Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 1

Судски преведувачи

Судските преведувачи се лица поставени на неопределено време,


кои преведуваат говор и писмен текст од македонски јазик на странски јазик
и од странски на македонски јазик. Постојаните судски преведувачи
поставени од Министерот за правда, преведуваат по барање на судот,
државен орган, друга институција или граѓани.

Министерството за правда ја спроведува постапката за поставување на


судски преведувачи во согласност со Законот за судовите („Службен весник на
РМ" бр.58/06, 62/06, 35/08 и бр.150/2010) и Судскиот деловник („Службен весник на
РМ" бр. 71/07, 157/09 и бр. 58/2011), на начин и под услови утврдени со
Упатство за начинот и условите за поставување, проверката на знаењето и
разрешувањето на постојаните судски преведувачи („Службен весник на РМ"
бр.28/08).
Министерот за правда, со решение поставува судски преведувачи и води
Именик.
Услови што треба да ги исполнува кандидатот за поставување судски
преведувач се:
- да има државјанство на Република Македонија,
- активно да го владее македонскиот јазик,
- да има високо образование,
- да има уверение за активно владеење на странскиот јазик и
- да има живеалиште, односно престојувалиште на подрачјето на судот за
коешто бара да биде поставен за судски преведувач.

Првата сесија за проверка на знаењето на странски јазик на кандидатите за


постојани судски преведувачи, Министерството за правда ја спроведе во
септември 2008 година.
Проверката на знаењето се врши писмено и усно.

Огласот за проверка на знаењето на странски јазик ќе биде објавен во


дневни весници, на огласната табла на Министерството за правда и на WEB
страницата на Министерството за правда www.pravda.gov.mk

Други информации поврзани со постапката за спроведување на


проверката на знаењето на странски јазик, може да се добијат од Мирјана
Кичеец, секретарна Комисијата на тел . 3 106 550 , 3 106 553, 3 128 059 и 075 / 402 578
како и на e-mail: mkiceec@mjustice.gov.mk

You might also like