Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 3

СТРУЧЕН ТЕСТ

1) Претпоставете дека вашата фирма сака да увезе шеќер од Бразил. Девизниот


курс е 3 бразилски реали за еден американски долар, а еден тон шеќер чини 36
реали. Колку чини еден тон шеќер изразено во американски долари?

a. $118
b. $108
c. $36
d. $12

2) Доколку девизниот курс помеѓу доларот и јапонскиот јен е под рамнотежното


ниво, на девизниот пазар ќе има недостаток на долари и девизниот курс ќе се
зголеми до рамнотежното ниво.

a. Точно
b. Неточно

3) Колку е поголема побарувачката за американскиот извоз толку е:

a. поголема побарувачката за американски долари.


b. помала побарувачката за американски долари.
c. поголема побарувачката за не-амеркиански валути.
d. поголем дефицитот на тековната сметка.

4) Koј од следниве примери покажува апрецијација на американскиот долар?

a. Доларот се менува за 0,9 евра а потоа за 0,7 евра.


b. Доларот се менува за 0,6 фунти а потоа за 0,8 фунти.
c. Доларот се менува за 80 јени а потоа за 100 јени.
d. Двете b. и c. се точни.

5) Структурна невработеност се појавува кога:

a. Квантитетот на понудата на трудот ја надминува побарувачката.


b. Вештините и знењата кои ги поседуваат работниците не соодветствуваат на
побарувачката.
c. Потребно е определено време за работниците да најдат работа.
d. Ниедно од горе наведените.

6) Бруто домашен производ претставува:

a. пазарна вредност на сите финални производи и услуги произведени од


резидентите на една земја во определен период.
b. вредност на производите и услугите купени од страна на сите нивоа на власт
(централно и локално) во даден период.
c. пазарна вредност на сите финални производи и услуги произведени во една
земја за даден период.
d. доходот што го имаат на располагање домаќинствата за потрошувачка и
заштеда.
7) Купувањето на нов стан од страна на домаќинствата претставува потрошувачка

a. Точно
b. Неточно

8) Што од следново нема да влезе во БДП

a. Тања си купи нов костум за на работа


b. Тина си купи нов автомобил
c. Стопанска банка купи компјутери за своите вработени
d. Маргарета произведува домати во дворот

9) Интермедијарните производи не се вклучени во БДП затоа што така ќе постои


двоен опфат на одредени производи

a. Точно
b. Неточно

10) БДП е критикуван како мерка за економската активност на една земја бидејќи:

a. не ја вклучува вредноста на производите произведени во домаќинствата.


b. не го вклучува времето за одмор.
c. не го зема во предвид уништувањето на околината.
d. Сите одговори се точни.
e. Само одговорите под а. и b. се точни.

11) Човечки капитал е:

a. Квантитетот на трудот.
b. Квалитетот на трудот.
c. Времето и напорот што луѓето го посветуваат за производство на стоки и
услуги
d. Двете а. и b. се точни.

12) Лугето донесуваат одлуки со споредување:

a. Просечни трошоци и бенефиции


b. Маргинални трошоци и бенефиции
c. Просечни трошоци и маргинални бенефиции
d. Маргинални трошоци и просечни бенефиции

13) Во пазарна економија, одлуката колку да се произведува и како зависи од


понудата и побарувачката.

a. Точно
b. Неточно

14) Пазарен неуспех се појавува кога пазарот успешно ги алоцира ресурсите

a. Точно
b. Неточно
15) Кое од следниве ја намалува побарувачката за инфериерно добро:

a. Намалување на доходот
b. Зголемување на доходот
c. Намалување на цената на комплиментарно добро
d. Зголемување на цената на субститут

16) Пазарите претставуваат физички локации каде се купуваат и продаваат


производи

a. Точно
b. Неточно

17) Стационарен процес претставува:

a. Стохастички процес чија дистрибуција на веројатноста е иста за секој


временски момент или состојба
b. Стохастички процес чија дистрибуција на веројатноста не е иста за секој
временски момент или состојба
c. Стохастички процес чија дистрибуција на просечната средина е иста за
секој временски момент или состојба
d. Ниеден од одговорите не е точен

18) Финансирањето на буџетските дефицити од домашни извори секогаш води кон


инфлација.

a. Точно
b. Неточно

19) Стандардната девијација претставува:

a. Мерка на централна тенденција која се добива со квадратен корен од


варијансата
b. Мерка на распоред која се добива со квадрирање на варијансата
c. Мерка на дисперзија која се добива со квадратен корен од варијансата
d. Ниеден од горе наведените

20) Регресиона анализа претставува:

a. Статистичка процедура за изведување на равенка која покажува како


варијаблите се поврзани
b. Мерка на дисперзија која се добива со квадратен корен од варијансата
c. Анализа на регресивност на стандардната девијација
d. Ниеден од одговорите не е точен

You might also like