Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 4

- Сектор за макроекономска политика-

Прашања

1) Минималната плата во Република Македонија, утврдена со закон, изнесува:


А) 36,9% од просечната бруто плата во Републиката
Б) 40% од просечната бруто плата во Републиката
В) 25% од просечната бруто плата во Републиката

2) Кои од наведените се мерки на експанзивна фискална политика:


А) Намалување на даночните стапки, воведување на даночни олеснувања,
спроведување на инфраструктурни проекти
Б) Зголемување на даночните стапки, зголемување на придонесите, финансирање на
инфраструктурни проекти
В) Емисија на државни записи и обврзници

3) Во Република Македонија е воспоставен:


A) Едностолбен пензиски систем финансиран врз основа на генерациска солидарност
Б) Тростолбен пензиски систем финансиран врз основа на генерациска солидарност и
врз основа на задолжително и доброволно капитално финансирано пензиско
осигурување
В) Двостолбен пензиски систем финансиран врз основа на задолжително и доброволно
капитално финансирано пензиско осигурување

4) Нето плата се добива:


А) Кога од бруто плата се одземаат придонесите од задолжително социјално осигурување
Б) Кога од бруто платата ќе се одземаат придонесите од задолжително социјално
осигурување и персоналниот данок на доход од плата, пресметан од основица по
одбивање на придонесите од задолжително социјално осигурување и даночното
ослободување
В) Кога од бруто платата ќе се одземат придонесите од задолжително социјално
осигурување и персоналниот данок на доход од плата пресметан од основица бруто плата

5) Согласно дефиницијата на Меѓународната организација на трудот – International Labour


Organisation - ILO), невработено лице е:
А) лицето кое не работи и активно бара вработување, односно презема специфични
дејствија за да обезбеди сопствено вработување
Б) лицето кое не работи, односно не извршува активност за која зема надоместок, не е
самовработено, тековно е достапно за работно ангажирање и активно бара
вработување, односно презема специфични дејствија за да обезбеди сопствено
вработување
В) лицето кое не работи, односно не извршува активност за која зема надоместок и не е
самовработено

6) Структурна невработеност се појавува заради:


А) Квантитетот на понудата на трудот ја надминува побарувачката.
Б) Вештините и знењата кои ги поседуваат работниците не соодветствуваат на
побарувачката.
В) Потребно е определено време за работниците да најдат работа.

7) На долг рок, стапката на раст на реалните плати приближно е еднаква на:


А) Инфлацијата
Б) Стаката на раст на продуктивноста
В) Стаката на раст на продуктивноста плус инфлацијата

8) Луѓето донесуваат одлуки со споредување на:


А) Просечни трошоци и бенефиции
Б) Маргинални трошоци и просечни бенефиции
В) Маргинални трошоци и бенефиции

9) Во Извештајот Doing Business на Светската банка се цени:


А) Конкурентноста на економиите на меѓународниот пазар
Б) Развиеност на инфраструктурата и политичката стабилност во економиите во светот
В) Деловното окружување и условите за работење на претпријатијата во различни
економии

10) Стандардната девијација претставува:


А) Мерка на дисперзија која се добива со квадратен корен од Варијансата
Б) Мерка на централна тенденција која се добива со квадратен корен од Варијансата
В) Мерка на распоред која се добива со квадрирање на варијансата

11) Стационарен процес претставува:


А) Стохастички процес чија дистрибуција на веројатноста не е иста за секој временски
момент или состојба
Б) Стохастички процес чија дистрибуција на просечната средина е иста за секој временски
момент или состојба
В) Стохастички процес чија дистрибуција на веројатноста е иста за секој временски
момент или состојба

12) Регресиона анализа претставува:


А) Статистичка процедура за изведување на равенка која покажува како варијаблите
се поврзани
Б) Мерка на дисперзија која се добива со квадратен корен од Варијансата
Г) Анализа на регресивност на стандардната девијација

13) Финансирањето на буџетските дефицити од домашни извори секогаш води кон


инфлација.
А) Точно
Б) Неточно

14) Стапките на придонесите од задолжително социјално осигурување за 2013 година


изнесуваат:
А) 18% за задолжително пензиско и инвалидско осигурување, 7,3% за задолжително
здравствено осигурување и 1,2% за за задолжителен придонес за осигурување во
случај на невработеност.
Б) 17,5% за задолжително пензиско и инвалидско осигурување, 7,3% за задолжително
здравствено осигурување и 1,1% за за задолжителен придонес за осигурување во случај на
невработеност.
В) 17,6% за задолжително пензиско и инвалидско осигурување, 7,3% за задолжително
здравствено осигурување и 1,2% за за задолжителен придонес за осигурување во случај на
невработеност.

15) Што претставува Cost-benefit анализа:


А) Метод за економска анализа со кој се утврдуваат сите трошоци од спроведувањето на
некој проект
Б) Метод за економска анализа со кој се утврдуваат и вреднуваат сите користи од
спроведувањето на некој проект
В) Метод за економска анализа со кој се утврдуваат сите трошоци и користи од
имплементирањето на некој проект

16) Доходот, како компонента на платниот биланс произлегува од:


а) Надомест за вработени (резиденти вработени кај нерезиденти и обратно) и доход од
инвестиции при што истиот претставува капитална добивка од директните
инвестиции, портфолио инвестициите и останатите инвестиции (дивиденди, камати
на заеми и кредити и сл.).
б) Доход од инвестиции, при што истиот претставува капитална добивка од директните
инвестиции, портфолио инвестициите и останатите инвестиции (дивиденди, камати на
заеми и кредити и сл.).
в) Надомест за вработени, доход од инвестиции и капитални трансфери.

17) Приватните трансфери ги сочинуваат:


а) дознаките во и од странство на домашните физички лица
б) откупената и продадената ефектива на менувачкиот пазар и останатите трансфери од кој
најголем дел се рентите, пензиите, инвалиднините и др.
в) двете под а) и б) се точни.

18) Директните инвестиции, како ставка од платниот биланс, ги опфаќаат:


а) Акционерскиот капитал и тековните трансфери.
б) Трговски кредити, долгорочни и краткорочни заеми помеѓу поврзани субјекти.
в ) Акционерскиот капитал, реинвестираната добивка и другиот капитал.

19) Која институција не обезбедува платно-билансна поддршка на Република Македонија?


а) Меѓународен монетарен фонд
б) Светска банка
в) Европска инвестициона банка

20) Што од наведеното е точно:


a) Кај вредносните индекси (индекси во номинален износ) - се зема прометот по
постојани цени и влијанието на цените не е отстрането.
б) Кај вредносните индекси (индекси во реален износ) - се зема прометот по постојани
цени и влијанието на цените не е отстрането.
в) Вредносните индекси (индекси во реален износ) се добиени со дефлатор, пресметан
преку индексите на цените, со што се отстранува влијанието на цените.

You might also like