МЕСОПОТАМИЈА

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 3

МЕСОПОТАМИЈА

Месопотамија ,во превод значи земја меѓу две реки, се


нарекуваат областите, кои се наоѓаат меѓу реките Тигар и
Еуфрат. На север граничи со планините на Ерменија, на југ
достигнува до Персискиот Залив. На запад граничи со
Сирија, а на исток - со планинските венци на Западен Иран.
Во овие земји благодарение на реките Тигар и особено
Еуфрат, слично како Нил во Египет, настанала една од
најдревните цивилизации како сумерската, акадската,
асирската, а во почетокот на 2000 години п.н.е. започнало
обединување на скоро целата област околу градот Вавилон.
Плодната Полумесечина е област во форма на
полумесечина во пределот на Месопотамија, кој бил познат
како родно место на неколку древни кралства. Таа е
подрачје со плодни земјишта во близина на големи реки. Се
протегала од реката Нил во Египет, до реките Тигар и
Еуфрат во денешен Ирак. Плодната Полумесечина била
почетокот на првите човечки цивилизации, првите
технолошки пронајдоци, на писменоста, на пронајдокот на
тркалото и стаклото. Изворите на вода и можноста за
огледување разни култура во областа, поттикнала голем
број цивилизации токму таму да започнат со градење и
напредување. Во прилог на реките и мочуриштата, областа
на Плодната Полумесечина била од голема важност поради
нејзината локација. Таа била сместена во дел кој поврзувал
три континенти: Африка, Европа и Азија. Како што луѓето од
овие области започнувале да истраживаат и да развиваат
трговски патишта и врски, така Плодната Полумесечина се
развивала во центар на патување и трговија.
Промените во изминатите триесет години, ја намалиле
традиционалната плодност на Плодната Полумесечина. Од
снимениот сателитски материјал, научниците процениле
дека останале само 10% од мочуриштата. Остатокот од
мочуриштата се пресушил, оставајќи пустински предел со
големи закрпи на сол. Експертите сметаат дека таа штета е
резултат на градењето брани на реките Тигар и Еуфрат. Тие
укажуваат и на големи суши на речните сливни подрачја во
изминатите три децении. Голем број растителни и
животински видови станале загрозени, поради
исчезнувањето на мочуриштата.
Изработила: Емилија Ристоска VIII3 одд

You might also like