Основен мотив: Македонската историја претставена на вез.
Структура: 8 строфи со по 4 стиха ( катрен ) Литературен вид: Лирска песна. Јазик: македонски поетски. Рима: вкрстена рима
Песната е напишана во дијалошка форма.
Аудитивни елементи: чудесно блика, горат и капат, ловиш звук. Визуелни елементи: срце што води разговор, се шари и чудесно блика везба на синото платно. Епитети: проста ( песна ), строга ( песна ), тревога ( бесна ) итн... Метафора: ти - морно око на трепетна срна. Компарација: авторот како еднолична низа, спомен како цвеќе без боја. Персонификација: боите горат и капат.