Professional Documents
Culture Documents
Константин Миладинов
Константин Миладинов
Миладинов
– роден во Струга како најмлад син на Ристе;
– основно образование стекнал кај Димитар, а потоа во
гимназијата во Јанина;
– во 1847 год. бил учител во битолското село Трново;
– од 1849-1852 завршил филологија во Атина (со помош
на селаните од Магарево);
– на враќање се задржал во ман.Зограф, каде со помош на
П.Зографски го изучил
словенското писмо;
– за да се оддолжи бил учител во селото Магарево;
– во 1856 заминал во Русија, прво во селото Минино (каде
го научил рускиот јазик), а потоа во Москва каде што
стидирал словенска филологија;
– покрај студиите, ги редактирал творбите што му ги
испраќал брат му;
– бил соработник на сп. Братски труд (сп. на Македонци и
Бугари);
– бил револтиран од незаинтересираноста за Зборникот;
– поради студената клима И напорната работа се разболел
од туберкулоза;
– зимата 1859-60 ја прележал во Екатеринската болница и
таму го добил топлото писмо од Димитар во кое му вели
да се врати;
– ја напуштил Москва и преку Виена, на пат за
Македонија се задржал во Хрватска;
– со помошта на Ј. Ј.Штросмаер го издал Зборникот;
– тргнал за Македонија, но во Белград дознал за судбината
на брат му;
– Ј.Ј.Штросмаер презел мерки преку австрискиот
амбассадор, но не успеал да помогне;
– штом допатувал во Цариград, веднаш бил затворен;
– починал на 18 јануари 1862 год.
Творештво:
* скромно по обем, но со уметнички вредности и
разновидно;
– превод од рускиот автор Ј.Флеров;
– научен труд Охридска архиепископија;
– предговорот во Зборникот;
– македонско-хрватски речник;
– 15 стихотворби со следните мотиви:
љубовни: Голапче, Бисера, Желание, На чужина и др.;
родољубиви: Т’га за југ;
социјални: Сираче, Скрсти и др.
Т’ГА ЗА JУГ
ADVERTISEMENT
REPORT THIS AD
Анализа
* Константин во Москва ќе се судри со студената клима и
лошиот прием. Додека лежи болен од туберкулоза во
Екатеринската болница, го добива топлото писмо од
Димитар, во кое го моли да се врати во родниот крај.
Песната „Тга за југ“ е родољубива песна.
Мотив: Носталгија кон родниот крај – потврда за
безграничната поетова љубов кон татковината