Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 8

1.

1 Поделба на современите компјутери


 Компјутер – електронски уред на кој можат да му се даваат инструкции за прием, за
обработка, за чување, за прикажување на податоци и информации.
 Наједноставната и најзначајната поделба на компјутерите е според можностите и
големината на компјутерите. Според оваа поделба компјутерите се делат на:
- Суперкомпјутери
Суперкомпјутерите се најбрзите, најмоќните и најскапите компјутери. Тие се многу
големи, имаат голем број на процесори, и огромен капацитет на хард дисковите.
Тие се применуваат за воените цели, за научноистржувачките цели, а денес
најактуелна примена им е за симулирање на земјотреси, урагани, суши поплави и
за следење на глобалната клима. Произведувачите на авиони и автомобили,
дизајнираат нови модели и ги тестираат под различни услови со користење на
симулации и со помош на суперкомпјутерите.
- Големи (mainframe) компјутери
Големите централни компјутери се исто така големи, моќни и скапи машини и се
користат во големите организации, како што се државните институции,
осигурителните компании, банките... се користат за обработка на масовни
податоци: гласање, попис, статистички податоци, финансиски трансакции и сл, а
често се користат и како сервери.

Разликата помеѓу суперкомпјутерите и големите компјутери е во тоа што


суперкомпјутерите извршуваат мал број задачи што е можно побрзо, додека
големите компјутери опслужуваат голем број корисници и извршуваат голем број
задачи истовремено. Корисниците до големиот компјутер пристапуваат преку
нивните терминали, кои се поврзани со компјутерот. Терминалите немаат
сопствена меморија, имаат само едниници за примање и за праќање податоци до
главниот компјутер. Тие можат да бидат лоцирани во иста просторија со
компјутерот но и во други простории, згради или градови.
Суперкомпјутерите се посебен вид на големите компјутери.

- Миникопјутери
Миникомпјутерите се компјутери кои можат да извршат многу задачи што не
бараат користење на големи и скапи компјутери, а не можат да бидат сработени на
малите ефтини компјутери. Миникомпјутерите имаат слични карактеристики како
големите централни компјутери, но со многу поограничени можности. Работат со
неколку процесори и можат да поддржат 4-200 корисници во исто време. Се
користат за т.н апликации во реално време, на пр. за контрола на воздушен
сообраќај или за автоматизација на фабриките.
- Микрокомпјутери (персонални компјутери)
Микрокомпјутерите или персоналните компјутери (PC) се мали, релативно евтини
компјутери наменети за работа на еден корисник. Тие имаат многу ограничени
можности затоа што имаат само еден процесор (микропроцесор), можат да
опслужат само на еден корисник во одредено време, многу се побавни и можат да
чуваат и да обработуваат многу помало количество на податоци. Се користат за
обработка на текстови, гледање филмови, слушање музика, играње, пресметување,
програмирање, сметководство, графички дизајн и сл.
Микрокопјутерите добиваат моќни пеформанси и денес имаат можност да работат
во мрежа не само како клиенти туку и како сервери. Тие можат да бидат статични и
преносливи.

 Статичен компјутер е дизајниран така што неговите основни делови се одвоени.


Куќиштето може да биде поставено хоризонтално или вертикално и на него да се
приклучуваат останатите делови преку порти. Најголемиот дел од портите се наоѓаат
на задната страна на куќиштето. Во последно време се користат универзалните (USB)
порти преку кои можат да се приклучат различни периферни уреди.
 Сите делови кај преносливите компјутери се интегрирани во една целина и
најголемиот недостаток на овие компјутери е што тие неможат да се надоградуваат.
Некои уреди можат да се приклучат преку порти. Преносливите компјутери содржат
батерија за самостојна работа. Laptop е пренослив РС кој може да се користи и при
патување. Тој има помали димензии и е поскап од статичните компјутери со исти
перформанси. Notebook е сличен на Laptop, но е помал. Тој е со големина на нотес.
 Табелт се многу лесни компјутери кои денес се произведуваат во различни форми и
големини. Можат да бидат безжични со екран за цртање или со екран кој може да се
држи во исправена или легната положба.
 Palm или џебни компјутери се многу мали и можат да се држат во дланка. Се користат
како потсетник, или како адресар , за електронска пошта и сл. Имаат екран
чувствителен на допир и молив со помош на кој се управува со наредби. Можат да се
поврзат на Интернет и да имаат функција на мобилен телефон.
 Поделба на компјутерите во шематски приказ:

современи дигитални компјутери

големи централни микропроцесорски


супер компјутери мини компјутери
компјутери компјутери (РС)

статични преносливи
компјутери компјутери

 Постојат и компјутери кои се вградуваат во други машини или во нивните делови, т.н
вгнездени компјутери. За разлика од другите компјутери, вгнездените немаат монитор
и тастатура и не работат самостојно. Тие имаат програма која неможе да се менува и е
наменета да извршува само една специфична работа. Вгнездените компјутери се
вр=градуваат во уреди како штосе дигитални фотоапарати, мобилн телефони, музички
плеери, микробранови печки и слично.
1.2 Компјутерска ахитектура

 Сите физички делови кои се изработени од тврда материја се нарекуваат хардверд.


Основната функција на компјутерот е обработка на податоци. За компјутерот да ја
изврши оваа функција сите негови делови треба да бидат меѓусебно поврзани и да
работат како целина.

1.2.1 Фон-Нојманов модел на компјутер


 Фон Нојман во 1946 година претставил нацрт за модел на првиот компјутер за општа
намена:

Проток на податоци проток на инструкции

1.2.2 Современ модел на персонален компјутер


 Поедноставен шематски пеиказ на современиот компјутер:
1.2.3 Основни функции на хардверските компоненти
 Управувачка единица – ги контролира сите делови на компјутерот и управува со
операциите кои тие ги извршуваат.
 Аритметичко-логичка единица – со посредство на управувачката единица управува со
процеси осносно извршува основни аретметички и логички операции врз податоците
зачувани во меморијата.
 Аритметичка единица + управувачка единица = централна процесорска единица
 Влезни единици – внесување на податоци и задавање инструкции на компјутерот.
 Внатрешна или оперативна меморија – чување на податоци и инструкции кои
непосредно му се потребни на процесорот зво процесот на обработка.
 Излезни единици – резултати од обработката.
 Единиците на надворешните мемории – трајно чување на податоци и програми.

 Врските помеѓу сите делови на компјутерот се остваруваат преку комуникациски линии


кои се нарекуваат магистрали.магистрали (bus) се најобични жици кои претставуваат
пат или врска по која се пренесуваат електричните импулси. Постојат неколку видови
магистрали:

- Податочна магистрала (data bus) – претставува врска преку која се пренесуваат


податоци од едно место на друго.
- Адресна магистрала (address bus) пренесува адреси кои одредуваат точно место на
читање или на запишување на поеднечни податоци.
- Контрола или управувачка магистрала (control bus) пренесува упрвувачки сигнали и
неа најчесто ја користи управувачката единица.

1.2.4 Претставување и меморизирање на податоци


 Основниот елемент од кој се изградени електронските делови на компјутерот е
транзисторот кој може да биде во две состојби – вклучен и исклучен. Овие две состојби
содветствуваат на бинарните цифри 1 и 0. Со 0 се означува дека не протекува струја а
со 1 дека има струја во елементот. Заради оваа особина на транзисторите сите
податоци и инструкции во компјутерот се претставуваат со записи составени од нули и
единици (бинарни записи). Бројниот систем кој за основа ги има овие две цифри се
нарекува бинарен броен систем, а цифрите 1 и 0 се нарекуваат бинарни цифри.
 Меморијата се состои од ќелии, во една ќелија може да се зачува само една бинарна
цифра. Ова е најмало количество на информација кое може да се запомни во
меморијата и се нарекува бит (bit=binary digit). Битот може да има вредност 0 или 1. Се
означува со b.
 Битовите се групираат во низа од 8 битови кои се нарекуваат бајт (byte). Со еден бајт
може да се претстави една цифра, една буква или еден знак. Се означува со В.
 Во внатрешната меморија постојат различни локации за чување на различни видови
податоци и инструкции. Секој податок во меморијата има своја единствена адреса со
што се овозможува користење на саканите податоци. На тој начин процесорот може да
пристапи и да преземе потребен податок. Кога во некоја мемориска локација (адреса)
ќе се запише некоја содржина, нејзината претходна содржина се губи. Капацитетот на
меморијата се изразува во бајти, односно со поголеми единици – килобајт, мегабајт,
гигабајт, терабајт итн.
1.3 Современи хардверски делови на персонален компјутер
 Основната компјутерска конфигурација ја сочинуваат куќиштето, мониторот,
тастатурата и глувчето. Постојат и многу други делови неопходни за работа со
компјутерот, но во многу нешта ни помагаат во работата. Овие делови се нарекуваат
дополнителна опрема.
 Машинскиот дел на компјутерот може да се подели на централен дел и на периферни
единици. Централниот дел се состои од процесор и внатрешна меморија. Периферните
делови се влезни и излезни единици и единици на надворешни мемории.
 Од појавата на првите електронски компјутери па се до денес, евидентен е развојот на
хардверот. Ако се разгледаат перформанси на компјутерите кои се користеле само 15
години порано може да се забележи голема разлика во бројот на извршени операции
во секунд, како и капацитетот на внатрешната и надворешната меморија кои тогаш се
користеле.
1.3.1 Централна единица
 Централна единица ЦЕ – е метална кутија во која се сместени глвните делови на
компјутерот и има заштитна улога. Во неа се наоѓаат: матичната плоча, и надворешни
мемории.
 Матична плоча (motherboard) – делот преку кој се поврзани сите делови на
компјутерот. На неа се поставени процесор и внатрешна меморија. Слот – место на
матичната плоча каде стојат картички.
 Процесор или централна процесорска единица – основна компонента на компјутерот
во кој се извршуваат инструкции и се врши обработка на податоци. Во персоналните
компјутери се вградува микропроцесор. Кој е изработен од сицилиумски
полупроводнички чип со повеќе од десетици милиони транзистори. Тој врши
обработка на податоци и координација на работата на сите уреди кои се поврзани со
компјутерот.
 Важни делови од процесорот – аритметичко – логичка единица, управувачка единица,
регистри.
 Основната карактерстика на процесорот е брзина со која тој ги извршува инструкциите,
а се изразува со милиони операции во една секунда MIPS (million instruction per
second).
 Брзината на процесорот зависи од работниот такт на часовникот (clock) кој е обично
поставен на самиот процесор.
 Брзината на создавањето на импулсите се нарекува – фрекфенција. Фрекфенцијата се
изразува во единицата херц (Hertz) со ознака Нz. На денешните часовници
фрекфенцијата се мери и со гигахерци (GHz), при што 1GHz означува милијарда тактови
во една секунда.
 Најпознати произведувачи на процесори се: Intel, AMD, IBM итн.
 Современите процесори и нивните технички карактеристики:

Опис Брзина Тип


AMD Phenom X4 Quad-Core 9750 2,4 GHz Phenom X4 Quad – Core
Agena 2400MHz
Intel Core 2 Quad Q8300 2.55 GHz 2.55 GHz Core 2 Quad
AMD Phenom X4 9850 2.5 GHz 2.5 GHz Phenom X4

- За гледање филм, сурфање на интернет – AMD Sempron и Intel Celeron


- За обработка на слики во програми, проектирање, 3д анимација – AMD Athlon X2, AMD
Phenom X4, Intel Core 2 Duo, Intel Core 2 Quad.
- За професионална работа со слики, музика, филмови, анимации – Intel i7, Intel Core 2
Extreme, AMD Phenom II X4.
 Внатрешна меморија се гради на полупроводнички силициумски чипови составени од
милијарди транзистори. Постојат два вида на внатрешна меморија:
- RAM меморија
- ROM меморија
 RAM ( random access memory) е меморија до која може директно да се пристапи за
читање и за запишување податоци и инструкции. RAM меморијата податоците ги чува
само додека во неа постои електричен напон.
 Податоците и програмите кои му се потребни на процесорот, во RAM меморијата се
вчитуваат од надворешните мемории. Понатаму процесорот овие податоци и
програми ги зема директно од RAM меморијата, ги обработува податоците според
инструкциите дадени во програмите и резултатите на обработката пак се враќаат во
RAM меморијата. Затоа RAM меморијата уште се нарекува и работна или оперативна
меморија. Од тие причини и бризината на компјутерот е поврзана со големината на
RAM меморијата.
 Основни карактеристики на RАM меморијата
- Време на пристап – време за кое може да се најде бараниот податок, се мери со
пикосекунди
- Бризана на пренос – количина на податоци која може да се прочита или запише во/од
меморија за единица време, се мери со MHz
- Капацитет – максималната количина податоци која меморија може да содржи, а се
мери со мегабајти (MB) и со гигабајти (GB).
 Современите мемории и нивните технички карактеристики:

Опис Капацитет Брзина Тип


Kingston KVR 512MB SDRAM 133 512 MB 133 MHz SDRAM
CL3 DIMM
PQI DDR 2GB PC400 CL2.5 Turbo Kit 2GB 400 MHz DDR
Kingston KVR 1GB DDR2 800Mhz kit 1GB 800Mhz DDR II
of two

 ROM меморија – read only memory – се користи за трајно чување на податоци и на


инструкции кои произведувачот ги запишува во неа. Обично тоа се програми кои го
проверуваат хардверот секогаш кога компјутерот ќе се вклучи во струја. Содржината на
ROM меморијата не може да се избрише ниту да се менува.

1.3.2 Влезни единици


 Влесните единици – се користат за внесување на податоци и на инструкции во
компјутерот. Тастатура и глувчето се најчесто користени влезни единици. Други влезни
еденици се скенер, микрофон, електронски молив, оптички читач, сензори и многу
други.
Во влезни единици спаѓаат:
- Тастатура – се внесуваат букви специјални знаци и броеви во компјутерот.
- Глувче – се означуваат објекти на екранот и се праќаат наредби до компјутерот.
- Скенер – внесува слика и текст во компјутерот во облик на графички приказ.
- Оптички читачи – уред кој препознава рачно пишувани или печатени знаци на точно
определени места и ги претвора во потадоци разбирливи за компјутерот. Постојат 3
вида оптички печатачи:
 Уред за читање на означени полиња – препознава присуство на соодветна ознака
во одредено поле.
 Уред за читање на печатени знаци – скенира тескт како графички приказ кој потоа
со соодветни програми се препознава и овторно се претвора во текст
 Уред за читање бар-код.
- Магнетен читач – чита картички на кои освен текстот е нанесена и магнета лента
- Аудио и визуелни уреди – овозможуваат внесување на аудио-визуелни податоци во
компјутерот и нивно претворање во дигитална форма.
1.3.3 Излезни единици
 Излезни единици – се користат за приказ на податоци кои претставуваат резултат на
обработка на компјутерот. Неопходна излезна единица е монитор, а освен него се
користат и печатач, цртач, проектор, звучници итн.
- Монитор – покажува знаци, слики, цртежи
- Печатач – се користи за претставување податоци на хартија или на фолија каде ти
можат трајно да се чуваат.
- Цртач – се користи за печатење цртежи, скици и на други графички прикази.
1.3.4 Влезно-излезни единици
 Влезно-излезните единици служат за влез, меѓутоа и за излез на податоци. Најпознати
влезно-излезни единици се:
- Модем – служи за пренесување на податоци од еден до друг компјутер, најчесто преку
телефонска врска. Модемот прво претвора бинарни информации во сигнали, а
модемот кој се наоѓа на другиот крај на врската овие сигнали ги претвара во бинарни.
- Звучна картичка – се приклучуваат на некој од слотовите на матичната плоча.звукот се
внесува преку тастатура и клавијатура, а изнесува преку слушалки и звучници.
1.3.5 Единици за надворешни мемории
 Надворешните мемории се користат за трајно чување на податоци. Податоците и
програмите кои се чуваат на надворешните мемории се пренесуваат во внатрешната
меморија и се користат во процесот на обработка. Времето на пристап до
надворешната меморија е многу поголемо од времето на пристап до внатрешната
меморија, меѓутоа капацитетот на надворешните мемории е неспоредливо поголем.
Денес како единици на надворешни мемории се користат:
- Магнети или Хард диск
- Оптички или компакт диск
- Полупроводнички мемории во кои спаѓаат USB flash мемории и мемориски картички
 Хард диск – ува податоци и програми кои користат во секојдневната работа. Тој може
да биде внатрешен или надворешен и да има капацитет од неколку стотина гигабајти.
Кај хард дискот за чување на податоците се користат матични плочи премачкани со
магнетен слој
 Компакт диск – може да биде:
- Само за читање CD-ROM
- За читање и за запишување само еднаш (CD-R)
- За читање и за запишување произволен број пати (CD -RW)
 Мемориски стик или флеш меморија – се користи за пренесување на податоци поради
малите димензии и релативно големите капацитети. На компјутерот се приклучуваат
преку универзалните порти.
1.3.6 Конфигурација на компјутер
 Основна карактеристика на еден компјутерски систем е неговата конфигурација т.е. кој
процесор, која внатрешна меморија и какви периферни единица тој содржи. Еден
компјутер може да користи различни периферни единици во зависност од неговата
намена и од потребата на корисникот.
 Еден пример на компјутер за домашна употреба е компјутер со Intel Core2Duo
процесор, 2GB RAM, хард диск од 160 GB, со тастатура, глувче, LCD монитор, ласерски
печатач, CD/DVD единица и USB порти.

You might also like