Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 2

превземено од w w w . p r a v o . o r g .

m k

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ


ЗА КОРИСТЕЊЕ И РАСПОЛАГАЊЕ СО СТВАРИТЕ ВО
ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ И СО СТВАРИТЕ ВО ОПШТИНСКА
СОПСТВЕНОСТ
Сл. Весник на Р. Македонија, бр.106 од 26.06.2015 година

Член 1
Во Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со
стварите во општинска сопственост („Службен весник на Република Македонија“,
брoj 78/15) во членот 1 став (2) точката на крајот од реченицата се заменува со
запирка и се додаваат зборовите: „како и продажба на ствари за кои е издаден
лист за предбележување на градба во корист на општините, општините во градот
Скопје и градот Скопје.“

Член 2
Во член 2 точката 4 се менува и гласи:
„Ствари во општинска сопственост што ги користат општините и правните лица
основани од општините стекнати по било кој основ се:
- недвижни ствари-згради, посебни делови од згради и други објекти што како
долгорочни средства се користат за извршување на работите и задачите;
- движни ствари-опрема, опрема за сообраќај и за врски, специјален и
универзален алат и опрема, опрема за уредување и одржување на канцелариски
и други простории и за вршење на технички, деловни, финансиски и други
услуги, проектна документација, софтверски програми, долгорочни
нематеријални средства и останати неспомнати средства што како долгорочни
средства се користат за извршување на работите и задачите на општините и
правните лица основани од општините.“

Член 3
Во членот 3 став (2) зборот „градоначалникот“ се заменува со зборовите: „советот
на општината, советите на општините во градот Скопје и Советот на град Скопје“.

Член 4
Во членот 15 став (2) точката на крајот од реченицата се брише и се додаваат
зборовите: „ и на начин утврден во членот 67-б од овој закон.“

Член 5
Во членот 24 став (4) во алинејата 5 зборовите: „и времетраењето“ се бришат.
Во алинејата 10 зборовите: „ и крајот“ се бришат.

Член 6
По членот 67 се додаваат два нови члена 67-а и 67-б кои гласат:

„Член 67-а
(1) Недвижните ствари за кои е издаден лист за предбележано право на градба во
корист на општините, општините во Градот Скопје и Градот Скопје, може да се
продаваат согласно одредбите на овој закон.
(2) Продажбата на недвижните ствари од ставот (1) на овој член, се врши врз
основа на Одлука донесена од страна на Советот на општината, Советот на
општините во градот Скопје и Советот на град Скопје, по претходна проценка на
вредноста на недвижната ствар за која е издаден лист за предбележано право на
градба, согласно Законот за процена“.

1
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k

(3) Објавата за продажба на стварите од ставот (1) на овој член, покрај


податоците од член 24 став (4) содржи и податоци од листот за предбележано
право на градба.
(4) По завршување на постапката за продажба од ставот (1) на овој член, со
најповолниот понудувач во рок 15 дена се склучува преддоговор во кој се
утврдуваат условите, начинот и роковите за плаќање на цената постигната на
јавното наддавање, како и роковите за склучување на договор за продажба по
запишувањето на правото на сопственост на недвижната ствар за која било
предбележано правото на градба.

Член 67-б
(1) Набавка на недвижна ствар за потребите на државен орган може да се врши и
со учество во постапки за продажба на недвижни ствари во општинска
сопственост како и за ствари за кои е издаден лист за предбележано право на
градба во корист на општините, општините во Градот Скопје и Градот Скопје.
(2) За набавката на недвижна ствар од ставот (1) од овој член, донесува одлука
Владата на Република Македонија на предлог на државниот орган кој врши
набавката.
(3) Одлуката за учество во постапките од ставот (1) на овој член, го содржи и
максималниот процент од проценeтата вредност на стварта до кој државниот
орган ќе може да наддава, а кој не може да биде повисок од 30 % од проценeтата
вредност на стварта.
(4) Државниот орган за учество во постапката од ставот (1) на овој член, наместо
банкарската гаранција за сериозност на понудата, ја доставува одлуката на
Владата на Република Македонија од став (2) на овој член.“

Член 7
Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на
Република Македонија“.

You might also like