Microsoft® - Word – Програма за обработка на текст (text
processor) Програмскиот пакет Microsoft word е наменет за внесување и обработка на текст1. Microsoft Word е составен дел на програмскиот пакет Microsoft Office.
Стартувањето на овој програмски пакет може да биде:
Со двојно лево кликнување врз неговата икона,
доколку истата се наоѓа на работната површина (desktop); Со еден лев клик врз неговата икона, па копчето Enter на тастатурата; Со еден десен клик врз неговата икона, па избор на наредбата Open, од контекстното мени; преку копчето Start од лентата за задачи (taskbar) , т.е. Start Programs - Microsoft Office Microsoft Word.
Работниот прозорец ги содржи сите стандардни делови
што ги содржи секоја Windows апликација, односно:
a) Насловна лента на прозорецот ;
b) Главно мени ; c) Лента со алатки(toolbar) ; d) Работен дел ; e) Хоризонтален и вертикален лизгач (scrollbar) ; f) Статусна лента. Microsoft Word овозможува испис на текстот со различни фонтови,во различна големина и стилови.Исто така, поддржува изработка на табели и вметнување на слики.Една од најкористените постапки подржани од Microsoft Word претставува генерирањето на циркуларни писма.
1 Основите на овој програмски пакет се изучуваат по предметот Бизнис Информатика на Економскиот Факултет – Прилеп, во првиот семестар на сите насоки.