повеќе вежбање. Високиот скор на аспектот социјабилност од доменот екстраверзија
укажува на човек кој е зборлест, социјабилен, а нискиот скор ни укажува на одалечен и
повлечен. Високиот скор кај аспектот асертивност ни укажува на доминантност,
ентузијастичност, сила, самоувереност а нискиот скор на срамежливост. Високиот скор
на аспектот активност ни укажува на енергичност, брзина, активност, а нискиот скор
на неактивност и пасивност. Високиот скор на аспектот позитивни емоции ни укажува
на ентузијастичност, оптимизам, ведрина, фалење а нискиот скор на песимизам и
депресивност (Costa & McCrae, 1992).

Бидејќи екстравертните луѓе покажуваат тенденција да бидат активни и да уживаат


во возбуда и стимулација, навидум изненадувачки е фактот дека во ова истражување
нема поврзаност меѓу екстраверзијата и физичката активност. Во тој однос, луѓето кои
вежбаат би требало да се активни, позадоволни од себе и да се натпреваруваат со
самите себе, а не да бидат неактивни, депресивни и повлечени. Тоа оди во прилог на
екстраверзијата. И доколку би ги поседувале овие карактеристики, зошто да не би
стапиле во интеракција со други луѓе?

Совесност

Индивидуите кои имале високи резултати за стремеж кон постигнувања се


вредни, одлучни и работат посветено да ги остварат своите цели, според Коста и Мек
Креј (Costa & McCrae, 1992). Во согласност со дефиницијата, истражувачите откриле
дека индивидуата која со одлучност сака да ги пресретне своите цели, поспецифично

32
целите за вежбање, ќе вежба повеќе (Chatzisarantis, Hagger, Biddle, Smith, & Wang,
2003). Самодисциплина е способност да се започнуваат задачи и да се изведуваат до
нивното завршување. Индивидуите кои имаат високи резултати на оваа скала имаат
способност да се мотивираат себеси да ги завршуваат задачите и целите, како што на
пример е вежбањето. Слично, за совесноста, стремежот кон постигнувања и
самодисциплината биле позитивни предвидувачи на вежбањето, бидејќи покажуваат
значајна позитивна корелација со него. Аспектот ред исто така е предвидувач на
вежбањето. Индивидуите кои имаат ниски резултати на оваа скала се неметодични и
неорганизирани. Затоа, луѓето кои имаат тенденција да бидат неорганизирани можат да
се најдат во ситуација каде нема да знаат да го планираат вежбањето, да го вметнатат
во својот распоред, а со тоа и во нивните дневни рутини. Коста и Мек Креј (Costa and
McCrae, 1992) ја опишуваат совесноста како активен процес на самоконтрола, и тврдат
дека индивидуите кои имаат високи резултати во однос на совесноста се луѓе кои
имаат некоја намера, силна волја и одлучност. Затоа, за индивидуите кои се совесни
има поголема веројатност да вежбаат бидејќи тие активно се грижат за своето здравје и
физички атрибути.

Недостатоци на истражувањето

Главниот недостаток на ова истражување се состои во тоа што е користен не


доволно голем примерок на испитаници и примерок кој не е репрезентативен за целата
популација. Тоа значи дека добиените резултати не можат да се генерализираат надвор
од испитуваната група. Причина за нарушените резултати на варијаблата
екстраверзија, може да станува збор за примерок од исклучиво интроверни лица кај
групата практикувачи на физички тренинг. Оваа хипотеза беше поставена врз основа
на нормалната дистрибуција на екстраверзија и интроверзија кај нормалната
популација. Доколку постојат екстравертни и интровертни луѓе, просекот би се состоел
од комбинација од ектравертност и интровертност кај истите. Тоа значи дека просекот
од популацијата поседува одреден степен на екстраверзија. Тоа нè доведува до
заклучокот дека непотврдувањето на хипотезата веројатно се состои во грешка при
избор на примерокот. А во ова истражување станува збор за пригоден примерок.

33
Сугестии за натамошни истражувања

Препорака за наредно истражување би била да се спроведе слично истражување, но


такво во кое ќе се опфатат групи на вежбачи според интервал на вежбање во неделата.
На пример, би можело да опфаќа луѓе кои вежбаат 3, 5 или 7 пати во неделата. Ова би
помогнало за да се утврдат не само разликите помеѓу групата на вежбачи, туку и
поврзаноста на секоја од групите на вежбачи со варијаблите ектраверзија, совесност и
невротичност. Во однос на сугестии за следни истражувања, може да се прошири ова
истражување со тоа што ќе се вметне варијабла внатрешна мотивација. Тоа поубаво би
ја објаснило причината за практикување на физички тренинг и би се дала можност за
поврзување на домените и аспектите на личноста. Понатаму, би можеле да се
испитуваат некои од поединечните аспекти на домените на личноста. Аспектите на
совесност – стремеж кон постигнувања, самодисциплина и ред; аспектите на
екстраверзија – асертивност, социјабилност, активност и позитивни емоции; аспекти
на невротицизмот - импулсивност и непријателство, може да се позитивно поврзани со
однесувањето при вежбањето.

34
РЕЗИМЕ

Ова истражување беше спроведено со цел да се да се испита дали постојат разлики


во однос на екстраверзијата, совесноста и невротицизмот кај лица кои практикуваат и
кај лица кои не практикуваат физички тренинг. Истражувањето е спроведено на вкупно
60 испитаници, 30 припадници на групата која практикува физички тренинг, 30
припадници на групата што не практикуваат физички тренинг. Од нив 30 машки 30
женски. Примерокот е пригоден. За мерење на екстраверзија, невротицизам и
совесност е користен тестот за личност NEO PI-R. За утврдување на разлики меѓу
луѓето кои пратикуваат и не практикуваат физички тренинг во однос на екстраверзија,
невротицизам и совесност беше користен Neo-Pi-R инвентар за личност на македонски
јазик. Според добиените резултати делумно се утврдени значајни статистички разлики
помеѓу испитаниците што практикуваат физички тренинг и испитаниците што не што
практикуваат физички тренинг, односно испитаниците што практикуваат физички
тренинг имаат повисока стапка на совесност и понизок степен на невротицизам од
испитаниците што не практикуваат физички тренинг. Не се утврдени значајни
статистички разлики помеѓу испитаниците што практикуваат физички тренинг и
испитаниците што не практикуваат физички тренинг во однос на екстраверзијата.

35
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

Allison, et al. (2005). Relationship of vigorous physical activity to psychologic distress


among adolescents. Jurnal of Adolesc Health, 37, 2, 164-6. doi:
10.1016/j.jadohealth.2004.08.017

Arai, Y., & Hishamichi S. (1998). Self- Reported Exercise Frequency and Personality: A
Population –Based Study in Japan. Perceptual and Motor Skills, 87, 1371-1375. doi:
10.2466/pms.1998.87.3f.1371

Block, J. (1995). A contrarian view of the five-factor approach to personality description.


Psychological Bulletin, 117, 2, 187–215. doi: 10.1037/0033-2909.117.2.187

Boundless. (2016, April 26) Boundless Psychology. The Five-Factor Model. Подигнато од


https://www.boundless.com/psychology/textbooks/boundless-psychology-
textbook/personality-16/trait-perspectives-on-personality-79/the-five-factor-model-311-
12846/

Boyle, Gregory J. (2008), Critique of the five-factor model of personality. Humanities &
Social Sciences papers. Paper 297

Butler, C. J. (2000). Personality and emotional correlates of right-wing authoritarianism.


Social Behavior and Personality, 28, 1–14. doi: 10.2224/sbp.2000.28.1.1

Calisthenics (2016). Преземено на 08 јуни 2016, од


http://www.britannica.com/sports/calisthenics

Center for Wellness Without Borders (2007, August 10). Definitions of Physical Activity,
Exercise, and Fitness. Преземено на 20 септември 2015, од
http://www.uh.edu/fitness/PPTs/Definitions.pdf

Chatzisarantis, L. D. N., Hagger, S. M., Biddle, H. J. S., Smith, B., & Wang, K. C. J. (2003).
A Meta-Analysis of Perceived Locus of Causality in Exercise, Sport, and Physical Education
Contexts. Journal of sport & exercise psychology, 25, 284-306.

36
Costa, P. Jr., & McCrae, R. R. (1995). Domains and Facets: Hierarchical Personality
Assessment Using the Revised NEO Personality Inventory. Journal of Personality, 64, 1, 21-
50. doi: 10.1207/s15327752jpa6401_2

Costa, T. P., & McCrae, R.R. (1992). Reply to Eysenck. Personality and Individual
Differences, 13 (8), 861–865. doi: 10.1016/0191-8869(92)90002-7

Courneya, K. C., & Hellsten, L. (1998). Personality correlates of exercise behavior, motives,
barriers and preferences: An application of the five-factor model. Personality and Individual
Differences, 24, 5, 625-633. doi: 10.1016/S0191-8869(97)00231-6

Courneya, K. S., & Bobick, T. M., & Schinke, R. J. (1999). Does the Theory of Planned
Behavior Mediate the Relation Between Personality and Exercise Behavior? Basic and
Applied Social Psychology, 21, 4, 317-324. doi: 10.1207/S15324834BASP2104_5

De Moor, M.H.M., Beem, A.L., Stubbe, J.H., Boomsma, D.I., & De Geus, E.J.C. (2006).
Regular exercise, anxiety, depression and personality: A population-based study. Preventive
Medicine, 42, 4, 273–279. doi: 10.1016/j.ypmed.2005.12.002

Deci, E. L., & Ryan, R. M. (2000). Self-Determination Theory and the Facilitation of
Intrinsic Motivation, Social Development, and Well-Being. American Psychological
Association, Inc., 55, 1, 68-78. doi: 10.1037110003-066X.55.1.68

Eysenck, H. J. (1992). Four ways five factors are not basic. Personality and Individual
Differences, 13 (8), 667–673. doi: 10.1016/0191-8869(92)90237-j

Focht C. B., & Hausenblas, A. H. (2004). Perceived Evaluative Threat and State Anxiety
During Exercise in Women with Social Physique Anxiety. Journal of Applied Sport
Psychology, 361-368. doi: 10.1080/10413200490517968

Foster, H. (2014, Jan 31). Isotonic, Isometric and Isokinetic Exercises. Пoрака постирана на
http://www.livestrong.com/article/434761-isotonic-isometric-and-isokinetic-exercises/

Funder, D. (2001). Personality. Annual Review of Psychology, 52, 1, 197-221. doi:


10.1146/annurev.psych.52.1.197

Hagan, A. L., & Hausenblas, H. A. (2003). The relationship between exercise dependence
symptoms and perfectionism. American Journal of Health Studies, 18, 133-137.

37
Ingledew, D. K., Markland, D. & Sheppard, K. E. (2004). Personality and self-determination
of exercise behaviour. Personality and Individual Differences, 36, 1921–1932. doi:
10.1016/j.paid.2003.08.021

Jung, G. C. (Август 01, 1971). Psychological Types. Collected Works of C.G. Jung.
Princeton University Press, 6. isbn: 0-691-097704

Kaplan, R. M., & Saccuzzo, D. P. (2008). Psychological Testing: Principles, Applications,


and Issues. Wadsworth, 7. isbn: 978-0495506362

Kritz-Silverstein, D., Barrett-Connor, E., & Corbeau, C. (2001). Cross-sectional and


Prospective Study of Exercise and Depressed Mood in the Elderly. American Journal of
Epidemiology, 153, 6. doi: 10.1093/aje/153.6.596

MacLean, A. K., Johnson, W. M., & Griffiths, R. R. (2011). Mystical experiences occasioned
by the hallucinogen psilocybin lead to increases in the personality domain of openness. J
Psychopharmacol, 25, 11, 1453–1461. doi: 10.1177/0269881111420188

Marie, N. G. et al. (2014). Global, regional, and national prevalence of overweight and
obesity in children and adults during 1980–2013: a systematic analysis for the Global Burden
of Disease Study. The Lancet, 384, 9945, 766–781. doi: 10.1016/S0140-6736(14)60460-8

Mathers, S., & Walker, B. M. (1999). Extraversion and Exercise Addiction. The Journal of
Psychology: Interdisciplinary and Applied, 133, 1, 125-8. doi: 10.1080/00223989909599727

Matsumoto, D., & Juang, L. (2012). Culture and Psychology: 5th Edition. Belmont. CA:
Wadsworth-Cengage Learning, 271. isbn: 1-111-34493-0.

McCrae, R. R., & Costa, T. P. Jr. (2004). A contemplated revision of the NEO Five-Factor
Inventory. Personality and Individual Differences, 36, 587–596. doi: 10.1016/S0191-
8869(03)00118-1

McCrae, R. R., & John, O. P. (1992). An introduction to the five-factor model and its
applications. Journal of Personality, 60, 2, 175–215. doi: 10.1111/j.1467-
6494.1992.tb00970.x

McLeod, S. (2014). Theories of Personality Simply Psychology. Порака постирана на


http://www.simplypsychology.org/personality-theories.html

38
Medbo et al., (1988). Anaerobic capacity determined by maximal accumulated O2 deficit.
Journal of Applied Physiology 64 (1): 50–60.

Musek, J. (2007). A general factor of personality: Evidence for the Big One in the five-factor
model. Journal of Research in Personality, 41, 1213–1233. doi: 10.1016/j.jrp.2007.02.003.

Nordqvist, C. (2014, September 9). What is neuroticism? What causes neurosis? Порака
постирана на: http://www.medicalnewstoday.com/articles/246608.php

Paunonen, S.V., Haddock, G., Forsterling, F., & Keinonen, M. (2003). Broad versus Narrow
Personality Measures and the Prediction of Behaviour Across Cultures. European Journal of
Personality, 17, 6,  413–433. doi: 10.1002/per.496

Sarafino, E. P. & Smith, T. W. (2010) “Healt Psychology” Biopsychosocial Interactions


Seventh. John Wiley & Sons, 7. isbn: 1118139569

Selvakumar, S., & Chidambara S. R. (2015). Effects of Aerobic Exercise Programme of


Different Terrains on Blood Pressure and Assertiveness. International Journal of Recent
Research and Applied Studies, 2, 2, 13. issn: 2349 - 4891

Steptoe et al, (1997). Leisure-Time Physical Exercise: Prevalence, Attitudinal Correlates, and
Behavioral Correlates among Young Europeans from 21 Countries. Preventive Medicine, 26,
845–854. doi: 10.1006/pmed.1997.0224

Strawbridge, J. W., Deleger, S., Roberts R. E., & Kaplan G. A. (2002). Physical Activity
Reduces the Risk of Subsequent Depression for Older Adults. American Journal of
Epidemiology, 156, 4, 328-334. doi: 10.1093/aje/kwf047

Tremblay, М. S., Colley, R.C., Saunders, T. J., Healy, G. N., & Owen, N. (2010).
Physiological and health implications of a sedentary lifestyle. Applied Physiology, Nutrition,
and Metabolism, 35, 6, 725–740. doi: 10.1139/H10-079

World Health Organization (2003). Controlling the global obesity epidemic. Преземено од
http://www.who.int/nutrition/topics/obesity/en/

World Health Organization (2003). WHO definition of Health. Преземено од


http://www.who.int/about/definition/en/print.html

39
World Health Organization (2003, February). World Health Organization Process for a
Global Strategy on Diet, Physical Activity and Healt. Подигнато на 8 јуни 2016, од
http://apps.who.int/iris/bitstream/10665/67433/1/WHO_NMH_EXR.02.2_Rev.1.pdf?ua=1

40
ПРИЛОГ

1. NEO-PI-R
Revised NEO Personality Inventory

Item Booklet - Form S

Paul T. Costa, Jr., Ph.D. and Robert R. Mc.Crae, Ph.D.

Упатство

Ве молиме внимателно да го прочитате упатството, пред да почнете да одговарате.


Вашите одговори треба да ги заокружувате на посебниот лист за одговори. Не
пишувајте ништо на тестот.

На местото определено за тоа, наведете го вашето име и презиме, пол и возраст,


датумот на пополнувањето на прашалникот и останатите генералии што се бараат од
вас. Наведете го вашиот број за идентификација, ако ви е определен, на местото на кое
е назначено.

Овој прашалник содржи 240 тврдења. Ве молиме секој ајтем да го прочитате


внимателно и да го заокружите оној одговор кој најдобро кореспондира со степенот на
вашето согласување или несогласување.

Скалата која ќе може да ја користите е следната:

Заокружете 1 ако потполно не се согласувате 1 2 3 4 5


Заокружете 2 ако делумно не се согласувате 1 2 3 4 5
Заокружете 3 ако не можете да се одлучите 1 2 3 4 5
Заокружете 4 ако делумно се согласувате 1 2 3 4 5
Заокружете 5 ако потполно се согласувате 1 2 3 4 5

41
Овде нема точни и неточни одговори и не треба да бидете “екперт” за да
одговорите на овој прашалник. Опишете се себе си искрено и што е можно
попрецизно.

Одговорете на секое прашање. Листата за одговори е дадена во колони, во кои е


означен редниот број на тврдењата од прашалникот, поради што треба да внимавате
каде го внесувате одговорот. Ако сепак некаде згрешите или се предомислите,
погрешниот одговор прешкртај те го со Х, па заокружете го вистинскиот. Кога ќе
одговорите на сите 144 прашања, одговорете ги и додатните три, одбележани со А, Б и
Ц. Почнете со тврдењето бр. 1.

1. Јас не сум личност која многу се грижи.


2. Повеќето луѓе кои ги среќавам навистина ми се допаѓаат.
3. Познат/а сум по својата мудрост и здрав разум.
4. Често се лутам на начинот на кој луѓето ме третираат.
5. Избегнувам да бидам во толпа луѓе.
6. Подобро да имам отворени можности, отколку сé да ми е испланирано однапред.
7. Ретко се чувствувам осамен/а или тажен/на.
8. Јас сум доминантен/на, силен/на и упорен/на.
9. Настојувам совесно да одговорам на сите задачи што ми се дадени.
10. Во друштво со други , секогаш се плашам да не излезам трапав.
11. Имам лежерен стил во работата и забавата.
12. Јас сум едноставен/на и безгрижен/на.
13. Ретко претерувам во нешто.
14. Често копнеам за возбудувања.
15. Прилично добро ми успева да се организирам и да ги завршам работите на
време.
16. Често се чувствувам безпомошен/на и сакам некој друг да ми ги реши
проблемите.
17. Буквално никогаш не скокам од радост.
18. Во минатото сум направил многу глупости.
19. Лесно се уплашувам.
20. Не ми чини задоволство муабетењето со луѓето.
21. Граѓанските должности, како што е гласањето, не ги сваќам многу сериозно.
22. Јас сум сталожена личност.

42
23. Сакам да сум опкружен со многу луѓе.
24. Моите работи ги чувам уредно и чисто.
25. Понекогаш се чувствувам сосема безвреден.
26. Понекогаш не успевам да се одбранам себе си толку колку што треба.
27. Понекогаш не сум толку лојален/на, колку што можам да бидам.
28. Ретко сум свесен за себе, кога сум опкружен со луѓе.
29. Кога правам нешто, тоа го правам енергично.
30. Имам јасно определени цели и доследно работам на нивното остварување.
31. Тешко можам да им одолеам на моите желби.
32. Не би сакал/ла годишниот одмор да го поминам во место полно со бучни ноќни
клубови и коцкарници.
33. Губам многу време пред да се зафатам со работа.
34. Чувствувам дека сум спремен да се справам со повеќето од моите проблеми.
35. Ми се случило да доживеам интензивни чувства на радост и занес.
36. Добро ги обмислувам работите пред да донесам одлука.
37. Ретко чувствувам страв или вознемиреност (анксиозност).
38. Познат/та сум како срдечна и дружељубива личност.
39. Настојувам да сум добро информиран/на и обично донесувам паметни одлуки.
40. Познат сум како страствен/на и темпераментен/на.
41. Обично сакам нештата да ги правам сам.
42. Не сум многу систематична особа.
43. Ретко сум тажен или депресивен.
44. Често сум бил водач на групите на кои сум им припаѓал.
45. Ги враќам моите долгови без одлагање и во целост.
46. На времето бев толку срамежлив/ва што сакав само да се сокривам.
47. Тоа што го работам го работам полека, но сигурно.
48. Кога започнувам “програма на самоусовршување”, обично ја напуштам по
неколку дена.
49. Понекогаш правам работи само заради “побуна” или “возбудување”.
50. Имам малку потешкотии да одолевам на искушение.
51. Јас сум продуктивна личност која секогаш си ја завршува работата.
52. Кога сум под голем стрес, понекогаш чувствувам како да ќе се распарчам.
53. Не сум весел/ла оптимист/ка.
54. Понекогаш прво ќе сторам нешто, а потоа мислам.
43
55. Често се чувствувам напнат/та и нервозен/на.
56. Повеќето луѓе ме сметаат за ладен и резервиран.
57. Често запаѓам во ситуации за кои не сум доволно подготвен.
58. Не ме сметаат за претерано чувствителен или избувлив човек.
59. Навистина чувствувам потреба за други луѓе, ако сум подолго време сам.
60. Сакам сé да биде на свое место за да знам кое каде е.
61. Понекогаш сум доживеал/ла длабоко чувство на вина или грешност.
62. Во друштво вообичаено им дозволувам на другите да зборуваат
63. Понекогаш мамам кога играм пасијанс (карти).
64. Не се збунувам многу кога луѓето ме исмејуваат и задеваат.
65. Често чувствувам дека сум преполн/на со енергија (ќе експлодирам).
66. Работам напорно за да си ги остварам моите цели.
67. Кога имам да јадам од мојата омилена храна, ми се случува да се прејадам.
68. Се трудам да избегнувам шокантни или страшни филмови.
69. Имам проблеми да се натерам себе си да го направам она што би требало.
70. Присебен/на сум во опасни ситуации.
71. Понекогаш се чувствувам пијан/на од среќа.
72. Секогаш мислам на последиците пред да преземам акција.
73. Ретко се плашам за иднината.
74. Навистина уживам да разговарам со луѓето.
75. Горд/да сум на мојот здрав разум.
76. Често ми се гади од луѓето со кои треба да соработувам.
77. Преферирам работи кои овозможуваат самостојност, без мешање од страна на
други.
78. Чинам дека никогаш не можам да се организирам.
79. Наклонет/та сум да се обвинувам себе си кога нешто ќе тргне наопаку.
80. Другите луѓе често бараат од мене да донесувам одлуки.
81. Кога ќе преземам некоја обврска, може да се смета дека работата е завршена.
82. Често чувствувам дека сум помалку вреден/на од другите.
83. Не сум толку брз/а и жив/а како другите.
84. Не чувствувам дека нешто ме раздвижува да напредувам.
85. Ретко им се препуштам на моите импулси.
86. Сакам да бидам таму каде што нешто се случува.
87. Кога еднаш ќе започнам некоја работа, скоро секогаш ја завршувам.
44
88. Често правам нешто според моменталното расположение.
89. Не мислам дека сум посебно безгрижна особа.
90. Често ми е тешко да донесам некоја одлука.
91. Често се грижам за нештата, кои може да тргнат наопаку.
92. Лесно ми е да сум насмеан/на и отворен/на со непознати.
93. Ми се чини дека не можам да бидам сосема успешен/на во било што.
94. Многу ми треба за да збеснам.
95. Повеќе би сакал одморот да го поминам на некоја позната плажа, отколку во
осамена куќичка во шума.
96. Понекогаш сум пробирлив/ва и многу барам.
97. Имам лошо мислење за себе.
98. Повеќе сакам да правам по свое, отколку да им бидам водач на другите.
99. Цврсто се држам за моите етички принципи.
100. Се чувствувам опуштено во присуство на моите шефови или други авторитети.
101. Обично оставам впечаток како да брзам.
102. Се обидувам да постигнам се што можам.
103. Понекогаш жив се јадам од секирации.
104. Го сакам возбудувањето што го пружа рингишпилот.
105. Кога некој план ми изгледа претежок, наклонет сум да започнам нов.
106. Во кризни ситуации можам многу добро да владеам со себе.
107. Јас сум весела, добро расположена личност.
108. Ретко донесувам непромислени одлуки.
109. Имам помалку стравови од повеќето луѓе.
110. Силно сум емотивно врзан/на за моите пријатели.
111. Јас сум многу способен/на.
112. Повремено се чувствувам огорчено и увредено.
113. Социјалните собири обично ми се досадни.
114. Не сум опседнат/та со тоа сé да биде чисто.
115. Понекогаш работите ми изгледаат бедни и безнадежни.
116. Во разговорите, наклонет сум најмногу да зборувам.
117. Се обидувам работите да ги правам внимателно, за да не мора повторно да ги
правам.
118. Ако му речам или му направам некому нешто лошо, тешко можам да се соочам
со него.
45
119. Јас живем брзо.
120. Тежам кон совршенство кон сé што правам.
121. Понекогаш нешто правам импулсивно (без размислување), а подоцна се каам.
122. Ме привлекуваат јаки бои и блескав стил.
123. Има толку мали нешта што треба да се направат, што понекогаш сите ги
занемарувам.
124. Кога изгледа дека сé тргнало наопаку, се уште можам да донесувам добри
одлуки.
125. Ретко ги користам зборовите “фантастично” или “супер” за да ги опишам
сопствените чувства.
126. Кога одам на патување, внимателно планирам сé однапред.
127. Понекогаш ми паѓаат напамет застрашувачки мисли.
128. Се интересирам за луѓето со кои работам.
129. Ефикасен сум во работата.
130. Дури и мали пречки можат да ме фрустрираат.
131. Уживам во забави со многу луѓе.
132. Поминувам многу време во барање на работите кои сум ги затурил.
133. Премногу често, кога нештата лошо ми одат, се обесхрабрувам и чувствувам
дека се предавам.
134. Не е лесно да се преземе одговорност за некоја ситуација.
135. Треба навистина да сум болен/на за да не одам на работа.
136. Кога луѓето што ги познавам прават глупави нешта, јас се чувствувам
непријатно заради нив.
137. Јас сум многу активна личност.
138. Јас претерувам со работа.
139. Способен/на сум секогаш да ги контролирам чувствата.
140. Сакам да бидам дел од толпата на спортските натпревари.
141. Многу сум самодисциплиниран.
142. Прилично сум емоционално стабилен/на.
143. Лесно се смеам.
144. Два пати мислам пред да одговорам на некое прашање.

46
NEO-PI-R

Име и презиме Пол Дата на раѓање Дата на пополнување

Шифра М/ Ж

1- потполно не се согласувам
2- не се согласувам
3- неодлучен
4- се согласувам
5- потполно се согласувам

112345 19 1 2 3 4 5 37 1 2 3 4 5 55 1 2 3 4 5 73 1 2 3 4 5 91 1 2 3 4 5 109 1 2 3 4 5 127 1 2 3 4 5


212345 20 1 2 3 4 5 38 1 2 3 4 5 56 1 2 3 4 5 74 1 2 3 4 5 92 1 2 3 4 5 110 1 2 3 4 5 128 1 2 3 4 5
312345 21 1 2 3 4 5 39 1 2 3 4 5 57 1 2 3 4 5 75 1 2 3 4 5 93 1 2 3 4 5 111 1 2 3 4 5 129 1 2 3 4 5
412345 22 1 2 3 4 5 40 1 2 3 4 5 58 1 2 3 4 5 76 1 2 3 4 5 94 1 2 3 4 5 112 1 2 3 4 5 130 1 2 3 4 5
512345 23 1 2 3 4 5 41 1 2 3 4 5 59 1 2 3 4 5 77 1 2 3 4 5 95 1 2 3 4 5 113 1 2 3 4 5 131 1 2 3 4 5
612345 24 1 2 3 4 5 42 1 2 3 4 5 60 1 2 3 4 5 78 1 2 3 4 5 96 1 2 3 4 5 114 1 2 3 4 5 132 1 2 3 4 5
712345 25 1 2 3 4 5 43 1 2 3 4 5 61 1 2 3 4 5 79 1 2 3 4 5 97 1 2 3 4 5 115 1 2 3 4 5 133 1 2 3 4 5
812345 26 1 2 3 4 5 44 1 2 3 4 5 62 1 2 3 4 5 80 1 2 3 4 5 98 1 2 3 4 5 116 1 2 3 4 5 134 1 2 3 4 5
912345 27 1 2 3 4 5 45 1 2 3 4 5 63 1 2 3 4 5 81 1 2 3 4 5 99 1 2 3 4 5 117 1 2 3 4 5 135 1 2 3 4 5
10 1 2 3 4 5 28 1 2 3 4 5 46 1 2 3 4 5 64 1 2 3 4 5 82 1 2 3 4 5 100 1 2 3 4 5 118 1 2 3 4 5 136 1 2 3 4 5
11 1 2 3 4 5 29 1 2 3 4 5 47 1 2 3 4 5 65 1 2 3 4 5 83 1 2 3 4 5 101 1 2 3 4 5 119 1 2 3 4 5 137 1 2 3 4 5
12 1 2 3 4 5 30 1 2 3 4 5 48 1 2 3 4 5 66 1 2 3 4 5 84 1 2 3 4 5 102 1 2 3 4 5 120 1 2 3 4 5 138 1 2 3 4 5
13 1 2 3 4 5 31 1 2 3 4 5 49 1 2 3 4 5 67 1 2 3 4 5 85 1 2 3 4 5 103 1 2 3 4 5 121 1 2 3 4 5 139 1 2 3 4 5
14 1 2 3 4 5 32 1 2 3 4 5 50 1 2 3 4 5 68 1 2 3 4 5 86 1 2 3 4 5 104 1 2 3 4 5 122 1 2 3 4 5 140 1 2 3 4 5
15 1 2 3 4 5 33 1 2 3 4 5 51 1 2 3 4 5 69 1 2 3 4 5 87 1 2 3 4 5 105 1 2 3 4 5 123 1 2 3 4 5 141 1 2 3 4 5
16 1 2 3 4 5 34 1 2 3 4 5 52 1 2 3 4 5 70 1 2 3 4 5 88 1 2 3 4 5 106 1 2 3 4 5 124 1 2 3 4 5 142 1 2 3 4 5
17 1 2 3 4 5 35 1 2 3 4 5 53 1 2 3 4 5 71 1 2 3 4 5 89 1 2 3 4 5 107 1 2 3 4 5 125 1 2 3 4 5 143 1 2 3 4 5
18 1 2 3 4 5 36 1 2 3 4 5 54 1 2 3 4 5 72 1 2 3 4 5 90 1 2 3 4 5 108 1 2 3 4 5 126 1 2 3 4 5 144 1 2 3 4 5

N E O A C

Ве молиме да одговорите и на следниве прашања:

47
A. Се обидов да одговорам на сите прашања искрено и прецизно. 12345

B. Дали одговоривте на сите прашања? ДА НЕ

C. Дали вашите одговори ги впишавте на соодветните места? ДА НЕ

2. NEO-PI-R __ КЛУЧ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ

Име и презиме Пол Дата на раѓање Дата на пополнување

Шифра М/ Ж

143210 19 0 1 2 3 4 37 4 3 2 1 0 55 0 1 2 3 4 73 4 3 2 1 0 91 0 1 2 3 4 109 4 3 2 1 0 127 0 1 2 3 4


201234 20 0 1 2 3 4 38 0 1 2 3 4 56 0 1 2 3 4 74 0 1 2 3 4 92 0 1 2 3 4 110 0 1 2 3 4 128 0 1 2 3 4
301234 21 0 1 2 3 4 39 0 1 2 3 4 57 0 1 2 3 4 75 0 1 2 3 4 93 0 1 2 3 4 111 0 1 2 3 4 129 0 1 2 3 4
401234 22 4 3 2 1 0 40 0 1 2 3 4 58 4 3 2 1 0 76 0 1 2 3 4 94 4 3 2 1 0 112 0 1 2 3 4 130 4 3 2 1 0
543210 23 4 3 2 1 0 41 4 3 2 1 0 59 4 3 2 1 0 77 4 3 2 1 0 95 4 3 2 1 0 113 4 3 2 1 0 131 4 3 2 1 0
643210 24 4 3 2 1 0 42 4 3 2 1 0 60 4 3 2 1 0 78 4 3 2 1 0 96 4 3 2 1 0 114 4 3 2 1 0 132 4 3 2 1 0
743210 25 0 1 2 3 4 43 4 3 2 1 0 61 0 1 2 3 4 79 4 3 2 1 0 97 0 1 2 3 4 115 4 3 2 1 0 133 0 1 2 3 4
801234 26 0 1 2 3 4 44 0 1 2 3 4 62 0 1 2 3 4 80 0 1 2 3 4 98 0 1 2 3 4 116 0 1 2 3 4 134 0 1 2 3 4
901234 27 0 1 2 3 4 45 0 1 2 3 4 63 0 1 2 3 4 81 0 1 2 3 4 99 0 1 2 3 4 117 0 1 2 3 4 135 0 1 2 3 4
10 0 1 2 3 4 28 4 3 2 1 0 46 0 1 2 3 4 64 4 3 2 1 0 82 0 1 2 3 4 100 4 3 2 1 0 118 0 1 2 3 4 136 4 3 2 1 0
11 4 3 2 1 0 29 4 3 2 1 0 47 4 3 2 1 0 65 4 3 2 1 0 83 4 3 2 1 0 101 4 3 2 1 0 119 4 3 2 1 0 137 4 3 2 1 0
12 4 3 2 1 0 30 4 3 2 1 0 48 4 3 2 1 0 66 4 3 2 1 0 84 4 3 2 1 0 102 4 3 2 1 0 120 4 3 2 1 0 138 4 3 2 1 0
13 4 3 2 1 0 31 0 1 2 3 4 49 4 3 2 1 0 67 0 1 2 3 4 85 4 3 2 1 0 103 0 1 2 3 4 121 4 3 2 1 0 139 0 1 2 3 4
14 0 1 2 3 4 32 0 1 2 3 4 50 0 1 2 3 4 68 0 1 2 3 4 86 0 1 2 3 4 104 0 1 2 3 4 122 0 1 2 3 4 140 0 1 2 3 4
15 0 1 2 3 4 33 0 1 2 3 4 51 0 1 2 3 4 69 0 1 2 3 4 87 0 1 2 3 4 105 0 1 2 3 4 123 0 1 2 3 4 141 0 1 2 3 4
16 0 1 2 3 4 34 4 3 2 1 0 52 0 1 2 3 4 70 4 3 2 1 0 88 0 1 2 3 4 106 4 3 2 1 0 124 0 1 2 3 4 142 4 3 2 1 0
17 4 3 2 1 0 35 4 3 2 1 0 53 4 3 2 1 0 71 4 3 2 1 0 89 4 3 2 1 0 107 4 3 2 1 0 125 4 3 2 1 0 143 4 3 2 1 0
18 4 3 2 1 0 36 0 1 2 3 4 54 4 3 2 1 0 72 0 1 2 3 4 90 4 3 2 1 0 108 0 1 2 3 4 126 4 3 2 1 0 144 0 1 2 3 4

N E O A C

48

You might also like