Fazi Na Bolesta

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Фази на болеста

Постои продромална фаза која ѝ претходи на болеста, акутна или активна фаза
на болеста, фаза на стабилизација и резидуална фаза. Ремисијата на болеста се вика
состојбата кога после акутната фаза на болеста нема повеќе ниту позитивни ниту
негативни симптоми на шизофренија, личноста може да се врати на ниво на
функционирање пред болеста, или може да има некои благи отстапувања. Кога после
акутната фаза нема да се повлечат сите симптоми на болеста, било да се работи за
позитивни или негативни, фазата се вика резидуална. Во однос на активната фаза, овие
симптоми се благо изразени.

Продромалната фаза се јавува пред да се појават типичните симптоми на


болеста. Можат да бидат присутни постепени промени во расположението и
однесувањето, личноста може да почне да се повлекува од социјалните контакти,
чудно да се однесува, да се чувствува уморно и безнадежно, почнува да го запоставува
својот изглед и личната хигиена. Овие симптоми можат да се јават и како рани знаци
на предупредување откако се појавила болеста, пред појавата на повторна болест, и
многу е важно да се реагира на овие симптоми за да се спречи следната епизода на
болест или влошување на постоечката состојба.

Акутната фаза на болеста настанува со појава на психотични симптоми кои


најчесто се развиваат како различни погрешни верувања (делузии) и халуцинации,
најчесто слушни, следени од вознемиреност, чувство на загрозеност, несоница и други
симптоми. Болните поради овие симптоми не можат да се однесуват адекватно. Во
овој момент е многу очигледно дека личноста е болна, иако, за жал, тоа понекогаш е
поочигледно за луѓето од околината отколку на самиот болен човек. Недостаток на
увид во болеста е многу чест во акутната фаза и е причина да не се бара помош. Во тек
на акутната фаза, лекувањето во болница најчесто е најсигурното место на кое може
да се добие адекватно лекување.

Фазата на стабилизација на состојбата настанува кога акутните симптоми ќе се


повлечат или се значително ублажени, така што личноста може да престојува надвор
од болница. Оваа фаза може да трае со години, често ја прекинуваат фази на враќање
на акутната фаза на болеста. Со сеопфатно лекување кое вклучува лекови и
психосоцијални методи, ова враќање на акутната фаза на болеста може да се сведе на
минимум. Истражувањата покажуваат дека кога се применуваат лекови, тренинг на
социјалните вештини, психоедукација и работа со семејствата, ризикот за повторна
појава на болеста опаѓа на 0-20%.

You might also like