Основни елементи на програмски јазици

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 17

2020

ОСНОВНИ
ЕЛЕМЕНТИ НА
ПРОГРАМСКИ
ЈАЗИЦИ Програма претсавува множество од
инструкции. Сите програми што ги извршува персоналниот
компјутер го праватпрограмскиот дел на компјутерот кој е наречен
софтвер.Програмаили софтвер се состои од извршлив дел кој
испраќа инструкции допроцесорот за да се изврши задача.

Матеј Дабески

24-Nov-20
Ментор:Жаклина Прекиќ Изработил: Матеј Дабески III2

СОДРЖИНА
Што е програмирање?.............................................................................................2
Интегрирана Развојна Околина ( IDE )................................................................3
Code::Blocks..........................................................................................................3

Програмски јазици...................................................................................................4
1. Нижи програмски јазици...............................................................................4
2. Виши програмски јазици...............................................................................4

• Асемблер.................................................................4
• Компајлер................................................................4
Поделба според начинот на пресметување:............7
Поделба според областа на примена.......................9
C++..........................................................................................................................9

Елементи на јазикот C++ :......................................10


Тип на податок...........................................................11
ПИШУВАЊЕ НА ПРОГРАМА...................................................................................12
Интерпретери......................................................................................................14

1
СУГС Раде Јовчевски Корчагин
Ментор:Жаклина Прекиќ Изработил: Матеј Дабески III2

Што е програмирање?
Компјутерско програмирање (често се користи
за програмирање, скриптирање , или кодирање) е процес
на дизајнирање, пишување, тестирање, дебагирање и одржување
на изворниот код на компјутерските програми. Овој код е
напишана во еден или во повеќе програмски јазици (како што
се Java, C + +, C #, Python итн.) Целта на програмирањето е да се
создаде сет на инструкции дека компјутерите се користат да
извршуваат специфични операции или да ги извршуваат сакано
однесување.

Алгоритам преставува определен број на јасно дефинирани


кратки и прости инструкции за извршување на одредена задача,
или решавање на зададен проблем. Алгоритмите можат да бидат:

• графички,
• псевдокод (измислен јазик кој ни помага да развиваме
алгоритми без да се грижиме за точната синтакса на C++)
• изворен код.

2
СУГС Раде Јовчевски Корчагин
Ментор:Жаклина Прекиќ Изработил: Матеј Дабески III2

Интегрирана Развојна Околина ( IDE )


Пред да ја создадете вашата прва програма во C++, потребно е на
вашиот персонален компјутер да инсталирате софтверска алатка
која ќе ви овозможи да пишувате програми, нив да ги тестирате,
како и да ги склопувате во софтвер кој компјутерот може да го
изврши. Секоја ваквите алатка се нарекува "Интегрирана Развојна
Околина" (анг. кратенка IDE).

Стандардно, едно IDE содржи:

 текстуален едитор за изворниот код (место каде што ќе го


пишувате вашиот код)
 компајлер и/или интерпретер (преведувач на текстот од
семантички јазик во друг семантички јазик-целниот јазик)
 алатка за отстранување на грешки – debugger (ја проверува
точноста на програмскиот код)
 Библиотека (linker) (фајл-колекција на веќе напишани мали
програми)
Постојат повеќе интегрирани развојни околини за пишување на C++
програми. Такви се :
 -Code Blocks
 -C++Shell
 -Microsoft Visual Studio
 -и други
Code::Blocks
Моментно, најдоброто бесплатно IDE за пишување на овој тип на
програми е Code::Blocks. Оваа алатка стандардно се користи од
илјадници корисници - како за пишување на едноставни програми,

3
СУГС Раде Јовчевски Корчагин
Ментор:Жаклина Прекиќ Изработил: Матеј Дабески III2

така и за креирање на сериозни комерцијални проекти.


Code::Blocks е IDE кое се користи од страна на Интернационалната
Олимпијада по Информатика при реализацијата на натпреварите
по информатика.

Програмски јазици
Програмски јазик е множество на правила, симболи и
специјални зборови кои се употребуваат при процесот на креирање
на програм. Секој програмски јазик се состои од строго дефинирана
синтакса и семантика.

Процесорот ги извршува програмите напишани во определен


програмски јазик,но пред да ги изврши мора да ги добие во
бинарна форма, наречена машински јазик.

Програмските јазици се делат на:

1. Нижи програмски јазици (машински и асембли)


2. Виши програмски јазици (C++, FORTRAN, COBOL, Ada,..)

Компјутерот може да си ги процесира сопствените инструкции во


форма на податоци. Ова го употребува асемлерот и компајлерот.

4
СУГС Раде Јовчевски Корчагин
Ментор:Жаклина Прекиќ Изработил: Матеј Дабески III2

• Асемблер е програма која го преведува асембли јазикот во


машински код.
• Компајлер е програма која го преведува вишиот
програмски јазик во машински код. Додека програмот
којшто преведува од нижи програмски јазици во виши се
нарекува декомпајлер.

Машинскиот програмски јазик е составен од бинарно


кодирани инструкции кои се употребуваат директно од
компјутерот. Се состои од наредби наречени машински инструкции
кои се изразуваат само со бинарни цифри. Ваквиот запис на
наредбите е голем и непрегледен и затоа машинските наредби на
хартија најчесто се запишуваат во хексадекаден броен систем.

Пр. 101110001101011000010110 В8D616

Недостиг кај овој јазик е фактот што различни компјутери користат


различни бинарни кодови, па машинскиот код за еден компјутер се
разликува со машинскиот код на друг компјутер.

Симболички јазик е на повисоко ниво од машинскиот,


односно јазик каде наредбите се претставени со симболи или

5
СУГС Раде Јовчевски Корчагин
Ментор:Жаклина Прекиќ Изработил: Матеј Дабески III2

мнемоници. Овој јазик не е разбирлив за компјутерот па за да


може програмите напишани на симболички јазик да се извршуваат
во компјутерите постојат преведувачи наречени асемблери.
Инструкициите не можат да бидат директно извршени.

Пр. MOV AX, 16D6 ADD AL, [0001]

ADD X Y Z – бројот зачуван во мемориската локација Х да се додаде


на бројот зачуван во мемориската локација Y и резултатот да се
зачува во мемориската локација Z. MOV е моместување (од move),
АDD е додавање.

Вишите јазици се програмски јазици напишани на јазик


сличен на човечкиот природен јазик. Тие се портабилни, односно
ист код напишан на виш програмски јазик може да се работи и на
различна машина. Програма напишана во виши програмски јазик
се нарекува изворна програма. За да може да се изврши во
компјутерот мора да се преведе со преведувач или компајлер и по
преведувањето станува извршна програма. Секој од нив има своја:

 азбука (составена од букви, бројки, специјални знаци )


 зборови ( се формираат со комбинирање на знаците од
азбуката и го сочинуваат речникот на јазикот ): INPUT,
READ, STOP
 наредби (зборовите се комбинираат во јазични
конструкции наречени наредби или реченици)
 граматика ( ги содржи правилата за градење зборови и
наредби)
 синтакса (строги правила по кои се конструираат
наредбите )
 семантика ( значењето - смислата на наредбите )
6
СУГС Раде Јовчевски Корчагин
Ментор:Жаклина Прекиќ Изработил: Матеј Дабески III2

Поделба на вишите програмски јазици:

 според начинот на пресметување


 според областа на примена

Поделба според начинот на пресметување:


- императивни програмски јазици
- декларативни програмски јазици

Императивен доаѓа од зборот imperare што значи наредува. Затоа


се нарекувааат и наредбени јазици. Составени се од наредби со
кои се менуваат вредностите на податоците. Во нив спаѓаат: fortran,
cobol, basic, pascal, modula, c, ada.

Се делат на:

 процедурални - Се користат техники на т.н. структурно


програмирање со кое задачата се дели на помали и полесни
задачи. За секоја задача се користи соодветна метода за

7
СУГС Раде Јовчевски Корчагин
Ментор:Жаклина Прекиќ Изработил: Матеј Дабески III2

решавање со која од почетните влезни податоци преку


аритметички и логички пресметувања се добиваат крајните
резултати. Една метода може да се примени за различни
влезни податоци.
 објектно ориентирани - Во нив секој објект (ученик,
триаголник, автомобил, брод) има свои методи кои може да
се применат на неговите податоци. Меѓу најпознатите
процедурални јазици се pascal, basic fortran, а објектно –
ориентирани се c++, java, Delphi simula и др.

Декларативни програмски јазици се делат на:

 функциски – програмите претставуваат функција составена од


попрости функции. Една функција може да повикува друга, а
резултатот од функцијата може да се користи како аргумент
во друга функција. Главна карактеристика е тоа што се
користат изрази и функции, за разлика од императивните
јазици кои користат наредби и процедури. Познати се: lisp,
ML, scheme, Miranda

Пр. Функцијата Ф со аргументи Х и У во lisp се претставува со(F X Y).

 логички - наменети за решавање на проблеми од вештачката


интелегенција. Ги користат принципите на т.н. формална
логика каде се задава множество на тврдења (аксиоми) и
правила на заклучување. Со примена на правилата на
заклучување врз тврдењата се доаѓа до одговорот на
поставената задача, односно се генерираат нови тврдења и
правила на заклучување. Најпознат програмски јазик е prolog.

8
СУГС Раде Јовчевски Корчагин
Ментор:Жаклина Прекиќ Изработил: Матеј Дабески III2

Во него тврдењето „Ивица е пријател на марица“ се


запишува: Prijatel(Ivica, Marica)

Поделба според областа на примена


Со еден програмски јазик не може да се изразат решенијата на
проблеми од различни области. Пр. Во техничките проблеми има
голем број на математички пресметувања, а во економските
опишување и табелирање.

 деловни апликации
 научни апликации
 системски софтвер
 компјутерска комуникација
 вештачка интелегенција
 специјална намена

Вишите програмски јазици не зависат од машината на која ќе се


изведуваат и затоа се наречени машински независни јазици. Затоа
при пишувањето на програмата не се води сметка за типот на
компјутерот на кој ќе се извршуваат програмите туки за областа од
која е проблемот што се решава и се нарекуваат проблемско
ориентирани јазици.

C++
C++ е виши програмски јазик создаден од Bjarne Stroustrup во
1979г. како надополнување на јазикот C. Овој јазик претставува
императивен јазик (објективно ориентирано програмирање).
Додадени се класи, виртуални функции, преопторување на

9
СУГС Раде Јовчевски Корчагин
Ментор:Жаклина Прекиќ Изработил: Матеј Дабески III2

оператори, повеќекратно населување, шаблони. Во 1998 е


ратификуван за стандарден.

Овозможува дефинирање на специфични типови (објекти) на


податоци преку употреба на класи. Објектите можат да бидат
променливи, константни и преоптоварени оператои дефинирани
од програмерот.

Елементи на јазикот C++ :


• Мали и големи букви од англиската азбука a-z, A-Z
• Цифри: 0-9
• Специјални знаци @!$%^&*()_?{}\/+~|

Од азбуката во C++ се формираат зборови: клучни зборови,


бројни,симболички и текстуални константи; имиња; оператори;
сепаратори.

1. #include <iostream>
претпроцесорска команда која
ни овозможува користење на
библиотеката за влез на
податоци од тастатура и
печатење на компјутер
2. Using namespace std; Со оваа
наредба наведуваме дека ќе ги користиме стандардните
наредби од iostream библиотеката
3. Int main() { - означува стартна позиција на нашиот програм
4. Cout <<”Dolzina na nizata: “<<endl; - Ќе го натера
компјутерот текстот да го испечати на екранот
5. Return 0; - Наредба за крај на програмот
6. } - Крај на програма
10
СУГС Раде Јовчевски Корчагин
Ментор:Жаклина Прекиќ Изработил: Матеј Дабески III2

Податоците ги имаат следниве карактеристики: име, тип и


вредност. Имињата (идентификаторите) на податоците во С++ се
формираат со почитување на следниве правила:

• името започнува со буква или подвлечена црта,


• малите и големите букви се разликуваат,
• името може да содржи цифра
• името не смее да содржи специјален знак: !, @, #, % итн

Константните податоци (константите) се податоци чија вредност не


се менува во текот на извршување на програмата.

 Декларација: const тип име = вредност; Пример: const int i=1;

Променливите податоци (променливите) се податоци чија


вредност може да се менува во текот на извршување на
програмата.

 Декларација: тип име; или тип име = вредност; Пример: int


i,ј,k

Тип на податок претставува конкретно множество од


податочни вредности, заедно со множество од операции на тие
вредности. Дефинирањето на типовите на податоци се прави со
користење на резервиран збор кој компајлерот го препознава.
НАЗИВ ОПИС ГОЛЕМИНА
Char Карактер или мал број 1 бајт
String Низа од карактери
затворени во
наводници
Short int Мал цел број 2 бајта

11
СУГС Раде Јовчевски Корчагин
Ментор:Жаклина Прекиќ Изработил: Матеј Дабески III2

Int Цел број 4 бајти


Long int Голем цел број 4 бајти
Bool Логички тип на податок 1 бајт
true/false
Float Децимален број 4бајти
Double Децимален број со 8 бајти
поголема прецизност
Long double Голем децимален број 8бајти
со поголема
прецизност

ПИШУВАЊЕ НА ПРОГРАМА
Единствен јазик кој го препознава компјутерот е машинскиот
јазик. Но програмирањето на машински јазик е долго, тешко и
непрегледно. Поради тоа се создаваат јазици кои се блиски до
човековиот говорниот јазик т.е. виши програмски јазици.
Програмите напишани на виши програмски јазици за да може да се
извршат се преведуваат во програми на машински јазик. Тоа се
прави со:

- помош на програми за преведување со што се креира


извршна верзија на програмата
- помош на програми за интерпретирање.

Секоја операција мора да е точно и еднозначно дефинирана и


точно да е одреден редоследот на извршување на операциите.
Целата постапка мора да е конечна. Податоците се неопходни за
решавање на проблемот (разработен во програмата). Податоци
може да бидат броеви,букви,звук, слики и др и истите се
претставени во комбинација од цифрите 0 и 1.

Пишувањето на компјутерска програма се одвива во 5 фази:

12
СУГС Раде Јовчевски Корчагин
Ментор:Жаклина Прекиќ Изработил: Матеј Дабески III2

1. Поставување на проблемот и разгледување можни


решенија
2. Решавање на проблемот – се анализира проблемот што
треба да се реши и се креира алгоритамот на програмата.
Во оваа фаза се дефинираат конечните чекори на
програмата, доколку се донесе погрешна одлука може да
се добие погрешна имплементација на решението.
3. Имплементација – по завршувањето на првата фаза следи
имплементација во некој програмски јазик разбирлив за
компјутерот. Коректниот дефиниран алгоритам лесно е
преточуван од компјутерот во програмски јазик
(кодирање). Во оваа фаза се добива програм кој на крај е
спремен за извршување.
4. Корекција на грешки (синтаксни, логички) - Програмата
преведувач го известува програмерот за направените
грешки во изворната програма кои мора да бидат
поправени за наредбите да можат да се преведат во
машински јазик.
 Синтаксните грешки - неправилно напишани
зборови од програмскиот јазик, неправилно
користени или испуштени интерпукциски знаци. Пр:
L=2*(a+b – недостасува заграда
 Логичките грешки (багови) треба да ги открие и
поправи програмерот при тестирањето на
извршната програма.
Пример: L=2*(a-b) – формулата е неточна

13
СУГС Раде Јовчевски Корчагин
Ментор:Жаклина Прекиќ Изработил: Матеј Дабески III2

Преведување
на изворен Тестирање на
код Поврзување програмата
Пишување на во извршен
изворен код код

5. Тестирање на напишаната програма - програмата мора


да работи правилно за различни вредности кои го внесува
корисникот.

Алгоритмот се запишува со елементите на некој програмски јазик и


со тоа се добива изворен код. На датотеката и се доделува некое
описно име, а наставката е соодветна на програмскиот јазик во кој
е напишан изворниот код. Пр. Во С++ е .cpp.

По процесот на преведување на изворниот код успешно се


реализира и се добива објектен код со наставка .о или .обј.

14
СУГС Раде Јовчевски Корчагин
Ментор:Жаклина Прекиќ Изработил: Матеј Дабески III2

Поврзување на објектните кодови со потребните библиотеки е со


помош на програмите преведувачи. По успешното поврзување се
добива извршен код со наставка .ехе.

Интерпретери
Изворниот код се извршува без да се преведе во извршен код.
Тоа е со програмите интерпретери. Тие преведуваат наредба по
наредба, и веднаш ги извршуваат наредбите ако не наидат на
грешка. Тоа значи дека изворниот код мора постојано да е
присутен во меморијата на компјутерот и авторот не е заштитен од
кражба на кодот.

ЗАКЛУЧОК
Со развитокот на технологијата и информатиката биле
предизвикани огромни промени во стилот на живеење кај луѓето.
Се почесто биле потребни програмерите како создавачи на
програмата. Компјутерско програмирање е процес на дизајнирање,
пишување, тестирање, дебагирање и одржување на изворниот код
на компјутерските програми. Целта на програмирањето е да се
создаде сет на инструкции кои компјутерите ги користат за да
извршуваат специфични операции. Без оглед на пристап кон развој
на софтвер може да биде, конечната програма мора да ги
задоволуваат некои основни својства: Сигурност,Робусноста
,Употребливост, ,Преносливост и Ефикасноста.

Користена литература:

15
СУГС Раде Јовчевски Корчагин
Ментор:Жаклина Прекиќ Изработил: Матеј Дабески III2

https://www.gimprilep.edu.mk/informatika/dokumenti/podelba-na-
programskite-jazici.pdf

https://www.gimprilep.edu.mk/informatika/dokumenti/istorijat-na-
programskite-jazici.pdf
https://www.gimprilep.edu.mk/informatika/dokumenti/podelba-na-programskite-jazici.pdf

https://www.gimprilep.edu.mk/informatika/dokumenti/2015-2016/4%20-%20C++.pdf

https://darkougd.wordpress.com/2015/05/13/%D0%BF%D1%80%D0%B2%D0%B8%D1%82%D0%B5-
%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%BC%D1%81%D0%BA%D0%B8-
%D1%98%D0%B0%D0%B7%D0%B8%D1%86%D0%B8/

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=218

https://mendo.mk/Lecture.do?id=4

16
СУГС Раде Јовчевски Корчагин

You might also like