Слово за празниците

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Слово за празниците

„Слово за празниците“ е оригинален текст на Кирил Пејчиновиќ напишан на


народен јазик, тетовски говор. Текст од книгата ,,Огледало’’. Темата во текстот е
празнувањето на христијанските празници.Идејата е како да се поправат грешките
при празнувањето. Текстот нема уметничка вредност, тука историска вредност.

Оригиналната проповед Слово на празниците на Кирил Пејчиновиќ најсилно


ни ги претставува неговите погледи. Оваа проповед се отклонува од традицијата
со тоа што проповедите обично поаѓаат од "книшки" (од Библијата), пример кој
потоа може да се догради со примери од животот. Оваа проповед своите примери
ги зема од животот, па често пати неговите повикувања на одредена ситуација ни
откриваат некое конкретно однесување на нашиот народ од почетокот на
минатиот век. Во овој текст, за разлика од традиционалните црковни проповеди
каде примерите се земени од светите книги, Пејчиновиќ примерите ги земал од
секојдневниот живот на селаните.Освен тоа, во текстот има и дијалози во кои
зборуваат селаните што за првпат се сретнува во нашата литература и тоа во
книга наменета за црковна богослужба.  Затоа, овој текст дава слика за положбата
и начинот на живот на нашиот народ во почетокот на XIX век.На почетокот од
текстот авторот ги потсетува луѓето на нивните христијански должности и дава
совети како да се празнуваат празниците: Водици, Прочка и Велигден.Тој ги
истакнува негативните појави: суеверието (носењето амајлии) и курбанот
(принесување жртви), кои се спротивни на христијанските обичаи.Понатаму, го
критикува непочитувањето на постот, прекумерното пијанчење, невоздржаноста и
примитивноста на селаните. Но, не се задржува само на нив. Ја критикува и
примитивноста и неукоста на поповите кои наместо да бидат духовни водачи на
народот, станале негови ограбувачи.Целта на Пејчиновиќ не била да им се
потсмева, туку да ги насочи на вистинскиот пат и селаните и поповите. Затоа
вели: „…да живуемо како браќа, еден за другаго да се молимо, еден другаго да
жалимо, еден другому да помажемо, еден другому тежина да носимо…“ Всушност
во текстовите на Пејчиновиќ се согледуваат болните вистини за заостанатоста на
народот во неговото време

Кирил Пејчиновиќ во своето дело, со воведување на народниот јазик, но и


со животот во кој доследно живеел живот на народен учител кој подучува, оставил
скапоцен придонес во македонска култура. Со просветителските идеи за
собирање книжно наследство, за пишување и печатење книги на јазик кој ке биде
разбирлив станува голем културен деец на македонското просветителство.

You might also like