Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 2

ОУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ - БИТОЛА

УЧИЛИШЕН ОДБОР

Ж А Л Б А
од страна на родители на ученици запишани во прво одделение
во учебната 2018/19 година

Почитувани членови во училишниот одбор, почитувана директорке

Како родители, Ви ја дадовме довербата да се грижите за иднината на воспитно-образовниот


процес на нашите деца со тоа што ги запишавме токму во ова училиште, кое има убава
традиција во нашиот град. Во време кога на глобално ниво во научните кругови се повеќе се
потенцира важноста од физичката активност на децата во првите години на основното
образование, како за нивното физичко, така и ментално здравје, со оглед на тоа што децата
поминуваат сé поголем дел од денот во и на училишните клупи, се соочуваме со една
неприродна ситуација каде нашите деца во зимскиот период, доцната есен и раната пролет,
едноставно НЕМААТ соодветен простор за реализација на часот по физичка култура, немаат
каде да се истрчаат, да ја исфрлат акомулираната енергија природна за нивната возраст, не
можат да се релаксираат ни за момент по онаа голема нивна промена во животот - училишната
средина.

БАРАМЕ

1. Да овозможите термини за користење на спортската сала и за одделенските паралелки во


текот на учебната година, со посебен акцент на зимскиот период

или

2. Да обезбедите повторно помошна просторија која ќе биде наменета за рекреација на


учениците во одделенска настава (импровизирано спортско катче), имајќи ги во предвид
финансиите на училиштето, со оглед на тоа што знаеме дека претходно постоела таква
просторија и претходните генерации на родители со сопствени средства ја опремиле оваа
просторија која не е во употреба, за жал. Истата да може да биде користена согласно планот на
наставниците од прво до петто одделение..

Веруваме дека ја препознавате чесната намера да овозможиме подобри услови за нашите


првооделенчиња и сите други ученици од одделенска настава, со што ќе овозможиме тие да
бидат посреќни, поисполнети и поконцентрирани на часовите што сигурно дека ќе се сложите
дека е наш заеднички интерес на сите нас.

Ве молиме согласно рокот кој е предвиден во член 126 од Законот за основно образование, да
ни одговорите на оваа наша жалба, во правец за итно изнаоѓање на прифатливо решение кое е
неопходна потреба за нашите деца.

БИТОЛА, 31.01.2019 ГРУПА РОДИТЕЛИ

Во прилог, доставуваме список на ученици и потписи од родители на секое од децата, по


паралелки, кои стојат зад оваа жалба.
ОУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ - БИТОЛА
УЧИЛИШЕН ОДБОР

Ж А Л Б А
од страна на родители на ученици запишани во прво одделение
во учебната 2018/19 година

Почитувани членови во училишниот одбор, почитувана директорке

Согласно динамиката на времето во кое живееме, имаме НЕОПХОДНОСТ од организиран


продолжен престој на учениците, кој впрочем е и предвиден со Закон.

Свесни сме дека ОУ „Гоце Делчев“ вложило значителни напори за организирање на овој
продолжен престој и обезбедување на што подобри услови за работа, што е навистина за
пофалба, но, нашето искуство од неколку месеци покажува дека наставникот кој работи
професионално на таа позиција, многу често несовесно се однесува кон својата работна обврска
т.е. истата не е присутна во училницата, а на прашањето

You might also like