Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 4

Правила на однесување (Пливачки базен)

Посетителите на пливачкиот базен се обврзуваат да ги почитуваат следните правила:

1.Посетителите на XXXXXXXXXXXXXXXXX во Скопје можат да ги користат услугите


на пливачкиот базен во согласност со одредбите од овој Правилник.

2.Посетителите кои рекреативно ќе го користат Пливачкиот базен во комплексот на


XXXXXXXXXXXXXXXXX во Скопје можат да ги користат услугите на пливачкиот
базен доколку уредно имаат платено карта (чланарина) за истиот.

3.По уплаќањето на чланарина, посетителите кои ќе го користат пливачкиот базен


добиваат членска карта за која самите усно даваат лични податоци и доставуваат слика за
идентификација која се закачува на истата и се должни да ја покажат на пријавницата во
влезот од пливачкиот базен.

4.Право на користење на членската карта имаат само лицата на чие име е


заверена.Злоупотреба на членската карта се казнува со одземање на истата.

5.Регистрираните клубови за пливање можат да ги користат услугите на пливачкиот базен


доколку уредно имаат склучено договор за користење и постапено по обврските
превземени во истиот по основ „начин на плаќање„. 

6. Регистрираните клубови за пливање со потпишување на договорот за користење


задолжително потпишуваат изјава со која ја превземаат и гарантираат здравствената
состојба и безбедноста на своите ученици/пливачи за време на оддржување на тренинзите
или часовите.

7.Регистрираните клубови запливање не може да останат во базенот без тренер или


одговорно лице, кое е одговорно за спроведување на активности, во спротивно секој
ученик или пливач ќе биде обврзан да плати билет за рекреативно капење.

8. регистрираните клубови за пливање ги имаат резервирано по договор нема да бидат


издавани на други посетители за рекреативно капење или на други правни субјекти.

9.Услугите на пливачкиот базен нема да се користат во следните случаи:

 во денови или часови кога се одржуваат тренинзи во пливачкиот базен,


 во случај на непредвидливи ситуации кога не е можно користење на пливачкиот
базен,
 во период кога во објектот на пливачкиот базен се врши редовно сервисирање или
целосно менување на водата во Големиот и Малиот базен.

10.Надоместокот за користење на пливачките патеки се врши кај раководителот на


секторот за продажба
11.Во големиот базен ќе биде дозволен пристап само на лица (капачи) кои знаат да
пливаат на своја лична одговорност.

12.Пред започнување со користење на пливачкиот базен секој посетител е должен да се


обрати на вработените лица во пливачкиот базен за да им се дадат инструкции за
користење на базенот.

13.Лицата под 14 (четирнаесет) години мораат да бидат под надзор на родител/старател,


во спротивно за сите штетни последици одговорноста ја сносат родителите/старателите на
малолетните лица.

14.Лицата кои имаат сериозно нарушување на здравјето пливачкиот базен може да го


користат исклучиво под надзор на друго лице одговорно за нивната безбедност, во
спротивно секој посетител на истиот влегува во Големиот или малиот базен  на своја
сопствена одговорност.

15.Посетителите кои нема да ги почитуваат одлуките на вработените ќе бидат отстранети


од пливачкиот базен.

16.Користењето на пливачкиот базен ќе биде дозволено само во соодветни костими за


капење и капа за капење (забрането е да се плива во шорцеви без постава и под колена).

17.Секој посетител е должен пред влезот во големиот и малиот базен задолжително да се


истушира.

18.На капачи со отворени и инфицирани видливи рани или инфективна кожна болест,
нема да им биде дозволен влез во базенот.

19.По влегување на капачите во внатрешениот дел на објектот, забрането е влегување со


чевли, патики и слично.

20.Забрането е внесување на храна, алкохолни пијалоци и стаклени кршливи предмети.

21.Забрането е фрлање на отпад, освен на местата кои се означени за тоа.

22.Забрането е скокање во вода, туркање на други лица во вода, попречување на други


пливачи, предизвикување кавги  или тепачки.

23.Забрането е користење на пливачкиот базен во алкохолизирана состојба.

24.Пушењето е забрането во секој внатрешен дел на објектот.

25.Забрането е да се врши нужда за време на престој во базенот (во вода).

26.Сите посетители (рекреативци на базен) при купување на билет и земање на клуч од


шкафче, должни се истиот да го вратат на пријавница.
27.Регистрираните клубови за пливање треба да имаат лице/тренер кое зема клучеви од
шкафчињата на членовите од неговиот субјект и по завршувањето на терминот
задолжително ги враќа клучевите на пријавницата.

28.Корисниците кои ќе изгубат клуч од шкафче должни се истиот финансиски да го


надоместат во вредност од 300,00 денари.

29.За користење дополнителна опрема, (играње со топка, внатре во базенот во вода),


задолжително треба да се има одобрение од вработените на пливачкиот базен.

30.Посетителите се должни да ги користат соблекувалната и кабините одделени согласно


со полот, означени на вратите.

31.Посетителите се должни да побараат помош од спасителите при евентуални повреди


(исекотини, отоци настанати при удар итн.).

32.Вработените во пливачкиот базен не се одговорни доколку настане кражба или губење


на некои вредни предмети кои посетителите ги носат со себе, а истите не ги остават на
пријавницата во пливачкиот базен.

33.Друштвото XXXXXXXXXXXXXXXXX Скопје не превзема никаква одговорност од


евентуални настанати повреди на посетителите на пливачкиот базен во случај истите да
настанат од сопствено неодговорно постапување и однесување.

34.Друштвото XXXXXXXXXXXXXXXXX Скопје не превзема никаква одговорност од


евентуални штетни последици доколку лицата кои го посетуваат пливачкиот базен не
смеат да спортуваат поради лична лоша здравствена состојба.

35.Секое лице што ќе го нарушува редот и нема да ги почитува правилата за однесување


или нема да ги почитува инструкциите на вработените во пливачкиот базен ќе биде
отстрането од истиот од страна на извршителите на обезбедување.

36.На секое лице  кое ќе го нарушува редот и нема да ги почитува правилата за


однесување, предмет на овој Правилник,  нема да му биде овозможено влез во пливачкиот
базен.

37.Сите настанати штети од страна на сторителите ќе бидат на товар на материјална и


кривична одговорност.

Сите овие правила се објавени на видно место  на влезната врата на пливачкиот


базен.

Секое лице ги користи услугите и опремата на свој сопствен ризик.


Друштвото XXXXXXXXXXXXXXXXX Скопје не превзема одговорност во случај на
кражба или оштетување на личните работи на посетителите (мобилни телефони, накит,
торби, лични документи и слични).

You might also like