Mar Transport - Albi, Afri, Auto Llapi - 25.11.2020

You might also like

Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 4

Налог за транспорт

Страница 1 од налогот за транспорт


Датум: 25.11.2020
До фирмата: Mar Transport Бр. на
(изведувач) клиентот:

Од/оддел: Господин
Бр. на телефон: 00 389 32 223 610 Бр. на факс: 00 389
е-пошта: vesna.zafirovska@quehenberger.com Бр. на факс: 00 389
Возило: SK 4499 BB Ознака:
Вид/тип:
Термин за Термин за
25.11.2020 26.11.2020
товарење: истоварање:
Внимание: Товарната фактура се прифаќа само со нашиот број на
позиција/референца (задолжително да се наведе при пресметката):
Фактурирањето на транспортот се врши само на адресата во Штип
По налог: Quehenberger Stip
(возачот мора да се пријави по
налог и во име на):

Quehenberger Logistics Macedonia


Место за товарањеBregalnicka 61 Стока:
MK – 2000 Stip

Ladestelle Стока:
Ladestelle Стока:
Ladestelle Стока:

Afri Fashion sh.p.k


Место за истоварање
Add:Afri Group, Стока: 2 pal = 268 kg
Miradi e Epërme,
Fushe Kosovë

AUTO LLAPI N.SH.T


Entladestelle Magjistralja Prishtinë-Ferizaj km i 7-të, Prishtinë Стока: 12 coll = 681.66 kg
10000, KOSOVË
Tel.: +383 (0) 38 606608
Mob.: +383 (0) 49 701049
Albi Fashion sh.p.k
Entladestelle Veternik, Zona Industriale , pn Стока: 2 pal. = 207 kg.
10000 Prishtina, Kosovo
Entladestelle Стока:
Внимание опасни материјали: (камионот задолжително мора да носи АДР-опрема) да не
UNNO: Опис на стоката:
Бруто / Нето
Класа/број: Број на. колети
тежина:
Опис на стоката:
Внимание: евентуалната замена на опремата за
Европалети
товарење се смета за договорена,
Товарни трошоци: Евра 350,00 искл. Данок на додадена вредност
Сè вклучено (all in), вклучувајќи ги сите попатни трошоци, трошоци на товарниот лист
и останатите трошоци, како што се карнет или Т-документите, дополнителните

Страница 1/4 »Mar Transport - Albi ,Afri, Auto Llapi -25.11.2020 – верзија 06.11.2017«
трошоци за дизел или гориво, даноци, патарини итн.

Извозно царинење:
Afri Fashion - Megashped, Pristina, Tel. +377 44 149 000; +386 49 149 000
Auto Llapi - Taulant Shped, Email:Taulantishped@gmail.com
Увозно царинење:
Tel : +38344177772; +38349177772; +38344434393
Albi Fashion- Megashped, Pristina,
Други договори:
Упатства:
ВНИМАНИЕ! Вашата фактура ќе биде обработена само со наведување на нашиот референтен број.
Фактурите без нашиот референтен број нема да се платат
Ние ви го даваме исклучително под горенаведените и долунаведените услови, кои со вас и од ваша страна се признаени како интегрален составен
дел од договорниот однос:
Овој договор за транспорт се раководи исклучиво според горе-наведените и/или следните услови во кои е изречно утврдено дека,
ако најдобрите услови не може да се постигнат, истите нема да бидат составен дел од договорот.
Следните точки важат како обострано договорени:
1. Изведувачот ќе обезбеди адекватна осигурителна заштита за сите случаи за кои што е одговорен. За сите испорачани налози
мора посебно да се состави транспортен лист- осигурување според западен стандард со износ доволен за покритие (со платена
премија, без исклучување на одговорност). Доказот за висината на покритето мора да се поднесе по барање од налогодавачот во
секое време. Промените во тој поглед на осигурителна заштита и висината на покритието мора да му се соопштат на
налогодавачот неодложно. Кај престапи против оваа обврска за соопштување важи парична казна во висина од 10.000,00 евра
согласно договорот. Тоа нема да влијае врз натамошните права на налогодавачот, како на пример, тужби за штети.
По случај на штета се пресметува еден паушал за обработка од 25,00 евра.
2. Изведувачот го гарантира исполнувањето на сите термини и рокови. Пречки во текот на транспортот мора да му се соопштат
неодложно на налогодавачот. При несреќи, кражби или други непредвидливи случувања, налогодавачот мора веднаш да биде
информиран.
3. Во случај за камионот, со кој се врши транспорт, да не може да се постават соодветни препишани димензии, големина на
простор, својства, товарен капацитет, (чиста) товарна површина неутрална од шум, налогодавачот го задржува правото да го
даде налогот на друго лице. За штетата која резултира од тоа одговара изведувачот. Кај транспорт со контролирана температура,
камионот треба да биде празен, чист и сув, во спротивно, товарот опишан во овој параграф може да биде одбиен.
Генерално, возилото, односно, приколката, мора да биде сертифицирано соодветно на контролната форма DIN EN 12642-XL.
4. Доколку не е поинаку договорено, робата не смее ниту да се претоварува, ниту смее да се товари роба, која на транспортниот
налог не е наведена, односно, која не е дел од испорачаниот налог. При невнимавање на забрана на претовар и дотовар,
налогодавачот го задржува правото да пресмета една конвенционална казна во висина од 500,00 евра.
5. Тоа возило, вметнато од изведувачот, мора да одговара на посебните барања и законски одредби за овој налог.
6. За секој (планиран) транспорт е неопходна церада отпорна на влага. При товар со пијалоци и животни намирници, страничните
делови мора да бидат од алуминиум.
7. Без претходен договор со налогодавачот, земањето неслужбени лица со себе е забрането. Во секој случај, изведувачот ќе биде
одговорен за овие лица како за и за неговиот сопствен транспортен персонал.
8. Во случај на превезување на кафе и производи од кафе од една држава-членка преку даночното подрачје „Сојузна Република
Германија“ во друга членка држава, превозникот мора однапред да го регистрира превозот кај главната полициска служба
Штутгарт.
9. При ладен/термо-транспорт, обврска е на изведувачот при преземање на робата да ја контролира температурата и постојано
да се грижи за одржување на температурата која е наведена во налогот за транспорт. Секое возило вметнато за ладен-термо
транспорт, мора да биде опремено со еден ладилник-вагон, кој при секој транспорт мора да биде во погон. За секое товарење и
истоварување мора да се води температурен извештај, односно температурен протокол и извештај за престој.
Ладниот ланец (посебно при расипливи стоки) во ниеден случај не смее да биде прекинат. Изведувачот носи одговорност за сите
штети настанати поради прекршување на транспортните температури (температурни штети), како и за штети кои настануваат
преку непочитување на прописите од овој параграф.
Изведувачот е обврзан да го спроведува пропишаното калибирање на ладните агрегати на возилото во согласност со
производните спецификации најмалку еднаш годишно и по барање на налогодавачот во секое време тоа да го докаже.
Еден ATP сертфикат е обврзувачки при секој транспорт со ладилник.
10. Изведувачот внимава на сите законски и договорни прописи во поглед на делегирање од изведувачите и на најниската
работничка плата. Тој гарантира посебно почитување на работничката плата и законот за социјалното право и контрола на
дампинг (LSD-BG) во Австрија и на законot за најниска работничка плата во Сојузна Република Германија (MiLoG) и во Франција
(Loi Macron) и се обврзува да користи само подизведувачи кои исто така ги почитуваат одредбите за најниска работничка плата.
За проверка на почитувањето на соодветните делегирани одредби и на законите за најниска работничка плата на налогодавачот
му се доделува едно опфатно контролно право. Изведувачот е должен, на барање, во секое време да приложи адекватни
документи коишто ја покажуваат усогласеноста со законот.
Изведувачот се обврзува да изврши обештетување за сите тужби против него на основа на непочитување на одредбите од закон
за најниска работничка плата, како и сите трошоци за одбрана на законот.
При престапи против германскиот закон за најниска работничка плата (MiLoG), налогодавачот има право да бара по една
договорна казна во висина од 5.000,00 евра за секој случај на повреда. За сите дополнителни трошоци, кои се предизвикуваат од
повреда на горе-наведените законски обврски, се пресметува износ од 50,00 евра по инцидент.
11. Изведувачот и неговиот персонал за транспорт се обврзани, при превземање на робата, да ги контролираат количината,
пакувањето и тежината. Тој мора да обезбеди почитување на максималната дозволена тежина на возилото и товарот по оска. За

Страница 2/4 »Mar Transport - Albi ,Afri, Auto Llapi -25.11.2020 – верзија 06.11.2017«
погонски и испорачан товар, за возилото мора да се грижат изведувачот и неговиот стручен персонал. За товарно осигурување
(странични делови, транспортни ремени, палети итн.) е исклучиво одговорен изведувачот односно неговиот стручен персонал.
Ако во текот на товарењето или растоварувањето бидат утврдени какви било недостатоци, налогодавачот ќе биде информиран
без одложување и неговите упатства ќе бидат спроведени. Подоцнежни рекламации не се признаваат.
Налогодавачот не е одговорен за никакви казни или трошоци за претоварување наменети за изведувачот.
12. При возни прекини, треба да се користат паркиралишта со надзор. До степен до кој дозволуваат условите, во време на
мирување, викенди и празнични денови, возилата треба да се паркираат на паркиралишта со надзор. Информации за
паркиралишта под надзор се добиваат од IRU (International Road Transport Union) или од стручно здружение. Робата мора да се
заштити од влијанија од трети лица на најдобриот можен начин. Во случај на несообразност, изведувачот ќе биде одговорен во
целост за сите штети кои резултираат од тоа.
13. Пресметката се прифаќа само наспроти поднесување, кое има печат и потпис на видените оригинални документи за транспорт
(товарен лист, документ за достава и поинакви документи за транспорт/ товарни документи) и податок на позициски број.
Правото на плаќање на договорениот надоместок нема да се оствари додека не биде извршена услугата. Фактурите, вклучително
сите транспортни документи, мора да се доставуваат до налогодавачот во два примероци во рок од 14 дена по издавањето. При
задоцнето пристигнување, на изведувачот му се пресметува една работна такса од 25,00 евра.
Рокот на плаќање изнесува 60 дена по добивањето на фактурата и сите транспортни документи (товарен лист, испратници итн.).
Рокот за плаќање почнува со креирање на една соодветна фактура со можност за проверка и целосна транспортна
документација.
Налогодавачот извршува плаќање еднаш неделно. Плаќања потоа се вршат во согласност со доспеаноста на следувачкиот
плаќачки тек.

14. Налогодавачот има право да поднесе приговор против сите постоечки или идни тужби против него или подружните компании
без разлика на правната причина и рокот на доспевање, како и сите постоечки или идни тужби од изведувачот и неговите
подружни компании (клаузула за групна одговорност). Тековната состојба на компаниите поврзани со налогодавачот е достапна
на интернет-страницата www.quehenberger.com.

15. Ако не е поинаку договорено, периодите на утовар и растовар се бесплатни 24 часа. Покрај тоа, постои е само право на
задоцнување ако времето на стоење е заради груба небрежност од страна на налогодавачот и треба да се достави писмена
потврда со печат и со датум и време од страна на испраќачот или примачот. Самостојни тахографи не се доволни во никаков
случај.

16. Ако не е поинаку договорено, товарните средства треба да се разменува во ист број, вид и добра. Размената како и
неразмената на товарните средства ќе биде потврдена од страна на испраќачот, односно примачот на транспортниот документ
или товарниот лист со печат и потпис како и името на потписникот.
Ако товарните средства не се разменат, тие мора да бидат вратени во рок од 14 дена на сметка на изведувачот. По истекот на
периодот за повраток, трошоците за набавка на замена ќе бидат наплатени на следниот начин: Товарна кутија по 70,00 евра,
европалета/ дизелдорфска палета по 12,50 евра, составни рамки по 40,00 евра, други расходи.
Изведувачот мора да се грижи за тоа, товарните помошни средства (подлошки за заштита од лизгање, заштитни канти, товарни
ремени итн.) да се одржуваат во доволна количина и со адекватен квалитет. Ако на местото на товарење треба да се прифатат
дополнителни товарни помошни средства, трошоците ќе бидат наплатени во целост.
За дополнителните административни такси, ќе бидат наплатени 25,00 евра за обработка и ќе бидат одземени од цената за
транспорт. Надоместокот за обработка нема да се поврати дури ни по подоцнежно враќање на опремата за товарење или
помошните товарни средства.
Може да се разменат само како нови товарни средства. Налогодавачот има право да ги одбие и наплати застарените товарни
средства.
Ако товарните средства не се разменат кај испраќачот/ примачот, налогодавачот мора за тоа неодложно да се информира. Во
случај на недостаток на информации, изведувачот сам ќе ги сноси трошоците. Размената на товарните средства треба да се
изврши на оригинални палети приложени на фактурата.
17. Апсолутната заштита на клиентот се смета за договорена. При влез на изведувачот во натпревар, приговорите против
налогодавачот стануваат неважечки. На изведувачот му е забрането да стапува во контакт со трети лица кои се засегнати од
транспортот. Во случај на повреда, договорена е наплата на договорна казна во износ од 10.000,00 евра без доказ за конкретна
штета. Се задржува правото за покренување понатамошни постапки за штети.
18. Предавањето на транспортот на подизведувач е можно само со претходна писмена согласност од налогодавачот. Во овој
случај, изведувачот ќе ги пренесе сите договорни обврски што произлегуваат од овој договор и ќе обезбеди нивно исполнување.
19. Изведувачот потврдува дека ги има сите неопходни дозволи, овластувања и одобренија за транспорт. Соодветните документи
мора да се достават на барање. Извршувањето на овој договор ќе биде во согласност со сите одредби од Законот за патен
сообраќај и другата релевантна регулатива.
Со прифаќање и извршување на транспортот, изведувачот (како и подизведувачите ангажирани од него) гарантира дека возачите
на возилата имаат соодветна работна дозвола како и дозвола за престој. Налогодавачот има право да спроведува произволни
проверки.
Во случај на недостаток на овластувања, налогот ќе се смета како неиздаден. Налогодавачот, исто така, мора итно да се
информира за ова.
Во случај на непочитување на одредбите од оваа клаузула, изведувачот ќе го обештети налогодавачот и нема да го смета за
одговорен за никакви тужби што произлегуваат од тоа.
20. Изведувачот има право на залог / право на задршка само во случај на неоспорени правно-обврзувачки тужби. Приговор против
тужбите на налогодавачот не е дозволен.
21. Овој договор подлежи на македонските закони исклучувајќи ги меѓународните референтни стандарди. Важноста на „Општите
услови на работење на шпедитерите во Македонија“ е изречно договорена. За прекуграничен транспорт се применуваат
одредбите од CMR (Службен весник бр. 23/13). Општите одредби и услови на изведувачот нема да важат.
22. Место на извршување е Штип. Надлежен суд е судот во Штип.

Страница 3/4 »Mar Transport - Albi ,Afri, Auto Llapi -25.11.2020 – верзија 06.11.2017«
23. Овој налог е обврзувачки и без потврда освен ако не биде веднаш одбиен во писмена форма. Не постојат никакви усни
споредни приговори.
24. Ако некоја поединечна одредба стане неважечка, тоа не влијае врз правосилноста на останатите одредби.

Ви благодариме за правилното извршување на нашиот налог за транспорт и ви посакуваме добар пат.

Срдечни поздрави,

Квенбергер Логистик Македонија Дооел


Компанија (адреса за фактурирање)
Quehenberger Logistics Macedonia DOOEL, Bregalnicka 61, 2000 Stip

Страница 4/4 »Mar Transport - Albi ,Afri, Auto Llapi -25.11.2020 – верзија 06.11.2017«

You might also like