Константин Миладинов

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 5

Константин

Миладинов
– роден во Струга како најмлад син на Ристе;
– основно образование стекнал кај Димитар, а потоа во
гимназијата во Јанина;
– во 1847 год. бил учител во битолското село Трново;
– од 1849-1852 завршил филологија во Атина (со помош
на селаните од Магарево);
– на враќање се задржал во ман.Зограф, каде со помош на
П.Зографски го изучил
словенското писмо;
– за да се оддолжи бил учител во селото Магарево;
– во 1856 заминал во Русија, прво во селото Минино (каде
го научил рускиот јазик), а потоа во Москва каде што
стидирал словенска филологија;
– покрај студиите, ги редактирал творбите што му ги
испраќал брат му;
– бил соработник на сп. Братски труд (сп. на Македонци и
Бугари);
– бил револтиран од незаинтересираноста за Зборникот;
– поради студената клима И напорната работа се разболел
од туберкулоза;
– зимата 1859-60 ја прележал во Екатеринската болница и
таму го добил топлото писмо од Димитар во кое му вели
да се врати;
– ја напуштил Москва и преку Виена, на пат за
Македонија се задржал во Хрватска;
– со помошта на Ј. Ј.Штросмаер го издал Зборникот;
– тргнал за Македонија, но во Белград дознал за судбината
на брат му;
– Ј.Ј.Штросмаер презел мерки преку австрискиот
амбассадор, но не успеал да помогне;
– штом допатувал во Цариград, веднаш бил затворен;
– починал на 18 јануари 1862 год.

Творештво:
* скромно по обем, но со уметнички вредности и
разновидно;
– превод од рускиот автор Ј.Флеров;
– научен труд Охридска архиепископија;
– предговорот во Зборникот;
– македонско-хрватски речник;
– 15 стихотворби со следните мотиви:
љубовни: Голапче, Бисера, Желание, На чужина и др.;
родољубиви: Т’га за југ;
социјални: Сираче, Скрсти и др.
Т’ГА ЗА JУГ

Орелски крилjа как да си метнех


и в наши ст’рни да си прелетнех!
На наши места jа да си идам,
да видам Стамбол, Кукуш да видам;
да видам дали с’нце и тамо
мрачно угревjат, како и вамо.

Ако как овде с’нце ме стретит,


ако пак мрачно с’нцето светит,
на п’т далечни jа ке се стегнам
и в други ст’рни ке си побегнам,
к’дето с’нцето светло угревjат,
к’де небото дзвезди посевjат.

ADVERTISEMENT
REPORT THIS AD

Овде jе мрачно и мрак м’ обвива


и темна м’гла земjа покрива;
мразоj и снегоj, и пепелници,
силни ветриштца и виjулици;
околу м’гли и мразоj земни,
а в гр’ди студоj и мисли темни.

Не, jа не можам овде да седам!


Не, jа не можам мразоj да гледам!
Даjте ми крилjа jа да си метнам
и в наши ст’рни да си прелетнам.
На наши места jа да си ндам,
да видам Охрид, Струга да видам.

Тамо зората греит душата


и с’нце светло заjдвит в гората;
тамо дарбите – природна сила
со с’та раскош ги растурила:
бистро езеро гледаш белеит
и си од ветар синотемнеит;
поле, погледниш или планина,
сегде божева jе убавина.

Тамо по с’рце в кавал да свирам,


с’нце да заjдвит, jа да умирам.

Анализа
* Константин во Москва ќе се судри со студената клима и
лошиот прием. Додека лежи болен од туберкулоза во
Екатеринската болница, го добива топлото писмо од
Димитар, во кое го моли да се врати во родниот крај.
Песната „Тга за југ“ е родољубива песна.
Мотив: Носталгија кон родниот крај – потврда за
безграничната поетова љубов кон татковината

– желбата да се врати во поробената земја што копнее да


биде слободна;

– темни бои и тонови – московското поднебје (потиштен и


разочаран);
– магла = неизвесноста околу издавањето на Зборникот;
– мраз и снег = студениот прием во Москва;
– ветришта и виулици = празните зборови на културните
дејци во Москва;
– решение: не може да остане ( „Не, ја не можам овде да
седам…“)
– желба да се врати ( „Дајте ми крилја ја да си метнам…“)

– светли бои и топлина родниот крај;


– спротивност на Москва (преубави описи на природата);
– длабоки чувства, љубов и копнеж кон родната земја;
– последната желба („Тамо по с’рце в кавал да свирам,/
с’нце да заjдвит, jа да умирам.“) = израз на
бесконечна љубов

Композиција: 5 строфи, стих – десетерец, рима –


паралелна;
Изразни средства: епитет, контрст (во целата песна),
градација, симбол;
Јазик: струшки говор.
Advertisements

You might also like